Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 10 загинати и над 100 повредени во руски напад врз изложба на оружје во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library9na6fsi004h1bySWdYp

Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во руски напад со балистички проектил врз локација во Киевската област каде што се одржувала изложба на оружје, соопштија украинските власти.

— реклама —

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, првично информираше за шест загинати и десетици повредени, но главниот државен обвинител, Руслан Кравченко, подоцна соопшти дека бројот на жртвите се искачил на најмалку 10, додека над 100 лица се повредени.

— реклама —

Украинското обвинителство отвори кривична истрага за можно кршење на законите и обичаите на војување, а паралелно се води и постапка за евентуална службена небрежност при организацијата на настанот. Истражителите ќе утврдуваат кој ја донел одлуката изложбата да се одржи на таа локација, какви безбедносни мерки биле преземени и дали ризиците биле соодветно проценети.

— реклама —

Украинскиот совет на одбранбената индустрија соопшти дека негови претставници биле присутни на локацијата, но нагласи дека не учествувал во организацијата на настанот. Оттаму апелираа до јавноста да не објавува фотографии, видеа и информации што би можеле да ја загрозат безбедноста или да ја попречат истрагата.

— реклама —

Нападот се случи во време кога Русија ги засилува ракетните напади врз Киев. Само неколку дена претходно, украинските власти соопштија дека руските сили во една ноќ истрелале десетици балистички проектили кон главниот град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 4 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 12 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања