Промени тема
Контакт

Најмоќниот соларен телескоп откри досега невидени детали на Сонцето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library43jcg7dldcf68mvYwcy
Photo by Vivek Doshi on Unsplash

Најдеталните снимки од површината на Сонцето досега им овозможија на научниците за првпат директно да ги набљудуваат мистериозните ситни вртлози што со децении постоеја само во теоретските модели.

Станува збор за таканаречени Келвин-Хелмхолцови нестабилности, спирални структури што се создаваат на границата меѓу два слоја плазма кои се движат со различна брзина. Слични појави може да се забележат и кај океанските бранови и одредени видови облаци.

Откритието било овозможено благодарение на соларниот телескоп „Даниел К. Иноује“ на Хаваите, кој со своето четириметарско огледало обезбедува најдетални снимки на Сонцето направени досега.

Истражувачите првпат ги забележале вртлозите во април 2025 година, при снимање на магнетно активна област во близина на сончева дамка. Тие биле изненадени не само што успеале да ги регистрираат, туку и од нивниот голем број.

— реклама —

„Бевме навистина изненадени од неверојатната количина ситни детали и динамични процеси што ги открија снимките со висока резолуција“, изјави соларниот физичар Дејвид Куридзе од Националната соларна опсерваторија на САД.

— реклама —

За да ги потврдат резултатите, научниците ги споредиле набљудувањата со детални компјутерски симулации на сончевата плазма, кои покажале исто однесување и ја потврдиле појавата на овие нестабилности долж магнетните граници.

Според истражувачите, откритието би можело да помогне подобро да се разбере како енергијата се пренесува низ атмосферата на Сонцето и зошто неговата надворешна атмосфера е многу потопла од видливата површина.

— реклама —

Научниците сметаат дека ова сознание ќе придонесе и за подобро предвидување на сончевите бури, кои можат да предизвикаат нарушувања во работата на сателитите, ГПС-системите, телекомуникациите и електроенергетските мрежи на Земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library69u5kliu3bjqeBOpfML

Месечината го покри Сонцето: Ретка небесна глетка снимена во Шпанија

Магазин | пред 1 месец

— реклама —
sonce-oblaci-1

Што е УВ индекс и зошто е важно да го проверувате пред да излезете на сонце?

Магазин | пред 1 месец

media-libraryej777kb34t6e67U4zAr

Кога треба да ја нанесете кремата за сончање за да ве заштити? Лекарите имаат одговор

Магазин | пред 2 месеци

media-librarybk07t0n940ft17bvdtu

Пет намирници што треба да ги јадете по ден поминат на сонце

Трендови | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања