Најдени 350.000 евра во соѕидан простор во домот на родителите на судијата од Апелација, осомничен за висока корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarykvthg4k5ut31a4JlRGp

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека постапката за случајот поврзан со Ѓоко Ристов, судија во Апелациониот суд во Скопје, е проширена, по интензивни истражни дејствија што се преземаат од средината на декември.

— реклама —

Како што информира Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапката е иницирана откако на 14 декември бил осомничен адвокат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Во текот на истрагата, обвинителството обезбедило докази кои довеле до проширување на истрагата и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“, за кој постојат сомненија дека е прибавен, меѓу другото, со дејствија на корупција и трговија со влијание.

— реклама —

Врз основа на наредба обезбедена од надлежен суд, денеска бил извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на осомничениот судија. При претресот, во простор соѕидан во ѕид, биле пронајдени 350.000 евра, за кои постои сомнение дека се незаконски стекнати и прикриени.

— реклама —

Од обвинителството информираат дека претресите и другите истражни дејствија продолжуваат и дека јавноста ќе биде навремено известена за понатамошниот тек на постапката.

Според официјалното соопштение, станува збор за една од најопсежните истраги за сомневања за висока корупција во државата досега, која е поткрепена со информации и известувања од Агенција за национална безбедност.

Истражните дејствија, координирани од јавен обвинител, ги спроведуваат припадници на Одделот за борба против организиран криминал при Министерство за внатрешни работи и Управа за финансиска полиција, а обвинителството ја истакнува нивната посветеност и професионален интегритет како клучни за обезбедување докази за, како што се наведува, еден од најсериозните и најсложените облици на криминал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Камбовски не се сеќава на претставки за мито против судијата Ристов познат по соѕиданите пари, ќе провери па ќе каже

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykgu5elnmkf66cyXeQ4l

Судијка под истрага, „Скопје1“ под закана: Кој го напиша вториот записник за случајот „Телеком“?

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjb22uj89fjatf4Fi7Fb

За Ѓоко Ристов засега не се бара притвор, а има и имунитет оти е судија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk9chqiu7d1gceH1tl4i

МВР со детали за претресот кај родителите на судијата, каде открија пари соѕидани во ѕид

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања