Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
protest-pazar

Пазарџиите ќе стават клуч на зелените пазари, најавуваат генерален штрајк?

Пазарџиите најавуваат генерален штрајк, објави ТВ Сител. Иако примената на новиот Закон се одложи за една година, тие не отстапуваат од своето барање за негово целосно укинување и ја искажаа можноста да ја блокираат работата на зелените пазари низ целата држава.Од Владата информираат дека ги слушнале аргументите и барањата на пазарџиите на заедничката средба што ја остварија пред неколку дена.И од Министерството за економија потврдија дека последната средба завршила со позитивен резултат. Одлуката да се одложи примената на законот за една година е донесена токму со таа цел, преку заеднички преговори во меѓувреме да се изготви подобрено решение на задоволство на сите засегнати страни.Новите законски измени предизвикаа револт кај пазарџиите бидејќи им се наметнува дополнителна давачка во висина од 60 евра на годишно ниво, а пензионерите и вработените немаат право да поседуваат тезга.Текстот вo целост на ТВ Сител

Македонија | пред 7 години

7 год.
1549803159229-tan2019-2-9201401450-830x0-620x350

Трамп ја исмеа кандидатката за претседател на САД: Покахонтас влезе во трка за Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Твитер во врска со веста дека демократската сенаторка Елизабет Ворен во саботата се кандидираше за претседателка, користејќи го за неа надимакот Покахонтас.Таа во октомври минатата година на интернет објави видео снимка со која ги откри резултатите од ДНК тестот со цел потврдување на нејзиното потекло од племето Чироки.„Денес Елизабет Ворен, која понекогаш ја нарекувам Покахонтас, влезе во трка за претседател. Дали таа ќе учествува како прв претседателски кандидат, или одлучила на тоа по 32 години, сепак тоа веќе не се исплати? Се гледаме на кампањата, Лиз“, напиша Трамп.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1094368870415110145?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094368870415110145&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3031810-tramp-ismejao-kandidatkinju-za-predsednicu-sad-pokahontas-je-usla-u-trku-za-belu-kucu 

Свет | пред 7 години

7 год.
S1jk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT0RJN01EQV8vYTNmMTJiYzVmM2VmMDExOTI1NTRmNTMyZDI0ZGI2OTAuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Елизабет Ворен се кандидираше за претседателка на САД

Демократската сенаторка Елизабет Ворен официјално се кандидираше за претседателка на САД во градот на работничката класа – Лоренс во државата Масачусетс.Својата кампања за 2020 година ја заснова на популистичкиот повик на борба против економската нееднаквост и изградба на Америка „која е добра за сите“,Најавувајќи ја кампањата, Ворен одлучно повика на промени и го осуди „теснецот“ во кој се наоѓа средната класа, во ситуација во која, според неа, „богатите не мора да преземаат одговорност а сите други добиваат премалку шанси за успех“, пренесе Гласот на Америка. 

Свет | пред 7 години

7 год.
KIR_0837

ВМРО-ДПМНЕ: Избори мора да се случат, за да се стави крај на хаосот во здравстово

Наместо да испраќа штури соопштенија, СДСМ и Зоран Заев треба да се одважат, да излезат со свој став и да одговорат дали ќе прифатат предвремени парламентарни избори. Аболицираниот Заев веќе неколку недели бега од соочување со гневот на граѓаните, бега од предвремени парламентарни избори бидејќи е свесен дека тие ќе значат крај неговата политичка кариера, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Предвремените парламентарни избори ќе стават крај на општиот грабеж на парите на граѓаните, кои преку криминални тендери, грантови, субвенции кои завршуваат во џебот на партиски и државни функционери на СДСМ.Парламентарните избори ќе стават крај на агонијата на граѓаните, нивното осиромашување преку зголемени давачки кон државата, ќе ја спречат економската катастрофа која паралелно се случува со националната катастрофа, олицетворена во промената на името, идентитетот, јазикот и историјата спротивно во волјата на граѓаните.Избори мора да се случат, за да се стави крај на хаосот во здравстово, крај на епдиемиите во Македонија на болести за кои со децении постои вакцина.Време е за избори, народот да одлучи, да изгрее зората на слободата, зора која ќе ги порази црнилата. Ајде Зоран одважи се и донеси ја единствената правилна одлука во својата политичка кариера, соочи се со волјата на народот, народот кој ќе каже доста е на следните парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grip

Во Ниш уште една жртва на грипот

Синоќа од грип на Инфективната клиника во Клиничкиот центар во Ниш почина уште едно лице. Станува збор за припадник на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Србија во Ниш, кој бил роден 1976 година.Тој пред десет дена бил примен во болница во многу тешка здравствена состојба. Во сабота попладне настанале компликации кои резултирале со смрт.Ова е шеста жртва на грипот во Ниш. На Инфективната клиника моментално се лекуваат 38 пациенти, 11 од нив се во тешка и критична здравствена состојба и сите се приклучени на апарати за дишење.Меѓу заболените се и шест деца, но сите се во стабилна сотојба. 

Свет | пред 7 години

7 год.
uploads_thumbs_resize_800x420_365773

Жестоки борби меѓу Курдите и ИСИС во Сирија

Жестоки борби водат арапско-курдската коалицја која е поддржана од Вашингтон и екстремистите на исламската држава.Сириските демократски сили (SDF) синоќа ја започнаа конечната офанзива за елиминирање на последните упоришта под контрола на екстремистите во источната сириска провинција Деир ез Зур. Станува збор за сектор од околу четири квадратни километри во близина на ирачката граница.Сириската опсерваторија за човекови права јавува дека од изутрината се водат силни борби, со воздушни и артилериски удари од меѓународната коалиција предводена од САД.„Борбата е во тек. Имаше жестоки судири изутринава, со експлозии на мини“ – изјави директорот на Оперваторијата Рами Абдел Рахман.Меѓу 500 и 600 терористи се наоѓаат во последните џебови под контрола на Исламска држава, изјавил портпаролот на демократските сили, Мустафа Бали.Тој синоќа изјавил дека пред започнувањето на офанзивата повеќе од 20.000 цивили биле евакуирани од таа област. 

Свет | пред 7 години

7 год.
grip

99 лица починаа во Романија од грип

99 лица во Романија го загубија животот како последица од грипот, соопшти денес Националниот институт за јавно здравје.Последната жртва е 73-годишна жена која починала вчера.Таа имала вирус тип A H1pdm09 и не била вакцинирана против грип.

Свет | пред 7 години

7 год.
prestrelka

Прилепчанка физички нападната додека била на работа

На 09.02.2019 година во 20,20 часот во Полициската станица Прилеп Т.П.(38) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 17 часот додека била на нејзиното работно место во продавницата за авто гуми и железарија лоцирана на улицата „Орде Чопела“ била физички нападната од Б.Х.(34) од Прилеп.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51777769_2193092227403644_5977729783151198208_n

Град Скопје апелира граѓаните совесно да постапуваат со својот градежен отпад

„Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ отстранија десет вреќи со градежен отпад исфрлени во контејнерите на улицата Лондонска, во скопската општина Карпош.Oтпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето нa живеалишта или деловните објекти, не смее да се одлага во контејнерите поставени на јавни површини.Апелираме до граѓаните совесно да постапуваат со својот градежен отпад, истиот да не го исфрлаат ниту на јавните површини, затоа што на тој начин се создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдена почината 78-годишна скопјанка

На 09.02.2019 година околу 08,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовска бригада-4“ била пронајдена почината В.Н. (78).По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетничка нападната од родителите, и нанеле тешки телесни повреди

На 09.02.2019 година во 10 часот во СВР-Скопје, 15 годишна девојка од Скопје пријавила дека на 08.02.2019 година околу 23 часот во нејзиниот дом била нападната од нејзината 47-годишна мајка и физички нападната од 47-годишниот татко, кој и нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци.Малолетничката е згрижена во Центарот за социјални работи, каде е обезбедена целата поддршка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Охриѓанец измамен и ограбен - како ли поверувал на ваква измама?

На 09.02.2019 година во 11,45 часот во СВР-Охрид 65- годишен маж од Охрид пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот на булеварот “Туристичка“ му пристапило едно лице кое се претставило дека е од Радовиш и му рекло дека имало сообраќајна незгода  со друго лице од Израел и дека сака да му биде сведок додека му дава пари на другото лице.Заедно се упатиле кон местото каде требало да го почекаат наводниот Израелец. Но, лицето кое се претставило дека е од Радовиш му дало часовник на наводниот Израелец и заминало, како што рекло, да земе пари.Потоа, наводниот Израелец го довел во заблуда пријавителот барајќи му 5.000 денари во замена за часовникот како гаранција дека ќе му ги врати парите бидејќи морал итно да оди во болница. Откако му ги дал парите, лицето заминало, а тој чекал некое време по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

72-годишна жена нападната во својот дом бидејќи одбила да ја продолжи љубовната врска

На 09.02.2019 година во 10,15 часот во СВР-Скопје, Т.Д.(72) од Скопје пријавила дека на 08.02.2019 година во 20,00 часот во нејзиниот стан дошол В.Ц. (68), со кого претходно била во врска, и физички ја нападнал откако одбила да ја продолжат врската.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
iseluvanje

Студентка прашува: Министре ќе продолжите ли мирно да седите во фотењата додека ние ги пакуваме куферите?

Уште една револтирана личност со уште едно разочарувачко, понижувачко писмо. Уште еден незадоволен претставник на модерното племе што сака да се обрати до „поглаварите“. Се спушта ноќ и смог врз младите никулци на Македонија. Ученици, студенти, луѓе... Нѐ голта ноќта, гризе без пардон, без срам, без правила, без закон, објави факултети.мк.Студентите беа иднината на земјава, нели? Драги надлежни од МОН, очекувате свесно да се фрлиме во таа бездна од иднина? Со ладна глава да трпиме дури ни грабате од раце со изјави толку вешто неосмислени, што дури стануваат смешни, бедни.Ми беше одбиена апликацијата за социјална стипендија од петстотини евра годишно под неточен изговор дека имам презапишано година. Одговорните уште се осмелија да ме убедуваат дека лажам, си дадоа за право да ги наречат моите документи, цитирам: „сомнителни“. Го лажирав индексот? Ги лажирав потврдите за невработеност? А што лажираа децата на вашите познајници? Или вие лажиравте наместо нив? Јасно е дека не се виновни тие што бараат, секому му се добредојдени средства за животарење во ова гнило место. Виновни сте вие што дозволувате, вие, ценети надлежни што без трошка интегритет, со блед поглед во очите дозволувате да се случува голгота.Во учебната 2017/2018 запишав прва година на Машинскиот факултет во Скопје, оваа година, нормално, отидов да си аплицирам за стипендија. Со завршена прва година, со просек над осум, со две потврди од бирото за невработеност, уредно ги поднесов своите документи, сосема сигурна дека сум идеален кандидат, за да се најдам одбиена поради случајна, бесмислена административна грешка – погрешен печат во индексот што укажувал на тоа дека имам паднато цела една година. КОГА? Кажете ми, кога стигнав да поминам прва, па да ја паднам еднаш втората и повторно да запишам втора во рок од октомври 2017 до ноември 2018, кога аплицирав за стипендијата?Одговорниот со инсценирана насмевка уште ми рече дека поради еден предмет од прва година, сум презапишала цела втора. Како? Ни јас не ја сфатив оваа логика. Почитуван министре, знаете кој ви работи во секторот што го нарекувате ОБРАЗОВАНИЕ? Очигледно некој што никогаш и не студирал. Најтрагичниот дел е, всушност, тоа што, да, сигурна сум дека знаете – луѓе што имаат тешкотии да прифатат дека во една година не можат да се сместат три.Да, верувам во ова или едноставно да прифатам дека парите се наменети за оние што веќе имаат купче на кое ќе си ги таложат. Толку „лукаво“... Не, очигледни сте, не сте воопшто лукави. Очигледни и бесрамни. Патетика во нималку поетска форма. Нѐ гледаат в очи дури ни плетат лаги. Очекувавте дека сум од вчера? Дека навистина ви заблагодарив за одвоеното време во кое се потрудивте да се справите со нелогичностите?Земјата на мртви идеали и овенати пршлени... Најверојатно и не треба да сум изненадена од приказните што бескрупулозно ни ги буткате в лице, знаејќи дека и двете страни ја знаеме вистината. Неспособност, корумпираност, лицемерие, незаинтересираност, безделничко пиење кафиња и пушење цигари во канцеларија... Ете што ги брка младите од „вечната“ Македонија, ете што е тоа што прави вечноста да се сведе на екстремно краток временски интервал. Гнило е нешто во државата северномакедонска, гнило во корените.Сакам отворено да го прашам министерот за образование дали ќе преземе некаква одговорност за направената грешка или ќе продолжи мирно да си седи во фотелјата додека ние си ги пакуваме куферите?извор: Факултети.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
2

Почина затвореник од КПУ „Идризово“

На 09.02.2019 година во 20,40 часот во СВР-Скопје, од КПУ “Идризово“ било пријавено дека на осуденикот А.Л. (38), додека бил во ќелијата му се слошило и со возило на КПУ-Идризово е пренесен во Комплексот клиника “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар била констатирана смрт.Известен е јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: За Мицкоски влезот во НАТО е погрешна насока, граѓаните нема да му дозволат да ги врати во изолација

За Христијан Мицкоски членството на Македонија во НАТО било погрешна насока. За него единствена вистинска насока е изолацијата, враќање кон црното минато и сопствениот бизнис  со хидроцентралите, велат од владејачката СДСМ.„Осамен, заробен во сопствениот мрак, тажи во кабинетот на неговиот ментор Никола Груевски, во скапоцениот дворец, симбол за криминал, деструкции и црнила.Македонија го доби своето место во НАТО а Мицкоски тажи по Груевски.Очигледно тагата по Груевски направила Мицкоски да има изгубено чувство за реалност.Откако 11 години ја уништија економијата заради криминалмни интереси, а државата ја турнаа во изолација, денес ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират дека Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата и ја враќа државата на вистинскиот пат кон членство во НАТО и ЕУ.Јасна е разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.Растот на просечната плата на 12.000 денари ја отвори спиралата на раст на платите, просечната плата во ноември 2018 е за 5,8 отсто повисока од истиот месец 2017 година. Растат инвестициите има значителен раст во извозот, индустриското производство и бројот на работници во индустријата. Невработеноста опаѓа и изнесува 20,8 отсто со интенција дополнително да се намалува.Ова се само дел од параметрите што покажуваат дека економијата е стабилна, силна и развојна, а, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.Потпишувањето на Протолот за пристапување во НАТО и напредокот во интеграцијата во ЕУ е доказ дека успехот на реформите, визионерството  и решителноста на Владата се препознаени од целиот демократски свет.Граѓаните, нашата држава која наскоро ќе биде Република Северна Македонија, нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат назад во црнилата и изолацијатаНаместо да тажи по неговиот ментор Груевски, Мицкоски нека се подготви за пораз на какви било избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги заборави младите и тие се без никаква перспектива

Владата на СДСМ ги заборави младите. Сега младите во државата се без никаква перспектива, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Од опозиција СДСМ ветуваше дека ќе ги врати младите и ќе ја намали младинската невработеност. Но, ништо од тоа не е реализирано.Бројката на иселување на млади од ден на ден се повеќе се зголемува.Младинската гаранција со која се фалеа во текот на изборите испадна една голема лага. Од проект кој ќе понуди вработување, дообучување или практиканство за сите млади по нивното завршување се претвори во обична лага.СДСМ нанесе само штета врз државата и граѓаните. СДСМ мора да си замине. Потребни се итни и неодложни парламентарни избори заедно со претседателските“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tanja-Karakamiseva

Каракамишева: За вас ништо не е свето – вината е подеднаква на сите партии

Професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил напиша зошто нема да гласа на претстојните претседателски избори.„1. Граѓаните на референдумот од 30.09. не ја дозволија ниту промената на уставното име Северна Македонија, ниту го прифатија Преспанскиот договор. Одродената власт, преку заобиколување на граѓанската волја, продолжи да си ја тера зацртаната агенда во Владата па во Собранието. Видовме како беа донесени уставните амандмани, видовме политичка и лична дрскост каква што Македонската политика не памети до сега.2. И покрај неуспешниот референдум, власта не ја запре забревтаната машинерија во практикувањето на политичкото насилство.3. Прашајте се вие што мене ме прашувате дали мислите дека оваа авторитарна власт која целосно го има окупирано системот, сите институции, државни и локални органи, власт која е најпозната по криминали, по изборни криминали, по корупција, по убиства, по матни тендери, власт која најмалку ја интересира граѓанинот и неговите егзистенцијални интереси, прашајте се дали оваа власт која нема решено ниту еден кривичен предмет за полнењето на кутиите на референдумот и на локалните избори, за бугарски возови, за изборен поткуп, токму сега ќе се смилува на вашите прес-конференциски повици за одржување на фер и демократски избори и ќе дозволи да победи најдобриот кандидат? Ако така мислите или вие сте наивни и залутани во политиката, или имате некои други материјални или други лични интереси па ги убедувате граѓаните. Јас прво никого не убедувам, ниту разубедувам. Мојот став е мое право, и моето не гласање е исто така мое лично право. Секој што ми ампутира ваква активност нека се размисли што пишува и што говори, бидејќи граѓаните не се малолетни деца па некој да ги заведува што и како да прават, дали да гласаат, или да не гласаат. Тоа што некому не му излегува есапот на маса со есапот на терен не е мој проблем и нема да дозволам да ми го припишувате, или подобро лепите како мој проблем. Зошто народот веќе не верува на партиите не треба да се чудите. Толку многу прокоцкани шанси, толку многу прокоцкана доверба не знам дали некој воопшто добил. Вината е подеднаква на сите партии. Нема поголем или помал непријател кога го изгубивме најсветото, кога го прокоцкавте она што ни на сон не смееше да се чепне. Ама за вас изгледа ништо не е свето! Само фотељите и тендерите го вртат вашиот ум!4. Во однос на комичните предлози да се шкртаат гласачките ливчиња имам само едно нешто да кажам, и шкртнатите ливчиња исто како и важечките се ставаат на контото на делегитимирањето на референдумот. Јасно е како бел ден која е целта на власта со овие избори. Целта е што повеќе излезени гласачи за поголемо понижување на референдумот од 30.09.Ако тогаш не успеаа да не домкнат на кутии сега преку разни убедувања на граѓаните целта е само една -да има голема излезност за да си ги исперат рацете од ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО! Јас во таква смислена игра чија што цел е апла видлива не учествувам.5. Во однос на плашењето на граѓаните дека пратеникот Таљат ќе бил в.д. претседател не ја разбирам паниката и сеењето омраза. Прво, согласно со Уставот Таљат во случај да не се избере претседател на наредните избори ќе мора да распише нови претседателски избори многу брзо. Ако власта одлучи да прави уставни измени таа може тоа да го прави кога ќе посака (како што гледаме име ни избришаа, идентитет ни сменија, историја ни бришат). Да не се заборави дека од другата страна во случај да има победник на изборите, новиот претседател веднаш да му биде изгласан импичмент. И во таков случај повторно да го имаме вечниот Таљат. Оваа опција власта секогаш ја имала во раце. Меѓу двете одлуки, првата да распише нови избори и втората да почне постапка за промена на Уставот власта ќе треба да одбере, да, но при тоа не смее да се заборави дека оваа власг нема вечно да биде власт. Ќе треба да размислат неколку пати како евентуално новите решенија ќе им се одразат кога тие ќе бидат во опозиција. Од друга страна да не правиме плашило од ништо. Да не заборавиме дека сите партии кога беа на власт тактизираа со политиката на избор на претседателот на Републиката во Собрание и никогаш не се кревала некаква посебна галама. Јас ќе се навратам на мојата неколку пати изнесена теза дека Таљат ги потпиша сите акти до сега. Таљат е нелегален претседател на Собрание и во некое идно време кога ќе дојде до драстична промена на власта сите тие акти ќе бидат ПОНИШТЕНИ.6. Да резимирам. Зошто не гласам?Прво, затоа што не сакам со мојот глас да го фрлам во вода референдумот од 30.09 бидејќи тоа е клучната цел на сценаристот.Второ, за да се излезе на избори треба да постојат елементарни услови за фер натпревар кои во државата не ги гледам. Нема независна изборна администрација, нема полиција во служба на граѓаните, нема независни медиуми, има обвинители и судии кои ја работат својата работа под диктат на СДС и ДУИ, има многу криминал, многу оружје, многу мафија.Трето, одговорот на опозицијата за продаденото име, идентитет, историја го гледаме преку секојдневни пресконференции на кои се констатираат факти, но не се нудат одговори. Нема никаков активизам, никаков револт, никаква насока за покажување вистинска огорченост од она што ми се случува и од актуелните политики. Наместо тоа, гледаме млаки констатации и досадни фрази.Четврто, народот веќе не сака да биде жртва, Доста жртви носеше на свој грб. Или партиите ќе се свестат и ќе понудат излез од ова лудило кое не мачи сите нас, или мојот глас веќе не го давам зијан. Излез од лудилото за жал не се претседателските избори.Кога ќе се добие поддршка за парламентарни и претседателски избори заедно ќе го пишам мојот став што понатамуСо 28 годишната политика на симни се курто за да дојде мурто, на штета на државата очигледно мора да расчистиме, еднаш засекогаш!Потребен ни е комплетен ресет на системот и на вредностите“, напиша Каракамишева на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sanitarna-deponija-slika

ДОМ: Граѓаните да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот во Свети Николе

ДОМ апелира до сите граѓани на североисточниот регион да покажат висока еколошка свест и одговорност и да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот, лоциран во општина Свети Николе, во месноста Мечкуевци.„Не дозволувајте политиката повторно да упропасти добар еколошки проект! Уште од 2002 година преку различни проекти и донатори се обидуваме да изградиме барем една регионална санитарна депонија, но постојано во финалната фаза овие проекти се исполитизирани, финансиските средства не се потрошени, а ѓубриштата и натаму ја загадуваат животната средина. Да престанеме да се надмудруваме, туку да почнеме да работиме!“ апелираше Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, на крајот на јавната расправа.ДОМ дава силна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и градоначалниците во Источниот и Североисточниот плански регион во нивните напори низ транспарентна постапка да ги информираат граѓаните за придобивките од изградбата на регионалната санитана депонија близу Свети Николе. Иствремено, ДОМ апелира да се исполнат сите предуслови што ги поставува Европската Унија за конечно да може да се искорист грантот во износ од 35 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
polarni-mecki

(ВИДЕО) Вонредна состојба во Русија: Поларни мечки барајќи храна на луѓето им влегуваат по домовите

На архипелагот Нова Земја прогласена е вонредна состојба поради инвазијата на поларни мечки, соопштуваат од регионалната влада на Архангелск. Одлуката да се прогласи вонредна состојба е донесена на 9. февруари.Властите на островот Нова Земја прогласиле вонредна состојба затоа што поларни мечки им одм на луѓето по домовите и не се плашат од ништо.Поларните мечки се погодени од глобалното затоплување и сè повеќе се присилени да доаѓаат на копното во потрага за храна. Овие животни Русија ги прогласи за загрозен вид. Ловот на мечки е забранет, а државната агенција за заштита на околината одби да даде дозвола за да се убијат животните.Мечките не се плашат од ништо. Ниту од полициските патроли и сирените кои ги бркаат, што значи потребно е да се преземат порадикални мерки. Ако останатите мерки не родат плод, единствениот одговор би можел да биде контролиран отстрел, предупредуваат официјалните лица.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања