Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
IMG_9689

Николовски: На 90 отсто од тутунопроизводителите добија зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2018

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на општина Прилеп имаа средби со земјоделци и тутунопроизводители во врска со плановите за новата производствена реколта за тутунот, но и за останатите мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој.Министерот Николовски потенцираше дека за реколтата 2018-та се откупени 25,2 милиони килограми тутун, од кои над 90 отсто од земјоделците предале тутун од прва и втора класа.„Во контекст на политиките кои ги водиме согласно тековните исплати, календарот за исплата, Програмите, навремено беа обработени списоците за исплата на тутунот од реколтата 2018-та. Имавме стабилен откуп, со просечна откупна цена од 214,2 денари за килограм, откупени се 25,2 милиони килограми, а исплатени се кон тутутнопроизводителите над 5,4 милијадри денари од страна на компаниите откупувачи. Од овие откупени 25,2 милиони килограми тутун, над 21 милиони килограми се од прва и втора класа,или над 90 осто од тутунопроизводителите како резулатат на промена на системот на субвенционирање по класи, добиваат зголемени субвенции за прва и втора класа“, изјави министерот Николовски.Во реколтата 2018 се засеаја 14.505 хектари со тутун што е за околу 380 хектари повеќе од 2017-та, а се склучија 33.501 договори или околу 4.700 договори повеќе од 2017-та година.Минатиот месец во Собранието се изгласа Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, со кој е предвидено укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба значајно ќе се намалат административните процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот.Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сообраќајна несреќа во Охрид, се судрија два автомобили и мотор

Попладнево на ул. Железничка се случи сообраќајна несреќа во која неофицијално учествувале два автомобили и мотор.Неофицијално во такси удрил автомобил, а во него мотор.Портпаролот на СВР потврди дека има сообраќајна несреќа на Железничка, но дека увидот е во тек и дека сеуште не се знае каратктерот на повредите на повредените.Нскоро повеќе...

Македонија | пред 6 години

6 год.
UaYct-

Фрлил кеса со марихуана и преминал во Албанија

На 16.04.2019 година во 20.30 часот, кај гробиштата во с. Спас, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Блато“ забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете.Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата. Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија. Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gostivar

Низа неправилности во јавен превоз Гостивар - осум возачи без лекарско, тројца без положен возачки испит...

На 16.04.2019 година во периодот од 06.00 до 09.00 часот во Гостивар е спроведена акциска контрола со која биле опфатени 35 возила (комбиња) кои вршат јавен превоз. Притоа, откриени се девет возила со претовар на патници, осум возачи без лекарско уверение, три возачи без положен возачки испит, еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја прилагодил брзината според условите на патот.Констатираните прекршоци биле санкционирани со законски предвидените поднесоци. На 16.04.2019 година на тетовското подрачје, исто така, спроведени се засилени контролни активности во кои биле откриени вкупно 42 прекршоци, најмногу погрешно, односно непрописно паркирање (19). Покрај ова, утврдено е дека седум лица ги управувале возилата без возачка дозвола, шест возила имале истечена регистрација, пет биле технички неисправни, седум возачи- почетници не се придржувале на законските ограничувања и друго.

Македонија | пред 6 години

6 год.
granata

При ископ на темели за куќа во с.Могила биле пронајдени две гранати

На 16.04.2019 година во 11.02 часот во СВР Битола, З.П. од село Могила пријавил дека при ископ на темели за куќа во с.Могила биле пронајдени две гранати калибар 60мм и калибар 75мм од Првата Светска војна. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатите се подигнати за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kazimoski

Ќазимоски: Каде завршија парите од паркинзите од Струга за 2018 година?!

Ќазимоски: Каде завршија парите од паркинзите од Струга за 2018 година?!Советникот на Алијанса за Албанците од Лабуништа, Јасмин Ќазимоски реагираше за Извештајот на ЈКП “Еко – Струга”. Ќазимоски во вчерашната седница на Советот ги спомна неговите сомнежи за работата на оваа претпријатие и обвини за несериозност од страна на одговорните лица на претпријатието, објави voxstruga.mk.“Според извештајот од ЈП Еко-Струга, во период од 6 месеци, претпријатието реализирало приходи скромни 238.500 ден. Причината за ова е повеќе од сигурно дека не се издаваат фискални сметки за паркинг услугите, се работи на црно, а парите завршуваат во нечиј џеб. Иако ЈП Еко-Струга е казнето од страна на УЈП за неиздавање на фискални сметки, продолжуваат да работат на истиот начин. Ова е кривично дело, и некој мора да одговара” – вели советникот на АА, Јасмин Ќазимоски од Лабуништа за voxstruga.mk.Фото и текст: voxstruga.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага за недозволено пуштање во промет на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Во домот каде што живее осомничениот, на 15.04.2019 година, била пронајдена опојна дрога марихуана со нето маса од 296,79 грама, која ја држел неовластено заради продажба. Освен ова, биле откриени и дигитална вага со остатоци од непозната материја, пакувања со семки од непознато растение и една кесичка со непозната растителна материја. Во текот на истражната постапка ќе се изврши вештачење за да се утврди непознатата растителна материја.Ценејќи дека се исполнети законските основи и дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

пред 6 години

6 год.
gimnazija

Поднесено обвинение за обид за тешка кражба во спортската сала на средното училиште „Никола Карев“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице, кое се товари дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба, предвидено и казниво согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 12.12.2018, во гардеробата на спортската сала при СУГС „Никола Карев“, на дрзок начин се обидел да одземе туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Имено, тој влегол во соблекувалната во која биле оставени облека, лични предмети и торби на посетителите и започнал да претура во внатрешноста на една од торбите. Во тој момент во соблекувалната дошла оштетената која го затекнала. Обвинетиот се упатил кон неа, ја оттурнал од вратата на соблекувалната кон скалите и избегал.По неговото лишување од слобода, на обвинетиот со Решение на судија на претходна постапка од 11.04.2019 година му беше определена мерка притвор во траење од осум дена. Ценејќи дека и натаму постои реална опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за продолжување на притворот за обвинетото лице.

пред 6 години

6 год.
UaYct-

Oбвинителен акт за наркотична дрога пронајдена во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое неовластено заради продажба држело наркотична дрога – марихуана и со тоа сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 23.03.2019 година обвинетиот управувал со автомобил Фоксваген Пасат кој не бил во негова сопственост и на крстосницата меѓу булеварите „Македонско-косовска бригада“ и „Босна и Херцеговина“ бил забележан од овластени службени лица на МВР дека поминал на запалено црвено светло. Притоа, му била дадена наредба да го запре возилото, но обвинетиот побегнал, по што по радио врска била објавена потрага по него.Со поставена блокада на регионалниот пат Скопје-Велес кај Трубарево возилото било запрено, а полициските службеници извршиле легитимирање на обвинетото лице, личен преглед и преглед на возилото. На задното седиште од автомобилот била пронајдена марихуана со вкупна нето маса од 3.247,6 грама спакувана во три пакувања.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон или да го повтори кривичното дело.

пред 6 години

6 год.
marihuana2

Поднесен обвинителен акт за лицето кое направи импровизирана лабораторија за марихуана во Козле

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на најгорниот кат од својот дом во Козле неовластено произведувал, преработувал и заради продажба држел наркотична дрога – марихуана. Притоа тој направил импровизирана лабораторија со 52 растенија од типот Cannabis, импровизирана сушилница од картонски кутии каде го сушел растението, а потоа го дробел и пакувал за продажба и вршел екстракција на масло од марихуана.При претрес на домот на осомничениот била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1.324,43 грама, спакувана во повеќе различни тегли и пакувања, хашиш масло со вкупен волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.Со Решение на судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје на лицето му беше определена мерка куќен притвор, па ценејќи дека се уште постојат законските основи за обезбедување на негово присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Над 500 учесници во ролеријада 2019

Лана Нацев од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во женска конкуренција и Алексеј Нелепа од ОУ „Љубен Лапе“ во машка конкуренција се годинешните победници на познатата „Ролер трка 2019“, што денеска се возеше на булеварот Илинден. Во трката со ролери учествуваа над 500 ученици од триесетина основни училишта од Скопје и од околината. Учесниците тргнаа од пред фонтаната „Лотосов цвет“ и возеа по булеварот Илинден до раскрсницата со улицата Никола Тесла, а потоа, повторно назад до целта.- Мило ми е што ДКЦ веќе осум години по ред ја организира оваа Ролеријада, манифестација во која учествуваат ученици од повеќе од 30 основни училишта од Скопје и околината. Градот Скопје го стимулира спортскиот начин на живеење, а различниот начин на движење го практикувам и јас самиот. Во оваа трка нека победат најдобрите – рече градоначалникот Шилегов на отворањето на трката.На Ролеријадата беа доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и во женска категорија. На целта први пристигнаа:Во женска категорија:Прво место – ЛАНА НАЦЕВ , ОУ „ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“Второ место – ИВАНА ВАСИЛЕВА, ОУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СтајковциТрето место – МИХАЕЛА АРСИЌ, ОУ „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“Во машка категорија:Прво место – АЛЕКСЕЈ НЕЛЕПА, ОУ „ЉУБЕН ЛАПЕ“Второ место – ДАМЈАН ПЕШЕВСКИ, ОУ „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“Трето место – ДАМЈАН ЗЕНГОВСКИ, ОУ „АЦО ШОПОВ“Трката на ролери „Возиме кон иднината“ ја организира Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје и годинава се одржува по осми пат.

Скопје | пред 6 години

6 год.
IMG-9d2152e75aa04953a042553811ae30c4-V-1

Во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник утре и задутре ќе се собира кабаст отпад

Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ утре и задутре ќе собираат кабаст отпад и електронска опрема во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.Локалната самоуправа во овие урбани заедници ќе спроведе акција за расчистување на сметот од јавните површини, а ќе ги средува парковите и омилените игралишта на најмладите. Во исто време ќе се кастрат гранките на дрвјата и грмушките.Општината информира дека граѓаните кабастиот отпад треба да го одложуваат до 11:00 часот покрај своите домови, на тротоарите, но пред се потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на пешаците и возилата. Одлагањето на отпад после опредeленото време е забрането.

Скопје | пред 6 години

6 год.
DSC08592-2

Одбележан Светски ден на хемофилија – изготвена национална стратегија

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска учествуваше на одбележувањето Светски ден на хемофилија за подигнување на свесноста за вродени  нарушувања во системот за коагулација. Во рамки на настанот, министерот ги презентираше континуираните напори на Министерството за здравство, за препознавање и подобра дијагностика на пациентите со хемофилија. Според податоците добиени од регистарот од Центарот за хемофилија при Институтот за трансфузиона медицина, вкупно се регистрирани 320 пациенти со хемофилија и останати вродени нарушувања на системот на коагулација, од нив 46 се деца (22 со хемофилија А и 24 со хемофилија Б.-Министерството за здравство, во соработка со Владата на Северна Македонија иницираше промени во законот за јавни набавки, со кои место цената, која досега беше единствен одлучувачки фактор во спроведување на јавните набавки, сега  клучни критериуми за селекција се квалитетот и безбедноста на продуктите. Исто така, минатата година беше спроведен национален тендер за концентрати на фактори на коагулација. Во постапката беа вклучени клиничари во областа на хемофилијата и национални претставници на пациентите со хемофилија, рече министерот Филипче.Стратешка цел е постепено воведување рекомбинантни фактори и профилакса со нова иновативна терапија, со што драстично би се намалил бројот на крварења и компликации, како и долгорочен план за воведување генска терапија. Исто така, посебно значајна е  изработката на 10 годишна национална стратегија за хемофилија и останати вродени нарушувања на системот за коагулација во Република Северна Македонија. Стратегијата има за цел да воспостави долгорочна стратегија за справување со оваа група нарушувања, низ рана дијагностика, редовна контрола, терапија на пациентите, превенција, како и третман при компликации.-Со нејзина имплементација ќе го подобриме квалитетот на живот кај лицата со вродени нарушувања на системот за коагулација, а истовремено ќе го подигнеме нивото на ефикасност и финансиска исплатливост на здравствениот систем, посочи министерот Филипче.Министерството останува посветено на подобрување на условите на лекување на пациентите со хемофилија и токму со донесување на Националната стратегија ќе го олесниме патот на лекување, третман и грижа на овие лица.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Ѓорчев: Афера којашто можеме да ја наречеме „големото око“, никој не им дава право на СДСМ да следат кој, каде се движи, што лајкувал, што напишал

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната пресс конференција одговараше на новинарски прашања.Новинарско прашање: Сакам да ве прашам за апликацијата што вчера од тимот на Силјановска ја обелоденија. Дали имате вие некои сознанија за што се работи и дали може и вие како партија ќе поднесете некоја претставка до институциите?Владимир Ѓорчев: Апсолутно ќе има реакција до институциите, но немаме доверба во институциите. Она што го гледаме, тоа е евидентно. Желбата да се контролира се, секој да се следи, секој да се прислушкува, да се знае секој каде, што и како прави. Ова апликација може да се однесува на стотици илјади граѓани на Македонија и тоа длабоко, длабоко задира во приватноста на граѓаните и гласачите, затоа што ако тие може да следат кој, каде се движи, каде бил, што лајкувал, што напишал, како напишал итн. Тоа е веќе набљудување, тоа е веќе следење. Никој не им дал право на господата од СДСМ толку да навлегуваат во приватноста на луѓето, за нив стана навика да влегуваат во приватноста на луѓето и да прават што сакаат. Катастрофа.Новинарско прашање: Ја имате ли вие таа апликација, бидејќи од вчера имаме сознание дека е повлечена?Владимир Ѓорчев: ИТ тимот којшто го имаме работи на оваа тема но, она што го имаме како информација се навистина загрижувачки. Значи, внимавајте некој да се осмели, без око да му трепне, до таа мера да ги следи и да ја нарушува приватноста на илјадници , илјадници граѓани, само затоа што се гласачи, да кажуваат каде одат, што лајкуваат, како пишуваат, каде се движат итн. Тоа е буквално една афера којашто можеме да ја наречеме „големото око“. Навика стана на СДСМ, до таа мера да се чувствуваат недопирливи, да прават што сакаат и да едноставно ја нарушуваат приватноста. Но, ова сакам да го кажам, прво граѓаните се чувствуваат непријатно затоа што им е нарушена приватноста, второ колку СДСМ и да ги следи, колку и да гледаат што прават, нивно е правото како ќе гласаат зад параванот, и трето треба да им вратат на оние коишто им ја нарушуваат приватноста оние коишто сакаат буквално да ги надгледуваат, да им вратат со гласање против нивниот кандидат, затоа што ова е срамота што го прават.Новинарско прашање: Дали имате сознанија чие е комбето „Бојкотирам“ што деновиве кружи низ Скопје и уште еднаш вашиот став за дали сте вие за бојкот?Владимир Ѓорчев: Не. Повикуваме граѓаните на Република Македонија масовно да излезат на претседателските избори и да гласаат за бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова, за правда во Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Ѓорчев: Заев и СДСМ да кажат по кои критериуми ќе ги спроведуваат масовните отпуштања после изборите

Изминативе два дена Зоран Заев не даде никаков одговор, на кој начин и врз основа на кој критериум ќе ги спроведува масовните отпуштања и бркање од работа од јавниот сектор. Во изминативе две години политиките на Зоран Заев, Владата и нивните 28 министри доведоа до тоа да Македонија има историски најмногу јавна администрација 150.000 луѓе. Фрапантна администрација од 150.000 луѓе како последица на 20.000 нови вработувања од кадровските списоци на СДСМ, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Значи кадровските списоци на СДСМ донесоа граѓаните на Македонија, народот преку даноци и економијата да плаќаат 20.000 нови партиски војници.И да дојдеме до фрапантна и невидена досега бројка од 150.000 луѓе во јавниот сектор.Откако ја преполни, буквално ја преполни јавната администрација со 5 луѓе во една канцеларија, заради вработување на своите партиски војници преку принципот на Мира Дизел, Зоран Заев сега најавува масовни отпуштања од јавниот сектор.Кои ќе бидат критериумите со кои што тие отпуштања ќе ги спроведе Зоран Заев? Дали тоа значи дека на отстрел ќе бидат професионалците, дека непослушниците ќе бидат на црна листа на СДСМ, во која што било кој ќе се дрзне да им се замери на било кој начин или да не им се допадне ќе биде санкциониран.Преседанот е дека оваа опасност ги демне луѓето кои што се вработени во образованието, во здравството, во армијата, во полицијата, во општините и во целиот јавен сектор.Два дена молчат, никој ништо не кажува, а гледаме дека секојдневие се десетици и десетици нови огласи за вработување. Кој ќе ја плати таа армија на ново вработени? Кој ќе го издржува тоа? Што ќе работат тие луѓе? Ако веќе има превработеност зошто буквално секој ден се отвораат десетици и десетици нови огласи, за стотици и стотици вработувања. Катастрофалната состојба која што треба да се сумира во 30-тина секунди затоа што знам дека толку е периодот кој што може да се одвои на вести е следново:По кои критериуми Зоран Заев ќе ги врши масовните отпуштања и бркања од работа на неподобните луѓе кое што го најави во своето интервју а има намера да го спроведува после изборите. Неговите партиски вработувања 20.000 на број ја доведоа Македонија да има 150.000 вработени во јавната администрација со огромна превработеност. Зошто сето ова и го прави на Македонија? И кога сето ќе се собере и одземе коа ќе видиме партизирањето кое ни се случува коа ќе ви видиме политиките кои што се спроведуваат имаме еден поразителен, поразителен тренд, а тоа е масовно иселување и заминување од Македонија. Затоа што продуктивните луѓе оние кои што работат оние кои што создаваат не сакаат да ги тераат хировите на власта, семејството на премиерот и сите оние околу него.Таа свита бара огромно одржување и издржување а народот едноставно не сака да го поднесе сето тоа. Видете тоа е она кое што сакаме да го порачаме денес навистина јас немам каков коментар да дадам на сето ова. Внимавајте Македонија дојде до тоа да има 150.000 луѓе во јавна администрација. 150.000 луѓе, па не гласаа луѓето за ова не го ветуваа ова по плоштадите и улиците.150.000 луѓе кој ќе го издржува тоа? Огласи по нови 100 вработувања, 200 вработувања, 50 вработувања. Во секоја институција изгласаа да има заменик директор, во секоја институција која што има директор секоја мора по закон да има заменик директор.Срамота е тоа, срамота. Со кабинети со привилегии со институции кои што имаат по 10 вработени им изгласаа да имаат заменици директори. Клати врата земја плата и народот треба тоа да го плаќа. Катастрофа. Ужас, буквално ужас, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Георгиески: Со поддршка на Министерството за здравство, конечно се преземени конкретни активности за изградба на нов објект на Здравствен дом

Долги години наназад просторните услови во примарниот здравствен сектор во Охрид се во многу лоша состојба. Објектите каде што се сместени службите за примарна здравствена медицина се многу амортизирани и веќе не ги задоволуваат основните стандарди кои треба да ги поседуваат објектите за ваква намена, истакна Кандидат за градоначалник од СДСМ Д-р Константин Георгиески.Здравствениот персонал е принуден да функционира во многу лоши работни услови, а пациентите не можат да го добијат потребното ниво на квалитетна здравствена услуга. Ова се однесува и на објектот на поранешната Маларична болница и на објеките во населбата Воска каде што е сместена управата на Здравствениот дом.Со поддршка на Министерството за здравство, конечно се преземени конкретни активности за изградба на нов објект на Здравствен дом на просторот во близина на охридската Општа болница. Ние како Локална самоуправа ќе ја дадеме потребната поддршка во однос на целокупната документација за градба и обезбедување на комуналната инфраструктура на просторот.Основната цел е овој објект да биде изграден по сите современи стандарди.Според изработениот проект, објектот ќе биде составен од две блоковски структури, приземје и кат и приземје и два ката, како и дел за администрацијата. Двата објекти ќе бидат поврзани хоризонтално со коридор, а вертикалната комуникација ќе биде со скали илифт.Во новиот современ здравствен дом ќе бидат сместени службата за итна медицинска помош, педијатри, одделение за инфузии, лабораторија, диспанзер за деца од предшколскаи школска возраст, трудова медицина, служба за рендген, патронажна служба, како и концесионери стоматолози и детска стоматологија.Со овие инвестиции покажуваме дека знаеме да определиме приоритетите, работиме посветено, одговорно и домаќински за доброто на сите граѓани.Нашата намера е искрена и препознаена, Охрид заслужува да оди напред, охриѓани заслужуваат повеќе! На 21-ви април одиме на уште една голема победа!Заедно Напред, За Охрид, истакна истакна Кандидат за градоначалник од СДСМ Д-р Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-odgovornost

Заев на ТВ 21: Нема непотизам, така изгледа затоа што немаме доволно кадар во Македонија

Премиерот Зоран Заев, во гостувањето во дебатната емисија „Клик Плус„на тв21 на прашање поврзано со непотизмот во државата, за што опозицијата постојано ја обвинува Владата, рече дека тоа навидум изгледа така поради тоа што нема доволно кадар во Македонија, тој вели “ние мораме да направиме јасна дестинкција”.–Ако е така тоа ќе го преземеме како дејствие, значи не е така. Ако некој ви кажува пратеничката од Струмица Катерина Кузмановска има вработено свое дете додека она била пратеник, но тоа дете е лекар, на конкурс од 7 лекари двајца се кандидираа и едното беше тоа и двајцата ги примија. Ако имаше уште 5 ќе ги примеа и тие 5. Значи нема. Дали тоа дека тоа дете не треба да работи. Кажувам ние мора да направиме каде граѓаните се обесправени или каде имаат еднакво право и каде е тоа, ние мораме да направиме јасна дестинкција. Ако имало влијание и тоа точно сега го докажува антикорупциска, дали синот на пратеничка која што синот е вработен во ЕЛЕМ имала инструкции и влијанија и кој е при тоа обесправен, и ако се докаже тоа е завршена работа. Но таа не одлучувала за своето дете ниту па има докази дека влијаела.Премиерот додаде дека работни места се отворени и во катастар, но нема доволно кадар.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Тачи: Блерим Река може да има многу добри страни, но не е новата невеста на албанската политика

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во неговото гостување во емисијата „Зона Б“ на „Клан Косово“, го кажа своето мислење за кандидатот за претседател, Блерим Река. Тој потенцирал дека Река бил амбасадор на ДУИ и дека е под влијание на петицијата анти-ДПА.„Блерим Река може да има многу добри страни, но тој не е новата невеста на албанската политика во Северна Македонија“, рече Тачи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
555

Општина Аеродром ќе реализираат акција за собирање кабаст отпад - еве ги пунктовите!

Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ ќе реализираат акција за собирање кабаст отпад почнувајќи од петок, 19 април до среда, 24 април.Акцијата ќе ги опфати следниве локации:1. Паркот во Мичурин кај трафостаницата2. Улица „23 Октомври“ бр. 93. ТЦ „Три бисери“ спроти кафеана „Пајтон“4. Улица „Коста Новаковиќ“ бр. 485. Зад ТЦ „Бисер“ (зад зграда бр. 74)6. Улица „Јане Сандански“ бр. 657. Улица „АСНОМ“ бр. 68 и 72 (стара Стела)8. Ново Лисиче – парк „Нинберг“9. Ново Лисиче ‒ ул. „АСНОМ“ бр. 158 во близина на градинката „Буба Мара“10. Реонски центар „Аеродорм“ во близина на КАМ маркет11. Населба Лисиче – кај трговскиот центар12. Улица „Тодор Чангов“ – автобуска постојка бр. 17 (претпоследна) меѓу улиците 44 и 48 (кошаркарско игралиште) Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.Општина Аеродром ги повикува граѓаните да го остават кабастиот отпад пред своите домови доколку живеат во куќа, или до најблискиот контејнер, по што екипите ќе го соберат отпадот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
IMG_2043-17-04-19-11-26

Милошевски најави нов плоштад кон Каналот и парк за миленици

Охрид мора да е убав, да функционира. Охрид не смее да биде заборавен, ниту запоставен. Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет. Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот, истакна Митре Милошевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Изградба на нов плоштад Студенчишта Пешачко-рекреативните патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори наметнаа потреба да се изгради нов модерно хортикултурно- уреден парк на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ и ресторанот „Котва.На самиот плоштад, ќе има и парк за миленици кој ќе биде ново препознатливо место во градот, а додека сме тука да потенцирам дека состојбата со бездомни животни веднаш ќе биде решена.За убав град:Изградба на Кеј како модерно шеталиште за охриѓани и туристите, Реконструкција на плоштадот Крушевска република со кој се добива нов и модерен лик, Уредување на парковите на влезовите на Охрид, Доуредување на плоштад во Љубаништа.Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки. Преку добрите решенија директно даваме придонес за почиста и поздрава животна средина.Со напорна работа и максимална посветеност да придонесеме за подобра Локална самоуправа. Градот мора да се развива и да има успеси. За подобри улици, патишта, канализациони мрежи, учлишта, градинки, спортски сали, паркови, локални индустриски зони, и многу многу други проекти.Нашата работа ќе биде таа која носи поубав и подобар град, подобар живот и подобра иднина.Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за убав Охрид.5 за убав град!Охрид повикува, истакна Митре Милошевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.https://www.facebook.com/mitremilosevskimd/videos/796468527395636?sfns=mo

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања