Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
sv-pantelejmon

Експресна реакција на Владата за Нотр Дам, но кога и за Богородицата од Нерези?

Кога ќе се случи голема трагедија, како што тоа завчера им се случи на Париз и на Франција со пожарот во осумвековната црква Нотр Дам, тогаш е најчовечки да се помогне. И добро е што кај нас почнува да се нуди помош за обновата бидејќи ќе биде добро овој светски културен симбол да стане и симбол околу кој ќе се обедини европската и светската солидарност, објави skopskoeho.mk.Но, кога ќе се грижиме за нашето наследство како за светското?Порталот објави дека синодот на МПЦ, уште пред две години предупредил дека во манастирската црква „Свети Пантелејмон“ во Нерези протечува покривот и дека со тоа се загрозени најпознатите фрески, а меѓу нив и фреската „Оплакувањето на Христос“ која е насликана во 1164 година, само една година подоцна откако почнала да се гради Нотр дам. Значи, и ние имаме голема обврска да ја заштитиме Нашата дама од Нерези, Пресвета Богородица.Извор и фото: skopskoeho.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
57079691_2155187941197469_3230154382590869504_n

Трендафилов се сретна со жителите на Куратица

Синоќа во селото Куратица, кандидатот на ГДУ, Михаил Трендафилов- Нанче имаше средба со мештаните, на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од ова место, се вели во соопштението од ГДУ.Жителите на селото Куратица побараа да се вратат месните заедници и исто така како најголем проблем го истакнаа поврзувањето односно немањето на пат кој ќе ги поврзува Општина Охрид со Општина Дебарца. Невработеноста и наглото иселување на младите причинуваат голема загриженост на куратичани. Михаил Трендафилов- Нанче им кажа на мештаните дека не може со магично стапче да се решат сите проблеми, но им порача дека ако стане татко на градот со многу работа, чесно и домаќински, заедно ќе почнат да ги решаваат проблемите еден по еден.Средбата во селото Куратица помина во пријателска атмосфера во која сите присутни во отворен разговор можеа да ги претстават и да добијат одговор за своите проблеми.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Бизарна несреќа -Скопјанец загина, го прегазил неговиот камион

На 16.04.2019 година во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“,Љ.А.(52) од с.Д.Лисиче, скопско, бил прегазен од товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што претходно тој го управувал, по што починал на местото. Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата. Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А.. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Судар помеѓу „Форд фокус“ и мотоцикл, Мотоциклистот со тешки телесни повреди

На 16.04.2019 година во 18.55 часот на улица „Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(33) од Прилеп и мотоцикл „Херк“ со прилепски регистарски таблици, управуван од П.Б.(53) од Прилеп. Мотоциклистот П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде му била укажана помош.Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Сообраќајната полиција со полни раце работа во Скопје

Во текот на изминатиот ден (16.04.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 54 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, осум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 32 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 117 мандатни платни налози и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле две сообраќајни незгоди во кои едно лице го загубило животот, а едно лице се здобило со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
kucinja-skitnici

Нови случаи на напади од кучиња скитници - на Плоштад Македонија и во Кисела Вода

На 16.04.2019 година во 23.55 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.П.(45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21.00 часот на улица „Серска“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.На 16.04.2019 година во 15.15 часот во Полициската станица Центар, В.П.(49) од Скопје пријавил дека на 15.04.2019 година околу 12.00 часот на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 6 години

6 год.
zelen-karton

Лишен од слобода Турски државјанин поради фалсификување зелен картон

На 17.04.2019 година во 04.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ (зелена карта), од слобода бил лишен А.К.(57) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Даф“ и полуприколка со турски национални ознаки. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
lisici

Пронајден струмичанец кој избегал од затвор

На 16.04.2019 година во 12.00 часот во Полициската станица Струмица бил приведен Ј.А.(29) од Струмица за кого била распишана потерница по Наредба на основен суд Струмица порадо бегство од Затвор Струмица. Во 13.00 часот лицето било предадено на Основен суд Струмица.

пред 6 години

6 год.
derkovski

Дерковски: Го чекаме револтираниот гласач од Гостивар со пиштол

После заканата од револтиран гласач од Гостивар дека ќе дојде со пиштол во ДИК, претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски во изјава за „Слободен печат“ истакна дека е загрижувачко тоа што Стево Пендаровски го поддржува гласачот кој се заканува.„Што да кажам. Го чекаме да дојде револтираниот гласач со пиштол. Некако ова не е нормална реакција на гласач, без разлика на проблемот. Очекуваме МВР и Јавното обвинителство итно да постапат по овој случај. Ако добро го сфатив, Пендаровски му вели: оди, оди. Мора претседателските кандидати да внимаваат што зборуваат на митинзите“, изјави Деркоски за „Слободен Печат“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
10550693655cb568c6c44e7324245103_v4_big-1

(ВИДЕО) Граѓанин на трибина на Пендаровски се закани дека со пиштол ќе отиде во ДИК

На вечерашната трибина на Стево Пендаровски во Гостивар, граѓанин на Гостивар се закани дека вооружен ќе влезе во Државната изборна комисија поради тоа што според него, од таму го избришале од избирачкиот список.–Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. И не само јас има многу гостиварци се избришани. Ве молам да се преземе мерка, се обрати револтираниот граѓанин до кандидатот за Претседател од СДСМ, Пендаровски.Откако Пендаровски му рече дека треба да отиде во ДИК, граѓанинот се закани дека ќе отиде со пиштол.–Ќе им појдам со пиштол, рече тој.https://streamable.com/ggdjp

Македонија | пред 6 години

6 год.
d397d289-2631-4f9a-9fee-a49b7008cb60-AP19105812400343-1

(ВИДЕО) Приказна која го расплака светот: Дете пишува домашна под светлината на бандера

Локалната полиција во градот Мочео во Перу кон крајот на крајот на март годинава ги прегледувала безбедносните камери на улиците и забележалa нешто невообичаено – среде ноќ, во темница, забележале момче кое седи на тротоарот.Дури откако ја зголемиле снимката, сфатиле дека момчето, всушност, пишува нешто во тетратката. Полицијата одлучила да го објави видеото на својата официјална страница на Фејсбук, а деталите за случајот кој наскоро испливале на површина расплакале многумина.Момчето на снимката е 12-годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордова, а сиромаштија и живот без електрична енергија го натерало домашната работа да ја пишува на улицата, под светлината на уличната светилка.[embed][/embed] 

Свет | пред 6 години

6 год.
57092795_1249840495166544_2531061692532523008_n

Мицкоски: Ми пријде човек кој што ми кажа дека полнел кутии на денот на референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 објави скандал поврзан со гласањето на референдумот на 30-ти септември за промена на уставното име на Република Македонија.Тој вели дека на него лично човек му кажал дека за време на референдумот се полнеле кутиите, но како што рече Мицкоски Основното Јавно обвинителство знаело за случајот, но за жал се уште не реагирале.„Еве ќе ви кажам една неформална информација. Мене ми пријде човек кој што ми кажа дека полнел кутии тој ден. Не го кажувам името од објективни причини, но кога ќе има вистински реформи во судството и обвинителството подготвен е човекот да сведочи и кој го мотивирал и како го мотивирал“, вели Мицкоски.Мицкоски посочи дека доколку конечно се отвори истрага за овие предмети, тој е спремен да сведочи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Pendarovski-Press

Пендаровски: Во јуни влегуваме во подотворената врата кон ЕУ

Нема друг да ни ја заврши работата, мора масовно да излеземе сите и да покажеме дека огромна бројка граѓани сакаат сите заедно да одиме напред, а не да се враќаме во лошото минато, порача вечерва во Гостивар заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.Нагласи дека, додека претходната власт ги наполни куферите и избега со парите во странство, власта од која е тој дел, се залага да станеме дел од ЕУ и НАТО и да се стави крај на политиката на делби и државата да биде внатре сложна со убава меѓуетничка кохезија.„Во јуни влегуваме во подотворената врата кон ЕУ. Со тоа се отвораат огромни можности во делот на пристапните фондови, каде што ЕУ ќе ни дава европски пари да се развиеме во инфраструктура, во образование, во здравството … До 900 милиони евра на годишно ниво можеме да повлечеме, ако сме паметни, а имаме паметни деца кои може тоа да го направат“, рече Пендаровски.Посочи дека немаме резервна татковина и оти за тоа мора сите да се согласиме и власт и опозиција.„Ова е државата каде сме се родиле и сакаме да живееме и понатаму. Второ, оваа држава мора да биде демократска. Секој, независно од вера, нација и политичка припадност да ги има истите права и одговорности. Трето, најважно, кој и да е на власт,мора да работи за подобар економски развој и да имаме двапати, трипати поголем стандард на живеење од тоа што го имаме сега“, изјави Пендаровски.Во однос на Специјалното јавно обвинителство, Пендаровски рече дека тој закон ќе биде донесен во Собранието, затоа што таков закон мора да има.“Тоа беше општонароден грабеж невиден во историјата на оваа држава. Тоа не може туку така, собраа парите и заминаа. Ќе ги вратат парите и ќе лежат затвор, а од утре ќе важи и за мене“, порача Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
antikorupciska-komisija

Антикорупциска ќе одлучува по пријави за прекршување на Изборниот законик

Државната комисија за спречување на корупцијата денес ќе одржи седница, на која на дневен ред се повеќе приговори за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси, од распишувањето на претседатеските избори.„Сите приговри се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на активности на Платежната агенција, како и против градоначалниците на општините Гази Баба и Штип, на Општината Штип, и вд градоначалникот на Ново Село, Струмичко“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

(ВИДЕО) Мицкоски: За референдумот ги дадовме парите да се реновира школото во Тетово, шајка таму власта не закова

Минатата година ние за референдумот се откажавме од кампања за да се реновира гимназијата Кирил Пејчиновиќ, таму ништо уште не е направено, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој учествуваше на дебатата на телевизија 21 од која дел беа и неколку аналитичари и новинари кои поставуваа прашања.–Ние рековме дека ги донираме средствата за гимназијата Кирил Пејчиновиќ. Сте биле таму? Јас сега бев таму. И сакам да поставам прашање на градоначалничката вака се гради соживот. Не можеме да ги лажеме луѓето, државата ни се празни, граѓаните треба да ни веруваат, рече Мицкоски.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/2291346187554561/

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-2

Силјановска: На Заев не му е местото во изборната кампања

Кандидатот за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Аеродром побара поддршка за претседателската функција, истакнувајќи ја важноста на демократијата во општеството без која, како што рече, нема ниту Европска унија, ниту НАТО.Таа, меѓу останатото, истакна дека на премиерот не му е местото во изборната кампања, затоа што, посочи, тој мора да ја претставува државата и претпладне не смее да биде држава, а попладне партија.„Тоа важи и за сите министри. Тоа е проблем на демократски дефицит, значи дека во оваа земја нема демократија, а каде што нема демократија нема ниту ЕУ и НАТО. За ЕУ и НАТО треба да сте пристојно место за живеење. Ова место е далеку од ЕУ, уште еднаш ќе слушнете дека нема да почнеме преговори“, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka1-1

Две сообраќајки во Скопје, едно лице загина

Едно лице загинало во една од вкупно две сообраќајки што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во другата сообраќајка полесно е повредено едно лице.Според дневниот извештај на СВР Скопје, изминатото деноноќие се санкционирани 54 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 21 возач пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест возачи почетници. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 15 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.За користење мобилен телефон сакционирани се 32 возачи, а за неносење сигурносен појас 17 возачи. Санкционирани се и осум возачи за неправилно престројување, како и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Евидентирани се и тројца возачи на мотор, мопед или мотоцикл поради тоа што не носеле заштитен шлем.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pendarovski4

Пендаровски: Разбирам дека Силјановска имаше неколку гафови, но бегање од интервјуа не е во ред

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера на Фејсбук објави дека е разочаран од постапката на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова да не се појави на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма.-Навистина се разочарав кога слушнав дека мојата против кандидатка Силјановска не се појавила на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма. Верував дека барем во однос на дебатите ќе покаже различна политичка култура од онаа ВМРО-ДПМНЕ, култура на бегање од јавни соочувања со критички настроени новинари.Разбирам дека во изминатите денови колешката имаше неколку незгодни ситуации и гафови, но бегање од интервјуа не е во ред. Јас од друга страна ја прифатив оваа дебата и може да го погледнете моето гостување. Ветувам дека и како претседател ќе бидам секогаш достапен за медиумите и граѓаните, напиша Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
57092795_1249840495166544_2531061692532523008_n

(ВИДЕО) Мицкоски: Никола Тодоров му е неформален советник на Филипче

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ рече дека поранешен министер за здравство, сега е актуелен советник на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 години

6 год.
struja-1

Без струја Илинден, Арачиново, Гази Баба, Студеничани и Центар

Од ЕВН Македонија информираат дека поради закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат делови на Општина Илинден, Арачиново, Гази Баба, Студеничани и Центар.Без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат Нептун, ЈЦС Шпед и Градежен институт во Илинден (општина Илинден) и долниот дел од Арачиново (од ПС до средина на Арачиново) (општина Арачиново).Во време од 7:30 до 15:30 часот ул. 519 и околните споредни улици во населбата Керамидница (општина Гази Баба); од 9 до 17:30 часот дел од селото Долно Количани (општина Студеничани) и во време од 9 до 10:30 часот улицата Рузвелтова бр. 8 (општина Центар).

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања