Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
pretepa

Тепачка во средно училиште во Скопје

На 17.04.2019 година во 09,45 часот во СВР-Скопје М.Н.(18) од с.Грчец-скопско пријавил дека истиот ден околу 08,15 часот на булеварот “Александар Македонски“ во кругот на средно училиште тој и неговиот брат С.Н.(18) биле физички нападнати од нивен соученик И.М. и уште две други лица.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
policija-2

Мигранти од Пакистан најдени во автомобил, возачот побегнал

На 17.04.2019 година  околу 04,30  часот на автопатот Скопје – Гевгелија, кај клучката „Демир Капија“, од страна на полициски службеници, бил даден знак за запирање на патничко возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки, при што возачот продолжил со движење.По преземени мерки, возилото било запрено, а возачот се дал во бегство, додека во возилото биле пронајдени шест мигранти од Пакистан.За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот..

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Соседот ја истепал, па завршила во болница

На 17.04.2019 година во 18,30 часот во СВР-Скопје Н.Д.Т. (38) од Скопје пријавила дека на булеварот “Црвена Армија“, по претходна вербална расправија, била физички нападната од соседот В.С..Н.Д.Т. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде и била укажана помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
combe-2

(ФОТО) Ѓорѓи Галетановски – Чомбе испрати букет и порака за Силјановска, во која напиша...

По Твитер објавата на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова во кој напиша дека по вчерашното кафе со Река, денес го посетила и штабот на Стево, но Ѓорѓи Галетановски – Чомбе не ја пречекал, преку ФБ се огласи споменатиот Галетановски.Тој на социјалната мрежа објави фотографии од букет, бајадера и писмо адресирано до Силјановска во кое напишал:Почитувана професорке г.с. Кандидат за претседател мора да знае дека работното време на државната администрација е од 08 до 16 часот. Ова е мало внимание од нас за вас. Уште еднаш извинете што не се видовме, и се гледаме на кафе во недела во 21 часот. Ѓорѓи Галетановски-Чомбе.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Директор не му плаќал на вработен за прекувремена работа, заработи кривична пријава

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Н. (52) од Крушево и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “даночно затајување“.Првопријавениот како одговорно лице во второпријавеното правно лице, во годишна даночна пријава за 2017 година, прикажал добивка со намален износ за 194.562 денари од реално остварената добивка на второпријавеното правно лице, по што извршил уплата на данок во износ намален за 19.456 денари.На овој начин, првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
puska

Го убил со ловечка пушка, а потоа се самоубил

На 17.04.2019 година околу 14,20 часот било пријавено дека во с.Луково-кратовско, Г.К. (57) од Кратово, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на Р.А. (66) од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на местото на настанот.Потоа Г.К. со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за Судска Медицина-Скопје за обдукција. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

При преглед на возило пронајдена е марихуана

Вчера ( 17 април ) околу 13.50 часот, во гостиварското село Топлица, запрено е возило „БМВ“ со гостиварски регистарски таблици, што го управувал С.А.( 22 ), а во кое се  наоѓале и Е.Л.( 20 ) и две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, сите од  Топлица.При преглед на возилото, пронајдена е марихуана. Четворицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zemjotres

Земјотрес во Гевгелија

Земјотрес со интензитет од 2,1 степени според Рихтер е почувствуван денеска во Гевгелија и околината.Земјотресот е регистриран во 13 часот и две минути, чиј епицентар се наоѓа 140 км југоисточно од Скопјe и потекнува од гевгелиското епицентрално подрачје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gordana-za-skopje-1

(АУДИО) Јанкулоска на Скопје1.мк со изјава за новите „бомби“

„Јас не ги коменторав претходните, нема ни овие. Тоа е на некој начин грубо кршење на приватноста. До сега нити некој потврди дали се веродостојни, каква е новната содржина, кој снимал, како снимал, истакна Горана Јанкуловска за Скопје1.мкТаа меѓу другото додава дека бомбите единствено се искористени во политички цели и за судски прогон, така да немам што да коментирам, вели Јанкулоска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
naum

Стоилковски: Самиот Стево Пендаровски кажа дека заедно со Зоран Заев се исти 102.5%

Гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев. Гласот за Стево Пендаровски е глас за поткуп по шемата - „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“. Самиот Стево Пендаровски кажа дека заедно со Зоран Заев се исти 102.5%. Тоа значи дека се исти и во криминалот, истана Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Да се потсетиме како Зоран Заев бараше поткуп, за да изврши легализација на објект, нешто што му е обврска согласно закон. Но наместо како што е пропишано, Заев бараше по 2 евра од квадрат мито. Но не е само тој што земал во овој случај, туку и кажува дека мито плаќале сите, па ги реди Мирчо, Ването и други струмички бизнисмени кои очигледно му се познати на соговорникот.Ова е срамно и недозволиво. Ова е еклатантен доказ за криминал. Зоран Заев на видеово се однесува како Колумбиски нарко бос, а не како политичар кој што треба да биде во служба на граѓаните. И покрај ваквиот ноторен доказ, Заев е ослободен од обвинение од страна на Кацарска судството и Русковска обвинителството.Пендаровски е ист како Заев, тоа значи дека се исти и во криминалот. Гласот за Пендаровски е глас за Заев. Гласот за Пендаровски е давање легитимитет на поткупот како да е нешто сосема нормално.Вие граѓаните заслужувате да ги добивате услугите кои ги нуди државата согласно закон без притоа да треба да поткупат некој функционер на власта. Времето на криминалот мора да заврши.Република Македонија заслужува да тргне напред. Затоа се потребни црвсти и темелни принципи кои ќе се почитуваат и ќе ја гарантираат демократијата и владеењето на правото. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за право и правдина, глас за иднина на Република Македонија, истана Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
arsovski-novinari

Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува чинот на киднапирање, закани по живот и психичко насилство врз новинарите

Вчера бевме сведоци на еден немил настан на само неколку километри од Скопје, во село Арачиново, каде што новинарска екипа на телевизијата ТВ21 беше нападната и киднапирана од лица блиски до општината и до Зоран Заев и Стево Пендаровски, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Уште од првиот ден на моето назначување како портпарол ветив дека со сите сили и капацитети ќе се заложам секогаш да бидеме во заштита на новинарите и медиумите.Така да ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува чинот на киднапирање, закани по живот и психичко насилство врз новинарите и новинарските екипи.Овој случај на напад и тортура врз новинари мора веднаш да се казни и да биде пример за во иднина.Веќе медиумите обзнанија дека се работи за еден од напаѓачите кој е близок до Зоран Заев и СДСМ и е близок роднина на градоначалничката на Арачиново.Па така прашуваме, зошто ако веќе на медиумите им е познато лицето кое ја нападнало новинарската екипа на ТВ21, веднаш не е повикан за да биде сослушан за настанот?Гледајќи дека едно од лицата кое ја нападнало екипата на ТВ21 е личен пријател на Зоран Заев, прашуваме дали можеби Зоран Заев е тој кој го нарачал нападот на новинарската екипа, се со цел да се спречи прилогот кој го правела телевизијата за неработењето и нефункционирањето на Владата и општината Арачиново?Ова е начинот на третирање на медиумите од страна на СДСМ. Напад, киднапирања, тортури и закани.Ова не е прв случај да членови на СДСМ нападнат новинарски екипи. Ова не се случува прв пат.МВР веднаш да спроведе истрага кој го нарачал и кој го извршил нападот врз новинарската екипа на ТВ21.Напаѓачите мора да сносат одговорност и тоа веднаш, а Зоран Заев јавно да им се извини на медиумите и граѓаните, и веднаш потоа и тој да сноси одговорност, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_2082-18-04-19-14-33

Божиновски: Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески стана навика

СДСМ и Константин Георгиески ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани. Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески стана навика. Дрско и лицемерно е на партиски прерс денеска да се појави со службеното возило. Замислете и тоа прес за Кејот. Георгиески да признае дека средствата за Кејот се пропаднати, а не да ги лаже охриѓани. Вината за очајна состојба треба да ја признае, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на охриѓани?Со камиони сега ќе ги натерате да заборават на црнилата, маките и тешкиот живот?Охриѓани имаат добра меморија и добро се сеќаваат што вети СДСМ и знаат дека речиси ништо од тоа не е реализирано. После повеќе од година и половина се чекаше сега пред избори машините да работат.Георгиески да одговори дали ова се ветените проекти или само ситни зафати што е обврска на Локалната самоуправа кон граѓаните?Врз основа на кои проекти и одобреенија работи сега?Немате ниедно одобрение и затоа работите ноќе и во темница.Господа од СДСМ,Никој повеќе не паѓа на ефтини финти.Свесни за слабиот рејтинг и поразот на изборите сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти.Кочницата за убав град се СДСМ и Георгиески.Ниту цела владина ескадрила, ниту сите министри нема да го спасат Георгиески од пораз.На 21 април народот ќе ја врати власта во свои раце, а Охрид ќе биде убав град, град на проекти и дела, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC08858-2

12 нови возила за Итната помош

Примарната здравствена заштита е основа на здравствениот систем и затоа зајакнувањето на нејзините капацитети е од круцијално значење за подобрување на здравствената заштита на граѓаните во Република Северна Македонија.Со новите 12 возила на Итната медицинска помош, за пациентите овозможуваме неопходната здравствена услуга да ја добијат многу побрзо и таа да биде уште поквалитетна. Дополнително, во голема мера ги подобруваме и условите за работа на здравствените работници.Возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 амбулантни возила ќе бидат наменети за градот Скопје, додека пак останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив.Инаку, при набавката на амбулантните возила Министерството за здравство заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра.Постигнувајќи ја најниската цена, од предвидените 30 милиони и 500 илјади денари, за 12-те возила од буџетот на министерството, се издвоени 18 милиони и 300 илјади денари (без ДДВ).12-те нови возила за Итната медицинска помош ќе бидат пуштени во употреба за неколку денови, откако тие ќе бидат регистрирани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC08867-2

Младите доктори  активно се вклучуваат во сите актуелни и идни процеси во здравствениот систем

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска одржа средба со членови на повеќе здруженија на млади лекари и специјализанти. Во рамки на средбата беше презентиран извештај за актуелната состојба со морбили од професор Александра Грозданова, претседател на Комитет за имунизација, како и д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Од страна на сите присутни беше заклучено дека вакцинација е единствена и најдобра превентивна мерка. И за таа цел повторно беше потенцирана потребата секој здравствен работник да го провери својот вакцинален статус и доколку нема комплена вакцинација тоа може да го направи во центрите за јавно здравје.Министерот Филипче потенцираше дека младите лекари се фокусот на Министерството за здравство и во тек се повеќе активности за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат.Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година првпат во нашата земја, секој млад лекар добива шанса да се ангажира во системот на јавното здравство. Тоа значи дека секој лекар, кој ќе го заврши лекарскиот стаж и ќе добие лиценца за работа, ќе биде вклучен во системот на здравствените домови, ќе биде платен за својот труд и ќе почне да стекнува искуство во брзата помош, вакциналните пунктови и во системот за патронажна нега. Со оваа реформа, младите лекари добиваат можност да стекнат искуство, да бидат платени за својата работа и да добијат можност за вработување веднаш по завршувањето на стажот.Исто така, Министерството за здравство, уште минатата година обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти, со што тие земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Во текот на септември, годинава ќе биде објавен и нов конкурс за приватни специјализанти. Договорено е ваков вид средби да се реализираат еднаш во месецот и на тој начин, преку конструктивен дијалог младите доктори ќе имаат можност активно да се вклучат во сите актуелни и идни процеси во здравствениот систем.Грижата за специјализантите продолжува и во иднина. Министерството за здравство секогаш е отворено за соработка и комуникација со сите засегнати страни и чинители во здравствениот систем.

Македонија | пред 6 години

6 год.
frckovski

(АУДИО) НОВА БОМБА 2: Фрчкоски и Муслиу разговараат за лустрацијата и мнозинството во комисијата

На веб-страница „вк.ком“ од страна на профил „Илија громовник“ се објавени четири нови прислушкувани разговори.Во вториот разговор професорот Фрчковски и Алберт Муслиу разговараат за лустрацијата.Фрчковски се жали дека поради одлуката која ќе биде донесена, тој може да го изгуби работното место. Фрчкоски тврди дека ако двајца албанци не гласаат, меѓу кои е Даут Даути (новинар) тогаш Фрчкоски нема да има проблем. Муслиу му ветува дека ќе стори се што може.„Овој закон е без консензус, само од ВМРО е“, се вели во разговорот.Во продолжение слушнете за што се разговараhttps://vk.com/video541241845_456239019*Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

6 год.
57209068_442001383214696_2539526128180133888_n

Владимир, Јосиф и Ангела победници на ликовниот натпревар „Моите соседи како мои пријатели“

Денеска во ТЦ „Капитол мол“ се одржа ликовен хепенинг на кој децата од детските градинки и учениците од основните училишта од Општина Аеродром цртаа на тема: „Моите соседи како мои пријатели“, во организација на Општина Аеродром, Европското движење, Европската делегација и ТЦ „Капитол мол“ по повод прославата на 9 Мај, Денот на Европа.Шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, претседателката на Советот;Ивана Цветковска и претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска, им ги доделија наградите на победниците во трите категории.За најдобра ликовна творба во категоријата од предучилишна возраст е избран цртежот на Владимир Анастасовски од градинката „Срничка“, објект „Калинка“.Во категоријата од одделенска настава за најдобар е избран цртежот на Јосиф Најдовски од III 1 од ООУ „Гоце Делчев“.Ангела Зимбакова од VIII 3 од ООУ „Лазо Ангеловски“ е избрана за најдобра во категоријата од предметна настава.Цртежите од ликовниот конкурс, како и наградените творби, ќе бидат изложени во трговскиот центар „Капитол мол“ до 9 мај.Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.

Скопје | пред 6 години

6 год.
elem

(АУДИО) НОВА БОМБА 3: Злоупотреби на ЕЛЕМ?

На веб-страница „вк.ком“ од страна на профил „Илија громовник“ се објавени четири нови прислушкувани разговори.Во третиот разговор темата е ЕЛЕМ. Едната страна моли да не се злоупотребува ЕЛЕМ и бара регулаторна комисија да го реши тоа. Се збори и за камати од 54 милиони.Во продолжение слушнете за што се разговара...https://vk.com/video541241845_456239018*Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gordana-jankuloska

(АУДИО) Нова бомба 4: Спасовски и Јанкуловска се договараат што да зборат пред медиумите

На веб-страница „вк.ком“ од страна на профил „Илија громовник“ се објавени четири нови прислушкувани разговори.Во третиот разговор објавен на веб-страницата се слушаат гласовите на Оливер Спасовски и Гордана Јанкуловска.„Оливер ми се јави претседателот, ми кажа дека сте збореле. Јас сакав да се чуеме да испрецизираме. Утре знаеш како ќе биде, медиуми ова она. Да не се раскараме таму, да испадне дека не сме договорени“, вели Јанкуловска.Тие зборуваат за амандмани кои треба да се гласаат.„Епа види сега, ако остане постоечкиот став, кој е сега во закон, прецизира полн состав и без најава. Значи, тоа „без најва“ не е толку битно, колку што е „полн состав“.Во продлжение, објавениот разговор...https://vk.com/video541241845_456239017*Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

6 год.
crvenkovski11-696x462

(АУДИО) НОВА БОМБА 1: Црвенковски објаснува за грчките фирми на Манчевски

На веб-страница „вк.ком“ од страна на профил „Илија громовник“ се објавени четири нови прислушкувани разговори. Првиот разговор се тврди дека е помеѓу Бранко Црвенковски и непознато лице, а се објаснува за фирма „Мегатрон“ и кошаркарски клубови.Во продолжение слушнете за што се разговара...https://vk.com/video541241845_456239020*Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Репортери без граници: Делумно слободни медиуми, нашата земја има скок од 14 места на листата

Отвореноста и транспарентноста даваат резултати: Северна Македонија со скок од 14 места на листата на медиумски слободи на Репортери без граници Владата на Република Северна Македонија го поздравува напредокот на земјата на листата на медиумски слободи што секоја година ја прави организацијата „Репортери без граници“.Напредокот во 2019 година за 14 места на ранг листата на „Репортери без граници“ за состојбата со слободата на медиумите врз основа на податоците за 2018 година е значителен, и ја става нашата земја на 95 место за разлика од пред една година кога бевме на 109 позиција.По стагнацијата и падот на медиумските слободи во годините пред 2017, овој напредок е сигурен показател дека преземените мерки и активности во делот на концептот за отворена влада, преку подобрување на степенот на транспарентноста и преку демократизацијата на медиумскиот амбиент, ги дава неопходните резултати.Во насока на подобрување на слободата на медиумите, на предлог на Владата на РСМ се измени и член 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик од 5-ти февруари 2019 година, со што се отстрани обврската за Државната изборна комисија да врши мониторинг на електронските медиуми (порталите) за време на изборните процеси, што претставува позитивно решение во однос на укажувањата во извештајот.Уверени сме дека ситуацијата ќе беше уште подобра доколку опозицијата не го кочеше усвојувањето на измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој поради кочењето со задоцнување помина во Собранието на РСМ во февруари оваа година. На односот на опозицијата укажува и наративниот извештај на „Репортери без граници“, во кој, исто така се констатира дека МРТВ сѐ уште „им служи на интересите на поранешната владејачка партија“, што наведува на заклучокот дека јавниот сервис мора да биде ослободен од какво било партиско-политичко влијание.Владата на РСМ останува посветена на ставот дека медиумските слободи се столб на демократијата и дека концептот отворена влада е сеопфатен само со напредок во медиумските слободи. Затоа, Владата изразува целосна подготвеност за соработка со сите чинители со цел отстранување на недостатоците во полза на слободата на изразувањето во медиумскиот простор.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања