7 год.
Нема фотографија

Крвав инцидент во Скопје: Пукале во момче додека возело автомобил

Ноќеска во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје било донесено 22-годишно момче од с. Љуботен, Скопско, со повредa од огнено оружје.„Додека Ј.Б. со возило „мерцедес“ се движел по улицата Алија Авдовиќ, од страна на непознати лица било пукано кон возилото, при што тој добил прострелна рана во пределот на градниот кош“, соопшти МВР.Повредениот со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42528638_2159192220965800_8350112581788106752_n

Скопјанка претепана од свршеникот

Со тешки телесни повреди вчера во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ била донесена скопјанката С.П., која била физички нападната од својот свршеник С.Ф., соопшти МВР.„Истиот ден, околу 11 часот, С.П. отишла во домот на својот свршеник по што настанала расправија и тој физички ја нападнал. Околу 18.40 часот таа со такси-возило заминала во Градската општа болница ‘Свети Наум Охридски’, каде што од страна на лекар ѝ била констатирана тешка телесна повреда и била задржана на понатамошно лекување“, се наведува во соопштението на МВР.Се преземаaт мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42489749_936693473203550_6309795025022615552_n

Ветерот искорна бандери во Скопје

Скопскиот регион во текот на денешниот ден беше зафатен од силен ветер кој достигнуваше брзина и до 95 километри на час и истиот предизвика штети. Ветрот откорна бандера со кабли за електрично напојување во Лисиче. Очевидците велат дека за среќа, во тој момент, немало минувачи ниту автомобили.Бандерата не паднала целосно поради затегнатите жици, но жителите велат дека можело да биде трагично, бидејќи улицата била фреквентна.Попладнево, ветерот со голема брзина допридонесе и за енормно загадување на Скопје, на што реагираат жителите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dimitrov-1

Ако граѓаните бојкотираат, Собранието ќе одлучи за промена на името, најави Димитров

Ако мнозинството граѓани на референдумот се изјаснат за договорот со Грција и влез во ЕУ и НАТО а притоа  го нема потебниот цензус тоа ќе биде земено предвид и процедурата ќе се врати во законодавниот дом.Доколку пак има само еден глас повеќе кој е против референдумското прашање тогаш процедурата завршува. Ова се пораките кои ги испрати од прес-конференцијата министрерот за надворешни работи Димитров на која јавно пред медиумите ги објаснуваше членовите од договорот  за кои се крена фама во јавноста.Димитров порача дека со седење дома не се донесува одлука и дека одлучуваат само оние кои ќе излезат да гласаат.„Ние ќе се поклониме и ќе кажеме 'Оваа работа не поминува'. Само тие што гласаат може да влијаат на таа одлука. Ако мнозинството каже, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено в предвид, но ситуацијата ќе се врати во Собранието“, изјави Димитров. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Крави се шетаат по автопатот Пријателство

На стариот автопат, со ново име, освен автомобили, има и крави. На потегот од првата патарина во правец Скопје до Интернационалниот аеродром-Скопје денес крава пасеше на третата лента. Со ова, се отвора прсшањето дали е безбеден сообраќајот на автопатот “Пријателство”.Исто така, возачите се жалат на крпениот пат и многуте дупки. Тие прашуваат дали кога веќе плаќаат патарини, надлежните ќе го санираат асфалтот на автопатот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Автобусите на ЈСП палат само на туркање

Старите автобуси на ЈСП кои возат низ Скопје, се почесто со технички проблеми. Претпријатието поради недоволен број на возила ги пушта старите автобуси да превезуваат граѓани. Пред еден месец од сообраќај беа исклучени десетина автобуси од страна на МВР бидејќи биле технички неисправни.Од ЈСП тврдат дека автобусите се безбедни за превоз на патници. Но, според фотографијата, тие не можат ниту да тргнат, па патници морале да помогнат за да стартува автобусот.Техничкиот директор, Васил Толевски, вели дека поплаките од граѓаните се за удобноста на новите автобуси кои се набавени пред пред 8 години.Васил Толевски вели дека во моментов ЈСП прави напор за набавка на автобуси кои ќе возат со природен гас. Во тој момент од функција ќе бидат исфрлени старите автобуси, а очекувањата се дека тоа ќе се случи идното лето.

Скопје | пред 7 години

7 год.
lo

Џеј Ло падна среде концерт

Џенифер Лопез минатиот викенд одржа концерт во Лас Вегас и освен на нејзините песни и танцување, обожавателите ќе се сеќаваат на овој настап поради уште една работа.Имено, додека ја изведуваше песната Dance Again, пејачката одеше по работ на сцената подавајќи им ги рацете на одушевените обожаватели, но во еден момент таа очигледно се наведна премногу и ја изгуби рамнотежата и падна на задникот. И тоа една минута пред да ја изведе песната On The Floor.Иако пејачката побргу стана отколку што падна, камерите успеаја да снимаат сè, па Џеј Ло набргу стана заразен хит.Пејачката се чини веднаш заборави на незгодата и по настапот продолжи да се дружи зад сцената со Џесика Алба, Софија Вергара, Дуо Липа и многубројни познати личности.

Магазин | пред 7 години

7 год.
drama

Драма во кафана во скопско

На 24.09.2018 година во 00,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во скопското село Кучково во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу повеќе лица.Имено, на една од масите во објектот лицата кои седеле, започнале да кршат чаши и шишиња и на вработените им кажале дека ќе ја подмират штетата што ќе ја направеле. На тоа реагирал сопственикот А.Т.(25) од Скопје кој им кажал дека работното време завршува за 20 минути и дека треба да ја подмират сметката и да го напуштат објектот.Тогаш лицата започнале најпрво со чаши и пепелници да фрлаат кон А.Т. а потоа и физички го нападнале.Потоа дошле В.М.(21), М.К.(20), П.М.(29) и В.А.(26) сите од Скопје, но веднаш лицата започнале и кон нив да фрлаат шишиња и други предмети, а потоа и физички ги нападнале, по што го напуштиле местото на настанот. Нападнатите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.По преземени мерки и активности, околу 02,15 часот пронајдени и приведени во Полициската станица Ѓорче Петров биле лицата: М.М.(26) од с.Кисела Јабука, Д.Б.(22) од с.Волково, И.Ј.(41), С.К.(30) М.З.(34) и Н.С.(20) сите од с.Кисела Јабука. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Оркански удари на ветрот во Сплит корнат дрва

Изненадувачки силна бура дува денеска на широкотo подрачје на Сплит, каде орканските удари на ветрот достигнуваат брзина од 122 километри на час. Во Подвелебитскиот канал брзината на ветровите е 150 километри на час, соопшти хидрометеоролошката станица Марјан.Бурата крши гранки и корне од корен цели стебла.Урнати стебла има во Каштел Сучурац, на Марај, а поради бурата откорнат е кров на автобуска станица.Поради орканските удари на ветрот и грмотевиците проблеми има и во воздушниот сообраќај.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Почнува постапката за изградба на тунелите под Кале

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција со видеопрезентација го најави почетокот на постапката за проектирање на капиталниот градежен зафат „Тунелите под Кале".Целта на Град Скопје со овој проект е да го поврзе булеварот „Св. Климент Охридски“ со Пластичарска улица во Чаир. Булеварот ќе биде издигнат на височина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри и ќе има четири сообраќајни ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри се до влезот во тунелот под Калето, рече Шилегов.Нагласи дека Скопје првпат ќе добие тунел долг 250 метри, а широк 20 метри. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри над Пластичарската улица.Со овој проект Град Скопје го оформува вториот сообраќаен прстен во метрополата. Тоа ќе овозможи брз влез и излез на возилата од центарот и од северната страна на градот. Рутата ќе ја користат и автобусите на јавниот превоз.„Со подземни тунели под Кале и нов мост преку Вардар ги спојуваме двете страни на Скопје. Голем дел од планираните транзитни и градски магистрали во градот не се реализирани, што претставува сериозна тешкотија за нормално одвивање на сообраќајот. Продолжувањето на булеварот „Св. Климент Охридски“, со мост над реката Вардар, со тунел под Скопското кале и поврзување со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) ќе ја зголеми мобилноста и протокот на возила и ќе има позитивни еколошки ефекти од намалената емисија на гасови и бучава“, рече Шилегов.Според одредени анализи, секојдневно на мостот „Гоце Делчев“ транзитираат од 80 до 90 илјади возила. Со ова решение ќе се растовари сообраќајот во западниот дел од градското подрачје. Оската југ-запад ќе стане пофункционална, а се очекува голем дел од возилата кои транзитираат кон северните делови на градот да се движат по новоизградената сообраќајница.Шилегов објасни дека постои можност за изведба на сообраќајницата во фази. Прва фаза - булевар „Св. Климент Охридски“ од пред крстосницата со булеварот „Илинден“ со изградба на мост и вијадукт до тунелот, втора фаза -  тунелот како посебен и трета фаза - булеварот „Св. Климент Охридски“ и крстосницата со булеварот „Никола Карев“.„Со проектот „Тунели под Кале“ ставаме крај на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Го растоваруваме сообраќајот на Бит-Пазар, Цветан Димов и на мостот „Гоце Делчев“. До саканата дестинација ќе се пристигнува за најмалку пет до 20 минути побрзо за разлика од сега. Тоа придонесува за заштеда на време и на гориво, а намалениот обем на сообраќај значи и почист воздух во Скопје“, нагласи градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ветерот го загади воздухот во Центар

Загадувањето на воздухот значително се искачи по ветерот што го зафати Скопје. Највпечатлива промена во воздухот има во центарот на Скопје.Овие податоци се според апликацијата МојВоздух.мкВетер со брзина над 95 километри на час го зафати скопскиот, но и источниот дел од земјава.Од УХМР информираат дека силен ветер од северен правец ќе дува до крајот на денот. На моменти ќе надмине и над 95 километри на час.Ветерот ќе продолжи да дува и во текот на утрешнит ден, но со посмален интензитет.Врнежи од дожд, како што информираат од УХМР, нема да има.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kucinja-bezdomnici

Партијата на Лилјана Поповска бара сопствениците на миленици да плаќаат надоместок

Според ДОМ, проблемот со бездомните кучиња во Скопје не може да го реши само градската управа.„По јавно искажаните заложби на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за решавање на проблемите со бездомните кучиња, ДОМ му дава поддршка со неколку конкретни сугестии. Тие се базираат на консултации со стручни лица и претставници од граѓански асоцијации за заштита на животни, посебно со „Анима мунди“, со кои имаме соработувано и на законската регулатива.Прво, ова не е проблем само на Скопје и не може да го реши сама градската управа. Бездомните кучиња може да се решат само со интерсекторска соработка на Град Скопје, ЈП „Комунална хигиена“, ЗЕЛС, Агенцијата за храна и ветеринарство, Ветеринарната комора, Кинолошкиот сојуз и организациите за заштита на животните. Сите заедно, треба да изградат одржлива политика за справување со бездомните кучиња“, велат од партијата.Според ДОМ, Законот за благосостојба на животните не се спроведува во целост, а некои одредби треба да се преиспитаат низ јавна расправа и можеби да се променат.„Мора да дојдеме до одговорно сопствеништво на миленици, со ограничување на неконтролираното размножување и со следење на патот на новородените единки. Ако се знае дека една единка двапати годишно може да продуцира 6-10 кученца, не треба да чуди огромната бројка од 6 до 8.000 бездомни кучиња само на скопските улици. Не постои стационар што може да ги згрижи. Се разбира, во секој момент ја имаме на ум обврската за хуман третман и стерилизација. Трето, оние сопственици што сакаат да имаат домашно милениче и да го размножуваат, треба да се регистрираат како одгледувачи, со плаќање соодветен надоместок. Со оглед на веќе драматичните димензии на проблемот, треба да се размисли можеби и за привремен мораториум за купување кучиња и понуда на оние што немаат дом“, предлага ДОМ.Според партијата, моделот што ќе се избере треба да добие соодветна ставка и во државниот буџет и во локалните буџети. „Сè на сè, ќе бидат потребни најмалку пет години за да се реши овој проблем, но треба да се почне веднаш. Постојат многу успешни модели во Германија, Данска, Шведска, Словенија и во други земји, кои може да послужат како патоказ“, велат од ДОМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Криминалот во Куманово зголемен за 20 проценти?

На денешната седница на Советот на Општина Куманово како прва точка се разгледа извештајот за работата на полициската станица во надлежност на Куманово. Во овој извештај видовме фрапантен податок дека во последните 6 месеци криминалитетот во општина Куманово е зголемен дури 20 отсто. Оваа особеност се однесува на делот економски криминал, каде што зголемувањето е 170 отсто, и на делот недозволена трговија, каде што зголемувањето е 75 отсто, изјави Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Затоа, како советничка група на коалицијата ‘За подобра Македонија’ го повикуваме ресорниот министер да обрне малку повеќе внимание за својот роден град и да си ја врши својата работа како што треба за неговите сограѓани да бидат задоволни од работата на полициската станица, а со тоа сигурноста на граѓаните во Куманово ќе се зголеми бидејќи моментно не е баш така“ додаде тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Јанакиески: Нашите како војска уште од сабајле гласаат

Во повеќе од 70 „бомби“ на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се слушнаа раговори за активностите за кампањата за изборите од 2012 година кои ги превземала тогашната партија на власт, а се со цел, како што се слушна, да добијат убедлива победа на изборите.Во еден од разговорите се слуша како Јанакиески говори за носење на автобуси од Италија полни со луѓе за кои калкулираа дека може да донесат околу 300 гласачи во шест автобуси. Јанакиески на соговорник кого го ословува со „куме“ му рече дека на денот на изборите „нивните“ гласаат како војска уште од сабајле.Во една од „бомбите“ поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со соговорник договара поставување на билборди во Кавадарци и Прилеп, додека во друга, пак поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска прашува кога Коце Трајановски ќе го пушти патот во населбата Камник за да биде погоден тајмингот. Таа прашува соговорник како стојат во Куманово, а тој и вели дека таму е многу тешко. Јанкулоска во разговорот констатира дека со нивните е потешко да се соработува отколку со другите. Поранешната прва полицајка на соговорникот му бара список со фирми кои, како што рече, се запоседнати од Бајруш.Поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и Миле Јанакиески на денот на изборите бараат помош од еден соговорник да им заврши работа во ромското маало во Струмица додека друг, пак, му се жали на Миле дека му дошла финансиска полиција. Јанакиески дава насока да се јават кај Сеат Кочан да му даде неколку фактури за да ја средат работата со финансиите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мажите завршуваат на Токсикологија бидејќи чистеле по дома

Секој ден по едно лице завршува на токсикологија поради мешање на солна киселина и варикина додека чистеле по дома. Од клиниката алармираат дека бројот на пациенти кои што вдишиле отровни гасови последната година драстично е зголемен.Речиси стана секојдневие, нема дежурство а да не дојдат 1-2 домакинки или домакини како резултат на вдишување на пареа од корозивни средства. Најчесто во домакинството се користат солна киселина и варикина и нашите домаќинки мислат дека ќе постигнат поголем ефект ако ги помешаат овие 2 супстанци. За жал при ова се формира хемиска реакција, при што се ослободуваат страшно иритативни дури и отровни гасови кои предизвикуваат проблеми, изјави д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија.Вдишувањето на опасната хемиска реакција според токсиколозите предизвикува компликации на целиот респираторен систем, а посебно на белите дробови. Ако порано помош од лекарите поради нарушено здравје од корозивните средства за чистење барале само жени, сега тоа го прават и се повеќе мажи.Возраста е различна и во последните години нема само жени како што беше порано карактеристично, се повеќе и мажи завршуваат после чистење на санитарии, итн.додаде д-р Беќаровски.Годишно на токсикологија завршуваат и стотина пациенти кои со намера да се отрујат испиле солна киселина или друго средство за чистење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Министеството за правда нема надлежност да разрешува судии

Министеството за правда ниту има надлежност, ниту може да се меша во изборот и разрешувањето на судии, рече министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање во врска со посочените четворица судии во Посебниот извештај на СЈО.- Надлежност на Министерството за правда е да создава критериуми за избор и разрешување на судии. Ние очекуваме, како што очекуваат и сите граѓани Судскиот совет да си ја врши професионално работата и дека ќе ги земе предвид сите укажувања, сите факти и докази што ги даваат релевантни институции во Република Македонија, рече Дескоска пред денешната дебата за Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.Таа посочи дека во моментов се работи на последниот пакет измени на Законот за судови и Законот за судски совет што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, па повторно и во Парламентот, а ќе биде разгледуван во Советот за реформи во правосудството.Специјалното јавно обвинителство во последниот Посебен извештај објави дека поранешната претседателка, а сега член на Судскиот совет, Александра Зафировска, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, судијката во Вишиот управен суд, Светлана Костова и судијката од скопскиот Кривичен суд, Софија Лаличиќ постапувале несоодветно по директни политички нарачки, што е утврдено врз основа на прислушуваните разговори и смс-комуникаците што ги поседува Обвинителството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-ohrid-rez

ВИДЕО: Мицкоски се расплака на сред митинг

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски видно возбуден и со насолзени очи, стоеше на чело на протестниот марш кој вчера се одржа во Охрид. На видео материјалот кој го сними „Скопје 1“ јасно се гледа дека лидерот на опозицијата тешко ги контролира емоциите.[embed]„Ова го доживувам како моја историска улога за која живеам. Јас бев доброволец во Македонската гарда, направив сè сам во животот за моите деца да може да растат во пристојни услови како би можел јас втората половина од мојот живот да ја посветам на татковината“ изјави Христијан Мицкоски за „Скопје 1“, запрашан дали бил понесен од чувства и емоции на маршот во Охрид.Насолзени очи, стегнати тупаници и говор на тело кој открива дека тој доживува бура од чувства и силни емоции можеа да се видат на него, пред да се качи на говорницата и пред да почне да зборува пред неговите поддржувачи. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
dimitrov-1

Димитров: Во Преамбулата ништо нема да се брише

Уставните амнадмани не се напишани ниту се преговарани. Нив ќе ги формулира Собранието на Република Македонија со големо двотертинско мнозинство, со јавна дебата, со расправа по комисии. Тоа е процес со цврсти рокови утврдени во деловникот на Собранието, рече шефот на дипломатијата Никола Димитров на прес-конференцијата во Владата за појаснување на сите аспекти од Договорот со Грција.Тој ги појасни поентите на четирите уставни амндмани.– Првиот се однесува на географската одредница северна кон името Македонија. Втортиот се однесува да не ги чепкаме границите, уште поголем чекор од немање територијални претенции што е дел од спогодбата. Ниту Грција кон нас има територијални претензии ниту ние кон нив. Грижата за припадниците на македонското малцинство во соседните земји ќе се прошири на грижа за правата на целата дијаспора на РМ во целиот свет. И конечно во делот на преамбулата нема да се чепка ништо во делот на државно-правниот наратив кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до референдумот за независност од 1991 година, туку ќе ги конкретизира, поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ. Тоа се поентите. Формулациите не постојат ниту се преговарани, бидејќи тоа е наша работа, на Собраниоето – рече Димитров.Одговарајќи на новинарско прашања во врска со амандманите тој уште еднаш подвлече дека тоа е работа и задача на Собранието, кое го отвара процесот со минимум 80 пратеници, а текстот се гласа со помало мнозинство.Прашан дали може да се обезбеди мнозинство за уставните амандмани и кога тој процес треба да заврши шефот на дипломатијата рече дека тоа зависи од граѓаните.– Сите велат клучот е кај граѓаните. Ние сме вака во чекалната со години. За НАТО сме од 2008, иако тој пат го одиме од 93-та веќе 25 години. Кандидати сме за членство во ЕУ од 2005 година. Еве ја вратата еве го клучот. На 30 септември шест дена од денеска сите заедно треба да решиме, не како партии, не како Влада, не како опозиција, сите заедно граѓанството, македонскиот народ, деловите од други народи што живеат со нас – ќе го употребиме тој клуч или не. Колку повеќе луѓе ќе речат да, сакаме да одиме напред, сакаме да влеземе во НАТО, тоа ќе ни донесе стабилност, ќе ја завери нашата државност, ќе созаде подобри услови за успешна Македонија, толку полесен ќе биде политичкиот процес во Собранието, каде што ќе треба да се формира мнозинство од 80 пратеници – рече Димитров.Тој додаде дека власта работи на тоа тој процес со такво мнзоинство за четирите уставни амандмани да заврши до крајот на оваа календарска година, односно заклучно со крајот на декември.Појаснувајќи го прашањето во врска со идентитетскиот концепт од членот 7, Димитров рече дека тој содржи разлики во однос на припадноста и на културното наследство при употребата на терминот Македонец.– Кога Грк во Солун или во Атина ќе каже ама и ние сме Македонци, мислат на друг концепт. Тоа го кажува членот 7. Кога ние ќе кажеме „јас сум Македонец“ мислиме на нашиот државно-правен и историски наратив. Тоа е наратив кој што почива на два столба и кој е резултат на еден цел историски процес. Клучните во нашиот се 1903, 1944 и 1991 година. Се разбита дека тоа е процес што почнал многу порано. Никој не може нас во 21 век да ни спори право на самоопределување или самоидентификација – рече министерот Димитров.Тој нагласи и дека во договорот нема ниту еднаш придавка северномакедонска, северномакедонски, туку има само македонско.– Дистинкцијата меѓу нашата и нивната Македонија е со географската одредница северна. Таа географска одредница не може нас да не смени кои сме. Тоа го кажува членот 7. Ќе има работа бидејќи договорот е текст. Ќе треба да се реагира, ќе има грешки како што имаше грешки и досега. Факт е дека со ова ние растеме, расте и Грцијам- рече министерот за надворешни работиДимитров меѓу другото појасни во однос на референдумот дека не е правен услов во договорот. Во него се споменува референдум, а тој е, вели, политичка заложба и ветување и на СДСМ во изборната програма и на ВМРО-ДПМНЕ од 2005.– Во последната програма на ВМРО-ДПМНЕ со која излегоа на изборите во 2016 -та не постои цензус. Таму вели ако има договор на маса ќе ги прашаме граѓаните и ако мнозинството кажат „да“ ќе го потврдиме тој договор. Во програмата на опозицијата 27 години немаме договор. Прв пат имаме на маса, заштитуваме тоа што е најважно – кои сме. Тие од 2005 викаат референдум, дојдовме до тој ден. Референдумот ни е за шест дена и гледајте ни ја ситуацијата. Време е за ова прашање да се обединиме – нагласи Димитров. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ штетните политики ги правдаат со заложби за ЕУ и НАТО

Повеќе од година ипол откако СДСМ е на власт, државата не само што не тргна кон подобро, туку ситуацијата дополнително се влоши, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.„На власт се политичари и нивни ученици, кои во 90 – тите не убедуваа дека само да ја прифатиме привремената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, па да го смениме знамето, па Уставот, па да го прифатиме Рамковниот, па територијалната поделба, се прифативме и не само што не тргна на подобро, туку е полошо. Животите на генерации Mакедонци од 91 – та до денес поминаа во тага, безнадежност и безперспективност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозицијата во своето соопштение додаваат и дека СДСМ е партијата која сега не убедува дека ќе ни биде подобро, иако вршиме промена на името, идентитетот, историјата и културата на нацијата, нешто што е вековно обележје на суштествувањето на еден народ.„И додека штетните политики ги правдаат со декларативните заложби за ЕУ и НАТО интеграцијата на земјата, во реалноста прават невиден криминал, се делат милионски тендери на партиски луѓе, ќерка директор дава тендер на татко бизнисмен и што ли уште не. Народот пати и не гледа како со ваков криминал државата може воопшто да функционира, а не пак да влезе во ЕУ“, се наведува во партиското соопштение.Овој договор, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ е штетен и партијата нема да го поддржи. ВМРО-ДПМНЕ има демократски став, кој остава на граѓаните сами да одлучат како ќе постапат на референдумот. Граѓаните треба да имаат услови за непречено дејствување согласно нивната волја и убедување, се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

СДСМ: Иванов е срам за демократијата

Во клучната недела за иднината на државата и нејзините граѓани, Ѓорге Иванов одлучи да не ја напушта својата идеја за изолација на Македонија. Тој е срам за демократијата, реагира СДСМ на изјавата на Иванов во Детроит дека актуелната Влада нема мандат од гласачите за промена на идентитетот, за откажување од дијаспората, за губење на историјата и паметењето.„Очигледно е дека Иванов е навикнат да им предизвикува проблеми на сопствените граѓани, дури и на оние кои го гласаа. Последниот остаток од криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов е противник на демократијата, бидејќи ја спори најважната демократска алатка – гласањето. А, токму преку гласање и избори, Иванов стана претседател. Ставот на Иванов е срамно бегство од одговорност. За среќа на граѓаните, Иванов не е тој кој одлучува за иднината. Иванов е премал и премалку важен, граѓаните и нивната волја се тие кои се големината на Македонија, тие ќе ја донесат одлуката“, велат од СДСМ.Иванов, додаваат од партијата, останува сам, заробен во сопствената идеја за изолација.„Иванов, за жал, останува да биде лице кое сее омраза и кое ги дели граѓаните, претседател кој оди спротивно на волјата на граѓаните, претседател кој избран преку гласање, а денес има проблем со гласањето. Иванов е срам за демократијата“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања