7 год.
Нема фотографија

СЈО отвори нова истрага “Поштенска банка”, каде осомничениот Љубчо Георгиевски и Груевски не може да ги гони

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ја известува јавноста дека е отворена нова истрага со кодно име „Поштенска банка“. Станува збор за финансиска истрага, во рамки на која, три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1.Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.Во почеток на 2001 година Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата на Република Македонија, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани.На сопствениците на овие правни лица, на Томе Главчев и Ратко Димитровски им било кажано дека во основањето на Банката нема да учествуваат со сопствени средства, туку со пари кои ќе ги обезбедат од кредити. Планот бил основањето на „Поштенска банка“ да не биде со средства на осомничените, туку со средства од други извори, што е спротивно на Законот за банки.Согласно добиените насоки од наведените владини функционери, осомничените Томе Главчев, сопственик на „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и Ратко Димитровски, сопственик на „Европа 92“ Кочани, со кредити подигнати од три банки, ги уплатиле основачките влогови во „Поштенска банка“, по што осомничениот Коле Смилевски, како генерален директор на „Поштенска банка“ АД Скопје, овозоможил кредитирање на правните лица „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и „Европа 92“ Кочани и правни лица поврзани со нив. Сите средства добиени од кредити од „Поштенска банка“ се слеале на сметките на овие две правни лица и се искористени за враќање на првобитните кредити.Станува збор за индиректно кредитирање на основачките влогови со средства од банката која се основа, што е спротивно на Законот за банки и преставува кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.Воедно, осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски, искористувајќи ја нивната позиција во „Поштенска банка“, издејствувале осомничениот Коле Смилевски да овозможи одобрување на повеќе кредити на правните лица „Ноел“ и печатница „Европа 92“, како и на друштвата кои што биле директно поврзани со нив.Овие вториве, добиените кредитни средства веднаш ги префрлале на сметките на „Ноел“ и „Европа 92“, кои ги користеле за сопствени потреби. За сите овие одобрени кредити заедничко е дека било договорено воопшто да не се враќаат на Банката, со што била прибавена корист за „Ноел“ и „Европа 92“, а Томе Главчев, Ратко Димитровски и Коле Смилевски сториле Злоупотреба на службената положба и овластување.Поради проток на време во однос на лицата Љубчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев, Никола Груевски, Томе Главчев и Ратко Димитровски, настапила застареност на кривичното гонење за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување.Во насока на прикривање на фактот дека паричните средства кои потекнуваат од незаконски добиените кредити, како и фактот дека акциите во „Поштенска банка“ ги стекнале на незаконски начин, осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски во временскиот период од 2005 година до 2010 година презеле дејствија на перење пари и други приноси од казниво дело.Имено, осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски преку нивните друштва-„Ноел“ и „Европа 92“ подигнале кредити од „Еуростандард банка“, кои биле наменети за сервисирање на обврските од претходните кредити подигнати од „Поштенска банка“.Како гаранција за подигнатите кредити во „Еуростандард банка“, истите ги заложиле сопствените акции од „Поштенска банка“. Со оглед на фактот што кредитот кон „Еуростандард банка“ откако поминал рокот за плаќање не бил вратен, Еуростандард банка“ го активирала обезбедувањето на кредитот и станала акционер во „Поштенска банка“.На овој начин осомничените со пренос на незаконски стекнатиот имот – акциите во „Поштенска банка“ и средствата добиени од кредитите од „Поштенска банка“, го прикриле нивното противправно потекло, со што сториле кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело.Дејствијата на осомничените лица не завршуваат тука. Имено, осомничените Смилевски, Главчев и Димитровски со цел, незаконски да извлечат парични средства од „Поштенска банка“ направиле обид за докапитализација на Банката со издавање на втора емисија на акции за однапред познати купувачи.Ваквата докапитализација Народна Банка на РМ не ја одобрила, затоа што управителите на друштвата „ГД Тиквеш“ АД Кавадарци, „ГП Бетон“ АД Тетово, АД „МИК“ Кавадарци, „Венгал“ АД Скопје, „Езимит Груп“ ДОО Штип и АД „Жито Скопје“ – Скопје како потенцијални купувачи постапиле спротивно на чл.38 од Законот за банки, со тоа што се обиделе акциите од втората емисија во „Поштенска банка“ АД Скопје ДА ги купат од средствата на истата банка.Притоа, осомничениот Смилевски, со управителите на овие правни лица кои се обиделе да учествуваат во втората емиција на акции, склучил договори и на сите им признал побарување во износ од по 13 милиони денари за наводно обештетување, иако истите не претрпеле никаква штета и реално немале право на вакво нешто. Притоа, било договорено износот кој го примаат правните лица на име обесштетување да биде искористен за затворање на преостанатите обврски кои по основ подигнати кредити од „Поштенска банка“ ги имале правните лица „Ноел Експорт импорт Гевгелија“ и „Европа 92 Кочани“.На овој начин истите се стекнале со противправна имотна корист од 81.703.525 денари. Појаснуваме дека управителите на правните лица кои ги склучиле договорите за обесштетување знаеле за фиктивноста на договорите, но дејствувале како членови на група што се занимава со перење на пари заедно со осомничените Смилевски, Главчев и Димитровски, поради што постои основано сомнение дека и лицата Викица Поповски, Зоранчо Митровски, Георги Каратолис, Ристо Милев, Златко Ѓорчев и Кирил Јаневски сториле кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Полицајци наместо да напишат казна, примиле поткуп од 50 евра

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.Ф.(27) и Д.Т.(22), полициски службеници во Полициската канцеларија Демир капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп“.„Пријавените во својство на службени лица, со намера да се стекнат со противправна имотна корист за да не извршат службено дејствие кое согласно законот биле должни да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок, на 11.10.2018 година на автопатот во близина на Демир капија, од државјанин на Република Србија побарале и примиле поткуп од 50 евра. Оштетениот откако ги дал парите, се упатил во Полициската станица Неготино, каде го пријавил случајот, по што веднаш, во содејство со јавен обвинител од ОЈО Велес, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола преземаа мерки и активности за обезбедување докази и документирање на кривично правниот настан. Судија на претходна постапка на осомничените полициски службеници им одреди мерка притвор во траење од 30 дена“ изјави Ангеловски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев во Институтот за конзервативна соработка од Вашингтон: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Џим Де Минт, претседател на Институтот за конзервативна соработка (ЦПИ) близок до Републиканската партија.Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија после неуспешниот референдум на 30-ти септември, на кој што политиките на Зоран Заев доживеаја тежок пораз.,,На референдумот граѓаните во големо мнозинство искажаа незадоволство од предлозите на владата на СДСМ, порачувајќи дека не даваат поддршка за уставните измени. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во Собранието да не гласа за уставните измени кои што ги предлага владата на Зоран Заев. Истовремено, Македонија се соочува со влошена економија, зголемен долг, засилен политички прогон, суспендирана демократија и намалени медиумски слободи”, се вели во соопштението.Ѓорчев го нагласи значењето на долгорочната соработка и сојузништво на Македонија и САД, кое што го поддржуваат и промовираат поголем број на организации како Институтот за конзервативна соработка. Џим Де Минт е поранешен републикански конгресмен и сенатор од Јужна Каролина, а потоа беше претседател на фондацијата Херитиџ. Сега е претседател на Институтот за конзервативна соработка (ЦПИ) во Вашингтон.

Македонија | пред 7 години

7 год.
43750354_291000578178210_7255518012961193984_o

Петти ден се трага по чичко Пепи

Веќе пет дена трае потрагата по Пепи, Партеф Назим, кој исчезна на 09 октомври.Потрагата по Пепи се стеснува во Влае, Ѓорче и околината каде последно е виден неколку пати вчера.Семејството апелира ако некој го види да го задржи и да се јави на телефоните 070 246 119 и 075 290 620 или во полиција, каде што е пријавено неговото исчезнување.Последен пат е облечен во сини тренерки и пижами.

Скопје | пред 7 години

7 год.
43669147_2018058528240349_7861038574118895616_o

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Партизански одреди

„Поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, како и поради извршување на градежни работи на топловодната мрежа од страна на БЕГ, денес во периодот од 10 до 18 часот дел од оваа делница ќе биде целосно затворена за сообраќај.Поради затворање на сообраќајната делница поради асфалтирање во правец од Ѓорче Петров кон Карпош, на потегот од кружниот тек кај Порта Влае до мостот Влајко, сообраќајот ќе се одвива преку улицата Ацо Шопов, па десно по улица Иван Цанкар каде возилата ќе се вратат на булеварот Партизански одреди пред мостот Влајко“, известуваат од Град СкопјеВо соопштенито наведуваат дека целосно ќе се пренасочат и автобусите од јавниот превоз, каде во правецот Ѓорче Петров - Центар, автобусите ќе сообраќаат по истата рута, а денеска нема да функционира автобуската постојка бр. 292 - Порта Влае.

Скопје | пред 7 години

7 год.
rom

Без публика и без голови во Риека, Лукаку донесе победа за Белгијците

Двата меча од кои се очекуваше многу од Лига А во Лигата на нации, донесоа разочарувачки фудбал.Во Риека, во реприза на полуфиналето од Светското првенство во Русија, Хрватска и Англија одиграа без голови пред празни трибини. Ова беше деби на Англија во Лигата на нации на УЕФА, додека Хрватска во првиот меч доживеа катастрофа од 6:0 на гостувањето кај Шпанија.Белгија, предводена од Ромелу Лукаку стигна до 2:1 победа над Швајцарија за да се искачи на првото место во групата 2 во Лига А.Во Лига Б, Австрија со минимални 1:0 ја совлада Северна Ирска за да се доближи до првопласираната Босна и Херцеговина, додека во Лига Ц, Финска стигна до доцна 1:0 победа над Естонија за да остане на првото место пред Грција, која со идентични 1:0 ја совлада Унгарија.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Фенербахче со сигурен старт, Будуќност немоќна против Милано

Фенербахче покажа дека е подготвен повторно да тргне по титулата во Евролигата, откако тимот на Жељко Обрадовиќ беше доминантен против Гран Канарија стигнувајќи до победа од 97:72.По фуриозниот старт, Фенер имаше 22:10 по првата четвртина, по што рутински ја зголемуваше предноста во текот на мечот. Јан Весели уфрли 19 поени, Никола Калиниќ додаде 16, додека за шпанскиот клуб најефикасен беше Еванс Кристофер со 13.Шампионот од регионалната АБА лига, Будуќност имаше неславно деби во Евролигата, губејќи со 71:82 од Милано по катастрофалниот старт на мечот во кој губеа со 15 поени разлика. Владимир Мицов беше најефикасен за Милано со 15 поени, додека Ерл Клар со 22 и Едвин Џексон со 12 беа најдобри за црногорскиот клуб.Басконија пак, триумфираше на гостувањето во Каунас кај Жалгирис со 87:79, додека Химки беше „растурен“ во Русија од Олимпијакос со 66:87.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Џорџ Расел доби место во Вилијамс како трет Британец во Ф1

Британецот Џорџ Расел ќе биде возач на Вилијамс следната година откако потпиша повеќегодишен договор со Ф1 тимот.20-годишниот Расел, кој е резервен возач на Мерцедес оваа година, ќе биде вториот дебитант од Британија во Ф1 следната година по Лендо Норис, кој ќе вози за Мекларен и трет Британец вкупно заедно со светскиот шампион Луис Хамилтон.Расел е на чекор од освојувањето на Формула 2 шампионатот, по одличната деби сезона во која имаше шест победи и има 37 поени предност пред последната трка од шампионатот во Абу Даби следниот месец.„Вистинска чест е да се приклучиш на тим со престиж и наследство како Вилијамс. Формула 1 беше мојот сон и сега е сосема нереално што следната година ќе возам покрај возачите на кои им се восхитував“, изјави Расел.Вилијамс имаат славно минато со 16 титули кај возачите и конструкторите, но сега се во најлошата сезона во последните десетина години на последното место на табелата со само седум освоени поени. Расел ќе го замени Ленс Строл, кој следната година најверојатно ќе биде во Форс Индија, откако неговиот татко милијардерот Лоренс Строл го купи тимот, а не е јасно дали вториот возач на тимот, Русинот Сергеј Сироткин ќе го задржи местото.

Спорт | пред 7 години

7 год.
0fe26b54af9ac30f94e7ddd75b98bc91

Ањели застана зад Роналдо: Тој е вистински суперхерој!

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели цврсто застана во одбрана на Кристијано Роналдо по обвинувањата за силување, велејќи дека португалската ѕвезда е „вистински суперхерој за сите деца низ целиот свет“.Досега беспрекорната репутација на Роналдо (и покрај обвинувањата за егоизам) се стави на испит по обвинувањата дека во 2009 година ја силувал Американката Кетрин Мајорга во хотелска соба во Лас Вегас, но по првичното колебање, Јувентус сега цврсто застана зад својот фудбалер.„Прв пат во историјата на нашиот клуб, двете души на Јувентус се споија за инвестиција во еден фудбалер. Од спортска гледна точка добивме голема вредност која ја гледаме секој ден, а комерцијално, Роналдо гарантира достапност во целиот свет. Луѓето сакаат да гледаат суперхерои и тој е еден од нив. Покрај тоа, ни дозволува да исполниме празнина во Италија – продажбата на италијанскиот спорт и правата низ светот. Јуве, секако, не е само Роналдо. Ние сме колектив и ЦР7 е црешата на нешто што беше градено со трпенија, интелигенција и многу повеќе. Растот мора да се препознае од 2010 година, да не заборавиме од каде почнавме“, вели Ањели.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Roger-Federer-Davis-Cup-1030166

Федерер „закажа“ пресметка со Борна Чориќ

Роџер Федерер покажа дека уште не е за „фрлање“ по одличната победа над Кеи Нишикори за пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, каде што го чека младиот Хрват, Борна Чориќ.Иако во првите два меча во Кина, Швајцарецот изгледаше надвор од форма, против искусниот и силен Нишикори, Федерер се бореше за секој поен за на крајот да стигне до тешко изборена 6:4/7:6(5) победа.37-годишниот Швајцарец сега игра со Чориќ, кој со 7:5/6:4 го победи Австралиецот Метју Ебден, и Федерер мора да внимава, бидејќи токму Чориќ го победи во финалето на еден од неговите омилени турнири, Хале опен оваа година.Во второто полуфинале во Шангај ќе играат Новак Ѓоковиќ, кој е во „лов“ на првото место на АТП-листата до крајот на годината и Германецот Александер Зверев.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе се задолжи 53,6 милиони евра, а на што се трошат парите никој не знае

Заев, Анѓушев и Тевдовски ја туркаат Република Македонија во економски колапс. Економијата се соочува со невидена катастрофа. Нема резултати, нема нови инвестиции, има пад на проекциите на раст на БДП но затоа имаме нови милионски задолжувања.Црната економска тројка и криминалниот картел на власт безмилосно продолжуваат да ја задолжуваат Република Македонија. Веселите математики на Зоран Заев и неговото трето полугодие не можат да ја сокријат катастрофата и неспособноста која ни ја донесе, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, идната недела Владата најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра. Каде одат овие пари и на што се трошат никој не знае. Нема нови болници, нема патишта, нема нови фабрики, нема нови отворени работни места но затоа има 1,5 милиони евра за лубриканти кои според СДСМ ќе штитат од заразни болести.,,Црната тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски три недели наназад по истиот основ ја задолжија Република Македонија за 102 милиони евра.Јавниот долг за кој толку многу се фалат дека го донесоа под контрола веќе достигна 48.8% од проектираниот БДП. Меѓународните институции веќе излегоа со најава дека се очекува за многу кратко време да ја помине и онаа психолошка граница од 50% од БДП. Дури и растот на БДП од 3.2% кој тие самите си го проектираа и упорно тврдеа дека ќе се оствари оваа година ќе заврши најверојатно на околу 1.2 %. Додека другите држави во Европа и во регионот рушат рекорди на стапките на раст во БДП, Македонија убедливо е на дното. Ние треба да се задоволиме само нешто над 1 %. Колку за споредба оваа година највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7%, Бугарија 3,6%, БиХ 3,2% и Хрватска 2,8%. Растот што го ветуваше Зоран Заев за време на изборите од 5% се виде дека се граничи со научна фантазија. Секое ново задолжување само ја покажува неспособноста на оваа влада и ја уништува иднината на генерациите кои доаѓаат, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
park

Повеќе од 700 ученици ќе играат и глумат во Градски парк

Повеќе од 700 ученици од 27 училишта од целата земја ќе се соберат заедно на годишниот настан кој ќе се одржи денес во Градскиот парк во Скопје со почеток во 12 часот.Учениците кои ги добија грантовите од Фондот Градиме мостови ќе учествуваат на настанот преку песни, спортски активности, драмски и танцови изведби. Покрај нив, на настанот ќе настапат и Тони Зен заедно со Флека бенд и Канита Сума.По тој повод министерот за образование и наука Арбер Адеми и Шефот на ОБСЕ Мисијата во Скопје Амбасадорот Клеменс Која, ќе се обратат со поздравен говор.

Скопје | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година, напојувањето  на тунелите на патот Демир Капија - Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување  од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија - Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои  Р-1402 на  од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.Од 02.10.2018 ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на регионалениот пат Р-1206 од с. Желино до  с. Сарачино во должина од 4 км. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.На 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с. Смоквица до с. Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1 Смоквица - Гевгелија во двата правци.На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи. Истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.Виадукт Трејд Дооел - Гостивар известува дека од понеделник, 20.08.2018 година, ќе се изведуваат градежни активности - Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци - клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево - Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.Друштвото АСФАЛТ ДОЕЛ СКОПЈЕ известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај, и тоа на:- наплатната станица Гевгелија (на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија) во     периодот од 21.06.2018. до 18.10.2018 ;- наплатната станица Романовце во периодот од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар (мост кај село Здуње) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км.Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.ДГ Бетон АД Скопјеизвестува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.На патниот правец Демир Капија - Неготино, на делот од Неготино до Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.На патниот правец Р 1308 Макази - г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mark

Фејсбук го потврди најголемиот напад досега: Хакери влегле во профилите на „само“ 30 милиони луѓе

Податоците на речиси 30 милиони кориснички профили се украдени во најголемиот хакерски напад на Фејсбук во историјата на социјалната мрежа, потврди компанијата на Марк Закерберг.Од Фејсбук не го именуваа извршителот, но соопштија дека ФБИ „активно истражува кој е одговорен за нападот“ и дека било побарано од нив да не расправаат за тоа кој би можел да стои зад нападот.Компанијата претходно објави дека податоците на околу 50 милиони корисници биле изложени поради безбедносна „дупка“ благодарение на која хакерите ги украле лозинките кои им овозможиле да пристапат во профилите.Досега не беше колкав број податоци биле искористени, а откако на официјалниот блог објавија дека хакерите имале пристап до телефонските броеви и мејловите на над 29 милиони корисници, светските медиуми го нарекоа ова најголемиот хакерски напад во историјата на Фејсбук.Хакерите успеале да дојдат до имиња, имејл адреси и телефонски броеви на повеќе од 29 милиони корисници. Од тие 29, хакерите успеале да добијат и дополнителни податоци: пол, град во кој ѓивеат, роденден, податоци за уредот од кој пристапуваат до Фејсбук, последните 10 локации од кои се „логирале“ на Фејсбук и последните 15 пребарувања. За уште милион корисници хакерите се обиделе, но не успеале да дојдат до никакви податоци.Компанијата во соопштението вети дека ќе ги информира сите 30 милиони корисници преку својот Центар за помош во следните неколку дена.Фејсбук исто така за првпат откри како хакерскиот напад бил извршен. Напаѓачите претходно влегле во 400 илјади профили, а потоа преку нив, благодарение на безбедносната „дупка“ во кодот на социјалната мрежа, успеале да украдат „токени за пристап“ до нивните пријатели. Откако влегле во профилите нивните пријатели, на ист начин влегле во пријателите на пријателите, и така со метод на снежна топка влегле во десетици милиони профили.„Невообичаен пораст на активностите“ бил забележан на 14 септември, а дури 11 дена подоцна Фејсбук ја препознал оваа активност како непријателски напад. Безбедносната дупка била затворена два дена подоцна, на 27 септември, а корисниците и државните функционери за приватност биле информирани во согласност со новата европска регулатива ГДПР.Фејсбук тврди дека нападот не влијаел врз останатите нивни социјални мрежи, односно мобилни апликации: Месинџер, Уатсап и Инстаграм.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Славески подготвува изборна програма за ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори. Уставните измени се апсолвирани и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласаат. Ова вечерва го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии Трајко Славески.Пред седницата на ИК на партијата, Славески рече дека ќе разговараат за вонредните парламентарни избори и за термините за нивното одржување: 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет.„Првото прашање е подготовка на партиската инфраструктура, кое е почнато. Второто е подготовка на иновативната програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на вонредните парламентарни избори, макар тие да се одржат за месец и пол од овој момент. Ние сме во завршна фаза на подготовката на програмата. Има многу новини, приоритет повторно е економскиот раст, мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните“, изјави Славески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
otpad

Шест тони отпад собрани со акцијата за чистење во Припор и Усје

Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција за чистење на својата територија, во Припор и Усје изврши целосно расчистување на сметот, соопштува портпаролот на Општина Кисела Вода, Јанко Бацарија.„Во овие месни заедници се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини кои се под надлежност на локалната самоуправа. Покрај ова, се кастреа гранките на дрвјата, а се собираше и кабаст отпад. Со акцијата собрани се 6 тони смет“, рече Бацарија.Тој додаде дека активностите за чистење ќе продолжат да се одвиваат следната работна седмица во месните заедници Пинтија и Стаклара – Каменик.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево време со температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во источните делови, соопшти УХМР. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од 21 до 28 степени.Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 25 степени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Формиран Совет за културна интеракција меѓу Бугарија и Македонија

Совет за културна интеракција меѓу Бугарија и Македонија е формиран синоќа во Софија на Бугарско-македонска културна средба организирана од Бугарскиот културен клуб-Скопје и Фондацијата „Татковина".Како што соопшти Бугарско-македонскиот бизнис-клуб, на средбата е усвоена и Декларација за потребата од зајакнување на духовните и културните врски меѓу Бугарија и Македонија.На состанокот учествувале истакнати личности од културата од двете држави, кои разговрале за  културните врски и ги споделиле своите препораки и идеи за развој и зајакнување.За време на средбата била отворена изложба на групата „PRINTNEST" - на творци од Софија и Охрид: Зоран Мише, Павел Целкоски, Васил Ангелов, Иван Матеев и Горан Тричкоски. Била претставена и книгата „Паника во музејот“ на писателот Иван Шопов од Скопје, како и зборник и две цедиња од „Бугарски народни песни од Македонија" собрани од Коста Црнушанов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Жители на Индонезија продавале бебе преку Инстаграм

Полицијата во Индонезија уапсила четири лица поради сомнение за обид за продажба на деца преку социјалната мрежа Инстаграм.Според локалните медиуми, станува збор за Инстаграм профил кој нудел услуги за решавање на семејни проблеми и истиот го следеле повеќе од 700 лица. На профилот можеле да се забележат фотографии од бебиња, трудници, скриени ликови, со детални информации за нивната возраст, место каде се наоѓаат и нивната религија.На профилот бил оставен и контакт телефон, со цел заинтересираните да ги контактираат преку апликацијата WhatsApp.Од полицијата соопштуваат дека се приведени четири лица, откако била забележана трансакција на 3 септември оваа година. Според нив, 22 годишна жена, се обидела да го продаде своето 11 месечно бебе. Купувачот требало да плати 15 милиони рупии на мајката, 5 милиони рупии на брокерот и 2,5 милиони рупии на сопственикот на Инстаграм профилот.Според полицијата на сите четири лица кои биле вклучени во продажбата им се заканува казна затвор од 15 години, поради кршење на законот за заштита на децата.

Свет | пред 7 години

7 год.
ustav-1

Предлогот за уставни измени в понеделник на пленарна седница, двотретинското мнозинство неизвесно

Предлогот за уставни измени и спротивставените ставови меѓу пратениците од власта и од опозицијата ја одбележаа  работната недела што измина. По дводневна расправа на собраниската Комисија за уставни прашања, поддршка за пристапување кон измените на Уставот вчера беше изгласана од десет пратеници на владејачкото мнозинство. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на Владата и сите седум пратеници на оваа партија, членови на Комисијата, гласаа против.На Комисијата беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени и Владата во рок од 15 дена да изготви нацрт-аманадмани и да ги достави до Парламентот.За понеделник во 11 часот е закажана пленарна седница на Собранието на која пратениците ќе расправаат по Предлогот на Владата за пристапување кон измена на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија. Потребата од пристапување кон уставни измени треба да биде изгласана од две третини од вкупниот број пратеници во Парламентот.Во предлогот за измени на Уставот, кој Владата го утврди и соопшти во понеделникот, се предлага: Во целиот текст на Уставот пред Република Македонија се додава придавката северна; Измени во Преамбулата на Уставот со именување конкретни документи на АСНОМ заради усогласување со Договорот со Грција; Поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии и грижа за Македонците и дијаспората во странство што ќе значи дека Републиката ќе се грижи за културните, економските и социјалните права на нејзините припадници во странство без да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.На комисиската седница вчера премиерот Зоран Заев повторно апелираше до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се изнајде консензус и единство за прашањето поврзано со влезот на државата во ЕУ и НАТО.– Да се обидеме да се исправиме пред одговорноста и одлуките. Секој со своите ставови. Кажано е се. Се повторуваат ставовите, но прашањето е дали можеме да изградиме консензус, единство, нешто зад кое ќе застанеме заедно. Подобар договор нема. Дајте да видиме можеме ли со уставниот закон да промениме нешто што оди паралелно за да може да ги приближиме ставовите. Можеме ли некако да го зацврстиме тоа со идентитетот и со јазикот, да разговараме со нешто што ќе не сплоти, но дефинитивно НАТО и ЕУ остануваат нешто што политички не држи заедно, рече претседателот на Владата.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, во своите излагања кажуваа дека предлогот за пристапување кон уставни измени е непрецизен, нејасен, се злоупотребува волјата на граѓаните изразена со резултатите од референдумот, а дека владата брише се што е македонско.Од тоа дали ќе бидат обезбедени две третини за поддршка за  измени на Уставот, ќе зависи и дали претстојат нови предвремени парламентарни избори, кои би се организирале со скратени рокови.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања