7 год.
Нема фотографија

Пронајдена граната од Првата светска војна во Битолa

На 13.10.2018 година во 13.22 часот во СВР Битола било пријавено дека  во село Гермијан, битолско, при изведување на градежни работи во близина на мостот, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од 105мм со потекло од Првата светска војна.Гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Товарно возило удрило во тригодишно девојче

На 13.10.2018 година во 12.25 часот на улица „7-ми Јули“ во Битола, товарно возило „Фиат Добло“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Прилеп, а управувано од И.Г.(38) од село Селце, прилепско, удрило  тригодишно девојче од Битола.Притоа, со тешки телесни повреди се здобило детето и било пренесено во Клиничката болница Битола.  Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Македонија | пред 7 години

7 год.
44091310_2019585168087685_8228533035574755328_o

Затворен дел од Партизанска во правец од Карпош кон Ѓорче Петров

Поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, како и поради извршување на градежни работи на топловодната мрежа од страна на БЕГ, и денеска дел од оваа делница ќе биде целосно затворена за сообраќај.Поради затворање на сообраќајната делница поради асфалтирање во правец од Карпош кон Ѓорче Петров, на потегот од мостот Влајко до кружниот тек кај Порта Влае, сообраќајот за возилата кои се движат во правец од Ѓорче Петров кон Карпош ќе се одвива од другата, новосфалтирана страна на булеварот Партизански одреди.

Скопје | пред 7 години

7 год.
velevska

Откако го обвини за насилство, Елена Велевска се смири со сопругот

-По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање – открива за ,,Фокус” Елена Велевска, една од најангажираните фолк пејачки кај нас.Веста дека решила да покрене бракоразводна парница, таа ја сподели на социјалните мрежи кон средината на месец август. Тогаш појасни дека сметала како секој проблем во бракот може да се реши, но со тек на годините семејното насилство станувало неподносливо. Со сопругот Марјан тие имаат две ќерки и еден син. Околу тоа, дали денес проблемите се зад неа и нејзиниот сопруг, вели дека се надева како се на вистинскиот пат, бидејќи сепак, за децата е вредна секоја жртва, и таа и Марјан решиле да започнат од почеток.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idioti-2

Владата одлучи до Собранието да достави предлог за ребаланс на буџетот

Владата на Република Македонија, на вчерашната вонредна седница го разгледа и усвои Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2018 година со кој се предвидува дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување.Со измените и дополнувањата што ги предлага Владата да бидат усвоени од страна на Собранието, извршено е ревидирање на приходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година за незначителни 0,5 отсто надолу, односно за 1 милијарда денари.Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, Владата ја иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието на РМ до 15. ноември, во случај доколку не се донесе одлука за одржување на предвремени избори“, соопшти владината прес-служба.Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, се вели во соопштението, се планирани на ниво од 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 210,5 милијарди денари. Во овие рамки на планирани приходи и расходи, дефицитот е незначително понизок (18,1 наспроти иницијално планираните 18,2 милијарди денари). Притоа, во однос на БДП, буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 отсто од БДП.„Оваа одлука Владата ја донесе врз основа на фискалните движења кои ја создадоа потреба од минимално прилагодување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, како на приходната, така и на расходната страна на Буџетот“, се потенцира во соопштението.На вчерашната седница Владата констатирала дека, во услови на непроменети приходи на основниот буџет, ревидирањето на иницијално планираните проекции кај приходната страна на Буџетот на Република Македонија е резултат на намалување на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки. Согласноостварувањето во деветте месеци од годината, благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од околу 1,5 отсто, односно се ревидирани на ниво од 56,2 милијарди денари.„Имајќи го тоа предвид, Владата на седницата за ребаланс на буџетот го усвои предлогот на Министерството за финансии, расходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година да се коригира надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто“, велат од Владата и нагласуваат дека се предвидува реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно кај проекти финансирани сокредити, намалување на каматните расходи за 897 милиони денари, зајакнување на фискалниот капацитет на општините.Покрај тоа, предвидено е алоцирање на дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедување на дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства за Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот по основ на невработеност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
SJO

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е институција во рацете на власта за политички прогон

„Власта е во паника, притисоците и заканите се залуден обид да се всее страв.СДСМ доби црвен картон од над еден милион и двесте илјади граѓани кои не излегоа на референдум или гласаа против договорот за промена на името. Власта е во паника. Нејзината капитулантска политика не поминува кај граѓаните и затоа се заканува и прибегнува кон вршење на притисоци.Залудни се притисоците и заканите преку сите послуги на власта, вклучително и правосудството кое го имаат запоседнато партиски послушници. Кога се работи за Република Македонија граѓаните немаат страв. Тоа е лекција која СДСМ очигледно допрва ќе треба да ја учи на потешкиот начин.Целата домашна и меѓународна јавност е сведок на една лакрдија невидена во модерната историја на демократијата. Правосудните институции на чело со СЈО се користат за очигледен политички прогон против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, не само пред 5, 6 или 10 години, туку и пред скоро 20 години, дури и за работи во кои нема случај, додека за милионските криминал на сегашната власт остануваат без судска разрешница.СЈО е институција во рацете на власта за политички прогон на неподобните и тоа е непобитен факт, кој сите го гледаат.Покрај СЈО под целосна контрола е и ЈО. Примерите на очевиден криминал, каде Заев од позиција на премиер бара од фирмите да поткупуваат гласачи, тендерите во четири очи од ќерка директор на татко бизнисмен, милионските бизниси кои се доделуваат на ново формирани фирми без никакво искуство во областа и мноштво други сомнителни случаи за кои обвинителството не презема ништо се преседан во светската правна историја и ќе останат запишани како пример за партизирано правосудство.Зоран Заев е поттикнувач, заштитник и покровител на криминалот во оваа држава и затоа СДСМ одби предлог за нова независна обвинителска институција која ќе ги преземе постојните случаи од СЈО и професионално ќе ги истражи сите сомневања за криминал вклучително и последните афери на власта. Заев се плаши од правдата, Заев го штити криминалот.ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ваквите негативни преседани за македонското правосудство наскоро ќе бидат минато. Со враќањето на правната држава, судството ќе се ослободи од стегите, а секој кој извршил кривично дело, без разлика од кој дел од власта, извршна, законодавна или судска доаѓа за тоа и ќе одговара. Одговорност ќе има за сите. Република Македонија мора да биде држава во која правото ќе се почитува, а не злоупотребува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tevdoski

Тевдовски ќе ја задолжи Македониjа 400 милиони евра

Светска банка ќе и стави на располагање околу 400 милиони евра на Македонија за проекти во следните четири години. Ова беше нагласено на годишните средби на ММФ и Светска банка на кои учествува македонска делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска. За пакет проектите и новата стратегија за соработка со Светска банка, како што соопшти Министерството за финансии, е зборувано на состанокот на македонската делегација со потпретседателот на Светска банка, Сирил Мулер и директорот за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер. Со овие средства ќе се поддржи подобрувањето на конкурентноста на приватниот сектор, развојот на вештини и создавањето на повеќе можности за најранливите категории, како и подобрена институционална и фискална одржливост.„Со новата стратегија 2019-2023 ќе се вложат значајни средства во подобрување на конкурентноста на македонската економија и постигнување на инклузивен и одржлив раст. Тоа може да се постигне преку подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, заштита на најранливите категории и отворање нови можности за нив, како и зајакнување на институциите и одржливоста на јавните финансии. Станува збор за околу 35 проекти од областа на поддршка на бизнисот, транспорт и врски, здравство, социјална заштита, труд и социјала, информатичко општество и администрација, образование и наука, животна средина, финансии и земјоделство“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.Во рамки на овие 35 проекти планирани се и инфраструктурни проекти за рехабилитација на национални, регионални и локални патишта во периодот од 2019 до 2021 година.Планирани се и проекти за поддршка на приватниот сектор преку микрофинансирање, советодавни услуги, поддршка за технолошка модернизација и поддршка за иновации. Ќе се поддржат и инвестиции во обновливи извори на енергија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bogorodica

Денеска е Покров на Пресвета Богородица

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Околу 1.700 лица се вклучени во потрагата по преживеани по ураганот „Мајкл“

Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека околу 1.700 лица се вклучени во мисијата за пронаоѓање и спасување на исчезнатите по ураганот „Мајкл“, и дека до сега се проверени околу 25.000 домови во Флорида.Исто така повеќе од 17.000 работници се на терен со цел повторно воспоставување на електричната енергија за повеќе од 245.000 домаќинства и фирми кој останаа без струја.Според медиумите, бројот на загинати од уграганот „Мајкл“ кој ги погоди Флорида, Вирџинија, Северна Каролина и Џорџија порасна на 18, но се очекува истиот да се зголеми.

Свет | пред 7 години

7 год.
erodrom

Доцни отворањето на истанбулскиот аеродром

Новиот истанбулски аеродром нема да биде отворен до крајот на годинава, изјави директорот на аеродромот Кадри Самсунлу.Првично беше планирано аеродромот, чиј капацитет би требало да биде околу 90 милиони патници годишно, да биде отворен на 29 октомври, на денот на прогласувањето на Турската република.Самсунлу рече дека тој ден аеродромот само делумно ќе биде отворен.– Големото преселување од аеродромот „Ататурк“ го одложивме за 31 декември, рече Самсунлу.

Свет | пред 7 години

7 год.
74d9e2a884ab72b36054e1d824bb4d0a_XL

Промоција на донаторската акција „Нахрани 10.000“

Претставници на мрежата „Сите сити“ денс ќе се одржат прес-конференција на која ќе ги повикаат граѓаните и бизнисите да им се приклучат во најголемата донаторска акцијата- „Нахрани 10.000“, којашто ќе се одржи по повод Светскиот ден за борба против гладта- 16-ти октомври.Жителите на Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница, може да донираат храна од 10 до 19 часот на 32 локации.Организаторите информираат дека оваа акцијата се организира поради статистиката која покажува дека во Македонија, 445,099 граѓани имаат проблем да си обезбедат храна или во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат десетици илјади тони храна. Со намалувањето на количеството отпад од храна и дистрибуцијата на вишокот храна на луѓето на коишто им е потребна, Македонија може да го намали проблемот со гладот и сиромаштијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
519500-milena-dravikj-e-teshko-bolna

Почина Милена Дравиќ

Ноќеска во Белград на 79 година од животот, почина легендарната српска и југословенска глумица Милена Дравиќ, после долга и тешка болест.Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување.Има одиграно дваесетина театарски улоги во претстави од различни продукции, а некои од нив се повеќе пати наградувани и играни по повеќе од 15 години. Според некои податоци таа има глумено во 150 филмски или телевизиски улоги.Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа во брак четири и пол децении  и беа еден од најомилените глумечки парови на просторите на поранешна Југославија. Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
tura

Едукативна тура низ отоманското наследство на Скопје

Центарот за научни истражувања „ХАЕМУС“ од Скопје ја истражува Македонија во рамки на кампањата „Дестинација Македонија“! Дел од активностите се: едукативна тура низ „Отоманското наследство на Скопје“ која ќе се одржи на 14 октомври, едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“ на 21 октомври и едукативната тура „По стапките на древните Римјани“ закажана на 28 октомври.Сите тури се осмислени со цел учесниците да поминат низ искуство, знаење, интеракција и секако многу забава додека го запознаваат културното наследство на Република Македонија.,,Турите кои ги организира „ХАЕМУС“ се необични и ретко може да се најдат на пазарот, бидејќи се создадени на тој начин додека трае прошетката да бидат во активна интеракција со учесниците. Посетителите се едуцираат, но и споделуваат знаење и информации за локациите кои се посетуваат, покрај кои поминуваат катадневно, а сепак многу малку знаат за нивното пошироко антрополошко значење”, изјави Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.Целта на eдукативните тури на „ХАЕМУС“ е промоција и популаризација на богатото културно-историско наследство на Република Македонија од различни периоди.Настаните се организираат под мотото на УНЕСКО за Отворени Едукативни Ресурси (ОЕР), а во рамките на Европската година на културното наследство. Дел од турите се поддржани со логистика од град Скопје, а за сите учесници се обезбедени обемни печатени водичи во издание на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
94-_45244979442_o

Владата донесе одлука да достави Предлог за ребаланс на Буџетот за 2018 година

Владата на Република Македонија, на 94-та вонредна седница, што ја одржа вечерва, го разгледа и усвои Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2018 година.Оваа одлука Владата на РМ ја донесе врз основа на фискалните движења кои ја создадоа потреба од минимално прилагодување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, како на приходната, така и на расходната страна на Буџетот.Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година се планирани на ниво од 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 210,5 милијарди денари. Во овие рамки на планирани приходи и расходи, дефицитот е незначително понизок (18,1 наспроти иницијално планираните 18,2 милијарди денари). Притоа, во однос на БДП, буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7% од БДП.Со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година што ги предлага Владата на РМ да бидат усвоени од страна на Собранието на РМ, извршено е ревидирање на приходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година за незначителни 0,5% надолу, односно за 1 милијарда денари.На оваа седница Владата на РМ констатираше дека, во услови на непроменети приходи на основниот буџет, ревидирањето на иницијално планираните проекции кај приходната страна на Буџетот на Република Македонија е резултат на:- Намалување на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки.- Согласно остварувањето во деветте месеци од годината, благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од околу 1,5%, односно истите се ревидирани на ниво од 56,2 милијарди денари.Имајќи го тоа предвид, Владата на РМ на седницата за ребаланс на буџетот го усвои предлогот  на Министерството за финансии, расходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година да се коригира надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5%, при што извршени се следните позначајни измени:- Реалокација на средства помеѓу буџетските корисници;- Намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно кај проекти финансирани со кредити;- Намалување на каматните расходи за 897 милиони денари;- Зајакнување на фискалниот капацитет на општините;- Алоцирање на дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедување на дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со целн непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства за Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот по основ на невработеност.Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, Владата на РМ ја иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието на РМ до 15 ноември, во случај доколку не се донесе одлука за одржување на предвремени избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
branson

Брансон на средба со Трамп во Белата куќа

Американскиот свештеник Ендрју Брансон, веднаш по ослободувањето од турскиот затвор, вчера пристигна во Белата куќа, каде се сретна со претседателот Доналд Трамп.Како што пренесуваат светските медиуми, Брансон му рекол на Трамп дека се моли за него да добие „натприродна мудрост“. – Навистина се боревте за нас, му рече Брансон на Трамп.Кога Трамп ја прашал неговата сопруга Норин за кого гласал на претседателските избори во 2016 година, Брансон, кој во октомври таа година беше приведен во Турција, на шега одговорил дека не можел да гласа од притвор.Трамп рече дека се водени „долги и тешки разговори за ослободувањето на Брансон“.Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за соработката за негово ослободување.– Ослободувањето на Брансон ќе доведе до „добри, можеби и прекрасни“ американско-турски односи, напиша Трамп и повтори дека нема договор за укинување на санкциите против Турција и покрај ослободувањето на свештеникот.Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека судот донел независно решение за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брансон.– Почитуван господине претседател, како што секогаш сум посочувал, турскиот суд ја донесе одлуката самостојно, напиша Ердоган на Твитер, како одговор на претходно објавениот твит на американскиот претседател Доналд Трамп.Турски суд завчера донесе одлука да го осуди на тригодишна затворска казна американскиот пастор Ендрју Брансон, но судијата ги укина сите судски контроли – вклучувајќи ја и забраната за патување – што му овозможи веднаш да ја напушти Турција. Нему казната му е намалена поради добро однесување, а и со оглед на тоа дека веќе отслужил две години од казната, сметајќи го времето во притвор.За Турција, уапсениот американски свештеник е шпион кој се обидел да ја собори Владата за време на обидот за државен удар од 2016 година. Но, за американските официјални лица, Брaнсон е невин христијански семеен човек, кој е погрешно задржан.Брансон (50) е роден во Северна Каролина и евангелистички презвитериjански свештеник кој работел во Измир, каде што бил пастoр во црквата Воскресение. Тој живее во Турција повеќе од 23 години, со сопругата и трите деца.

Свет | пред 7 години

7 год.
IMG_5146

Меморијален планинарски марш на Кожуф посветен на Димитар Кангов

Денес во организација на Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија ќе се одржи меморијален планински марш во чест и сеќавање на својот долгогодишен член Димитар Кангов. Тој ненадејно починал во 2004 година при искачување на врвот Џена, кој се наоѓа на грчка страна на планината Кожу.Меморијалот, ќе се изведе со искачување на највисокиот врв на Кожуф Планина, Зелен брег кој е висок 2.166 метри и се наоѓа на македонска територија, и истиот е оддалечен само стотина метри од местото каде Кангов загинал.Меморијалниот марш ќе започне од месноста Аџибарица во 8 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Од утре започнува грејната сезона во Скопје

Граѓаните и фирмите во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од утре, 15 октомври 2018 година, ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сѐ до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака.Испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила во зависност од надворешните температури. Доколку надворешните температури се пониски во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците во своите домови ќе имаат температури не пониски од 20 + 1 степен Целзиусов.Годинава е забележан трендот за повторно приклучување и истиот се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите, за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди. Исто така потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата „Мој Сервис“. Стручните екипи на „Мој Сервис“ досега направиле преку 4000 интервенции. Најчести интервенции се приклучувања кон системот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција на вертикалната инсталација во зградите , интервенција во ормарче, прочистување и увид  во внатрешната инсталација итн.За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk .

Скопје | пред 7 години

7 год.
43701079_956326614555544_8340827476674478080_o

Несекојдневна изложба на олдтајмери ќе се одржи денес во Скопје

Денес со почеток во 11:30 часот, во паркот кај Авиончето во општина Аеродром, ќе се организира настанот „Skopje Classic Day“ 2018. На овој настан ќе бидат претставени околу 50 луксузни и несекојдневни олдтајмери и 20-тина моторцикли.Исто така ќе има и околу 10-тина автомобили донесени од соседните држави, кои за првпат ќе бидат видени во Македонија. Возилата ќе бидат постари од 35 години што е услов за да се класифицираат како олдтајмери.Благоја Петровски и Игор Стефановски, кои се организатори на овој настан, ќе да ангажираат девојки облечени во соодветен аутфит, со цел да се добие целосен впечаток за временскиот период од кој потекнува возилото.Замислено е да има динамична и статична презентација на возилата со кратка приказна за возилото, a ќе биде доделена и награда за најдобра целосна презентација.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со температурa до 27 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени.Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури  без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-sud-1-1021x580

ФОТО: Груевски ги повика граѓаните да одат со него на суд

“Во врска со изјавата на портпаролот на СДСМ поврзана со градбата на патиштата ја информирам јавноста дека во овој случај, ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата не сме обвинети за земање на провизии како што тврди тој”, пишува експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи.“Обвинението против мене е по истиот член 359 како во случајот за набавката на блиндираниот Мерцедес, влијание заради остварување корист.Во случајот за Мерцедесот, користа исто така не е некаква провизија, туку наводната корист била што покрај останатите гости од странство и јас сум сакал понекогаш да бидам превезуван со тоа возило, и со тоа сум остварил корист.Во случајот со патиштата користа за која СЈО ме терети е дека сум сакал со изградбата на патиштата како политичар да добијам политички поени од граѓаните пред парламентарните избори.Кој не верува во ова нека повели на рочиште во судот да му го покажам и да го прочита обвинението во оргинал. Судските рочиштата се отворени за сите граѓани”, додава тој.

Коментари | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања