„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
proekti-turizam-2

(ВИДЕО) 49 милиони денари за 12 невладини организации и асоцијации - за проекти за развој на туризмот во Македонија

Вкупно 49 милиони денари се распределени на денешната свеченост за доделување на договори на 12 невладини организации и асоцијации, за спроведување на проекти со кои ќе се поттикне локалната и регионалната конкурентност во туризмот. Овие средства се доделени преку Проектот за локална и регионална конкурентност кој се спроведува преку заедничка соработка на Владата на Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија и канцеларијата на Светска банка.Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, кој ја отвори свеченоста, истакна дека вкупната вредност на Проектот изнесува 18 милиони евра, средства кои во најголема мера се обезбедени од ИПА фондовите, како и од буџетот на Република Македонија и од Светска Банка, а на денешната свеченост се доделуваат договори за еден од трите сегменти, наменети за невладини организации и асоцијации кои работат во туристичкиот сектор. Другите два сегменти кои се опфатени со Проектот за локална и регионална конкурентност се грантови за микро и мали претпријатија, а најголемиот дел од средствата се наменети за реализација инфраструктурни проекти за поттикнување на туризмот во определени општини.„Набрзо се очекува потпишување на договори и за двете други компоненти. Јавните повици се завршени, поднесени се апликации, завршена е евалуацијата, очекуваме за скоро време да се комплетираат сите потребни административно технички работи и да се пристапи и кон потпишување на договори и за останатите средства. Преку грантовите кои се доделуваат на асоцијациите и невладините организации, очекуваме да се подобри туристичкиот пристап и понуда. Станува збор за интересни и диверзифицирани проекти, како што се рекреативното падобранство, летање со балони, скијање, јавање на коњи, со кои се покажува инвентивноста и креативноста на асоцијациите. Туризмот има голем потенцијален на раст, во последните години се бележи континуиран пораст на туристи, а со овие проекти на креативен начин се обидуваме дополнително да ја стимулираме локалната и регионалната конкурентност на туризмот“, потенцира Анѓушев.Директорот на канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели, посочи дека туризмот во светски рамки е значителен економски сектор, кој учествува со 10% во глобалниот Бруто домашен производ, застапеност со 7% во вредноста на меѓународната трговија и вкупно 30% од извезените услуги ширум светот.„Услугите се еден од начините да се зголеми потенцијалот за економски раст. Со овој проект се стимулираат асоцијациите, невладините организации, општините и малите и микро претпријатија да креираат проекти, но и да се развиваат капацитети да се планира идниот развој на туризмот. Планираниот туристички развој може да има многу позитивно влијание. Со овој проект ќе се придонесе кон изградба на нова инфраструктура, зачувување на животната средина, ревитализација на локалитетите, ќе се поттикне конкурентската предност на различни дестинации, бидејќи не секоја локација може да привлече ист вид на туристи или квалитет на услуга “, подвлече Мантованели.Претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Фрејк Јанмат нагласи дека преку овој проект се промовираат туристички дестинации коишто не се доволно познати за странските туристи.„Македонија се открива и мислам дека туризмот ќе продолжи да се развива, дали преку организирани тури на странски туристи или пак преку индивидуални аранжмани преку кои ќе се откриваат одредени дестинации. Македонија има повеќе езера и планини, кои нудат можност за спортски активности, релаксација, но постојат и други помалку очигледни можности за развојот на туризмот, преку промоција на уметноста и старите занаети застапени во Македонија. Задоволен сум што ЕУ може да помогне со финансиски средства за поддршка на туризмот, кој во изминатите години бележи раст од 6-7, а со тоа го зголемува учеството во Бруто домашниот производ“, рече Јанмат.Директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак кажа дека јавниот повик беше распишан во март минатата година, на кој имаа можност да аплицираат широк спектар на корисници, вклучувајќи ги општините, јавните установи, регионалните плански центри, образовните установи, центрите за обука, невладините организации и микро и малите претпријатија.„Критериумите за селекција беа однапред утврдени и објавени во Прирачникот за грантови заедно со деталните процедури за начинот на аплицирање и спроведување на повикот. Оценувањето на поднесените предлог под-проекти беше извршено од страна на група на надворешни експерти од различни области, избрани на претходно објавен јавен повик“, истакна Шишак.

Скопје | пред 7 години

7 год.
buhova

Државниот санитарен и здравствен инспекторат смирува: Забен техничар кој не бил во контакт со пациенти Е заразениот со МРСА

Вработениот во Универзитетскиот стоматолошки центар „Св. Пантелејмон“ кај кого е потврдено присуство на опасната бактерија МРСА, работи како забен техничар во лабораторијата за мобилна техника и не бил во контакт со пациенти, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Бухова.Не постои никаква опасност за ниту еден пациент кој бил во претходниот период или ќе биде пациент во Универзитски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“во Скопје, затоа што во заботехничките работилници каде работел вработениот, кој е забен техничар и кај кого во отпечаток од раце во Институтот за микробиологија е најдена бактеријата МРСА, се работи исклучиво со заштитни ракавици и има доволно средства со кои се дезинфицираат забните одливци при прием. Во моментот исклучена е секаква можност за ширење на зараза со оваа бактерија.Според Бухова, преземени се сите неопходни мерки односно се што е пропишано со закон. Таа посочи дека нивни инспектори веднаш излегле на терен и извршиле вонреден инспекциски надзор.-Уште во текот на вчерашниот ден кога вработениот ја информирал институцијата за наодот кој го има повеќе не се вратил на работа. Во текот на вчерашниот ден консултирани се и во контакт стапиле членовите на нивната Комисија за интрахоспитални инфекции. Комисијата денеска заседаваше и донесе заклучоци. Нашиот инспекциски надзор ги потврдува заклучоците кои се донесени и кои се наложени и со решение и од наша страна. Пациентот односно вработениот кај кој има изолирано бактерија нема да се врати на работно место, додека не се добие негативен резултат, односно не се докаже дека бактеријата веќе не е присутна, потенцира Бухова.Појасни дека во текот на вчерашниот ден е извршена вонредна дезинфекција на просториите во Стоматолошки клинички центар, за утре е закажана вонредна дезинфекција од Центарот за јавно здравје Скопје, а во тек е комплетен здравствен преглед на сите вработени во таа јавна здравствена установа.-Во текот на денешниот ден веќе првите 90 вработени ќе го поминат вонредниот медицински преглед. Нашиот инспектор немаше контакт со вработениот, бидејќи тој веќе е на боледување. За текот на неговата болест, кога ќе спроведеме вонреден инспекциски надзор ќе можеме да дадеме подетални информации. Вонредните здравствени прегледи се наложени и од Комисијата за интрахоспитални инфекции и од ДСЗИ, меѓутоа тие се вонредни и ќе се спорведат на околу 300 вработени. Досега ниту еден од вработените во Стоматолошкиот клинички центар нема никаков симптом, додаде Бухова.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Екс премиерот остана без пратеничка плата, Џафери гласаше воздржано

Вкупно 53 пратеници гласаа за нов член во Законот за плати на пратениците со кој се предвидува пратеник да го изгуби правото на надомест доколку е осуден на казна затвор поголема од 6 месеци. Ниту еден пратеник не беше против оваа измена на Законот. Со оваа одлука Никола Груевски останува без пратеничката плата, како осуден во случајот „Тенк“.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гласаше воздржано.-Не сум убеден во решението на Законот и затоа сум воздржан, но должен сум да ги почитувам процедурите на Собранието – рече Џафери.Подносители на предлогот беа Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ неуставно е со нов член во Законот за плати на пратениците да му се укине платата на пратеник кој е осуден на казна затвор поголема од шест месеци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
voz

Вчера железничка несреќа во Македонија, но во исто време, датум и место пред 73 год, случена најголемта железничка несреќа во земјава

Пред 73 години, ноќта на 29-ти јануари 1946-та година во 23.20 часот, се случила најголемата Железничка несреќа во Македонија. Билансот на загинати 15. Несреќата се случила во близина на железничката станица Рајко Жинзифов, близу Велес. За овој настан нема информации, тешко се доаѓа до нив. Скромно во книга од велешкиот новинар Петар Алексовски во неколку реченици е забележана оваа несреќа.Возот кој вечерта тргнал од Скопје во 21 часот удрил во падната карпа, од одрон, кај месноста Влавчани на делот од пругата после Рајко кон Велес. Возот бил преполн со патници кои биле во 3-4 патнички вагони. Бидејќи во тоа време немало многу локомотиви, по повоена Македонија, со истиот воз на 5-6 товарни вагони се превезувало железнички шини и прагови за пругите кои се обновувале од војната. По ударот на локомотивата во паднатата карпа, освен што дел од патничките вагони излетале, во нив продреле дел од стоката која ја превезувале товарните вагони, шините. Тоа предизвикало да на лице место умрат 15 патници а 40 да бидат потешко повредени- запишал Алексовски.За оваа несреќа знае и велешанецот Владимир Пармаков. Неговиот татко бил еден од бројните повредени.Татко ми Андреја ми раскажуваше за несреќата. Тој се враќал од Тетово, каде како трговец имал работа. Се случила доцна ноќта, откако удрил во карпа која била на шините. Знам дека возот завршил во реката Вардар а бидејќи местото било тешко пристапно, војската која дошла на помош имала сериозни потешкотии да помага. На татко ми Андреја ногата му е тешко повредена и цел живот, до 91 година возраст тој имаше мака, такво било времето немало современи апарати за да се помогне - се присетува познатиот велешки угостител Пармаков.Меѓу загинатите патници имало лица од Битола, Валандово и други места. Во помош притекнала војската која ги вадела телата од згмечените вагони а мртвите и ранетите со тешкотии се пренесувале до Велес. Ранетите со возила на УНРА, со ,,џемсови ,,биле пренесувани во скопските болници, затоа што велешката не можела да им даде помош.Во Архивот на Република Македонија, пребарувајќи ги книгите на Македонски железници од овој период, никаде нема документ за оваа несреќа. ВО МЖ исто така немаат документација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
borisov_zaev

Бугарија го одобри нацрт-протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО

Бугарската влада го одобри нацрт-протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Со истата одлука, како што објавија бугарските медиуми, Владата на Бојко Борисов го овластила привремениот шеф на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на неделава најави дека потпишувањето на Протоколот за приклучување на Македонија ќе се случи многу брзо, а шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека очекува тоа да биде за недела до две.

Македонија | пред 7 години

7 год.
negotino-veles

Возило излета од патот Неготино – Велес, Унгарци се здобиле со лесни телесни повреди

Утрово во 6,30 часот на патот Неготино – Велес во близина на наплатната рампа од патот излетало возило при што со лесни телесни повреди се здобиле две лица.Како што информира за МИА ,Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес станува збор за двајца странски државјани, Унгарци кои излетале од патот, кои се здобиле со помали телесни повреди. Тие, со возило на Итна помош биле однесени на преглед во велешката Општа болница.Од велешката ЈЗУ Општа Болница како што информира портпаролот Марина Андова утрово ,околу 8 часот во болницата биле примени двајца странски државјани, маж и жена на средни години.Двајцата биле амбулантски третирани од нивен лекарски тим и било констатирано дека имаа само нагмечувања по телото, а по лекарската интервенција биле пуштени од болницата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
plata-evra

Газда за пример - За да ги задржи вработените, платите им ги зголемил на 1500 евра месечно

Словенечката компанија Knauf Insulation која има 500 вработени, а е во сопственост на германското семејство Кнауф, има намера да ги зголеми платите на работниците во производство за 36 отсто во текот на следните шест месеци. Со промената на системот на плати, организирањето на деловните и работни методи, работниците во производство ќе добијат 1500 евра месечно или 18.000 годишно.Оваа фрма и досега важеше за една од подобро стоечките. Најниската плата со додатокот за работа во смени која за земале работниците била околу 950 евра нето. Компанијата одлучи на своите работници во Словенија да им даде поголеми плати со цел луѓето да си обезбедат пристоен живот во земјата и да останат во Словенија. Во исто време, тие сакаат да ги убедат оние кои ја напуштиле својата татковина да се вратат.

Свет | пред 7 години

7 год.
JP-komunalec-2

(ФОТО и ВИДЕО) ЈП Охридски Комуналец се поднови - 7 комунални возила ќе дадат огромен придонес во ефективноста на работењето

Се модернизир вознот прк на ЈП Охридско Комуналец. Денеска беа презентирани 7 нови возила, набавени со кредит од Светска банка, во вредност од 450 000 евра. Со истата кредитна линија од претходната власт беа набавени 5 возила, меѓутоа кредитот е со грејс период и исплатата започна од февруари 2018.„На следната седница на советот овие возила ќе бидат доделени на користење на ЈП Охридски Комуналец. Ваквиот пристап на локлната самоуправа докажува дека работиме во интреес на граѓаните на општина Охрид и граѓаните на Охрид. Ова се неопхдни модернизации кои што се неопходни да се изведуваат во текот на годините. Со ова денешна презентација ЈП Охридски Комуналец значително го зголемува својот капацитет и услужноста кон граѓните се зголемува . Имавме прилика да видиме дека водевме битка со снегот изминатиот месец, па така сега имаме и трактор на кој би се поставил и нож, кој значително би ни ја олеснал работата во такви услови“, истакна в.д градоначалникот Константин Георгиевски.„Модернизација на возниот парк на ЈП Охридски комуналец, ја започна починатиот градоначалник Јован Стоански, а ја заврши сега в.д Градоначалникот Константин Георгиевски. Оој возен парк ќе даде огромен придонес во ефективноста на работењето на ЈП , а ќе намали и голем дел од расходните ставки на ЈП, затоа што досега најмногу расхорд имавме за набавка на резервни делови поради стара механизација“, истакна директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски.Тој додава дека 3 кубичните возила посебно ќе бидат корисни за стариот дел на Охрид, каде досега имале проблем со исцедокот на комуналниот отпад , а сега како што вели со новиве кои се со така наречен када систем кој што нема да дозволи да истекува течност од комуналниот отпад. Грданоски објснува дека и 20 кубичното возило е со резервоар за исцедокот на комуналниот отпад.

Македонија | пред 7 години

7 год.
stomatologija

Вработен на Стоматологија заразен од смртоносната бактерија МРСА

На Клиниката за стоматологија вработен во текот на денот се пожалил на симптоми кои укажуваат дека тој е заразен со бактеријата МРСА. Оттука за денеска е најавено дека на сите вработени денеска ќе им се направат испитувања за се види дали и колку од нив ја имаат оваа бактерија, објави Курир.мк.-Доколку навистина ја има оваа бактерија кај некој од вработените или има само симптоми Клиниката треба прво веднаш да се затвори и да започне постапка истата да биде уништена. Во исто време треба да се направат испитувања кај сите вработени, коментираат упатени.Сепак дел од стручната јавност посочува дека во ваква ситуација лицето кое ги има симптомите треба веднаш да биде ставено во изолација.Истите извори велат дека станува збор за бактерија која многу лесно се пренесува при ракување, допир, преку површина со која бил во контакт носител на бактеријата.-Токму поради ова е потребно затворање на Клиниката, бидејќи протокот на пациенти е голем. Таму има различни оддели како за деца, возрасни, протетика, велат упатени.МРСА е бактерија којашто е исклучително отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат.Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму. Во случај на агресивен облик на болеста, доаѓа и до сепса, инфекции на срцевите залистоци или коските и воспаленија на белите дробови.

Скопје | пред 7 години

7 год.
parkiraj-sovesno-1

(ВИДЕО)„Паркирај совесно“- проект за поголема безбедност во сообраќајот

Сообраќајната едукација и континуираното информирање- особено на младите, кои се и идни возачи, е една од суштинските алки во системот на превентивно делување за поголема безбедност во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи преку одделенијата за превенција, како и преку организационите единици надлежни за спроведување на сообраќајните прописи е постојано инволвирано во разновидни проекти и кампањи, при што особена важност се посветува на работата со младите, рече министерот Оливер Спасовски на денешната промоција на проектот „Паркирај совесно“, кој се спроведува во соработка на МВР, град Скопје и општина Центар.-Овој проект всушност е еден од многуте проекти што се реализираат од страна на сообраќајната полиција и одделенијата за превенција. Во тесна соработка со локалните заедници, со училиштата, со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, но и со други институции кои што на еден или друг начин имаат надлежност во сферата на сообраќајот, полицијата постојано и максимално посветено работи на полето на подигање на нивото на сообраќајната култура- рече Спасовски.Покрај проектите во делот на превенцијата, полицијата во изминатава година драстично ги интензивираше своите активности и во делот на своите надлежности по однос на откривање и санкционирање на сообраќајните прекршоци. Во текот на минатата 2018 година на подрачјето на главниот град беа откриени над 26.000 прекршоци по основа на непрописно паркирање.Решавањето на проблемот со непрописно паркираните возила е особено важно за да се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите, чии што простори за движење се узурпирани од непрописно паркирани возила. И овој проект е пример како со заеднички ангажман на институциите може да се работи на решавање на проблемите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
arashukov_rauf

(ВИДЕО) Рускиот пратеник уапсен поради истрага за убиство

Рускиот пратеник, Рауф Арашуков, уапсен е денеска во рускиот парламент, поради сомнение дека договорил две убиства.Истражителите се сомневаат дека Арашуков организирал убиства на две истакнати личности во Карачајево-Черкезија во 2010 година.Истражувачкиот комитет соопшти дека Арашуков, кој го претставува регионот Карачајево-Черкезија, северен Кавказ уапсен е откако во Горниот дом на рускиот Парламент на Советот на Федерацијата се гласаше за укинување на имунитетот.Арашуков е син на истакнат бизнисмен. Тој во 2016 година стана најмлад член на Советот на федерацијата на 31 година.Рускиот портал РБЦ минатата година повикувајќи се на неименувани извори блиски до истрагата објави дека три лица сведочеле против Арашуков обвинувајќи го дека организирал убиство на истакнат локален активист.

Свет | пред 7 години

7 год.
pruga-veles

Во железничката несреќа на пругата Скопје – Велес, повредени машиновозачот и совозачот

Двајца повредени е билансот од синоќешната железничка несреќа на пругата Скопје – Велес, во близина на станицата „Рајко Жинзифов“ пред Велес.Товарен воз кој сообраќал на оваа релација налетал на одронета карпа и удрил во неа. Од ударот, локомотивата излетала од шините и удрила во метален столб.Несреќата се случи вчера околу 17.00 часот. Во истата со повреди се здобиле машиновозачот С.М.(23) од Скопје и совозачот Р.Б., и биле пренесени во болницата во Велес.Увид извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kosovska-mitrovica1

Албанците забрзано работат на планот “Спојување на две Митровици“: Петицијата ја туркаат во Парламентот

Претседателот на движењето за Самооптеделување Албин Курти, одржа состанок со градоначалникот на Митровица, Агим Бахтир и заменикот градоначалник на оваа општина, Фарук Мујк, каде во фокус е петицијата со потписи на граѓаните кои ја поддржуваат иницијативата за соединување на јужниот дел од градот кој е населен од Албанци и северниот кој е населен од Срби.Веста ја потврди и Мујк кој нагласи дека неопходно е петицијата да биде што побрзо усвоена во парламентот. „ Треба да биде јасно дека барањето за соединување на градот не подразбира некој вид на компромис со територијалниот интегритет на Косово или било какво кршење на границите на Косово, бидејки тоа е во спротивност на Уставот на Република Косово“, изјаави Мујк.Бахтири минатиот месец се сретна неколку пати со поранешниот претседател Тачи и лиерот ПДК Кадри Веселиј.На средбата се дискотирало околу оваа петиција.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10213499638472859&set=a.10204924131010532&type=3&theater

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шест годишно дете каснато од куче скитник

Скопјанец вчера во 19.45 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил случај на каснување од куче.А.К.(33) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот на улица „Народни херои“ неговиот шестгодишен син бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sveti-antonij

Денес е Св.Антониј Велики

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија.Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес.Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики.Исто така денес име празнуваат и Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Сообраќајна несреќа во Скопје, пешак со тешки телесни повреди пренесен во Ургентен центар

Вчера во 21.30 часот на улица „Лазо Трповски“ во Скопје, патничко возило „Хундаи санта фе“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот С.С.(30) од Скопје.С.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
bremenost-960x640

Владата ги изгласа измените на Предлог-законот - се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста

Министерството за здравство предложи, а Владата денеска го разгледа и усвои Предлог - законот за прекинување на бременоста. Со новиот Предлог-закон жените веќе нема да имаат потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да бидат принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста и никој друг нема да решава за прекинот на бременоста. Правото на жената за прекинување на бременоста е само нејзин избор. Со измените на Предлог-законот, се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери кои го одолговлекуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. Новиот Закон предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена.Ако бремената жена е малолетна или и е одземена деловната способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.Пред зафатот за прекин на бременоста лекарот е должен да ја информира жената за постапката за прекинување на бременост, што може да се очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето на постапката, за методите на контрацепција пред и по спроведувањето на прекинување на бременоста на начин разбирлив за жената, за да може да донесе одлука и да даде изјава за согласност. Овој закон и дава право на жената соодветно да одлучи за прекинување на бременоста до 22 гестациска недела, а не како до сега до 12 недела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-30.01

Ново Владино задолжување

На седница Владата го разгледа Предлог - законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, за олеснување на движењето на стоките и услугите низ Западен Балкан со поддршка за дизајнирање, развивање и спроведување на Национално едношалтерско решение, модернизација на царината и другите институции кои учествуваат во управувањето со границите, за да се подобри нивната меѓуинституционална координација и да се намали времето потребно за чекање на стоките.Со средствата од овој заем ќе се обезбеди и поддршка за развој на Интелигентен транспортен систем-ИТС на дел од Коридорот 10, како и поддршка преку Единицата за имплементација на проектот, која ќе функционира во рамки на Министерството за транспорт и врски.На предлог на Министерството за земјоделство, Владата денеска ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, со цел да бидат остварени политиките за рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини; обезбедување на стабилно производство на квалитетна храна; зголемување на конкурентната способност на земјоделството; обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство и други мерки за земјоделската дејност и за одржлив развој на руралните подрачја.

Македонија | пред 7 години

7 год.
granicen-premin

Владата на 117 седница: Да се променат таблите на граничните премини, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите

Владата на Република Македонија на својата редовна 117-та седница, на која, согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, членовите на Владата припадници на албанската заедница, како заедница од повеќе од 20 отсто граѓани на нашата земја, зборуваа на својот мајчин јазик.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев истакна дека примената на Законот за употреба на јазиците на седниците на Владата, извршната власт, освен што го овозможува законското право, истовремено дава пример дека употребата на јазиците на заедниците, таму каде што тоа го регулира законот е и цивилизациско право и потврда дека нашата земја не само декларативно, туку и практично ги овозможува правата на сите заедници.Меѓу првите точки на денешната седница, Владата ја разгледа Информација за извршување на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, односно Договорот од Преспа.Со одлуките поврзани со имплементацијата на одредбите од Преспанскиот Договор се предвидува сет од мерки и активности што треба да ги преземе Владата на РМ, како и сите други органи на државната управа и сите државни институции, а кои произлегуваат од усвоените амандмани на Уставот на Република Македонија и кои ќе стапат на сила 7 дена по влегувањето во сила, односно веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите.Согласно овие заклучоци, надлежните министерства, државни органи и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата во предвидениот рок по стапувањето на сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите.За истата таа постапка, соодветни препораки ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, додека пак, секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции добиваат насоки за употреба на уставното име согласно усвоените амандмани.Една од одлуките за оваа точка е и обврската да државните органи да формираат работни групи за утврдување на натамошните мерки и активности за извршување на одредбите на Договорот од Преспа, а Генералниот секретаријат на Владата на РМ доби задолжение да формира Меѓуресорска група која ќе треба да изработи сеопфатен Национален акциски план за понатамошните мерки и активности за извршување на обврските на Република Македонија кои произлегуваат од договорот со Грција.Како дополнување на оваа точка, на седницата беше предложено и прифатено овие обврски за извршување на одредбите од Преспа да се усогласат и со Законот за употреба на јазиците.На денешната седница министрите ја разгледаа и ја усвоија Законодавната агенда на Владата на Република Македонија, за период од јануари до јуни оваа година, утврдена согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2019 година и донесе одлука законските приоритети да бидат доставени до Собранието на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Струмица поради загадувње денес и утре на сила се препораките и мерките кои ги донесе Владата за вакви ситуации

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место Струмица.Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.Од таа причина за градот Струмица денес и утре на сила се препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања