Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
zoran-zaev-4-696x405

Заев: Минималната плата ќе биде 16.000 денари

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев порача дека напредокот продолжува, додека од ВМРО-ДПМНЕ лажат, поради што и ќе останат подолго опозиција, а со нив и Гордана Силјановска.- Темпото на нови покачувања на платите ќе продолжи, и на минималната плата којашто е покачена на над 12.000 денари, а ќе биде 16.000 денари и на просечната плата, којашто е рекордно покачена на над 25.000 денари, 8.1 процент за само една година, и ќе биде 30.000 денари. Следете во следните 10 месеци, колку ќе расте просечната плата, економски лекции држиме, од нас зависи, од граѓаните, Владата, Парламентот, порача претседателот на СДСМ и премиер, Заев во Штип.Тој посочи и на историски спуштеното ниво на невработеноста на 19.4 проценти.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Најостро го осудуваме нападот на новинарската екипа на ТВ 21

Слободните медиуми се нужност на секое општество. Власта вчера посегна по медиумите и оневозможи телевизискa екипа непречено да си ја врши својата работа. Тоа е преседан и недозволиво. Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудва вчерашниот напад на телевизиските екипи на ТВ21 истото е чин на примитивизам и не му доликува на македонското општество. Независното новинарство е придобивка на 21 век и власта не смее да се дрзне истото да го суспендира.Стево Пендаровски е се по нервозан. На вчерашната дебата и самиот тој призна дека нема трпение, ваквата нервоза кај Пендаровски е поради се послабиот рејтинг и неминовниот изборен пораз.Соочени со поразот СДСМ тоне уште повеќе, па ангажира партиски членови кои од партиски собири се закануваат дека во ДИК ќе влезат со пиштол, а при тоа никаква реакција од безбедносните служби.Република Македонија е соочена со политизирани безбедносни служби. Токму затоа е потребно повторно воведување на принципите на правната држава и владеењето на правото.Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија, за право и правдина“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
56468314_2600181376661978_4621274889397993472_n

Пендаровски: Режимот на фамилијата мислеше колку повеќе пари да прибере

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средба со жителите на Кратово побара поддршка на 21 април, бидејќи, како што рече, концептот за напредок носи сигурна иднина на државата, ги отвора перспективите на младите и подобрување на стандардот на граѓаните. Овој пат, рече Пендаровски, ќе победиме, бидејќи мнозинството граѓани го поддржуваат овој концепт.-Да се биде член на Европската унија е нашата трајна стратешка цел. Поканата за членство во НАТО ни овозможува гаранција за границите, сигурност од 29 земји-членки на НАТО. Со добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ се отвораат претпристапните фондови и средствата ќе се користат за развој на земјоделството, туризмот и за подобар стандард, перспективи за младите. Режимот на фамилијата мислеше колку повеќе пари да прибере. За жал во тоа време многу златни деца ни заминаа бидејќи немаа шанса тука. Работите се променија и земјата тргна напред, да не дозволиме повторно да се вратиме назад. Тоа ќе биде загрозување на иднината на нашите млади. Затоа, да избереме напредок. Заокружувањето на бројот 3 на овие избори е глас за развој, сигурна иднина на младите, повеќе пари кај граѓаните, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-6

Повредени 10 лица во сообраќајки во Скопје

На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои во шест полесно се повредени 10 лица, а во шест е причинета материјална штета.Според дневниот извештај на СВР Скопје, изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 97 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 81 возило.Од сообраќај се исклучени 20 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и еден возач почетник, како и 22 нерегистрирани возила и три технички неисправни возила. Санкционирани се и 28 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.На црвено светло поминале осум возачи, неправилно се престроиле 10 возачи, а еден возач не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.Извештајот на СВР Скопје покажува и дека 31 возач зборувале на мобилен телефон додека возеле и  седум возачи не носеле сигурносен појас.

Скопје | пред 6 години

6 год.
57462761_281149912774111_1660107947709038592_o-696x391

(ФОТО) Река пиеше кафе со Силјановска

Претседателскиот кандидат Блерим Река на Фејсбук објави дека пиел кафе со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова. Во наредните денови, Река ќе пие кафе и со Стево Пендаровски.-Во самата завршница на претседателска кампања, штабот на Река денес почна со иницијатива да ги покани противкандидатите на кафе во нашиот штаб. Денес штабот на Река го посети кандидатот на ВМРО Гордана Силјановска Давкова. Се надеваме овие денови штабот да го посети и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Сѐ со цел да покажаме желба до крај за фер и демократска кампања, напиша Река.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-1

Сиљановска: Пендаровски во 1997 година беше во тимот што тепаа Албанци во Гостивар и Тетово

На ТВ Алсат претседателските кандидати, Гордана Сиљановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река одговараа на прашањето како Пендаровски и Сиљановска се однесувале кон Албанците, а како Река се однесувал кон Македоците.„Во 1997 година јас остро реагирав на акциите во Тетово и Гоствар каде што беа повредени Албанците, а мојот против кандидат речиси беше во тимот, покрај господинот Диме Ѓурев во организација на настаните“, одговори Сиљановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
milikie-halimi-696x343

Милкие Халими го осуди нападот на екипата на ТВ 21

Градоначалничката на Арачиново, Милкие Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ 21, кој беше извршен на територијата на општината, откако новинарите снимале граѓани кои се жалеле на лошата инфраструктура во селото. Таа побара целосно расветлување на случајот, а нејзината реакција е содржана во дописот што го испратила до ЗНМ.-Најостро го осудувам чинот што се случи во просториите на општината. Како прв човек на локалната самоуправа лично ќе се заложам вакви настани веќе никогаш да не се повторат. Слободата на говор, на јавно информирање и непречена работа на медиумите се неприкосновени и цврсто стојам зад тие вредности кои што се и уставно загарантирани. Очекувам и ги повикувам, надлежните институции во најкус можен рок да го расчистат настанот и соодветно да бидат санкционирани“, вели градоначалничката во реакцијата.ЗНМ претходно соопшти дека таквото насилничко и примитивно однесување на кое биле подложени колегите од ТВ21 е неприфатливо и претставува напад врз слободата на информирање и класично попречување во вршењето на работата на новинарите.ЗНМ ја поздравува брзата реакција на градоначалничката Милкије Халими и истовремено бара итна и ефикасна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
3-3

Река до Пендаровски: Дали сте среќен што ве поддржува ДУИ кои 11 години беа дел од режимот?

Кандидатот за претседател Блерим Река, го запраша Пендаровски како си дозволува постојано да и зборува на Гордана Силјановска Давкова дека ја поддржува партија на Никола Груевски кој се поврзувал со режим, криминал, а во исто време него го поддржуваат две партии кои биле дел од таа Влада.„Дали сте среќни што ве поддржуваат ДУИ и ДПА што 11 години беа дел од режимот на Груевски?Дали е среќен што Имер Селмани е дел од неговата кампања?Мендух Тачи ја води добро вашата кампања, а е осуден за изборни нерегуларности.Јас сум прв кандидат етнички Македонец поддржан од партии од сите етнички заедници во земјава. – рече Пендаровски и се задржа за Имер Селмани, дека тој не ја води неговата кампања , – рече Река.И при вториот обид на Река да добие одговор на прашањата, Пендаровски се обиде да го заобиколи одговорот, па ги спомена Титанки 1 и Титаник 2, но, како што кажа Силјановска Давкова, го заборава Титаник 3.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-2

СДСМ: Силјановска не знае колку војници има армијата, а сака да стане врховен командат

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска покажува незнаење за клучни теми што се од надлежност на претседателот на државата, велат од СДСМ.„Сиљановска не знае колку војници има на располагање армијата, а сака да стане врховен командат на вооружените сили.Освен општи непознавања, Сиљановска демонстрира и дискриминација на новинари и медиуми. Сиљановска исто како и Никола Груевски бега од соочување со јавноста и дискриминира новинари и медиуми.Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста, ги дискриминира медиумите и новинарите.Недозволиво е за кандидат да не знае клучни прашања поврзани со безбедноста, неодоворно е да бега од соочување со јавноста.Граѓаните нема да дозволат некој кој бега од новинари, кој не знае колку војници има армијата да биде претседател на државата.Затоа во недела и потоа на 5 мај, граѓаните ќе дадат поддршка на вистински претседател, на вистински врховен командант кој достоинствено ќе ја претставува државата и нејзините интереси.Граѓаните ќе застанат за концептот на Стево Пендаровски кој води напред во развој, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
reka-siljanovska-650x507-650x430

(ВИДЕО) Силјановска објави заеднички спот со Блерим Река

Два дена пред крај на кампањата, кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова се пофали со заеднички спот со кандидатот на Алијанса и Беса, Блерим Река.,,Сакам да споделам со вас едно видео, за мене лично, многу драго. Јас и мојот противкандидат Блерим во интервју за “Другата страна на политиката”.Нивната идеја беше да го пронајдат човекот во нас, претседателските кандидати, а не политичарот“, напиша Силјановска под видеото.https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/videos/137637074040933/

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Дел од Сарај и Центар денес без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информират дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат:Во периодот 9:00 до 12:00 часот корисниците од дел од с. Долна Матка (општина Сарај).Во периодот од 12:00 до 14:00 часот корисниците од броевите 15, 17 и 19 на ул. Владимир Назор (општина Центар).

Скопје | пред 6 години

6 год.
3-2

Излезе трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ на Свето Стаменов

Деновиве од печат излезе трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ на Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и публицист, и на проф. д-р Трајан Гоцевски, универзитетски професор и поранешен декан на Филозофскиот факултет во Скопје, експерт од областа на одбраната и безбедноста и прв цивилен министер за одбрана на независна и суверена Република Македонија, во која во три книги на 1.200 страници се објавени 49 интервјуа кои беа емитувани на програмите на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од 2006 до 2018 година.„Македонски безбедносни лавиринти“ – I книга која, всушност, е реиздание на книгата што под ист наслов беше објавена во 2015 година, содржи 22 интервјуа кои беа реализирани во периодот од 2006 до 2014 година. Тие се однесуваат на она што се случуваше во времето на осамостојувањето и прогласувањето на независноста на нашава земја, на предизвиците и премрежињата пред кои беше исправена младата македонска самостојна држава, на дислокацијата на тогашната ЈНА од територијата на нашава земја, на изградбата на самостојниот македонски одбранбен и безбедносен систем и на неговата оружена компонента - Армијата на Република Македонија, на ирационалниот спор што соседна Грција го наметна околу уставното име на нашава земја, на македонскиот пат кон евро и евроатлантските интеграции, на несреќниот Букурешки самит на НАТО во 2008 година, како и на уште понесреќната 2001 година, кога се соочивме со најголемиот дотогаш предизвик - оружениот конфликт, на меѓуетничките односи и верската толеранција, на дијалогот меѓу цивилизациите, на добрососедските односи и сл.Втората книга на „Македонски безбедносни лавиринти“ содржи 15 интервјуа што беа реализирани на програмата на Македонското радио - Радио Скопје во текот на 2015 и 2016 година, кои тематски се однесуваат на клучните процеси кои се одвиваа во Република Македонија во тие две години, како и на историското значење на одредени датуми од македонската подалечна и поблиска историја.Третата книга, пак, содржи 12 интервјуа реализирани во текот на 2017 и 2018 година, кои во најголемиот дел им се посветени на анализите на македонските  перспективи за членство во НАТО, при што акцентот е насочен кон можностите за забрзување на економскиот развој на Македонија во рамките на евроатлантските интеграции, на последниот самит на НАТО во Брисел и на Договорот од Преспа со кој се затвора речиси тридеценискиот спор што соседна Грција го наметна околу уставното име на нашава земја. Исто така, оваа книга содржи и три интерјуа посветени на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, како и на реформите во безбедносниот систем, а застапени се и теми кои се однесуваат и на глобалната безбедност, на предизвиците и ризиците со кои се соочува современиот се повеќе глобализиран свет, како што се оружените конфликти, организираниот криминал, верскиот фанатизам, профилацијата на оружје за масовно уништување и сл.        Но, она  што дополнително и дава уште поголема тежина и вредност на трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ е тоа што повеќето интервјуа, всушност, се и еден вид своевидна исповед и сведоштво на еден од најодговорните луѓе на македонската одбрана во периодот на осамостојувањето на Република Македонија и создавањето на самостојниот македонски одбранбен систем и, особено, на Армијата на Република Македонија, чие формирање беше неопходен услов Македонија да профункционира како самостојна и независна држава.Токму поради тоа, како што истакнува во својата рецензија проф. д-р Стево Пендаровски, претседателски кандидат и донеодамнешен национален координатор за членство на Република Северна Македонија во НАТО, „трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти” е несомнено исклучително публицистичко дело и тоа од најмалку две причини: прво, затоа што е вистинска реткост кај нас да прочитате книга во која е поместена долга серија интервјуа со директен сведок на историјата, и второ, затоа што со ваков потфат се имаат зафатено двајца врвни професионалци во своите области: одбраната и безбедноста, од една, и новинарството, од друга страна“.Со слично мислење е и проф. д-р Зоран Нацев од Филозофскиот факултет во Скопје, според кого, „една продлабочена анализа на содржината на сите интервјуа кои се преточени во текст покажува дека станува збор за своевидна хронолошка анализа на настаните за кои се зборува, поткрепена со научна аргументација и документирана со оригинални сознанија за дел од настаните, на кои еден од авторите бил учесник, а во најголем дел и креатор на процесите”.  За Зоран Иванов, едно од најголемите македонски новинарски имиња, пак, „тритомниот опус интервјуа со еминентниот професор и највлијателен познавач на темата од генералниот наслов „Македонските безбедносни лавиринти“ што новинарот Свето Стаменов му ги наметнал на професорот Трајан Гоцевски, само по себе се формула за капитално дело со вонредни вредности. Особено поради фактот што опусот опфаќа период подолг од една декада радиски интервју остварувања со еминентниот ерудит Гоцевски“.Доцент д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност во Скопје во својата рецензија, пак, истакнува дека трилогијата „треба да им послужи на студентите од прв, втор и трет циклус на студии на сите високо образовни институции, како и на пошироката научна и стручна јавност која работи на полето на безбедносните научни истражувања, како и во делот на одбраната и надворешните односи како ориентација за идни продлабочени истражувања, а може да биде и корисно четиво за едукација и на сите оние кои во професионалната работа се среќаваат со оваа тематика“.Инаку, Свето Стаменов и Трајан Гоцевски, по „Македонски безбедносни лавиринти“, која беше објавена во 2015 година и која сега, всушност, е првата книга на истоимената трилогија, во 2017 година ја објавија книгата „Армија на мирот“, посветена на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Image-1

Ватикан ќе му подели инструкции на Тасевски, за тоа како да го чуваме папата Франциск

На покана на Жандармскиот корпус на Ватикан, делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски од 16 до 18 април престојува во Ватикан, во склоп на подготовките на посетата на Светиот Отец, папата Франциск на Република Северна Македонија.Делегацијата на МВР беше примена од неговата светост Папата Франциск, а оствари средба и со. Доменико Џиани, раководител на Дирекцијата за безбедност и цивилна заштита.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski-prv-spot

Пендаровски: Ако не успеам овој пат ќе се повлечам, немам нерви да се занимавам со политика

Ако не успеам овој пат ќе се повлечам, немам повеќе нерви да се занимавам со политика ако моите тези овој пат не поминат, рече Стево Пендаровски кој беше дел од дебатата на телевизија Алсат М.„Но доколку ме изберат едвај чекам како претседател полицијата да ме казни, зошто тоа ќе биде преседан“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vreme

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид и Крива Паланка 14, Берво 12, Кавадарци 19 и Дојран 20 степени.Утре повторно ќе имаме сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во скопје 19, Маврово 13, Охрид 16, Битола 17, Кавадарци 20, Берово 14, Дојран 22...За време на викендот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и температури од 14 до 21 степен.

Македонија | пред 6 години

6 год.
cathedral-gas-cans-ho-mo-20190417_hpMain_16x9_992

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен маж кој со канта бензин се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк

Маж на возраст од 37 години е уапсен во средата навечер во Њујорк од како со две канти бензин, две шишиња специјална течност за палење оган и два т.н уреди кои фрлаат искри за потпала на оган,  успеал да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк.Истиот бил забележан од одговорните по што полицијата го блокирала тој дел на градот, а мажот е совладатан и уапсен.Се очекува полицијата од Њујорк со повеќе детали да излезе во текот на денешниот ден.Ова се случува само два дена од како во голем пожар изгоре познатата катедрала Нотр Дам во Париз.

Свет | пред 6 години

6 год.
Q2

Пендаровски  во Пробиштип : Нема да дозволиме враќање во минатото, трасиран е патот што води кон ЕУ и НАТО

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Пробиштип и Карбинци, каде од жителите на овие општини побара масовна поддршка на 21 април и на 5 мај преку заокружување на бројот 3, за подобра иднина, за да не се дозволи враќање во минатото и времето на груевизмот. Другата опција, посочи Пендаровски, нема визија, сакаат само се што е добро направено за државата да го укинат,  тие да се вратат на власт и само тие да живеат добро на сметка на другите граѓани.- Ако некој сака да гласа за Гордана Сиљановска тоа значи трет мандат за Иванов. Името е  различно, но политиките се исти. На 21 април и на 5 мај тоа нема да им го дозволиме туку ќе продолжиме Заедно напред кон интеграција во ЕУ и НАТО онаму каде припаѓаме, рече Пендаровски.Патот по кој оди оваа Влада, рече Пендаровски, води кон развој, нови инвестиции, подобар стандард, поголеми плати и нови работни места, а сето тоа е поттик младите да останат дома.Пендаровски повика на заедништво и сплотеност,  бидејќи отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат само добро за државата, за граѓаните, особено за младите. Патот е трасиран и нема враќање назад, порача Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC23

Сиљановска Давкова од Берово: Вашите проблеми се наши проблеми -како заедно да излеземе од ова политички мочуриште

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Берово.Сиљановска Давкова при обраќање пред граѓаните истакна дека 21 април и 5 мај се деновите кога граѓаните ќе ја делегитимираат власта на СДСМ и Заев, бидејќи не водат сметка за правото и правдата.На 21 април и 5 мај треба изборно да ги делегетимираме тоа ќе значи дека нема да грабнат уште една важна функција претседателската во своите раце, оти тие се би грабнале за да останат на влас, се борат на живот и смрт, зошто знаат дека правото и правдата ќе ги стигнат и нив, ама заборавија дека тие не водеа сметка за правото и правдата тие беа обземени од политички реваншизам, делеа селективна правда. Не ние нема да бидеме како нив, ние ќе бидеме поинакви, правото и правдата ќе важат за сите, ама најпрво ќе ги испробаме на нив, вели Сиљановска Давкова.Сиљановска Давкова нагласи дека со оваа власт граѓаните на Република Македонија се соочуваат со лоша економија, односно како што рече таа додека владеат корупцијата и криминалот, на смета на тоа расата трошоците на живот но не и платите и пензиите на граѓаните.Сиљановска посочи дека нејзините залагања се Европската Унија и НАТО но, за влез во ЕУ се потребни вистински и суштински реформи а не ова што го прави СДСМ и Заев, додавајќи дека проблемите на граѓаните се и нејзини проблеми и дека токму таа ќе ги реши и конечно граѓаните ќе излезат од ова политичко мочуриште.Вашите проблеми се наши проблеми ние постојано размислуваме како заедно да излеземе од ова политички мочуриште. Но, мислам дека времето е пред нас и дека набрзо во најубавиот месец мај ние ќе тргнеме со поинакви чекори, побрзи европски во решавање на граѓанските проблеми од секаков вид зошто не се патува во Брисел и ЕУ, туку Брисел се препознава овде, кажа Сиљановска Давкова.Таа ги потсети граѓаните дека доколку биде избрана за претседател на Република Македонија секогаш ќе го користи ветото доколку постои основано правно сомнение дека некој закон не е во согласност со Уставот, а за нејзе како професор по уставно право е најважно почитувањето на највисокиот правен акт на државата.Секогаш кога ќе се најди закон пред мене и кога јас имам основано правно сомнение и оние околу мене критичарите дека не во согласност со Уставот сигурно дека ќе ставам вето. Не, за да се правам важна или сила туку за да покажам дека уставот е тој што важи за сите нас па и за претседателот и се разбира ќе го образложам тоа и ќе побарам да го слушнете и вие тоа, рече Сиљановска.Сиљановска додаде дека често ќе се обраќа во собранието за да може сите да ги слушнат проблемите на граѓаните се со цел да се најде решение за нивните вистински проблеми и да почувствуваат граѓаните дека таа како претседател води грижа за сите граѓани.Ќе се обраќам во ваше име, во име на оние кои им е најголема потребата од помош. Се чини дека така и вие ќе чуете дека некој и кога е таму е со вас и вашите проблеми па ќе можете да оцените кој води а кој не води сметка за граѓаните, изјави таа.На крај Сиљановска нагласи дека во нејзиниот кабинет и во институциите каде што таа ќе именува високи функционери ќе се води од строги критериуми, знаење и професионалност.На сите функции секогаш ќе водам сметка да се најдат оние кои ги исполнуваат најстрогите критериуми оти само тогаш еден претседател може да биде одговорен пред граѓаните. Не да се води од пријателството и фамилијарноста или од партијата туку да се води од знаењето, посочи Сиљановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bebe

Хорор во Босна - Татко го убил петмесечниот син затоа што многу плачел

Дваесет и осум годишниот З.М. од босанскиот град Братунац е уапсен поради сомневање дека пред месец дена си го убил своето бебе.Во полиција било пријавено дека во здравствена установа е примено бебе со тешки телесни повреди, а дека постои сомнение дека тие повреди ги нанел таткото З.М.Според медиумите од регионот, таткото го фрлил детето на креветот. Од ударот, бебето се здобило со тешки повреди и било однесено во болницата во Братунац, па потоа во Зворник, и на крај во Тузла, каде што бебето подлегнало повредите.

Свет | пред 6 години

6 год.
merko-215062

Министерот Фазлиу ќе оди кај градоначалникот Мерко - ќе разговараат за набавката на Аудито

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, најави дека ќе се сретне со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за да разговара со него околу набавката на луксузното „ауди“ вредно околу 70 илјади евра.Фазлиу смета дека станува збор за луксузирање, но не потврди дека гледа вина или грешка во потегот на градоначалникот Мерко.Инаку одлуката на Мерко да го поднови возниот парк на општина Струга предизвика бурни реакции во јавноста затоа што трошењето на парите се случува во време кога општината има долг од 4 милиони евра и е една од најзадолжените.Освен со ауди струшкиот градоначалник возниот парк го поднови и со три нови шкоди. Сите ја чинат оштината 114 илјади евра.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања