Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
motori

Зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 18.05.2019 година во периодот од 14.00 до 19.00 часот спроведе зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли. При контролата, полициските службеници откриле 12 прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли и тоа: еден управување мотоцикл без возачка дозвола, два - измината важност на сообраќајна дозвола, три - управување со несоодветна категорија и шест - управување без заштитен шлем (кацига). Во однос на овие прекршоци издадени се 12 прекршочни платни налози.Дополнително се откриени уште 97 останати прекршоци и за 62 од нив издадени се мандатни платни налози и за 35 прекршочни платни налози. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.12.2018 година во периодот од 06,00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. 58 возачи ја пречекориле брзината во населено место, додека ниту еден надвор од населено место. Издадени се 45 мандатни платни налози, а 13 возачи се писмено опоменати. Откриени се и 79 останати прекршоци за кои се издадени 43 мандатни платни налози и 36 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

6 год.
zeljko

Јоксимовиќ: Да се преиспита начинот на гласање на „Евровизија“, за мене победи Тамара

Време е да се преиспита начинот на гласање на „Евровизија, за мене вечерва победи Тамара, напиша  Жељко Јоксимовиќ на Твитер,.Јоксимовиќ има големо евровизиско искуство. Тој многупати ја претставуваше својата земја и како пејач и како композитор.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Untitled-696x504

Би-би-си: Благодарение на настапот на Тамара, многу луѓе знаат дека името е Северна Македонија

Британскиот медиумски сервис Би-би-си се осврна на евровизискиот настап на Тамара во написот насловен „Пет лекции научени од Евровизија 2019“.– Под условите на новиот договор постигнат со Грција минатата година, на државата претходно позната како Поранешната Југословенска Република Македонија, и беше дозволено да си даде ново име. Благодарение на импресивниот настап на Тамара Тодевска, многу повеќе луѓе низ светот знаат дека името е Северна Македонија – се наведува во анализата на Би-би-си.Уметничката вредност на „Евровизија“ секогаш е дискутабилна, но таа без сомнение служи за зголемување на светското знаење по географија. Имајќи го тоа в предвид, повеќето луѓе уште не знаат да го пронајдат Сан Марино на географска карта, заклучува британскиот медиумски сервис. :

Македонија | пред 6 години

6 год.
policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Престрелка во Северна Митровица, рането 22-годишно момче

Момче од српска националност, на 22-годишна возраст, е рането од огнено оружје во престрелка на шеталиштето што се случила синоќа околу полноќ во Северна Митровица.Лицето со иницијали Р. М. е оперирано на клиниката за хирургија во митровичката болница и е во стабилна состојба.Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти изјави дека полициска екипа извршила увид на местото на настанот, меѓутоа за сега нема информации за сторителите и мотивите кои довеле до инцидентот.

Свет | пред 6 години

6 год.
Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

ДОМ: Екологијата треба да стане државен приоритет онака како што е зацртано во предизборните програми

Граѓаните бараат брза и ефикасна испорака на ветеното, па сите политички фактори треба да се вложат целосно, за да ја извлечат државата од зона на чекање, во зона на надеж! Ова беше генералниот заклучок од вчерашната седница на Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ), по дискусиите за политичката состојба во земјава и за неопходните чекори што мора да ги направат институциите на кус и на среден рок.„Една од критичните точки, на која има огромен број граѓански поплаки, е и екологијата во најшироката смисла. ДОМ, како зелена партија, го споделува незадоволството од третманот на екологијата во вкупните политики, каде на неа се гледа како на непотребен потрошувач, а не како реална потреба и инвестиција во здравјето и квалитетниот живот на граѓаните. Екологијата сеуште им пречи на поединци и групи, на кои бизнисот им е пред здравјето“.Затоа, ДОМ бара екологијата да стане државен приоритет во вистинската смисла,  онака, како што е зацртано и договорено во предизборните програми.„Тоа значи почитување на основните начела за заштита на животната средина, почитување на експертските мислења во оваа сфера, доследна примена на законите кои на солиден начин ја регулираат, како и носење на законски и подзаконски акти секаде каде што фалат.Не може да се прифати нарушување на животната средина во градовите и населените места со штетни урбанистички решенија, во интерес на грст поединци од градежниот бизнис. Неодржливи се опасни зафаќања во заштитените подрачја, било да се работи за рудници, хидроцентрали или вулгарно бетонирање на скапоцен простор како што е Охридскиот регион“, се вели во соопштението на ДОМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
222-1

Попов: Павле, отвори си пекара и хемиско чистење ако толку си по „бело”

Помина цела една недела, а Павле Богоевски не си дава оставка. Се редат само образложенија што е тоа „пола” што Павле си го нарачува да му го спремат „убаво”, изјави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.“Лажат бе Павле што зборат по градов дека тоа „пола” била бела прашкаста материја што остава траги на носот. Да шмркал Павле кокаин немаше да прифати да биде наркотестиран.Затоа УМС во обидот да помогне на државата да не троши ресурси за да го гони таксистот за да утврди што нарачувал Павле нуди уште една информација од свиркач. Павле подолг период е навлечен на „бело” и тоа тип 500.Затоа му оставаме цело кило квалитетно брашно за да не се резили во иднина пред таксисти да нарачува по пола грам.Павле, брашново се купува во продавница исто како и маслото од канабис што се купува во аптека. Заеви ја садат марихуаната. Прашај ги. Немој да се резилиш со вакви образложенија.Ако си по друг бел прашак, следниот пат ќе ти оставиме и за перење.Павле, отвори си пекара и хемиско чистење ако толку си по „бело”. Не вака, штом ќе кренеш рака и прозбориш во Собранието да мислиме дека ти фали „пола” и тоа те вознемирува“, вели Попов

Македонија | пред 6 години

6 год.
kosovska-mitrovica

(ВИДЕО) Престрелка во Косово, рането 22годишно момче од српска националност

Машко лице од српска националност, на 22-годишна возраст, е рането од огнено оружје во престрелка што се случила синоќа околу полноќ во Северна Митровица. Лицето со иницијали Р. М. е оперирано на клиниката за хирургија во митровичката болница и е во стабилна состојба.Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти во изјава за медиумите го потврди инцидентот и информира дека полициска екипа извршила увид на местото на настанот, меѓутоа за сега нема информации за сторителите и мотивите кои довеле до инцидентот.Видео: blic.rs 

Свет | пред 6 години

6 год.
IMG_6357

Прентовиќ: Со мерката „зелена нафта“ 200 милиони денари се враќаат кај 55.000 земјоделци

Се реализира уште една значајна мерка во областа на земјоделството а, тоа е „зеленатанафта“. Тоа е значајна мерка за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделците. Со мерката „зелена нафта“ опфатени се 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади. Со оваа мерка значително се олеснува производството на земјоделците и им ги намалува трошоците за производство и механизација и ја зголемува нивната продуктивност и конкурентност, истакна Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.За прв пат со оваа мерка ќе овозможиме намалување во висина од 30 отсто од трошоците за набавка на гориво со можност понатаму овој процент да порасне и до 50 отсто од трошоците.Оваа влада, предводена од СДСМ овозможува 200 милиони денари или над 3 милиони евра да се враќаат директно кај граѓаните. Она што е особено важно е што за зелената нафта можат да аплицираат сите земјоделци, независно дали се мали или големи производители. Тоа значи дека и оние кои имаат 0,2 хектари или 2 декари земјоделска површина нема да останат без зелена нафта.По завршувањето на набавката на гориво за земјоделска механизација, земјоделците ќе можат да користат поевтино гориво при крајот на годинешната жетва и почетокот на есенската сеидба.Зелената нафта значително ќе ги намали производствените трошoци, повеќе пари ќе останат кај земјоделците, но и позитивно ќе влијае на поголема конкурентост на нашите земјоделски производи.Како одговорна партија продолжуваме со вистиснка грижа за земјоделците преку спроведување мерки кои го унапредуваат и развиваат земјоделството, истакна Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski-2-696x529

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Шефот на државата, Стево Пендаровски го честиташе успехот на Тамара Тодевска на Евросонг и вети дека ќе се видат за да ги сподели впечатоците од настапот.Тој порача дека тие се нашите победници и дека докажале дека секој вреди да се бори за своите соништа.„Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди да се бори за своите соништа, вие сте наши победници!Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап“, напиша Пендаровски.

Магазин | пред 6 години

6 год.
trgovija-so-organi

Косовската полиција уапси четири лица поради трговија со органи

Полицијата на Косово соопшти дека уапсила четири лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи и соучество во извршување казнено дело, јави ФЕНА.При контрола на една приватна клиника во регионот на Приштина уапсени се четири лица, две жени и двајца мажи. Акцијата е спроведена во соработка со други институции, се наведува во соопштението.По налог на обвинител, на три лица им е одреден полициски притвор од 48 часа, а едно лице е ослободено во редовна процедура.

Свет | пред 6 години

6 год.
mickovski

(ФОТО) Мицковски: Честитки за Тамара - Македонија вечна!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук и честиташе на Тамара Тодевска за пласманот на Евровизискиот натпревар кој се одржа синоќа. Мицковски на социјалната мрежа фејсбук напиша:Честитки за Тамара. Македонија вечна!

Македонија | пред 6 години

6 год.
robot-reporter

Новинари - роботи, ги усовршија и насловите

Сложениот процес на пишување наслови за новинаркски статии, за вештачката интелигенција од американската компанија „Прајмер“ претставува сè помал проблем. Американската компанија веќе долго време развива вештачка интелигенција која пишаниот формат може да го обликува како вистински новинар. Овој сложен процес од неодамна вклучува и смислување на прикладни наслови напишани според содржината на самата статија и како што стојат работите - насловите се се подобри.Потсетуваме, вештачката интелигенција до денес ја совладала задачата за собирање на податоци и пишување на кратки извештаи, но никогаш не ја достигнала креативноста која ја имаат новинарите. Како и да е, сите наслови кои компјутерите ги напишале биле погрешни или не биле доволно привлечни за читателите да ги прочитаат. Новиот алат на "Primer" може сам да смислува наслови кои изгледаат како да ги напишал човек. Не станува збор за совршени наслови, но звучат многу подобро отколку досега, велат од компанијата. 

пред 6 години

6 год.
skopska-charshija-640x427

Нова мобилна апликација за промоција на Скопската чаршија

Посетителите на стариот дел од Скопје – Чаршијата преку новата мобилната апликација „Скопските скапоцени камења“ (Skopje Gems),  ќе имаат можност ова место да го доживеат на нов начин.Апликацијата е бесплатна за посетителите, достапна на 10 јазици, а нејзината главна цел е да се промовира културниот туризам и нематеријалното културно наследство на скопскиот стар град, односно чаршијата.Таа нуди седум туристички рути низ Чаршијата и водич до врата на сопствениците на продавниците со стари занаети, вкусна храна, како и до музеите, религиските обележја и историските места во стариот град. 

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Предвремени избори во Австрија се неизбежни - Курц ја распушти Владата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, лидер на австриската народна партија (ОВП), ја распушти владата и најави предвремени избори во најкус можен рок. Ваквата негова одлука е последица на скандалот во кој е вмешан коалициониот партнер, Слободарска партија на Австрија (ФПО).„Можев лесно да се одржам на власт со промена на луѓе во владата и да се правам дека ништо не било. Или да извршам летечка промена со внесување на Социјалдемократската партија (СПО) и повторно да добиеме ист застој во функционирање на владата, нешто што го критикувам со години и што не ` треба на нашата земја. За мене лично тоа не е прав пат бидејќи влегов во политиката да направам нешто за земјата и граѓаните, а не само да заземам некоја функција“, истакнал Себастијан Курц  откако ја соопштил својата одлука за предвремени избори.Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен синоќа изјави дека со однесувањето на поедини членови на австриската влада е загубена довербата во институциите и извалкан е угледот на Австрија, поради што предвремени избори се неизбежни.Инаку скандалот кој ја тресе владата го предизвика досегашниот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе кој веќе поднесе оставка на функцијата по објавата на тајна видео снимка направена на Ибица во 2017 година што покажува како на наводна ќерка на руски милијардер и нуди државни бенефиции во замена за финансиска помош на неговата партија. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Тамара на Твитер: Ден кој никогаш нема да го заборавам

Тамара Тодевска го освои осмото место на Евровизијата во Тел Авив, Израел.Иако жирито и даде најмногу бодови, сепак публиката одлучи бидејќи ѝ даде само 58 бода.„Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, кратко напиша Тамара на својот Твитер.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Детали за вчерашната сообраќајка на патот Струмица-НовоСело

На 18.05.2019 година околу 10.40 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „НовоСело“, помеѓу с.Дабиле и с.Босилово,  патничко возило „Фиат Браво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(61) од  с.Босилово, излетало од патот и удрило во дрво.Од здобиените повреди, возачот И.Г. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Додека работел на нива метална шипка го удрила по глава, по што починал

На 18.05.2019 година околу 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Зубово, струмичко, додека Б.К.(66) од с.Зубово работел во нива со трактор под пластеници, една метална шипка од пластеникот се откачила и го удрила во задниот дел на главата, по што починал.Лекар од Итна медицинска помош констатирал, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka1-1

7-годишно дете се бори за живот откако било удрено од автомобил

На 18.05.2019 година во 20.35 часот кај мостот во с.Љубош кон с.Батинци, скопско, патничко возило „Нисан Навара“ со италијански национални ознаки, управувано од Т.С.(32) од с.Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од с.Цветово, скопско.Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
vecer-so-tijana-tamara-todevska-01

Тијана до Тамара: Ова што го направи е најголем успех до сега

Нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, синоќа го освои осмото место на европскиот фестивал за најдобра песна.Нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ, по објавување на резултатите порача дека ова е најголем успех до сега.„Љубави моја, ти си моја прва светлост, ти си мојот херој! Ова што ти го направи е најголем успех ever! Многу те сакам!!! Гордан сум до небото и назад!“, напиша Тијана.

Магазин | пред 6 години

6 год.
tamara-todevska-2-220088

(ФОТО) Еве како гласаше публиката за Тамара

Иако „Proud“ беше еден од фаворитите, сепак Тамара Тодевска ја изгуби водечката позиција по распоредување на гласовите од телевотингот. Таа доби 58 поени преку гласањето на публиката од другите држави.Од листата се гледа дека од телевотингот има поени од 11 земји, од кои само од Србија и Словенија по 12 поени, од Хрватска 7 и од Албанија и Црна Гора 6 поени. 

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања