Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
Branko-Geroski-696x478-1

Героски за директорот на Зоолошка: Човеков е за метла под итно!

Новинарот Бранко Героски по скандалот и навредите кои ги упати директорот на зоолошката градина Скопје до дијаспората по повод Евровизија, сподели статус на социјалните мрежи и упати жестоки критики до актуелниот директор.„Директорот на Зоолошка имал долга историја на неконтролирани испади. Еве еден пример за тоа. Колку и да бул успешен менаџер (како што велат некои), човеков е за метла под итно.“Гнасиве” смеат ли да доаѓаат во Зоолошка, кога навраќаат во татковината? И смеат ли да праќаат пари во Македонија за своите најблиски?Другарки и другари, вакви ли “фраери” ставате за директори? Не ви е ли срам? Утре ќе сакате за вас да се гласа заради вакви кадри?Не сте свесни колку сте забраздиле…“, напиша Героски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
FB_IMG_1558294413111

Ременски им помогна на малолетни играорци да не останат цела вечер на пат

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ташевска Ременски им помогна на малолетни играорци кои останаа на полноќ на патот Плетвар-Кавадарци, бидејќи им се расипалo комбето. Во целост ви го споделуваме Фејсбук статусот на Мартин Цветковски, кој ја раскажува целата ситуација.„Би сакал да споделам една ситуација, што се случи синојќа, ситуација која што за негде е вообичаено и нормално нешто, но за негде е редок исклучок ,па чувствувам потреба вака да ја доловам…По враќањето од концертот на играорците во Битола, негде после полноќ ( 00:15), комбето погоди огромна дупка ( би ја нарекол озонска ), при што настана дефект, на релацијата Плетвар-Кавадарци.Црна темница, остри кривини, планински предел,шума, прст пред око не се гледа, инсект не се слуша…а како шлаг на сето тоа, помислата што се се случува во секојдневие… остануваме заглавени повеќето малолетни-играорци, неколку со штотуку наполнети 18 години, и јас и колегата како нивни одговорни…Додека возачот ( кој беше доста присебен ), пробуваше да го поправи комбето( нешто со моторот ) , а колегата остана со децата… со блиц се обидував да сигнализирам на возилата кои поминуваа одвреме навреме, да застане некој и на некаков начин да ни помогне… но за возврат ( типично ) само блендираа,или пак не не регистрираа…Откако се откажав од таа намера, и се вратив кај децата ако ништо друго барем да се подружиме и насмевнеме малку, самоволно застанува црно возило “Пасат”… Возачот – маж, а од страната на совозачот, гледам жена позната од јавноста… неможев да се сетам во моментот која беше…Ми вика:– Што е проблемот дечко?– Удривме дупка, имаме проблем со моторот не работи комбето – велам.– Кој има во комбето ? – ми вели…– Деца, играорци, бевме на концерт во Битола, и се враќаме за Скопје… јас сум им наставник…Му се обрати на возачот – Паркирај се тука…Се јави негде на телефон …„Ацко, на релација Плетвар – Кавадарци, има деца играорци, им се расипало комбето, по кратки ракави се, ладно е ќе измрзнат, жива темница е тука, прати одма автобус или комбе да ги земе да ги однесе до Скопје, јас ќе го регулирам тоа“.Ми се обраќа – Дечко, имате автобус од Прилеп, ќе пристигне за 15-20 минути… ќе почекамe со вас малку да не бидете сами…Излегоа и дел од дечињата, се израдуваа, не бевме сами повеќе, си помуабетивме, атмосферата се релаксираше па малку се присетив …И велам на жената – Вие сте министер, ако не се лажам…– Бев, повеќе не сум, сега сум Потпретседател на Собрание…– Ааа да да, сега ми текна, Фросина се викате…– Да не треба да однесам некого, побрзо до Скопје со мене?– Ако не ви е проблем, да, имаме 3 деца мораат што побрзо да стигнат дома…– Секако, нема проблем, ајде.– Ви благодарам многу, незнам како да ви се оддолжиме…– Еве ви мој број и чекам да ме поканите да присуствувам на ваш концерт.Ги зема дечињата, ги однесе до Скопје, а за кратко се обезбедивме и ние останатите и пристигнавме во Скопје некаде околу 03:00 часот по полноќ…Не ме интересира дали е функционер дома или на работа, таа синојќа беше човек кон нас… нè одминаа неколку луѓе со возила (можеби фукционери, можеби не), но ниту еден не беше човек да застане…Ви благодарам од срце вака јавно, во лично и име на сите присутни играорци“, пишува Цветковски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ilona

Дијаспората бара извинување од новинарката Лупевска Созен

Македонската активистка од Италија, Илона Захариева, бара од новинарката Снежана Лупевска Созен да ѝ се извини на дијаспората за реакцијата по гласањето на „Евросонг“.„Снежана Лупевска Созен да ѝ се извини на дијаспората за изјавата.Со оглед на тоа дека ‘Евровизија’ не е политички настан (или, пак е, со оглед дека се обиде да ја промовира новата држава и новиот северномакедонски народ), туку музички настан, не е задолжително да се гласа за некој што има ‘слично’ потекло. Споредбата на гласање на избори на дијаспората и гласање на ваков настан е нeиздpжaнa, или, пак, за платеници како Лупевска тоа е едно исто. Може само да кажеме браво за новата творба штом секој се дpзнyвa да прави закони и да ‘брише’ нeиcтoмиcленици.Еднoyмието не е својствено за нас од дијаспората.Единственото нешто што секогаш нè обединувало е Македонија.Патем, за Тоше не беа толку peвносни северџаниве“, напиша на својот профил на Фејсбук претседателката на македонското здружение „Камен мост“ од Канели.Реакцита доаѓа откако новинарката Снежана Лупевска Созен, преку својот фејсбук профил напиша дека Македонците од дијаспората се криви затоа што Тамара не победила на Евровизија, и побара на дијаспората да и се забрани да гласа на избори.“ДИК под итно да ги избрише оние од дијаспората од избирачкиот список!Ем пари ни трошат ем нејќат да дадат 10 евра да гласаат за Тамара!(секоја чест на исклучоците) Сепак #Proud сме ние овде”, напиша Лупевска на Фејсбук.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
boj-dzordz

Бој Џорџ не криеше: Македонија е мојот фаворит

Светски познатиот музичар Бој Џорџ вчера пред финалната евровизиска вечер на твитер даде поддршка за настапот и песната на Тамара .„Македонија е мојот фаворит“, напиша англискиот музичар и диџеј .Инаку во 2007 година Бој Џорџ настапуваше во Метрополис арената во Скопје. На овој негов настап со него во живо запеа и Тамара Тодевска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
190519162751-egypt-bus-exlarge-169-696x391

Повредени најмалку 17 лица при експлозија на автобус кај египетските пирамиди

Силна експлозија денеска уништи туристички автобус во близина на новиот Голем египетски музеј што се гради во областа на пирамидите во Гиза.Според информации кои ги пренесоа локални медиуми, при експлозијата се повредени најмалку 17 лица. Во автобусот патувале претежно странски туристи.Засега не е познато кој и зошто ја поставил експлозијата на место каде што има многу туристи.

Свет | пред 6 години

6 год.
struja

Утре делови од повеќе скопски општини без електрична енергија, еве детали

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД, без струја од 06:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од с. Варвара и дел од с. Батинци во Општина Студеничани, од 07:00 до 13:00 часот корисниците од објектите кои се наоѓат во близина на ЈЗУ Универзитетска Клиника по хирушки болести, „Св. Наум Охридски“ на ул. 11-ти Октомври во Општина Центар и од 09:00 до 12:00 часот, објектите во кругот на спортскиот аеродром, „Стенковец“. во Општина Чучер Сандево.Утре без напојување со електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од село Горно Оризари во Општина Ѓорче Петров, во Општина Карпош, пак, без струја од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. Пресека и дел од ул. Сливовска, од 09:30 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Бранислав Нушиќ, од 09:30 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. Букурешка и од 11:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Париска и ул. Хелсинска. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
IMG_3476-2-min

Бектеши: Не е моја работа да му предлагам на мандатарот кој ќе биде изменет или кој не

Министерот за економија Крешник Бектеши на новинарско прашање дали очекува да биде сменет од функцијата, не даде конкретен одговор.„Не е моја работа да направам анализи и да му предлагам на мандатарот кој ќе биде изменет или кој не“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.Според најавите, владиното „метење“ ќе почне на почетокот на јуни, а кон крајот на наредниот месец, во најава се и други кадровски промени во јавните претпријатија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dsaasdsdadas-696x406

Израелска министерка за настапот на Мадона: Не треба да се меша политиката во една културна манифестација

Министерка за култура на Израел, Мириса Регев го нарече „грешка” присуството на палестинските знамиња на грбовите на танчерите на Мадона за време на финалето на Евровизија.„Тоа е грешка, не треба да се меша политиката во една културна манифестација, со сета почит што ја чувствувам кон Мадона”, изјави Регев на редовната неделна седница на Министерскиот совет.Министерката ја критикуваше израелската медиумска организација Кан, која не си ја завршила својата работа, откако се појавија на екран палестинските знамиња.

Магазин | пред 6 години

6 год.
turcija-rusija

100 турски инженери ќе се обучуваат во Русија за процесот за производство на оружје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција соработува со Русија на производство на противавионските ракетни системи „С-500“. Како што пишува „Хабертурк“ Ердоган веќе испратил 100 инженери во Русија на обука за процесот за производство на оружје.Инаку купувањето на С-400 предизвика тензии меѓу Турција и САД. Вашингтон ја предупреди Анкара дека постои можност од воведување санкции доколку го реализира купопродажжниот договор.„Апсолутно нема шанса Турција да се откаже од купувањето на системот С-400. Тоа е завршена работа“, изјави Ердоган синоќа во Истанбул и додаде дека Турција со Русија „ќе го произведува и системот С-500 по купувањето на С-400“.САД сметаат дека договорот за С-400 претставува закана за западните земји. Вашингтон побара од Анкара да бира меѓу рускиот ракетен систем и американските стелт ловци Ф-35, кои исто така ѝ се потребни на Анкара. 

Свет | пред 6 години

6 год.
branko-petrovski

Скопски бизнисмен претепал газда на менувачница

Скопскиот бизнисмен Спиро Чорогунов, го претепал Бранко Петровски вчера, околу 13 часот во најстрогиот центар на Скопје, пишува Цивил медиа повикувајќи се на искази на очевидци.Чорогунов е сопственик на хотелите „Александар Сквер“ и „Александар 2“ во центарот на Скопје, градежната фирма „Караорман“ и неколку други бизниси. Во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“ на Чорогунов се наоѓа малата менувачница на Петровски и неговото кафуле „Гарсон“, повеќе години познато како омилено собиралиште на млади уметници, новинари и граѓански активисти.Чорогунов го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“, изграден минатата година, откако претходно му го попречил патот и побарал од него да ја симне рекламата за неговата менувачница што таму е поставена пред 19 години.Цивил медиа пишува дека Петровски мирно побарал од него да му дозволи да продолжи по патот, Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето.Последиците од овој напад се видливи, скршена вилица и тешка повреда на левото око на Петровски.

Скопје | пред 6 години

6 год.
22-Copy-95

По критиките што ги доби за својот настап, Мадона се огласи на Инстаграм

Поп дивата Мадона не остана должна по критиките што ги доби за својот настап на евровизиската вечер и тоа дека пеела фалш. Таа на Инстаграм објави фотографија на која ги покрива ушите и во стилот на нејзиниот заштитен знак за најновиот материјал  кратко напиша „Мадам X  не го слуша злото“.https://www.instagram.com/p/Bxnw1PAC7w1/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 6 години

6 год.
1-1-2

Заев се сретна со поранешниот претседател на Република Автсрија, Хајнц Фишер

Премиерот Зоран Заев на средба со поранешниот претседател на Република Автсрија, Хајнц Фишер: Европа треба да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици Претседателот на Владата на Република Северна  Македонија, Зоран Заев денеска во Виена, во пресрет на Виенскиот економски форум, се сретна со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер.На средбата, којашто помина во исклучително позитивна атмосфера, премиерот Заев го информираше поранешниот претседател на Република Австрија, Фишер за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.Истовремено, на средбата беше потврдена поддршката којашто Република Австрија во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија. И таа поддршка, како што беше посочено на средбата, нема да изостане сe додека Северна Македонија не стане полноправна членка на ЕУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Iceland-1-c7e2

(ВИДЕО) Обезбедувањето ги одзеде палестинските знамиња на исландскиот бенд „Хатари“

Организаторите на Евровизија може да го казнат исландскиот бенд „Хатари“ откако нивните членови раширија палестински знамиња за време на финалната вечер, со што ги прекршиja правилата на манифестацијата.Бендот „Хатари“ ги развеа палестинските знамиња за време на бодирањето, поради што интервенираше обезбедувањето. Член на бендот тајно го снимаше обезбедувањето и видеото го објави на социјалните мрежи.https://www.instagram.com/p/Bxnxm0fg80r/?utm_source=ig_embed 

Магазин | пред 6 години

6 год.
avganistan-parlament-696x398

(ВИДЕО) Тепачка меѓу пратениците во авганистанскиот Парламент

Во авганистанскиот Парламент денеска дојде до тепачка меѓу пратениците за време на изборот на нов парламентарен претседател.При гласањето, кандидатот на претседател на Парламентот, бизнисменот Мир Рахман Рахмани доби еден глас помалку од неопходните 124 за да биде избран, но неговите приврзаници инсистираа дека тој сепак е избран на функцијата, на што се спротивставија неговите противници.По ова дојде до расправија меѓу двата табора, која прерасна во тепачка, откако противниците на Рахмани го блокираа местото на претседателот на Парламентот и бараа ново гласање.

Свет | пред 6 години

6 год.
marija-serifovic

Гоца Тржан и Шерифовиќ разочарани што Македонија не и даде поени на Србија

Музичката сцена во Србија разочарана од македонското жири што не додели ниту поен за српската претставничка на Евровизија.„Благодариме на браќата од Македонија на нулата, јас гордо гласав за Тамара“, напиша на својот „Твитер“ профил пејачката Гоца Тржан.Исто така реагираше и Марија Шерифовиќ, победничката на Евровизија според која мора да се најде македонското жири и јавно да се објави кој не дал глас на нивната земја.

Магазин | пред 6 години

6 год.
galetanovski

Директорот на Зоолошка до дијаспората: Рмбаjте под туѓо сонце и никад да не се вратите

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, на својот профил на „Фејсбук“ се осврна на синоќешното гласање на Евровизија, упатувајќи навреда кон иселениците кои не ја поддржале со гласови македонската претставничка Тамара Тодевска.„Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? Каква срамота…ццц. Фиром не им сметало, за северна не гласале за Тамара. А бе одземи им и пасоши и право на глас. Гнаси. Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди. Никад да не се вратите“, напиша Галетановски на „Фејсбук“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кандидати за полициски службеници ќе сe oбучуваат да регулираат сообраќај

Кандидати за полициски службеници по претходно изготвен план, а како дел од курсот за основна обука за полициски службеник што во моментов се одвива во Центарот за обука во Идризово, од утре ќе бидат на практична обука за физичка регулација на сообраќајот на неколку централни крстосници во Скопје.Како што соопшти МВР, во периодот од 09.00 – 15.00 часот утре, на 21, 22, 27, 28 и 29 мај годинава на крстосниците кај Сајмиште, Железничка станица, Црвен Крст и Стара Рампа, кандидатите за полициски службеници заедно со четворица полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализираат практична обука за физичка регулација – физичко регулирање на сообраќајот, каде што секој кандидат треба да регулира сообраќај заедно со полициски службеник околу пет до 10 минути.За таа цел од МВР ги замолуваат граѓаните да имаат разбирање и трпение кон кандидатите за полициски службеници при изведување на практичната обука.

Скопје | пред 6 години

6 год.
policija-4

55 год жена починала во куќа на пријатели

На 18.05.2019 година во 10.15 часот во Полициската станица Ресен, од Јавната здравствена установа Ресен било пријавено дека во куќата на П.Х. од с.Јанковец била пронајдена почината В.К.(55) од с.Јанковец.Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со сопственикот на куќата и нејзиониот сопруг К.К.. Според нивните изјави, на 17.05.2019 година во вечерните часови сите заедно отишле во куќата на П.Х. и околу 22.30 и е слошило, по што легнала и најверојатно во текот на ноќта починала.Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
missing

Очув пријавил дека 14-годишно девојче заминало од домот

На 18.05.2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.С.(48) од Скопје пријавил дека на 16.05.2019 година околу 19.00 часот, 14-годишно девојче, на кое тој и е очув, заминало од домот во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

6 год.
krazba

Тешка кражба во куќа во Драчево

На 18.05.2019 година во Полициската станица Драчево, Т.Ѓ.(75) од Скопје пријавил дека на 17.05.2019 година во периодот од 18.30 до 23.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел пиштол „ЦЗ-99“ калибар 9мм, пиштол „ТТ М-57“ калибар 7,62мм со една рамка и златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања