Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Георгиески: Охрид добива современ градски кеј

Кејот „Македонија" на брегот на Охридското Езеро во Охрид, со својата природна местоположба е една од главните атракции, најфреквентните и најпосакувани места за охриѓани и за туристите, кои секојдневно го посетуваат нашиот туристички центар.Во минатото имало неколку активности за реконструкција и уредување на просторот на кејот, но со текот на изминатите години шеталиштето е многу амортизирано, а бетонот на постојната конструкција на крајбрежниот ѕид во најголем дел е еродиран и оштетен. Оттука се наметнува потребата од реализација на нов Проектот за реконструкција на кејот, како една од најважните туристички зони во градот, истакна кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.Веќе имаме изготвено Проект за реконструкција, издадено е одобрение за градба и изработена е Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти од реконструкцијата. Вкупната процената вредност на проектот е околу 1,3 милиони евра и за негова реализација планирано е да се обезбедат средства од алтернативни извори на финансирање, како што се фондови или програми кои поддржуваат развој на туристичката инфаструктура.Со реконструкцијата ќе се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона. Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бехатон плочи и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи.Проектот предвидува и декоративни ѕидчиња од бетон обложени со камени плочки, врз кои ќе бидат поставени дрвени клупи. Исто така ќе биде поставена и нова урбана опрема како што се држачи за велосипеди, корпи за отпадоци, клупи, скали за пристап до водата, нови канделабри за осветлување, а ќе биде изведено и соодветно хортикултурно уредување.Нашата цел е Охрид да добие јавни површини со современ лик, достојни за еден туристички и културен центар. Ние ги разбираме приоритетните потреби на заедницата, ги слушаме барањата на граѓаните и континуирано работиме на подобрување на условите за живеење. Ветуваме реални и остварливи проекти, а граѓаните знаат да ги препознаат вистинските вредности.Само заедно можеме да го направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење! На 21-ви април да излеземе и да гласаме за бројот 7 за подобра иднина на нашиот град! Заедно Напред, За Охрид, истакна кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
spomenik-aleksandar

(ВИДЕО) Споменик на Александар Македонски висок 3,5 метри поставен во Атина

Споменик на древниот крал Александар Велики е поставен во центарот на Атина, објави грчкиот весник „Катимерини“. Ова е втора статуа на Александар Велики во Грција, по онаа во Солун.Статуата на Александар Велики официјално ќе биде откриена утре.„Одлуката за поставување на статуата на македонскиот крал, висока 3,5 метри, ја донесе Општинскиот совет на Атина, а трошоците се на сметка на семејството на авторот кој починал во 2005 година. Александар умрел во 323 година п.н.е. откако го проширил своето царство од Грција до Индија“, пишува Катимерини.

Свет | пред 6 години

6 год.
siljanovska-kaj-stevo

Силјановска испи кафе со Река, па го посети штабот на Пендровски

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска посети еден од штабовите на нејзиниот против Кандидат, Стево Пендаровски.-По вчерашното кафе со Река, денес решив да го посетам и штабот на Стево. Ѓорѓи Галетановски – Чомбе не ме пречека, ама со присутните заклучивме дека сите очекуваме фер изборен процес и избори без нерегуларности, стои во нејзиниот пост на Твитер.https://twitter.com/gogamkd/status/1118857993486053376?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1118857993486053376&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2Fpo-ispienoto-kafe-so-reka-siljanovska-deneska-vo-poseta-na-shtabot-na-pendarovski-foto%2F

Македонија | пред 6 години

6 год.
nance

Трендафилов: Докторите си се убави луѓе, ама товар имаат одозгора од партии

30 години да те мамат и да веруваш дека за нив ќе гласаш?! Докторите си се убави луѓе, ама товар имаат одозгора ставен и од едната и од другата партија- НА НЕЧЕСНОСТ, вели кандидатот за претседател од ГДУ, Михил Трендафилов Нанче.https://www.facebook.com/MihailTrendafilovNanche/videos/1973145212808308/?v=1973145212808308

Македонија | пред 6 години

6 год.
reka-siljanovska-650x507-650x430

Штабот на Река демантира дека на нивно барања е снимени заедничко видео со Силјановска

Видеото во кое се пласира интервју од двајцата кандидати, е направено од „Другата страна на политиката“,како што велат од штабот на кандидатот за претседател, Блерим Река.„Во врска со неовластено видео кое се појавува и циркулира на Фејсбук страницата, ние штабот на претседателскиот кандидат Блерим Река, ја информираме јавноста за следното:-Ова видео не е ниту производство на штабот на РЕКА, ниту нарачано видео за нашиот штаб.-Тоа никогаш не е објавено ниту е нарачано од нашата официјална страница, но на други различни страници на фејсбук.-Автор на ова видео е: „Другата Страна на Политиката“, која ја има реализирано идејата за трите профили од тројцата претседателски кандидати. На барањето одговори нашиот кандидат, но не и кандидатот Стево Пендаровски.-Од ова се створи забуна затоа што луѓето мислат дека двајцата кандидати снимија заедничко видео, а тоа не е вистина.-Преку ова официјално соопштение ние негираме секое инсинуација против нашиот претседателски кандидат кој наводно има заедничко видео со противкандидатот Гордана Силјановска“, пишуваат од штабот на РЕКА.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevo-pendarovski

„Другата страна на политиката“ ја објави поканата до Пендаровски, но и до сите кандидати

„Другата страна на политиката“ по заедничкото интервју со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река во кое не учествуваше Стево Пендаровски објави демант дека третиот учесник на претседателските избори не бил повикан на истото и ги прикажа поканите.- Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката. Во таа насока СЕ ОГРАДУВАМЕ од сите политички контексти и поврзување со политички субјекти.Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати.На крајот истакнуваме дека и покрај се, ние сме отворени за соработка, а поканата за креативна средба со професорот Стево Пендаровски сеуште е отворена. Оваа објава е откако Пендаровски претходно реагираше дека не добил никаква покана за интервју од „Другата страна на политиката“, откако Силјановска напиша дека тој не прифатил да дојде.

Македонија | пред 6 години

6 год.
saso-tasevski

Тасевски на ФБ: На двете партии првиов круг им е да видат до кај се, а во вториот шефот под мустаќ, ќе повика на бојкот

На двете партии првиов круг од претседателските им е да видат до кај се, то ест, до кај не се. На едниве само албанските гласови им се спасот, кои во првиот круг ќе ги немаат според планираното, поради албанскиот кандидат. Затоа гледаат само да не рикнат во првиот круг, напиша на својот Фејсбук профил актерот Сашо Тасевски. Тој додаде:Вториве на албанските гласови не сметаат, се надеваат на македонските, најмногу од дијаспората, зашто тука нема да ги добијат според планираното ниту кај членовите, кои не се возбудуваат толку на нивниот шеф. Затоа по првиот круг, тој шеф под мустаќ, ќе повика на бојкот во вториот. Зашто јасно му е, во вториот круг претседателот ќе го изберат албанските гласови. Сума сумарум, првиот круг нема да реши ништо, освен ако се случи библиско чудо, кутиите сами да се отворат и Господ да ги наполни од небесата, откако претходно сите ќе ги хибернира за да не видат, па кандидатката да победи. Во принцип, овие избори ќе бидат мачни за двете партии и за народот во целина. Партиските членови по наредба ќе мораат на гласање. Иако многу од нив ќе речат: Ме боли Себастијан Курц за гласање. Кој и да победи на крај, тоа ќе биде горка победа и вовед во нови и нови раздори и колективна апатија, напиша Тасевски.https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10157102964967180

Македонија | пред 6 години

6 год.
3-4

Мицкоски на ФБ: За ова нема да слушните во говорите на премиерот - на 5 километри од Центарот на Скопје се киднапираат новинари

Заев се фали дека блескаме, Пендаровски вели дека одиме напред, а на 5 километри од Центарот на Скопје се киднапираат новинари, се вршат закани, уцени, само затоа што сакале да објават репортажа за тоа колку тешко живеат граѓаните на Арачиново, каде градоначалник е токму од партијата СДСМ, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Мицкоски додаде:Во 21 век на само неколку километри од центарот на главниот град луѓето немаат вода за пиење, канализација и основни услови за живот. Уште пострашно е што критиката за она што луѓето го живеат, не значи решавање на проблемите на граѓаните, туку силеџии кои им се закануваат на новинари, и згазена слобода на говор и слобода на медиуми. Најостро го осудувам ваквиот брутален инцидент и потребна е правда и одговорност. За сето ова нема да чуете во говорите на премиерот или нивниот кандидат за претседател, затоа што тие се заслепени од лажното блескање кое значи само едно, одење големи чекори наназад, напиша Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1207951042713686

Македонија | пред 6 години

6 год.
dimitrov

Димитров: Не сум лут со Пендаровски, ние на некој начин сме во комплементарност

Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа во студиото на 1ТВ ги разјасни медиумските шпекулации дека тој и Пендаровски се скарани и дека тој е лут затоа што не ја добил претдедателсксата кандидатура.Димитров рече дека не добил никакви забелешки од Стево Пендаровски дека не му дава поддршка во предизборната кампања за претседател на Македонија, туку дека се тоа е повеќе медиумска претпоставка, односно медиумски интерес.„Ние на некој начин сме во комплементарност. Тој зборува за НАТО и за почеток на преговорите со Европската Унија ,а јас тоа го работам. Ние сме комплементарни во неговата визија и мојот фокус на она што го работам во овој период“, истакна шефот на македонската дипломатија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mitko-1-525x700

(ФОТО) Митко Јанчев со поддршка за Сиљановска

Градоначалникот на Општина Кавадарци и поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, ја поддржа кандидатурата на Гордана Сиљановска за претседател на државата.Вчера тој заедно со подмладокот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Кавадарци делел промотивен материјал за Сиљановска.Јанчев, поради несогласувањето со раководството на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, беше разрешен од партиската функција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
F4F_International-Football-for-Friendship-Teams_201941091

32 интернационални тимови дел од Светскиот шампионат во „Фудбал за пријателство"

Интернационалната општествено – одговорна програма за деца, “Фудбал за Пријателство“ на компанијата “Газпром“ повторно ја започна својата еколошка иницијатива. Како дел од оваа иницијатива, 32 Интернационални Тимови на Пријателство се именувани по ретки и загрозени видови животни кои се дел од Црвената листа на загрозени животински видови.Традиционално, Интернационалните тимови за пријателство ќе бидат формирани според главниот принцип на проектот “Фудбал за Пријателство“ и ќе бидат составени од млади фудбалери на 12 годишна возраст од различни националности, различен пол и физички способности. Оваа година, Светското првенство во Фудбал за Пријателство ќе се одржи во Мадрид од 28 мај до 2 јуни, а дел од него ќе бидат тимовите именувани како: “Азиски слон“, “Калифорниски Кондор“, “Тасмански ѓавол“ (месојаден торбар, загрозен вид од Тасманија), “Ориентален штрк“, “Фоса“ (карнивор со изглед на мачка, ендемичен вид од Мадагаскар), “Филипински крокодил“, “Снежен Леопард“, “Албатрос од Амстердам“, “Чинчила“, “Црвена панда“, “Сунда Панголин“ (попознато како Малајански или Јавански панголин), “Тату-канастра“ (Џиновско армадило) и други. Целата листа на имињата на Интернационалните тимови можете да ја погледнете на https://myteam.footballforfriendship.com/.Еколошката иницијатива на програмата е насочена кон зголемување на свеста за животната средина. За првпат во 2018 година, меѓународните тимови за пријателство беа именувани според загрозени видови животни. Како дел од оваа еко иницијатива, за време на завршните настани на минатогодишната сезона на проектот, превозот на учесниците се реализираше со помош на еколошки автобуси кои работат на гориво од природен гас.Воедно, на оваа иницијатива се приклучија Национални паркови и резервоари од целиот свет, меѓу кои од Русија, САД, Непал, Велика Британија. Оваа година, како дел од Интернационалниот Камп на Пријателството и Школата за Деветте Вредности, претставници на различни меѓународни еколошки организации ќе спроведат едукативни работилници за младите учесници на тема екологија. Финалните настани од овогодинешната сезона ќе се одржат во Мадрид од 28. мај до 1. јуни, за времетраење на финалето на Лигата на Шампиони."Минатата година ни претставуваше големо задоволство што бевме поканети од страна на Организацискиот комитет на проектот “Фудбал за Пријателство“ да ги едуцираме децата од 211 земји и региони на тема екологија. Од голема важност е да се разговара со децата за заштита на природните ресурси, обединувајќи ги Младите учесници од овој проект од различни земји кои поддржуваат исти вредности. Се надеваме дека програмата, како и еко-иницијатива, и понатамошно ќе продолжат да се развиваат, а бројот на учесниците ќе се зголеми." - вели Сергеј Арамилев (Sergey Aramilev), Генерален Директор на центарот “Amur Tiger“.(ПР објава)

Спорт | пред 6 години

6 год.
nikolovski-696x381

Николоски: Шекеринска избегнува да се соочи со мене на ТВ дебата

Потпретседателот на на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на социјалните мрежи информираше дека Шекеринска упорно избегнува да се соочи со него на дебата.„Зошто бегаат од соочувања и дебата?Би сакал да ја информирам јавноста дека министерката за одбрана и воедно заменик претседател на СДСМ Радмила Шекеринска избегнува да се соочи со мене на ТВ дебата. Во изминатиов период беа направени обиди од најмалку 5 телевизии да се организира ТВ соочување меѓу мене и Шекеринска. Сите пропаднаа затоа што Шекеринска со разни одговори избегнуваше да се соочи со мене. Истото се однесува и на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој гледам гостува само кајшто му е сигурно на нарачани прашања во таканаречени „пријателски медиуми“.Пред крајот на кампањата во првиот круг на претседателските избори би сакал да ги прашам и Шекеринска и Димитров од што бегаат? Од вистина?Зoшто последен пат на ТВ дуел со мене се појавија пред референдумот за името кога и двајцата беа поразени? Се плашат ли дека немаат аргументи и немаат што да одговорат за срамната промена на името, за втора по ред година без датум за преговори со ЕУ, за високото ниво на корупција и криминал, за назадувањето во сите сектори... Одговор ќе стигне побрзо од што очекуваат на 21ви април и на 5ти мај.“, напиша на Фејсбук Николоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
antonijo-milosovski

(ВИДЕО) Милошоски: Пендаровски тврдеше дека Ахмети е вмешан во криминал, а сега вели дека е невин

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на својот Фејсбук профил објави видео од гостувањето на Пендаровски во емисијата на Алсат М во кое вели дека Али Ахмети е невин, а под него напиша дека пред неколку години тој тврдел дека Ахмети и ДУИ се вмешани во криминали со "режимот на Груевски.„Пред неколку години Стево Пендаровски тврдеше дека Ахмети и ДУИ се вмешани во криминали со "режимот на Груевски", а исто така и полнеле избирачки кутии и му ја украле изборната победа во 2014та година.Денес Пендаровски тврди дека Али Ахмети е невин!#Амнезија и #хипокризија на Алсат Телевизија!!“, напиша Милошоски.https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/videos/2479215478764220/

Коментари | пред 6 години

6 год.
velosiped

Мопед удри велосипед, едно лице со тешки телесни повреди

На 17.04.2019 година во 17,25 часот било пријавено дека во Велес на улицата “Димитар Влахов“ кај железничкиот мост се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Априлија“ со велешки регистерски таблици, управуван од Ѓ.К. (50) од Велес и велосипед „Крос“, управуван од Н.М. (50) од Велес.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.М, а Ѓ.К. и сопатничката од мопедот Д.Т. се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Две лица каснати од куче

На 17.04.2019 година во 14,25 часот во Полициската станица Центар Б.В.(64) од Пехчево пријавил дека на 16.04.2019 година околу 15,15 часот на улицата “1732“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната дланка и десната подколеница.На 17.04.2019 година во 17,15 часот во Полициската станица Гази Баба М.В.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02,00 часот на улицата “Трифун Хаџијанев“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
borce-davitkovski

Давитковски до министерот Манчевски: Реформи се прават на почеток од мандатот не на крај

Во вчерашната емисија „Печат на неделата“ гостуваше Борче Давитковски кој на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски му порача дека реформи се започнуваат на почеток од мандат на владата, а не на крај.„Примената на закони кај нас односно волјата на секоја власт е дали сака тие закони онака како што е напишано во реалниот живот да се спроведуваат. Тоа е кај нас проблемот. На пример догодина е изборна година, им истече мандатот, секој пат барем светските искуства, демократските земји значи кога ќе се дојде на власт веднаш се почнува со реформи, ако нешто се сака, бидејќи тоа е и во програмата. А, не на крај на мандатот. Сега веќе сме на крај, мислам се ова што ќе биде нема никаков ефект“, изјави Давитковски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
taravari-1

Таравари: Во вториот круг ќе ги оставиме граѓаните да одлучат

Алијанса за Албанците до сега не размислувала да коалицира со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вели дека идеолошки се поблиску до ВМРО-ДПМНЕ отколку со СДСМ.За „Фокус“ Таравари ја објаснува изјавата дадена за емисијата „Во центар“ и вели дека и двете партии се блиски по идеологијата затоа што се десничарски. На прашање дали доколку во вториот круг влезат само Пендаровски и Силјановска, Алијансата ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тој одговара:„Ние не сме партија која полни кутии и немаме команда на нашите гласачи. Ќе оставиме граѓаните да одлучат“, вели Таравари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
heroin-111

Во дом во Гевгелија пронајден хероин

Надворешната канцеларија криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ш.(28) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 29.11.2018 година во Гевгелија полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле хероин и предмети со остатоци од хероин.

Македонија | пред 6 години

6 год.
UaYct-

Пронајдени 2 килограми марихуана во дом во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.М.(44) од село Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 11.04.2019 година во село Чегране, гостиварско, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле два килограми и 820 грама марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

При претрес на дом пронајдена марихуана

На 17.04.2019 година во времето од 05:15 до 07:15 часот врз основа на Наредба на Основен суд Велес полициски службеници од Полициска станица Валандово извршиле претрес во домот на С.К (39) и М.К (41) од село Удово, при што пронајдени се марихуана и семки од марихуана.М.К е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања