Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Најмалку осум жртви во поплавите во Непал, повеќе лица се водат како исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryupvb09rnl8b69zo3ZVb

Најмалку осум лица ги загубија животите во големите поплави што денеска го погодија Непал, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Истовремено, расте стравувањето дека бројот на жртвите може да биде значително поголем, откако свлечиште го погодило главниот граничен премин меѓу Кина и Непал на кинеска страна, во тибетскиот округ Ѓиронг.

— реклама —

Кинеската државна новинска агенција Синхуа јавува дека по свлечиштето повеќе лица се водат како исчезнати, а постојат стравувања дека има и загинати.

Поради невремето и свлечиштата, прекинати се патиштата што водат кон граничниот премин Ѓиронг, како и телекомуникациските врски и снабдувањето со електрична енергија. Спасувачките екипи веќе се на терен и трагаат по исчезнатите лица.

— реклама —

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на сеопфатна потрага и спасувачка операција, како и на засилување на системите за следење и рано предупредување со цел да се спречат дополнителни последици и секундарни катастрофи.

Спасувачките активности продолжуваат, додека надлежните служби се обидуваат да ги утврдат целосните размери на штетите предизвикани од поплавите и свлечиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5s30pq37s150e5udfLm

Хималаите се приближуваат до критична точка: Глечерите се топат 65 отсто побрзо

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryupvb09rnl8b69zo3ZVb

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надмина 2,5 милијарди долари: Уништени најмалку 7.500 куќи

Свет | пред 1 месец

media-librarykj4m0jstma617TDiLAQ

(Видео) Девет дена по катастрофата во Непал: Спасени две лица од затрупан тунел, над 4.000 исчезнати

Свет | пред 1 месец

media-library9rdrrl87i5108rSVih5

Стравичен биланс од поплавите во Непал: 1.252 загинати, речиси 5.000 исчезнати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања