Промени тема
Контакт

Најголемиот пожар е на Криволак, а три се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-24-195610

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рано утрово со полициски хеликоптер изврши извидување на трите активни пожари.

— реклама —

„Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни. Вториот пожар се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш - Струмица каде е зафатена дабова шума, и по интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола“, вели ЦУК.

— реклама —
— реклама —

Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко.

— реклама —

„Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот. Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување“, додава ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Нема активни пожари во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1s8b2678b2qg7ViUmNT

Три пожари регистрирани до 13 часот, два се изгаснати, еден под контрола

Македонија | пред 1 седмица

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Пет пожари на отворено регистрирани до 13 часот, активни се три

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања