Најитна кампања досега: Осумгодишната Ана се бори со редок и агресивен тумор, фалат 100.000 евра!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
media-librarydh45kn7efumgf2Q8kSL

Платформата Еcrowd објави дека станува збор за најитната кампања досега – апел за спас на осумгодишната Ана Јованчева, дете кое наместо училишни обврски, игра и безгрижно детство, се соочува со тешка и животозагрозувачка дијагноза.

— реклама —

Апелот во целост:

— реклама —

Ана Јованчев има само 8 години. Возраст во која децата треба да мислат на училиште, игра и соништа – не на болници и тешки дијагнози.

На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex. Болеста е сериозна, комплексна и со висок степен на ризик, а времето е најкритичниот фактор.

Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.

Ова е најитната кампања досега.

Секој изгубен ден значи дополнителен ризик.
Секое одложување ја намалува шансата за навремена реакција.

Пред Ана е тешка борба – но таа не смее да ја води сама.

Потребни се средства за хируршка интервенција, медицински трошоци и третман во странство. Семејството се соочува со огромен финансиски товар кој ги надминува нивните можности.

Да покажеме дека солидарноста е посилна од болеста.
Да дадеме шанса на едно 8-годишно дете да продолжи да сонува, да расте и да живее.

Сега е моментот.
Итно.

— реклама —

ЛИНК ЗА ДОНАЦИИ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања