Промени тема
Контакт

Што е УВ индекс и зошто е важно да го проверувате пред да излезете на сонце?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
sonce-oblaci-1

Ултравиолетовиот (УВ) индекс е показател што го мери дневното ниво на сончево зрачење и укажува колкав е ризикот од изгореници на кожата и од долгорочни здравствени последици, меѓу кои и рак на кожата. Затоа, експертите препорачуваат секојдневно да се проверува УВ индексот пред престој на отворено.

Вредностите на УВ индексот се движат од ниски до екстремно високи. Индекс од 1 до 2 означува ниско зрачење, додека вредностите од 3 до 5 бараат умерена претпазливост. При индекс од 6 до 7 се препорачува ограничување на престојот на сонце и користење заштитна облека, а вредностите од 8 до 10 и над 11 значат многу висок и екстремен ризик, при што незаштитената кожа може да изгори за само неколку минути.

— реклама —

На јачината на УВ зрачењето влијаат повеќе фактори, меѓу кои облачноста, надморската височина, географската положба, дебелината на озонската обвивка и делот од денот. Најсилно е во периодот меѓу 10 и 16 часот, а снегот, песокот и водата дополнително ја зголемуваат изложеноста поради одбивањето на сончевите зраци.

— реклама —

Долготрајната изложеност на сонце може да предизвика изгореници, предвремено стареење на кожата, оштетување на очите, алергиски реакции и зголемен ризик од рак на кожата. Според експертите, ултравиолетовото зрачење е одговорно за околу 90 проценти од видливите знаци на стареење на кожата.

— реклама —

За заштита се препорачува користење водоотпорен крем со заштитен фактор (SPF) 30 или повисок, носење шешир и очила со УВ-заштита, престој во сенка и избегнување директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот. УВ индексот може лесно да се провери преку повеќето апликации за временска прогноза и метеоролошки интернет-страници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library69u5kliu3bjqeBOpfML

Месечината го покри Сонцето: Ретка небесна глетка снимена во Шпанија

Магазин | пред 1 месец

— реклама —
media-library43jcg7dldcf68mvYwcy

Најмоќниот соларен телескоп откри досега невидени детали на Сонцето

Магазин | пред 1 месец

media-libraryej777kb34t6e67U4zAr

Кога треба да ја нанесете кремата за сончање за да ве заштити? Лекарите имаат одговор

Магазин | пред 2 месеци

media-librarybk07t0n940ft17bvdtu

Пет намирници што треба да ги јадете по ден поминат на сонце

Трендови | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања