7 год.
Нема фотографија

Земјотрес во Јапонија, граѓаните предупредени на свлечишта и тајфун

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала повторно го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Метеоролошката агенција на Јапонија.Земјотресот се случи во 9 часот по локално време, со епицентар на југот на Хокаидо и длабочина од околу 30 метри.Во градовите Атсума и Мукава, кои се наоѓаат во областа, нема повредени, додека во градот Сапоро повредена е 30-годишна жена, врз која паднала полица.Засега нема опасност од цунами.Серија земјотреси го погодиja островот пред еден месец, кога настрадаа 41 лице, а беа оштетени 10 000 згради. Оттогаш илјадници жители сè уште се наоѓаат во прифатните центри.Јапонската метеоролошка агенција ги предупреди граѓаните да бидат подготвени во следните недели на можност за нови земјотреси, како и да се подготват за обилни дождови и лизгање на земјиштето поради тајфунот што би требало да го погоди островот в недела.

Свет | пред 7 години

7 год.
mkd-393416

Нобеловата награда за мир ја добија активисти за борба против сексуалното насилство

Добитници на Нобеловата награда за мир во 2018 година се Денис Муквеге и Надија Мурад, активисти за борба против сексуалното насилство во војна и оружени конфликтиМуквеге, гинеколог од Конго, беше номиниран неколкупати, додека младата активистка Надија Мурад, поранешна сексуална робинка на Исламска држава, веќе ја доби наградата Сахаров.Комисијата рече дека докторот од Конго Денис Муквеге е „најистакнатиот, најобединувачки симбол на национално и на меѓународно ниво за борба против сексуалното насилство во војна и оружен конфликт“.Мурад, пак, член на Јазиди-заедницата во Ирак, беше заробена од ИСИС и постојано силувана и подложувана на други малтретирања. Комисијата рече дека таа покажала „невообичаена храброст во раскажувањето на сопственото страдање“.„Обајцата ја доведоа својата лична сигурност во ризик со храбрата борба против воените злосторства и обезбедување правда за жртвите.Ако го гледаат ова, искрени честитки“, рече Комисијата што ја доделува наградата.

Свет | пред 7 години

7 год.
dgZpG-

Иванов со највисоки државни и воени почести примен од чешкиот претседател, Милош Земан

Претседателот Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, ќе оствари средби со претседателот на чешката Влада, Андреј Бабиш и со претседателот на Пратеничкиот дом, Радек Вондрачек.Вчера, Иванов со највисоки државни и воени почести беше примен од чешкиот претседател, Милош Земан. По средбата, коментирајќи го неуспешниот референдум од 30 септември, претседателот Иванов повика на одговорност.„Фактот е дека ние имаме неуспешен референдум. Која и да е друга интерпретација не може да ги промени бројките кои се фиксни и се знаат. Затоа јас повикав на одговорност. На сите што ја посетија Македонија, а имавме многу странски претставници кои во изминатиов период ја посетија Македонија, им укажував дека до ова ќе дојде. Затоа што не може Европската Унија и НАТО да биде алиби за лош и штетен договор. Не можете да прифаќате договор во кој постои одредба дека ќе се оди на референдум, а вие да не обезбедите национален консензус во државата. Не можете да прифатите промена на Уставот, без да обезбедите дво-третинско мнозинство во Парламентот. Затоа посочив дека за ова треба некој да одговара, а одговорноста се знае чија е. Што побргу дојдеме до одговорност, толку полесно можеме да го продолжиме овој процес кој е многу чувствителен, многу комплексен и кој ја држи Македонија веќе 27 години заложена од ирационални барања на нејзиниот јужен сосед”, изјави претседателот Иванов по средба со чешкиот претседател Земан.Запрашан за коментар за Договорот со Грција, чешкиот претседател Земан изјави дека не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија, но ги повика двете страни да продолжат со преговорите. ,,Тоа може да трае долго, но се надеваме дека овој спор ќе успеете да го решите,” изјави Земан на прес-конференцијата.Вчера вечер во Прага, претседателот Иванов оствари средба и со претседателот на чешкиот сенат, Милан Штех.Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, денеска, во рамки на дамската програма, ќе го посети Националниот институт за аутизам – НАУТИС во Прага.

Свет | пред 7 години

7 год.
vucic

Вучиќ: Го поддржувам договорот меѓу Македонија и Грција, но не ја потценувам пораката на народот

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но дека не го потценува народот во Македонија, кој, според него, испратил јасна порака.,,Сметав дека договорот е добар и тоа го сметам и денес. Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се мешавме во внатрешните работи на двете држави, иако и јас како претседател и Владата го поддржав договорот”, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со известителот на Европарламентот, Дејвид Мекалистер.  Тој, сепак, додаде дека не е слеп за да не гледа што се случило и која е пораката на народот.,,Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука и нема, како некои други, да ја игнорирам”, додаде тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мигранти од Авганистан и Шри Ланка откриени во возило кај Смоквица

Дванаесет мигранти од кои шестмина од Авганистан и еден од Шри Ланка вчера биле откриени во возило со скопски регистарски ознаки на клучката во село Смоквица, а петмина на меѓуградската автобуска станица во Скопје.МВР информира дека синоќа во 20.30 часот на клучката во село Смоквица полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(45) од с.Арачиново, скопско. Притоа, во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка. Н.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На меѓуградската автобуска станица во Скопје, пак, вчера во 13.00 часот биле забележани пет мигранти кои допатувале со автобус од Куманово. По пристигнувањето, тие влегле во такси возило, кое набргу било пресретнато, по што возачот и патниците биле задржани во Полициската станица Карпош.Со лицата бил извршен разговор и тие се предадени во Прифатниот центар за странци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
oktomvri

11 Октомври, Денот на народното востание, неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 октомври 2018 година (четврток), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поранешниот претседател на Јужна Кореја осуден на 15 години затвор

Поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјун-бак е осуден на 15 години затвор поради корупција.Ли Мјун-бак (76) , кој беше претседател од 2008 до 2013 година, прогласен е за виновен за корупција, проневера и други криминали. Покрај тоа, судот во Сеул го осуди да плати казна од 13 милијарди фунти (10 милиони евра).

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Трамп на својот митинг ја исмеа жената која го обвини Каваноа за сексуален напад

Додека америчките сенатори ги чекаат резултатите од истрагата на Федералното истражно биро за минатото на Брет Кавано, кандидатот за Врховниот суд, Трамп го искористи политичкиот собир да ја исмее жената која го обвини Каваноа за сексуален напад.Претседателот Трамп во Мисисипи пред својата публика ја исмеа Кристин Блејзи Форд, која тврдеше дека Бред Кавано, бил пијан и извршил сексуален напад на средношколска забава во почетокот на 1980.Синот на претседателот, Доналд Трамп помладиот, изјави дека Трамп со своите коментари не ја исмевал Кристин Блејзи Форд.Коментарите на Трамп предизвикаа силна реакција кај некои од сенаторите, кои се уште немаат одлучено дали ќе го поддржат Каваноа. Помеѓу нив се републиканските сенатори Сузан Колинс и Џеф Флејк.„Да се зборува за толку чувствителна тема на политички митинг не е исправно. Ако никој од сенаторите не го промени своето мислење, тоа што добивме пауза и прилика ФБИ да направи истрага, на сите нас ни дава доверба во процесот“, вели ФлејкОние кои се дел од тимот на Кристин Блејзи Форд, не веруваат во истрагата на ФБИ бидејќи како што велат од бирото се уште не разговарале со Форд.  

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајден уште еден човек под рушевините во Индонезија

Тим на француски спасувачи соопшти дека со помош на сензори детектирале уште еден човек под рушевини од хотел на индонезискиот остров Сулавези, за кој се верува дека е се уште жив.Филип Бенсон, член на францускиот тим, изјави дека детектирале човек под рушевините на хотелот „Меркур“ во Палу, но не можеше да потврди дали е во свесна состојба.Уредот може да регистрира знаци на живот, дишење и отчукување на срцето.„Мораме да го избушиме бетонот за да ги потврдиме тие информации и да и пријдеме на жртвата“, вели Бенсон.Во земјотресот и цунамито досега животот го изгубија 1.424 луѓе, но се очекува бројот да расте. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Еден возач потешко и четири лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Еден возач се здобил со тешки телесни повреди, а четири лица сe полесно повредени во четири од вкупно 12 сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки причинета е материјална штета.Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 52 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, пет возачи кои биле под дејство на алкохол и 13 пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени две возила кои биле технички неисправни и 15 нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 97 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 69 возила.Полицијата санкционирала и осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство за минување на пешаците, еден за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување и тројца за некористење зашитен шлем од страна на вел со мотор, мопед и мотоцикл.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализирала сообраќајна поука на која присуствувале учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци во својство на возачи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
erdogan

Ердоган нa референдум за членство во ЕУ

Можеби е добро за Турција да организира референдум за членство во Европската унија. Ова го изјави претседателот на државата, Реџеп Ердоган, цитиран од Ројтерс.Тој додаде дека ќе разговара за таков чекор со неговите колеги.Турскиот водач е незадоволен од бавниот потег на Турција кон членството во Заедницата.” Годината е 2018 година и тие се ‘уште  чекаат “, изјави тој на форумот во Истанбул. “Мораме да се свртиме кон 81 милиони луѓе и да видиме каква одлука ќе ги преземат овие 81 милиони луѓе”, додаде тој.Шефот на Турција, исто така коментираше за Сирија.Реџеп Тајип Ердоган објави дека Турција нема да ја напушти Сирија до изборот на сирискиот народ.” Кога сирискиот народ ќе гласа на избори, ние ќе ја напуштиме Сирија по одржувањето на изборите “, порача тој.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Осло ќе биде објавен лауреатот на Нобеловата награда за мир

  Во Осло денеска ќе биде објавен лауреатот за Нобеловата награда за мир. Познато е само дека се предложени 331 лица и организации. Списокот со номинирани е тајна.Лауреатот го избира петчлен Нобелов комитет.За првпат Нобеловата награда за мир е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан, Швајцарија и Фредерик Паси, Франција.Нобеловата награда не е доделена за време на Првата и на Втората светска војна како и во 1955, 1956, 1966, 1967 и 1972 година.

Свет | пред 7 години

7 год.
crna-gora

Црна Гора воведува високи казни – од 300 до 2.000 евра за секој што нема да стане додека свири химната

Црна Гора воведува високи казни за непочитување на државната химна. Секој оној што нема да стане додека свири националната химна на Црна Гора ќе плати казна од 300 до 2.000 евра. Ова е предвидено со предлогот измените на Законот за државните симболи и Денот на државноста, која го утврди владата во Подгорица.Црногорскиот министер за култура, Александар Богдановиќ изјави по седницата на владата дека со измените се воведува обврска за единиците на локалната самоуправа и јавните установи, основани од државата или општината, постојано да го истакнуваат знамето на згради во кои се сместени овие органи и институции.Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот се воведува обврска да се стои додека свири националната химна на Црна Гора и дека ќе се воведат казни за непочитување на оваа законска одредба. Казната за физички лица кои нема да станат во текот на изведбата на химната на Црна Гора, ќе изнесува 300 до 2.000 евра, а за фирмите од 300 до 6.000 евра.

Свет | пред 7 години

7 год.
dui

ДУИ: Не е време за предвремени избори

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека во моментот не е време за предвремени парламентарни избори. Според партијата, со изборите ќе се наруши динамиката на имплементацијата на договорот од Преспа, што, како што велат од партијата, може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и Европската Унија.Централното претседателство на ДУИ на денешната седница ги разгледуваше актуелните состојби настанати по одржувањето на консултативниот референдум за влез на земјата во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот од Преспа. Според партијата, бројката од 610 илјади граѓани што се изјасниле позитивно јасно ја отсликува волјата на граѓаните за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на договорот од Преспа.„ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуван договор претставува меѓународна обврска на државата и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сè, од САД, Европската Унија и земјите членки на Унијата, во кои јасно и недвосмислено се повикува парламентот на Република Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на договорот од Преспа“, велат од партијата.Исто така, од таму соопштија дека ДУИ одлучила дека во моментот приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира договорот од Преспа во парламентот. Партијата упати повик до преостанатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на договорот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mpc

Во Калишта јубилејно заседава највисокото црковно тело на МПЦ

Јубилејно заседание на највисокото црковно-управно и законодавно тело на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископскиот црковно-народен собор ќе се одржи од денеска до 7 октомври во манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта.На дневен ред на соборот ќе бидат неколку измени во Уставот на МПЦ-ОА од административен карактер, разграничување на границите и бројот на епархиите, разгледување на состојбите и животот во епархиите, како и одредување на ставови по одредени прашања од внатрешен и надворешен карактер.Соборот е составен од делегати од сите епархии на МПЦ-ОА, и во него членуваат архиепископот, надлежните, викарните и пензионираните архиереи, по две лица од клирот и три лица од верниот народ од секоја епархија, вклучително и дијаспората.Одржувањето на соборот е во годината се прославуваат 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кога се одбележува 1000 – годишнината од формирањето на Охридската архиепископија, кога ќе се чествуваат и 75 години од Свештеничкото заседание во с. Издеглавје и 1155 години од Моравската мисија на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izbori

Канцелеријата на Народниот правобранител ќе брифира за проблемите со Избирачкиот список

Констатираните состојби и проблеми со Избирачкиот список и со остварувањето на избирачкото право, ќе бидат тема на денешниот брифинг за медиумите што ќе се одржи во Канцелеријата на Народниот правобранител.Според Канцеларијата, проблемите со Избирачкиот список и со  остварувањето на избирачкото право се провлекуваат неколку изборни циклуси наназад, за што Народниот правобраниел има изготвено и посебен извештај.Проблемите, како што наведува Канцеларијата, се потврдија и на денот на одржувањето на референдумот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Oбвинетите во „Титаник“ повторно ќе слушаат бомби во судницата

Во кривичниот суд во Скопје утрово треба да продолжи судењето за предметот „Титаник” за изборни измами, на кое треба да бидат преслушани дел од преостанатите над 600 необјавени бомби како докази на специјалното јавно обвинителство.На минатото рочиште од бомбите се слушаше како ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, бара од неговите соговорници итно да најдат противкандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година, за да не пропадне изборниот круг, а за таа услуга да им нудат пари за поткуп на некој од противкандидатите.Поранешната министерка за внатрешни работи Гопрдана Јанкулоска во еден од разговорите откри и дека на една адреса се воделе по 50 луѓе и дека „индијански работи се прават за време на молк“.Во „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dogovor

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сѐ подалеку од договор, а сѐ поблиску до избори

И по вчерашните заседанија на дел од највисоките партиски тела и изјавите на лидерите на партиските лидери јасно е дека договор за двотретинско собраниско мнозинство за уставните промени според Спогодбата со Грција е речиси невозможен. За барањата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вели дека нема за што да разговара... Сѐ поблиску сме до нови предвремени парламентарни избори.Синоќа Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ само ги усвои одлуките на Извршниот комитет на партијата. Најголемата опозициска партија бара формирање техничка влада по пржински модел на 100 дена пред изборите, разрешување на јавниот обвинител и назначување на нов по предлог на опозицијата и формирањена анкетната комисија во Собранието за да ги истражи сите нерегуларности за време на спроведувањето на референдумот на кои тие укажуваат. Тоа се условите на опозицијата како услов за предвремените избори. Освен тоа ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека денеска ќе поднесе повеќе од 200 кривични пријави против лица, членови на избирачките одбори во неколку општини, кои биле замешани во фалсификатот на референдумот. Истовремено, опозицијата почнува да формира општински изборни штабови, а на чело на републичкиот изборен штаб веќе е именуван генералниот секретар Игор Јнушев.„Нашите услови се јасни, ние битката не ја водиме за власт, битката не ја водиме за избори, ниту ја водиме за доаѓање на власт, Заев порано или подоцна ќе си оди. Битката ја водиме за зачувување на името на Република Македонија и сме среќни што со исходот од резултатот уставното име на Република Македонија е зачувано. Сѐ друго е второстепено и небитно“, рече синоќа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и повтори дека пратеничката група нема да ги поддржи уставните измени доколу има гласање во Собранието.Претходно, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ги отфрли сите барања на ВМРО-ДПМНЕ како услов за избори.„Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од сто дена според Пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи. Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Да се бара комисија која ќе провери дали референдумот бил законски, дали имало законитост во неговото спроведување и слично во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, како и Управниот суд во кој нема сменето ниту еден член, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања“, изјави Заев.СДСМ и нејзиниот коалициски партнер ДУИ не се откажуваат од тоа сепак да се обезбеди двотретинско собраниско мнозинство за да се усвојат узтавните измени според Спогодбата со Грција за промена на името на Република Македонија.Прашан дали ќе разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Заев рече дека нема што да разговара со него.„Во минатото дадовме карт-бланш за техничка влада. Ги прифативме барањата за финансирање на политичките партии, ја формиравме Државната изборна комисија со претседател од ВМРО-ДПМНЕ. За возврат апсолутно не сакаа ни да разговараат за некаков начин за успешна поддршка на процесите кои се важни за Македонија“, рече премиерот.Никој не посакува вонредни парламентарни избори, сите се согласни дека се влегува во нова политичка криза, но пресметката на избори очигледно е неминовна.За ДУИ предвремени парламентарни избори не се потребни бидејќи ќе се изгуби време и ќе се доведат во прашање евроатлантските интеграции на Македонија.„Со предвремени парламентарни избори ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Република Македонија во НАТО и Европската Унија. Централното претседателство на ДУИ одлучи дека во моментов приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Договорот од Преспа во Парламентот и упатуваме повик до останатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот“, соопшти ДУИ по синоќешното заседание на претседателството.Во наредните неколку дена владеачкото мнозинство ќе се обиде да обезбеди гласови од најмалку осум пратеници од опозицијата за да го има неопходното двотретинско мнозинство. За тоа има време до среда, кога треба да се распишат избори ако посакуваниот датум за избори е 25 ноември.Во секој случај, јасно е дека до крајот на годината нема да бидат изгласани уставните измени како што пишува во Спогодбата за промена на името.Изгласувањето на измените и ратификацијата на Спогодбата во грчкиот Парламент мора да заврши до средината на април бидејќи тогаш почнува кампањата за изборите во Европскиот парламент. И во Грција сѐ почесто се слуша за неопходноста од предвремени парламентарни избори. Претседателските избори во Македонија треба да се одржат во април/мај догодина.

Македонија | пред 7 години

7 год.
putin-620x350

Путин во нов календар за 2019

На интерент се појави календар за 2019 година на кој стојат најпознатите фотографии од Владимир Путин.Путин во календарот си игра со тигар, пука со пиштол, лови риба, јава коњ и вежба.На една од фотографиите тој е облечен во војничка униформа со крзнени детали, позади него се гледа пушката која тој ја носи на својот грб.Како што известуваат од „The Sun“, се уште не е познато дали станува збор за календар кој го одобрил Кремљ.Календарот веќе е пуштен во продажба, а мислењата на жителите на Москва се поделени.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денес сончево, од недела промена на времето

Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 27 степени.Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од 8 до 25 степени.Според УХМР, следните денови ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време со температури околу просекот за овој период од годината. Во недела попладне и во понеделник е можна појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања