Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
ekstazi

Кај 32 годишен тетовец пронајдени екстази

На 19.05.2019 година околу 22.00 часот на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода Ѓ.Ј.(32) од Тетово. При преглед кај него била пронајдена опојна дрога - екстази. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka1-1

29 годишна Тетовчанка со „Ауди“ излетала од коловозот и удрила во дрво

На 19.05.2019 година околу 12.20 часот на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во с.Глоѓи, патничко возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Р(.29) од Тетово, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во дрво. А.Р. се здобила со повреди и била пренесена во клиничката болница во Тетово каде и била укажана помош и била задржана на лекување. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Се судриле „Шевролет“ и мопед, еден повреден

На 19.05.2019 година околу 15.15 часот на крстосницата од ул.„Западен булевар“ со ул.„Вишешница“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Г.(19) од Кавадарци и мопед „Канга“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(23) од Кавадарци.Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци и по укажаната помош бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје на понатамошно лекување.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sudija-696x344

(ВИДЕО) На фудбалски натпревар во Боливија судија почина од срцев удар

Судијата Виктор Хуртадо починал за време на натпреварот од 25.коло во националниот шампионат на Боливија меѓу екипите на Олвејс Реди и Петролеро (5:0).Според тамошните медиуми, трагедијата се случи во второто полувреме кога срцето на 32-годишниот судијата престанало да работи. Лекарите од двете екипи се обиделе да му помогнат. Потоа, тој бил испратен во болница, но лекарите не можеле да го спасат.Исто така е објавено дека лекарите на стадионот успеале да го реанимираат Хуртадо. Меѓутоа, во болницата, тој повторно имал срцев удар, што доведе до смрт.

Свет | пред 6 години

6 год.
asanz-2

Шведскиот обвинител поднесе барање за апсење на Асанж поради обвинувањата за силување

Шведскиот обвинител кој поведе истрага за обвинувањата за силување против основачот на Викиликс Џулијан Асанж денес поднесе барање до локалниот суд за негово апсење во отсуство.Ако биде издаден, налогот за апсење ќе биде првиот чекор што ќе резултира со екстрадиција на Асанж од Велика Британија во Шведска. Моментално тој е во затвор во Британија, каде заради прекршување на условите за кауција му беше изречена затворска казна во траење од 50 недели.

Свет | пред 6 години

6 год.
DSC_8950

Два авиони наместо во Скопје, слетаа во Приштина и Охрид

Поради силниот ветер кој синоќа дуваше во Скопје, два авиони не слетаа на скопскиот аеродром, туку беа пренасочени. Па така, едниот слета во Охрид, а вториот во Приштина.Авионот кој летал на релацијата Истанбул – Скопје бил пренасочен на аеродромот во Приштина, а уште едно летало на Визер кое доаѓало од Малта, наместо во Скопје слетало во Охрид.

пред 6 години

6 год.
soobrakajka-1

39 сообраќајки изминатиот викенд во Скопје

За непрописно паркирање изминатиот викенд во Скопје се изречени 200 мерки, а „пајакот“ подигнал 134 возила.Во  12 од вкупно регистрираните 39 сообраќајки со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а 12 се полесно повредени. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 55 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца возачи почетници, а од сообраќај се исклучени и 48 нерегистрирани возила.Изречени се санкции на 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, девет кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 13 за неносење сигурносен појас, 31 за користење мобилен телефон.

Скопје | пред 6 години

6 год.
1853457lena-ilicff

Погребана Лена, последната жртва на автобуската несреќа во Ниш

Шеснаесетгодишната Лена Илиќ, која почина во петокот од последици од повредите, кои ги доби на 21. декември мината година во судир на автобус со воз на пружен премин во Ниш, погребана е вчера во родното село Чокот.На вечното почивалиште ја испратиле повеќе од илјада луѓе, членови од семејството, роднини, соседи.Во поворката биле и нејзините другари од училиште и наставниците од Уметничкото училиште каде била втора година, кои носеле 16 црвени балони, симбол на нејзините изгубени години, кои по нејзиниот погреб ги пуштиле да одлетаат како последен поздрав за неа.Во судирот меѓу автобусот и возот смртно настрадаа 7 лица.

Свет | пред 6 години

6 год.
isis

Бунт во затвор за милитанти од Исламска држава во Таџикистан, 32 загинати

Тројца чувари и 29 затвореници се убиени во затвор под висока безбедност во Таџикистан, откако осудени џихадисти од Исламска држава започнале бунт, објави тамошното Министерство за правда.Во соопштението се наведува дека бунтот почнал доцна во неделата во затвор во Вакдатa, 10 километри од главниот град Душанбе. Бунтовниците биле вооружени со ножеви и усмртиле тројца чувари и петмина затвореници.Еден од иницијаторите на бунтот бил Бекруз Гулмурод син Гулмурод Калимов, важен оперативец во таџикистанските специјални сили кој пребегнал на страна на Исламска држава во 2015 година, а според податоците на Министерството бил убиен во Сирија.Безбедносните сили успејале да го вратат редот во затворот со 1.500 затвореници, соопшти министерството.Исламската држава, која едно време територијално се простираше на голем дел од Сирија и Ирак, сега ги изгуби своите упоришта, ја презеде одговорноста за уште еден бунт во таџикистански затвор од минатата година во ноември, по смртоносниот напад на нивни следбеници врз туристи од Запад во јули 2018 година.Исламската држава, која едно време територијално се прошири на голем дел од Сирија и Ирак, а сега ги загуби своите упоришта, ја презеде одговорноста за уште еден бунт во таџикистански затвор кој се случи во ноември минатата година. 

Свет | пред 6 години

6 год.
ohrid-dzamija-minare

Денес протест во Охрид против минарето на Алипашината џамија

Здружението на граѓани „Совест“ денес во 16 часот ќе одржи протест на улицата Димитар Влахов во Охрид, пpoтив диватa градба на 32 метри високото минape во центарот на Охрид.„Ве известуваме дека на ден Понеделник, 20 мај во 16.00 часот пред зградата на Општина Охрид на улица Димитар Влахов ќе се организира мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. Очекуваме ваша силна подршка и обавезно присуство.За Охрид до крај!!!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vanesa-mej

ЕКСКЛУЗИВНО: Ванеса Меј ќе го отвори Охридско лето

Атрактивната и популарна виолинистка  Ванеса Меј Венкорн Николсон професионално позната како Ванеса Меј, ќе го отвори фестивалот Охридско лето, дознава Скопје 1 од извори во министерството за култура.За денеска е закажана пресс конференција каде  управата на фестивалот треба да ги соопшти деталите за спектакуларниот настап на Меј.Британска мега популарна виолинистка  некогаш била нарекувана како “Чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња. Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на свои 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот “Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ листите во над 20 земји од светот. Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавува 3 албуми. Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски.Особено остава впечаток со нејзината изведба на “Toccata and Fugue” на Јохан Себастијан Бах во Д Мол, која е копирана низ целиот свет. Ванеса е првиот изведувач на класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата “Најдобар женски изведувач”.Во 2006 година e рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми ширум светот, што е вистинска реткост за еден виолинист.На своите концерти Ванеса свири на два типа виолини, и тоа, класичен модел на Guadagnini од 1961 чија вредност се проценува на 150 илјади фунти и електрична виолина Zeta Јеzz, со чија комбинација приредува едно незаборавно уживање на публиката насекаде низ светот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Два авиона наместо во Скопје, слетаа во Охрид и Приштина

Поради силниот ветер кој синоќа дуваше во Скопје, два авиони не слетаа на скопскиот аеродром, туку беа пренасочени.На официјалната веб страна на Скопскиот аеродром се објави информација дека авионот кој летал на релацијата Истанбул - Скопје бил пренасочен на аеродромот во Пришина, а уште едно летало на Визер кое доаѓало од Малта, наместо во Скопје слетало во Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пратениците ќе одлучуваат за реципрочно признавање на возачките дозволи помеѓу Владите на Македонија и Косово

Пратениците  денеска треба да го ратификуваат Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи.На дневен ред, меѓу другото, се и предлог законите за изменување на Законот за минимална плата, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и на Законот за данокот на додадена вредност.

Македонија | пред 6 години

6 год.
goran-trajkovski

Горан Трајковски се повлекува од Дирекцијата за заштита на личните податоци – поднесе оставка

Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП, објави Плусинфо.Тој за Плусинфо не сакаше да открие детали зошто година и пол пред да му истече мандатот во ДЗЛП ја напушта функцијата. На наше прашање дали ќе оди на друга функција, Трајковски вели:– Да почекаме да заврши ова, па ќе видиме.Трајковски во времето на владеењето на Груевски беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година. Текстот во целост на Плусинфо. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
bus_accident

Автобуска несреќа во Германија - една жена загина, 60 повредени

Една жена загина, а повеќе од 60 се повредени, од кои седуммина потешко, во автобуска несреќа во близина на Лајпциг, источна Германија, соопшти полицијата.–Се уште не е позната причината за несреќата. Во автобусот имало 75 лица, изјави портпаролот на локалната полиција.Неофицијално полицијата се сомнева дека возачот заспал и дека тоа е причината за несреќата. Утрово е завршен увидот, а превртениот автобус е тргнат од местото на несреќата. 

Свет | пред 6 години

6 год.
tamara-aerodrom

Тамара и тимот се вратија дома: Среќна сум што ве направив горди

Тамара Тодевска и нејзиниот тим на полноќ се вратија дома. На скопскиот аеродром ја пречекаа семејството, сопругот  и ќеркичка Хана, како и фановите. Таа по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна .,,Очекувавме повеќе , но среќна сум што ве направив горди.”-Како се редеа дванаесетките се гледавме меѓу себе и си викавме „што направивме“. Беше неизвесно. Криво ми е за тие два бода, поради што првото место од жири го испуштивме. Но не е битно, никој не доминираше повеќе од нас на оваа Евровизија. 45 мин бевме први, секој три минути не покажуваа нас, се осеќаме како победници – рече Тамара.Се фотографираше со сите, а потоа кратко се обрати и кажа дека нејзиниот резултат на годинешниот Евросонг, кој впрочем е и најдобар резултат на земјата откако учествува на изборот за песна, е резултат на тимската работа и добрата подготовка во целиот тој период.Поради силниот јужен ветар авионот со Тамара и нејзиниот тим доцнеше повеќе од три часа. Тамара и се заблагодари и на своите фанови на фејсбук .Тамара Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар  пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
koridor-deset34

Србија го заврши коридорот 10, а Заев една година не може да го пушти Скопје-Штип, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Република  Србија го заврши коридорот 10 низ најтешката траса долж истиот, а Зоран Заев во Владичин Хан се радува на успешните потфати на нашите соседи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Очекувано е секој возач и патник кој што ќе го користи коридорот 10 да се радува на новото автопатско решение, но Заев е премиер и зема плата од граѓаните на Македонија не само да се радува на туѓите успеси туку и да сработи нешто за кое што е платен.Додека во соседството пуштаат автопати, Заев една година не може да го пушти готовиот автопат Скопје - Штип,  кој беше завршен од владата на ВМРО-ДПМНЕ.На Заев му требаа месеци за да договори трубачи и да го пушти завршениот автопат Демир Капија - Смоквица, направен во време на ВМРО-ДПМНЕ.За разлика од Заев лидерите на земјите од регионот забрзано работат за нивните граѓани и држави.Работата е непознат поим за Заев. Тој не ја практикува дома, затоа и оди во странство да види како изгледа ефектот од истата.Заев е скаран со зборот инвестиција. Тој и неговата неспособна влада за првите три месеци оваа година реализираа само 6% од годишно предвидените капитални инвестиции.Зоран Заев за разлика од лидерите на другите држави во регионот и Европа е синоним за корумпиран неработник и неспособен.Државата само тоне со Заев, затоа и треба да си замине. Граѓаните ја чекаат металата на Заев, која ќе го измете него и целата негова влада“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови.Во Скопје, облачно со сончеви периоди и дневна температура до 24 Целзиусови степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 15 степени, Охрид 18, Битола 22, Кавадарци 25, Крива Паланка 21, Берово 20, Дојран 26.Утре ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 15 во Маврово, Берово 19, Охрид 20, Битола 22, Скопје 25 до 27 степени во Дојран.Прогнозата и за наредните денови е сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 20 до 28 степени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zagaduvanje-2

Владата започна со реализација на мерките за намалување на аерозагадувањето, велат од СДСМ

„Владата предводена од СДСМ, надлежните институции започнаа со реализација на мерките кои имаат цел намалување на аерозагадувањето и надминување на деценискиот проблем со загадениот воздух.Од страна на Владата, отворен е јавен повик за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во Република Македонија.Право на учество на јавниот повик имаат градовите и општините каде што има висока концетрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички.Истовремено, од Министерството за економија, отворен е јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на сончеви колектори, алумински и ПВЦ прозорци.Оние граѓани кои ќе постават сончеви термални колекторски системи имаат можност да аплицираат и да добијат поврат на средства до 30 отсто од трошоците, но не повеќе од 15.000 денари, додека граѓаните кои ќе постават алумински или ПВЦ прозорци ќе добијат поврат до 50 отсто од вкупната сума но не повеќе од 25.000 денари.На овој начин ќе им се помогне на граѓаните кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикансост но и да се префрлат на еколошки начин на затоплување со што ќе влијаат врз намалување на загаудвањето. За реализација на оваа мерка обезбедени се 30 милиони денари.Континуирано се преземаат мерки на краток, среден и долг рок кои имаат за цел надминување на деценискиот проблем со загадувањето и обезбедување чист воздух и здрава животна средина“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevo-770x437

Денес во Вила Водно средба меѓу Пендаровски и Џафери

Претседателот  Стево Пендаровски денес ќе се сретне со претседателот на парламентот Талат Џафери. Оваа средба е значајна затоа што Пендаровски и Ахмети треба да разменат мислење за непотпишаните закони што на Пендаровски ги наследи од Иванов. На овие закони, покрај потписот на Џафери, треба да стои и потпис од шефот на државата.Инаку како што е познато, Пендаровски веднаш штом ја превзеде функцијата ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството.Пендаровски минатата седмица ја имаше првата средба со премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања