Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
Island-palestina

(ФОТО) Палестина доби поддршка среде Израел

За време на гласањето на Евросонг се случи голем политички скандал. Претставниците на Исланд истакнаа транспарент со натпис Палестина.Со тоа исланѓаните среде Израел сакаа да го изразат своето незадоволство од состојбата со Палестина и крешењето на човековите права на палестинците. 

Магазин | пред 6 години

6 год.
564725_tamara-todevska-evrovizija-4_ff

Холандија победи на Евровизија, Тамара на осмо место

Македонија го освои осмото место, а победник на годинашниот Евросонг што се одржа во Тел Авив, е Данкан Лоренс од Холандија со песната Arcade.Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud досега го освои најдобриот пласман. Додека течеше гласањето, Тамара долго време беше во водство, но сепак гласовите од публиката не симнаа подолу на листата.Во финалето на 64. Евровизија се натпреваруваа 26 земји. За победникот одлучуваа гласовите на стручното жири и од телевоутингот од сите 41 земја учесничка, а се доделуваа по принципот 50-50. Од жирито најмногу гласови доби Шведска – 239, втора беше Македонија – 237, а трета беше Холандија со 231 глас.Од Грција, Македонија доби само еден поен, а 12-ки ни дадоа повеќе земји како Албанија, Србија, Италија, Австрија, Велика Британија, Молдавија и Швајцарија.

Магазин | пред 6 години

6 год.
564725_tamara-todevska-evrovizija-4_ff

Се одобруваат 150 000 за Евровизија, а нема 30 000 за лекување на двајца млади дечки

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат во врска со парите кои се одвоени за Евровизија, а фондот за здравство не одобрил 30 000 евра за лекување на две лица.„Одобрени 150 000 евра за Тамара за Евровизија, па сите горди, во финале сме биле. Океј, така си е...Ќе се гордееме, ќе слушне светот за Македонија. Ќе кажат браво.И оооп, гром од ведро небо, утредента странците ќе слушнат дека во последниов месец починаа двајца млади дечки, за вкупна сума од 30 000 евра што фондот за здравство не можеше да ги одобри затоа што Немале пари... ете чисто онака, немале.Не знам, дали ќе се радуваат или ќе плачат...Ама убаво си кажа Зоки, немаме за леб, чоколадо јадеме“, се вели во објавата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
60689787_2385600305001894_3413678549897314304_n

Груевски ќе почека, оти Павле Богоевски одлучи така

Пратеникот Павле Богоевски иако најпрво изјави дека в понеделник ќе се одржи состанокот за разрешување на пратеникот Никола Груевски, тој побарал состанокот да се одложи на неколку дена.Богоевски изјавил дека ќе ја закаже откако ќе заврши седницата на комисијата за одбрана на која треба да се усвојат амандмани за законите за новата агенција за национална безбедност и за разузнавачката заедница.Во средата, Џафери испрати допис до Мандатно-имунитетната комисија со кој ја извести дека пратеникот Груевски неоправдано бил отсутен од собраниски седници повеќе од 6 месеци. Според членот 59, по добивањето на известувањето, Комисијата во рок од 15 дена треба да заседава и потоа по нејзин предлог на првата наредна седница Собранието треба да го стави на дневен ред. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
h_54816678

(ВИДЕО) Непознат човек го нападна Шварценегер додека потпишуваше автограми

Познатиот бодибилдер, актер и политичар Арнолд Шварценегер беше нападнат во Јужна Африка. 71-годишниот Американец пристигна во Сандтон за да суди на локален спортски настан.Додека тој потпишува автограми, непознат човек се стрча зад него и во скок со нозете го удри грбот. Причините за ова однесување се непознати.Шварценегер стана познат по своите улоги во култните филмови како „Терминатор“; „Командос“; „Се сеќавам на сите“ и неколку други. Од 2003 до 2011 година, тој беше гувернер на Калифорнија.Познатиот бодибилдер, актер и политичар Арнолд Шварценегер го коментираше инцидентот што му се случи во Јужна Африка.– Ви благодарам за вашата загриженост, но нема ништо за што да се грижите. Мислев дека толпата ме турка – често се случува. Сфатив дека сум удрен само кога го гледав видеото. Драго ми е што овој идиот не го прекина емитувањето на „Снапчат“ пишува Шварценегер на Твитер.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Курц: Австрија оди на предвремени избори што е можно поскоро

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе оставка по она што тој го нарече политички атентат”.„Денеска на претседателот му предложив да одржи вонредни избори во Австрија што е можно поскоро“, рече австрискиот канцелар.Курц ова го рече во вонредно обраќање до јавноста, откако беше обелоденета видео-снимка од 2017 година, на која се гледа како на наводна внука на руски милијардер, Штрахе и нуди државни работи за финансиска помош на неговата партија.Пред седиштето на австриската влада, каде Курц се наоѓа од утринава, за предвремени избори протестираат илјадници луѓе, пренесоа австриските медиуми.

Свет | пред 6 години

6 год.
evrovizija

Израелската полиција формираше кордон околу објектот во кој се одржува Евровизија поради можен напад

Додека пејачите се подготвуваат за вечерашниот настап на Евровизија во Тел Авив, израелската полиција формира кордон со висок безбедносен степен околу објектот во кој се одржува фестивалот за да спречи напади или протести на луѓето што ја бојкотираат манифестацијата и ги повикуваат фановите да го игнорираат настанот.Овогодишниот меѓународен музички натпревар на кој учествуваа 41 земја беше во фокусот на пропалестинските апели за бојкот во знак на протест против израелската политика на Западниот Брег и во Газа, потсетуваат светските агенции.Никој од финалистите или медиумските покровители не се повлече, но организаторите имаат обезбедување и во халата ако активисти се обидат да го прекинат преносот во живо на финалето или некој од изведувачите да одржи протест на бината.Како специјален гостин на финалната вечер на 64-та Евровизија ќе настапи 60-годишната поп ѕвезда Мадона.

Свет | пред 6 години

6 год.
ohrid-dzamija-minare

Охриѓани во понеделник на протест против минарето на Алипашината џамија

Здружението на граѓани „Совест“ в понеделник во 16 часот ќе одржи протест на улицата Димитар Влахов во Охрид, пpoтив диватa градба на 32 метри високото минape во центарот на Охрид.„Ве известуваме дека на ден Понеделник, 20 мај во 16.00 часот пред зградата на Општина Охрид на улица Димитар Влахов ќе се организира мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. Очекуваме ваша силна подршка и обавезно присуство.За Охрид до крај!!!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
New-York-Times-building

Репортажа на Њујорк тајмс: Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија

Светот има новоименувана земја, Северна Македонија, што е добра вест за регионалните односи и за туристите кои во голем број доаѓаат да го посетат југоисточниот дел на Европа, се наведува во репортажата на Њујорк тајмс со наслов „Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија“.Во февруари годинава поранешната југословенска Република Македонија официјално стана Република Северна Македонија, откако беше решен долгогодишниот спор за името со Грција.  За патниците, пишува весникот,  крајот на спорот значи дека ќе добијат печати во нивните пасоши со новото име и нова причина да ја откријат оваа млада земја со древни корени, која се граничи со Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија.  Земјата, којашто е исполнета со култури од древниот свет, традиционална кујна, недостапни села и со езера кои се едни од најстарите и најдлабоките во Европа, ги спојува традициите на древните империи, грчката, македонската, римската, византиската, отоманската, каде Западот и Ориентот се среќаваат.– Сметам дека договорот ќе урне нашите филозофски граници. Го отстранува зборот „поранешна“ од нашето име, со што ние веќе не сме дефинирани со нешто од минатото. Сега сме ослободени да бидеме присутни со многу појасна и позитивна визија за нашата иднина, изјави за весникот Александар Донев, поранешен директор на Агенцијата за промоција на туризам.Нашите културни искуства низ вековите, меѓу кои, храната, виното и традициите,  посочува Донев, никогаш не биле оспорувани.Њујорк тајмс, меѓу останатото,  ја пренесува оценката на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој вели дека земјава веќе почнува полека да добива добар публицитет и оти тоа придонесува да се зголеми економскиот потенцијал на земјата.– Несомнено, позитивниот нагорен тренд доаѓа во вистинско време за нацијата, токму пред туристичката сезона, која почнува во доцна пролет и трае до есен. Тајмингот е исто така поволен и за патниците кои сакаат да го откријат Балканот, кој се смета за една од највозбудливите дестинаци на континентот која нуди и култура, но и авантура, пишува Њујрок тајмс.

Магазин | пред 6 години

6 год.
ivanov-vodno-696x383

Изби подземна вода во зградата каде Иванов купи два стана

Изби подземна вода во зградата каде Иванов и неговиот шура купија по два стана, пренесува ТВ 24.Според информациите, деновиве се појавила вода на тлото, па мајстори сега мора одново да го кршат бетонот и да поставуваат цевки за одвод. Иванови за двата стана платија над 250 илјади евра.Соседите очекуваат дека со вселувањето на Иванови конечно ќе добијат и подобар пат, кој сега е целосно уништен од камионите што граделе на Водно.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kucinja-kuce

Нови пријави за напади од кучиња скитници

На 17.05.2019 година во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(20) од Скопје пријавил дека истиот ден во 18.30 часот на ул.„Зендел Џемаил“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.На 17.05.2019 година во 11.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.Д.Т.(48) од с.Ињево, радовишко, пријавила дека во кругот на ЈЗУ Здравствен дом - Радовиш била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-5

Во семејна куќа во двор пронајден починат 78 год маж

На 17.05.2019 година околу 10.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во дворното место од семејната куќа на Д.А. и Н.А. на ул.„Караорман“ во Гевгелија бил пронајден починат И.Т.(78) од с.Русиново, татко на Н.А., без траги на насилство.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: За цел свет сме срамна приказна како еден премиер ја продаде Македонија за своето криминално богатење

„Европската Унија и марионетскиот премиер Зоран Заев на голема врата убедуваа дека штом се постигне Договорот со Грција се отвора патот за членство на Македонија во ЕУ, но, сега е повеќе од јасно дека Македонија нема да добие датум за преговори за членство во Унијата.Излезе на виделина дека за цел свет сме срамна приказна како Зоран Заев купен и контролиран од странски центар ја продаде Македонија и Македонците во замена за своето криминално богатење.Се потврдува она за што подолго време информира Единствена Македонија дека марионетата Заев избриша се што е македонско да ги задоволи барањата на непријателите на македонското дело во НАТО и ЕУ а кои за возврат му го гарантираат на Заев украденото од позиција на власт бидејќи ЕУ и НАТО не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кој верно ќе им служат во геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ.Да потсетиме, 2019 ќе биде година кога странскиот измеќар Зоран Заев станува главен дилер на дрога во Македонија што ќе му донесе 100 милиони евра профит заедно со другите бизниси.2019 година развој и поеќе пари за марионетата Заев. А народот, народот останува со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека Македонија отвори светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели и слични романтичарски изјави на Заев оти Заев знае дека на народот одвреме-наврем му треба и по малку романтика“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pretepal-do-smrt

Физички нападнати Скопјанец и штитеник од дом

На 17.05.2018 година во 17.55 часот во Полициската станица Центар, Д.Л.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот во работилница на ул. „Мирче Мацан“ бил физички нападнат од лицето З.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 17.05.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Џ.Џ.(18) од Скопје, штитеник на домот „Ранка Милановиќ“, пријавил дека истиот ден околу 12.15 часот во дворот на домот бил физички нападнат од лицето В.А.(20), исто така, штитеник на домот. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Cveten-festival-2019-otvoranje-7

(ФОТО) Отворен Скопскиот цветен фестивал

Љубителите на цвеќето денеска и утре ќе имаат можност да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да добијат корисни совети, да се забавуваат и да се дружат на отворено во рамките на шестиот Скопски цветен фестивал што се одржува во вториот дел на Градскиот парк. Фестивалот почна со цветно дефиле со деца од предучилишните установи и од основните училишта што тргна од паркингот пред бараките на Град Скопје и се движеше по патеките во паркот.- Чест ми е и задоволство да Ве поздравам на овој шести по ред Фестивал на цвеќето кои се одржува под мотото „Скопје цвета“. Имаме ретка можност да присуствуваме на експонатите и изложувањата на повеќе од 30 цвеќари и фирми кои што се бават со хортикултура и цвеќе. Наша крајна цел е можеме преку зеленилото да внесеме естетика и во изгледот на Градот, меѓутоа и во изгледот на Вашите домови. Новина ни е годинава што за првпат ќе можете да добиете корисни совети за своите домашни миленичиња, како и да вдомат милениче - рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на фестивалот.Шилегов додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која најдиректно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации. На дечињата кои учествуваа во цветното дефиле им посочи дека уште сега треба да градат здрави животни навики, бидејќи сите заедно треба да се грижиме за животната средина и дека од сите нас зависи колку овој град ќе биде убав и чист.Во текот на двата фестивалски дена пред граѓаните ќе се промовира одгледувањето цвеќе, а најмладите ќе имаат можност да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата и за заштитата на животната средина.Посетителите ќе уживаат во настапите на повеќе музички и танцови изведувачи, ќе имаат можност да вежбаат јога и зумба на отворено и да учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.Фестивалот на цвеќето се одржува под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

МВР се огласија за пожарот утрово

Денеска(18.05.2019) во 10.00 часот во кругот на МВР - делот кај бензинската пумпа, од засега непознати причини, настанал пожар на полициско возило „Пинц Гауер“. Од полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Скопје | пред 6 години

6 год.
zemjotres

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска индонезиската провинција Западна Јава.Како што соопшти индонезискиот Национален центар за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ) земјотресот бил на длабочина од 33 километри под морското дно, со епицентар на 212 километри јужно од местото Пангандаран.Според неофицијални информации во земјотресот нема загинати или повредени лица.

Свет | пред 6 години

6 год.
pretepan

Нападнати малолетници

На 17.05.2019 година околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Венјамин Манџуковски“ двајца 15-годишници од село Арачиново и село Сингелиќ биле физички нападнати од неколку лица на возраст од околу 18 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 17.05.2019 година во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ двајца малолетници на возраст од 12 и 13 години биле физички нападнати од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pendarovski-2-696x529

Пендаровски и сопругата преку видео повик и посакаа успех на Тамара

Новиот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, заедно со својата сопруга упатија охрабрувачка честитка до нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, која вечерва ќе настапи во финалето.„Со Бети и посакавме успех на Тамара Тодевска и нејзиниот тим во финалната вечер на Песна на Евровизија. Само напред девојко, земјата се гордее со твојот успех“, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
napadnata

45 годишна жена нападната на влез од супермаркет

На 17.05.2019 година во 19.20 часот во Полициската станица Македонски Брод, Ж.С.(45) од Македонски Брод пријавил дека истиот ден во 18.40 часот на влез од супермаркет на ул.,,Маршал Тито’’ бил физички нападнат од лицето И.Т. од Македонски Брод. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања