7 год.
Нема фотографија

Меланија Трамп ги игнорира гласините дека Трамп ја изневерува

Првата дама на САД, Меланија Трамп изјави дека има многу поважни работи на кои треба да мисли и да ги реализира,  отколку да се грижи за наводите дека нејзиниот сопруг, Доналд Трамп ја изневерува.Меланија рече дека таа е мајка и прва дама, и дека наводите за неверствата на нејзиниот сопруг не ја загрижуваат и не се во нејзиниот фокус.Меланија Трамп даде интервју за ТВ мрежата „Еј-Би-Си“, за време на нејзината африканска турнеја.

Магазин | пред 7 години

7 год.
putin-1

Путин во јануари доаѓа во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин, кој го пренесе предлогот на претседателот Владимир Путин да ја посети Србија во јануари.-Вучиќ на средбата изјави дека е чест за Србија повторно да биде домаќин на претседателот Путин и дека Белград ќе ги покаже сите широчини на српското гостопримство, информираше Службата на српскиот председател за соработка со медиумите.„Со амбасадорот Чепурин договорено е веднаш да започнат подготовките за доаѓањето на рускиот претседател во Белград, така што посетата ќе го потврди традиционалното пријателство на двете земји и братството на двете нации. Најавено е дека наскоро ќе се одржи седница на Мешовитиот меѓувладин комитет за соработка, со цел да се подготват конкретните заеднички проекти во областа на економската соработка и во интерес на зголемување на трговската размена меѓу Србија и Русија и нивниот економски напредок“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 7 години

7 год.
estonija

Финансиски земјотрес во Естонија – скандал тежок 1,1 трилиони евра

Во финансискиот скандал со перење пари во кој се вмешани естонските банки и кој ја тресе Естонија периодов испрани се над 1,1 трилиони евра.Естонија ја тресе аферата откако беше откриено дека во членката на Европската Унија со 1,3 милиони жители се переле пари од Русија, Молдавија и Азербејџан преку нерезидентни банкарски сметки.Податоците за прекуграничните сметки, кои прв ги објави Блумберг, зборуваат дека операцијата на перење пари преку малата балтичка земја во која била вмешана естонската подружница на данската Данске банка е далеку поголема отколку што се мислело.Според централната банка на Естонија, вкупните прекугранични трансакции изнесувале 1,1 трилиони евра, а тоа ги опфаќа сите плаќања, и резидентни и нерезидентни трансакции.Централната банка не соопшти дали некои од тие плаќања ги смета за сомнителни.„Тоа кажува дека Данске банка не е осамена и дека проблемот се однесува и на други банки“, изјави експертот за перење пари Јакоб Деденрот Бернхофт кој живее во Копенхаген.Во Естонија работат и шведските банки СЕБ и Сведбанк, а двете бележат пад во прометот за 3,3 односно 5,8 отсто.Податоците за можните нивоа на перење пари преку Естонија постепено се разоткриваа во последните неколку месеци. Во мај податоците на естонската финансиска разузнавачка служба покажаа дека над 13 милијарди евра биле испрани низ банките во таа земја од 2012 до 2016, од што најмалку 7,3 милијарди преку нерезидентни сметки.Минатиот месец Данске банка од Данска во интерен извештај објави дека плаќања во вкупна вредност од 200 милијарди евра, од кои голем дел се означени како „сомнителни“, биле извршени преку нејзината естонска подружница меѓу 2007 и 2015 година.Поради скандалот извршниот директор на Данске банка поднесе оставка на 19 септември бидејќи истрагата која ја нарачала банката открила пропусти во претходниот надзор и почитувањето на правилата во Естонија.

Свет | пред 7 години

7 год.
park

Над 700 ученици ќе играат и глумат во Градскиот парк

Над 700 ученици од 27 училишта од целата земја ќе се соберат заедно за време на годишниот настан, кој е поддржан од Мисијата на ОБСЕ, на 13-ти октомври во Скопје. Настанот ќе се одржи во Градскиот парк, кај Школка со почеток од 12 часот.Учениците кои ги добија грантовите од Фондот Градиме мостови ќе учествуваат на настанот преку песни, спортски активности, драмски и танцови изведби. На настанот ќе настапат музичарите Тони Зен со Флека бенд, како и Канита Сума.По тој повод министерот за образование и наука Арбер Адеми и Шефот на ОБСЕ Мисијата во Скопје Амбасадорот Клеменс Која ќе се обратат со поздравен говор.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Марин: Формираме партиципативно тело за урбанизам, ќе сторам се да нема градба кај Мајчин Дом

Градоначалникот на Аеродром Златко Марин иницира формирање партиципативно тело во кое претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот директно ќе учествуваат во урбанистичкото планирање на општината.Одлуката за формирање на телото беше донесена едногласно, на предлог на градоначалникот. Партиципативно тело ќе брои 9 члена од кои еден член од редовите на Советот, двајца од месната самоуправа, двајца по предлог на здруженијата на граѓани, две стручни лица од одделот за урбанизација и двајца членови од општинската администрација.„На овој начин заеднички ќе ги штитме интересите на жителите на Аеродром“, рече градоначалникот Марин на денешната вонредна седница на Советот на Општина Аеродром, одржана на негово барање. На седницата се разгледуваше носењето на ДУП И10, со посебен осврт на парцелата кај Мајчин дом.Марин издаде решение за привремено стопирање на градежните активности. Општина Аеродром, како што рече, активно работи на изнаоѓање трајно решение во врска со изградбата на зградата кај Мајчин дом и ги продолжува разговорите со инвеститорот, Град Скопје и со останатите надлежни институции и засегнати страни.„Пред повеќе од една година, кога претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе спорниот ДУП И10, јас цврсто застанав на страната на граѓаните. Заедно со нив ја почнавме борбата за зачувување на зеленилото пред Мајчин дом. И денеска сум на страната на граѓаните и заеднички бараме решение на проблемите што ги создаде ВМРО-ДПМНЕ“, рече Марин.Во изминатата година се поднесени 13 претставки за ДУП И10 до Уставниот суд, кој до денеска нема донесено одлука за овој случај. Општина Аеродром активно соработува со судот, каде се доставени сите документи од интерната ревизија за овој ДУП.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Хакерски напад врз Пентагон, загрозени податоците на 30.000 лица

Пентагон денес соопшти дека неодамна е извршен хакерски напад врз записите на одделението за одбрана, со што се загрозени личните податоци и податоците од кредитните картички на американските воени и цивилни службеници.Со овој напад се загрозени податоците на повеќе од 30.000 службеници.Тимот за високотехнолошки криминал, за нападот ги информирал надлежните на 4 октомври, велат од Пентагон, и додаваат дека се уште не знаат кој го извршил. 

Свет | пред 7 години

7 год.
sobranie

Усвоен предлогот за пристапување кон измени на Уставот

Со десет гласа „за“, седум „против“ и без воздржани Комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Македонија по дводневна расправа го усвои предлогот на Владата за пристапување кон измени на Уставот.По исцрпената расправа, Комисијата усвои два заклучока: Комисијата го поддржува предлогот за пристапување кон измена на Уставот поднесен од Владата и предлага Собранието согласно член 131, став 1 од Уставот на Република Македонија да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот.Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека согласно член 131, став 1 од Уставот, одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупнот број пратеници.– Доколку Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот согласно членот 196 став 4 од Деловникот, Собранието со заклучок утврдува рок во кој подносителот на предлогот за пристапување кон измена на Уставот изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот. Поради што предлагам Комисијата да усвои и на Собранието да му го предложи следниов заклучок: Подносителот на предлогот за пристапување кон  измена на Уставот, Владата најдоцна во рок од 15 дена да подготви и на Собранието да му достави текст на нацртот на амандманите на Уставот при што да ги има предвид изнесените предлози и забелешки дадени на седниците на Комисијата за уставни прашања и на Собраниетио на Република Македонија, рече Џафери.Тој објасни дека за да се пристапи кон изменување на Уставот на седницата која треба да се одржи в понеделник ќе биде неопходно двотретинскло мнозинство на гласови.И денеска пратениците од власта и од опозицијата со спротивставени ставови за предлогот за уставни измени.Премиерот Зоран Заев рече дека повеќе од 25 пратеници од опозицијата се свесни за одговорноста и се подготвени да ја преземат одговорноста.– На крајот актот на гласање ќе се случи. Сериозна е одговорноста пред која сме исправени и таа одговорнсот ќе треба да си ја носиме и со неа да живееме. Јас донесов одлуки и презедов одговорност. Јас сум подготвен да живеам вака или онака со таа одговорност, рече Заев.Панчо Минов од ГРОМ рече дека е против предлогот и предложи  промената на името во Република Северна Македонија за надворешна употреба да важи по ратификацијата на протоколот за прием на Република Македонија во членство на НАТО, од страна на Парламентот на Република Грција.Неговиот втор предлог е примена на името Република Северна Македонија  за внатрешна употреба да нема се до финализирање на преговорите од релевантните поглавја  за членство на нашата држава во ЕУ и еден дополнителен рок и завршување на постапката по правила на ЕУ за прием во членство на РМ во ЕУ.Реплицирајќи му на Минов, премиерот Заев рече дека е подготвен да разговара за сите иницијативи и информираше дека веднаш би побарал разговор со колегата од Грција на иста седница на Парламент кога ќе го ратификуваат Договорот со Македонија, да се случи исто ратификацијата за Протоколот од НАТО. Верува, рече, дека тоа е возможно да се случи.  Додаде дека е подготвен да разговара со пратениците и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.Министерот за надворешни работи Никола Димитров повторно укажа дека заштитен е идентитотот и, како што рече, има мост за пријателство.– Влегуваме во НАТО како Македонци, почнуваме преговори со ЕУ во јуни идната година но  имаме уште работа. Тоа е одговорноста да се поддржи овој процес, но и одговорноста да се сруши овој процес е огромна. Единствено што апелирам до вас е пред својата совест, со својата мудрост, сами пред себе сите да си одлучите како ќе се постапите, повика Димитров пред гласањето на седницата.Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше на шефот на дипломатијата со својот став дека „како што стојат работите, овој процес ќе пропадне“ и, како што рече, за тоа е поголема одговорноста на Владата одошто на опозицијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44030763_2170042656363159_3589290008760025088_n

Марин: Формираме партиципативно тело за урбанизам, сѐ ќе сторам да нема градба кај Мајчин дом

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, иницира формирање партиципативно тело, во кое претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот директно ќе учествуваат во урбанистичкото планирање на општината.„На овој начин заеднички ќе ги штитме интересите на жителите на Аеродром“, изјави градоначалникот Марин на денешната вонредна седница на Советот на Општина Аеродром, иницирана и одржана по негово барање.На седницата се разгледуваше моменталната состојба предизвикана од носењето на ДУП И10, со посебен осврт на парцелата кај Мајчин дом.Во изминатата година се поднесени 13 претставки за ДУП И10 до Уставниот суд, којшто до денеска нема донесено одлука за овој случај. Општина Аеродром активно соработува со судот, кадешто се доставени сите документи од интерната ревизија за овој ДУП.По седницата на Советот, се одржа форум со граѓаните на Општина Аеродром кои ги кажаа своите ставови и предлози за ова прашање. Тие потенцираа дека треба да се најде решение за спорната парцела, но без да се загрози понатамошната работа на Општината.

Скопје | пред 7 години

7 год.
43723215_10212839101392694_6035299116764889088_o

Тешка сообраќајка кај Млечен ресторан

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево меѓу возило „ситроен Ц4“ со тетовски таблички и мотор, на бул. „Митрополит Теодосиј Гологонаов“ кај Млечниот ресторан.Од МВР соопштија дека несреќата се случија околу 15.40 часот, се уште се прави увид на местото и засега не соопштуваат официјални податоци за повредени и за причината на несреќата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Stacionar-Vardariste-poseta-2

Вдомени десет кучиња во акцијата за згрижување бездомни животни

Вдомени се 10 кучиња во отворените денови за вдомување бездомни животни, што од 4 до 10 октомври ги организираа ЈП „Комунална хигиена“ и Стационарот „Вардариште“.Како што информира Град Скопје, 60 кучиња што беа достапни за вдомување, претходно беа прегледани од ветеринарен доктор, беа стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило.– Граѓаните заинтересирани да вдомат бездомно куче и да му ја подарат својата љубов и грижа во оваа акција имаа можност да земат миленик без паричен надомест. За таа цел, вратите на стационарот „Вардариште“ во периодот од 4 до 10 октомври беа отворени секој ден, од 9 до 19 часот, информира Град Скопје.Акцијата за вдомување кучиња се организираше во рамки на одбележувањето на 4 Октомври – Светскиот ден посветен на заштитата на животните.Градот Скопје ги потсетува љубителите на животни дека доколку се одлучат да вдомат бездомно куче од стационарот „Вардариште“, тоа можае да го направат и во деновите од вторник до сабота, од 9 до 13 часот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Разбојници лажеле дека се полицајци и со пиштол му се заканиле на 23-годишник

Утрово во полициската станица Аеродром, 23-годишник од Скопје пријавил дека во раните утрински часови, додека со автомобил се движел по булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, во придружба на негова другарка, бил на двапати пресретнат од три лица.Најпрво тоа се случило во близина на железничката станица, а потоа и кај трговскиот центар „Бисер“ при што тројцата неидентификувани мажи излегле од автомобил „киа“. Возачот од „киата“ извадил легитимација и лажно му се претставил на 23-годишникот како полициски службеник, по што му ги зел телефонот и документите.По ова, 23-годишниот скопјанец се упатил кон паркот во Ново Лисиче, каде требало да се види со пријатели, но и таму дошле лицата со автомобил „киа“, при што и од другарите побарале документи.Еден од тројцата разбојници физички го нападнал момчето на кое претходно му го земал телефонот и му се заканил со пиштол.Веднаш по пријавата преземени се соодветни мерки и активности и во полициска станица бил приведен 25-годишник идентификуван како сторител на настанот. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Педесетгодишна жена нападнала соученик на нејзиниот син

Четириесет и двегодишен скопјанец во полициската станица Карпош пријавил дека на 10. месецов на улицата „Женевска“, неговиот 13-годишен син физички бил нападнат од 50-годишна жена, мајка на негов соученик.Според пријавеното, настанот го забележал 18-годишниот брат на момчето, кој ја оттргнал жената од него, по што и двајцата заминале.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

На патот Демир Капија-Неготино пронајден арачиновец по кого трагала полицијата

Во попладневните часови на вчерашниот ден, на патот Демир Капија-Неготино, кај клучката Прждево, полицајци запреле автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Г.М. од скопското село Арачиново.Во „голфот“, сопственост на трето лице, како сопатник патувал и Љ.А. (25), исто така од Арачиново.По извршената проверка, било утврдено дека Г.М. се наоѓал на листата со мерка „приведи“ по што, тој бил уапсен, а автомобилот одземен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Сообраќајка на влез на Скопје направи километарска колона

Утрово околу 10 часот на булевар Александар Македонски, после железничкиот надвозник на влезот во Скопје, се случила сообраќајна незгода којашто предизвика голем застој на возилата на автопатот, пренесе нетпрес.Во сообраќајката учествувале три возила, „фолксваген поло“, „БМВ“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки.Се врши увид

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Зголемено присуство на змии во Скопје

Во последните денови, скопјани активно споделуваат видео снимки и фотографии од змии снимени во централното градско подрачје, низ скопските населби и во близина на Градскиот парк во Скопје. Појавата на змии во урбаните средини може директно да се поврзе со нехигиената во градот, пишува „Само прашај“.Според истражувањето на Ухрин и соработниците, во Македонија живеат 33 вида на влечуги од кои 17 се змии. Зголеменото присуство на змии во урбаните центри може да се должи на намалувањето на природните живеалишта на змиите или пак зголеменото присуство на храна во градовите. Во случајот за Скопје постои голема веројатност да се двете. Во Скопје веќе 10 години активно се уништуваат зелените јавни површини и се врши зголемена урбанизација на Водно и околните шуми со што се протеруваат популациите на змии подолу низ градот. Дополнително, во последните месеци се зголемуваат и жалбите на граѓаните за влошената состојба на градската хигиена. Се забележуваат преполнети контејнери, нечисти улици и отпадоци низ парковите. Сето ова претставува извор на храна за многу видови на глодари, кои пак претставуваат главен извор на храна за змиите. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
43951406_252463662281640_2349442678229303296_n

(ВИДЕО) Арсовски: Власта најави ново задолжување од 53,6 милиони евра

„Црната економска тројка во криминалниот картел на власт, Заев-Анѓушев–Тевдовски ја турка Република Македонија во тотален економски хаос.Задолжувањето на државата стана секојдневна практика на оваа власт, а нема никакви резултати од тоа. Економијата бележи само раст на задолжувањето, а пад на проекциите на БДП“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Бројките се немилосрдни и никаква весела математика на Зоран Заев и трети полугодија нема да ги покријат катастрофалните резултати на оваа неспособна власт.Веќе за идната недела оваа влада најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра. Оваа аукција на државни хартии од вредност е најавена за 16-ти октомври.Во рок од три недели наназад оваа власт веќе по истиот основ ја задолжи за 102 милиони евра.Јавниот долг веќе достигна 48,8% од проектираниот БДП. Ако на ова се земе фактот дека растот на БДП ќе биде помал од проектираниот, односно од 3,2% ќе заврши само на околу 1,2% тогаш бројките стануваат загрижувачки.Македонија поради неспособноста на оваа власт повторно ќе биде на дното во Европа по растот на БДП. Во услови кога сите земји од регионот, а да не зборуваме за Европа ќе бележат високи стапки на раст, ние ќе треба да се задоволиме со нешто над 1%. Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7%, Бугарија 3,6%, БиХ 3,2% и Хрватска 2,8%. Во Македонија може да сонуваме за овие цифри. Ни трага ни глас од 5% или 7% раст кои ги ветуваше Зоран Заев пред изборите. Тоа го потврди и ММФ со последниот извештај.Тоа очигледно е капацитетот на оваа власт. Секое ново задолжување само ја покажува неспособноста на оваа влада и ја уништува иднината на генерациите кои доаѓаат“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од понеделник почнува грејната сезона

Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од 15 октомври (понеделник) ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сѐ до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака, соопштија од компанија БЕГ.Во овој период, како што се посочува, испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури.Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.Доколку надворешните температури се пониски, во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов.При одредени атмосферски услови на доволно топло време, кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците, истакнуваат од БЕГ.Информираат дека годинава споредено со минатата година бројот на нови потрошувачи е зголемен, а трендот на повторно приклучување се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди.Како резултат на континуираната модернизација на системот за централно греење, квалитетот на услугата е значително подобрена.Потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата „Мој Сервис". Стручните екипи на „Мој Сервис" досега направиле преку 4.000 интервенции. Најчести интервенции се приклучувања кон системот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција на вертикалната инсталација во зградите, интервенција во ормарче, прочистување и увид во внатрешната инсталација итн., наведуваат од БЕГ.За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk .

Скопје | пред 7 години

7 год.
DpQdaryUcAA-NZR

(ФОТО) Стивенсон, Груби, Рангелова ручкaат

Според написите на социјалните мрежи, вчера пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова била на ручек со Артан Груби од ДУИ и Дејвид Стивенсон од Американсата амбасада во Скопје.https://twitter.com/macedonus/status/1050689946196029441Според истите, се врши притисок таа да гласа за уставни измени, откако јавно кажа дека тоа нема да го направи. Истовремено, бараат оставка од Рангелова како потврда дека нема да биде „за“ менување на Уставот.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
bugarija-novinarka-ubistvo

Убиецот на бугарската новинарката се враќа на местото на злосторството

Германија во следните 10 дена ќе и го испорача на Бугарија осомничениот за убиството на бугарската новинарка, Викторија Маринова, соопшти денеска германското обвинителство.Дваесетгодишниот бугарски државјанин, Северин Красимиров делумно го призна злосторството што се случи во северниот дел од Бугарија. Негова ДНК е пронајдена на местото на убиството, на основа на што беше издаден европски налог за апсење. Тој во вторникот беше уапсен во Германија, каде побегнал.Красимиров призна дека вербално спорел со жртвата на 6 октомври, бил под влијание на алкохол и дрога и ја удрил новинарката со тупаница по лицето. Тој рече дека потоа ја фрлил младата жена во грмушките, но не сакал да ја убие, одбивајќи ги и обвинувањата за силување.Изјава за медиумите даде и мајката на Красимиров, која потврди дека нејзиниот син и раскажал за убиството.Телото на новинарката Викторија Маринова, која известуваше за можна корупција во бугарската влада, беше пронајдено во близина на Дунав. Полицијата тогаш наведе дека Маринова била претепана, силувана и задавена.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Скопјанка изнајмила маж за 2000 денари

https://www.facebook.com/MakedonciNaInternet/photos/a.237778719896970/753717858303051/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања