7 год.
ljubco_georgievski

Георгиевски се пофали дека ќе гласал на референдумот

Меѓународната заедница тотално ќе се олади, ние ќе останеме со референцата ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија), лично не верувам дека во иднина ќе има храбри македонски политичари кои ќе влезат во ваква битка и затоа сметам дека ова е шансата што треба да се искористи, изјави поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) во пресрет на закажаниот рефендум на 30 септември.Георгиевски на претстојното изјаснување гледа како на натпартиско прашање, пристап како што смета дека треба да имаат и останатите фактори во македонската политичка сцена. Во разговорот за РСЕ, меѓудругото, истакна дека ќе излезе на референдумот во недела со надеж дека иницијативата нема да пропадне.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Анѓушев и Димитров: Да ја завериме независноста на Македонија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров велат дека референдумот е надпартиски и е поголем од кариерите на сите политичари.„На 30 ти септември силно ќе светне ден. Народот зборува преку гласање и затоа народот го прашуваме. Бегање од референдум е бегање од гласот на народот. Наша е оваа држава. Ова е завет за нашата генерација и имаме задача и должност да ја завериме независноста на Македонија.” - рече Димитров.Анѓушев од родниот Велес порача дека гласот „За“ на 30 септември е глас за економски стабилна држава.„Бугарија која беше земја во развој на пониско економско ниво од Македонија го препозна моментот и влезе во Европска Унија пред нас. И додека таму растеа платите, растеше цената на метар квадратен, а ние што правевме - влеговме во политички превирања и дебати”, рече Анѓушев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
siriza

Нападнат пратеник на Сириза

Пратеникот на грчката владејачка партија Сириза Петрос Константинеас бил нападнат и одведен во болница поради повреди кои, како што изјави негов близок соработник, не биле опасни.Според него, околу 30 луѓе го нападнале Константинеас додека со синот го напуштал стадионот во југозападниот град Каламати каде што бил на фудбалски натпревар. Грчкиот министер за европски прашања Јоргос Катругалос изјави дека напаѓачите биле припадници на екстремната десница. Полицијата соопшти дека привела петмина осомничени. 40 годишниот Константинеас е пекар и некогашен фудаблски судија. Избран е во парламентот во 2015 година. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Sequence-01.Still004

Пратениците Арнаудов и Василески под истрага за закани кон обвинителката Ленче Ристоска

 Пратениците од Охрид Сашо Василевски Василевски и Љубен Арнаудов и Гоце Недески, поранешен началник на СВР Охрид се под истрага од Обвинителството за организиран криминал за закани кон обвинители на СЈО, кон сведоци за да не сведочат против Никола Груевски и раководството и за спречување на истрагата за „Талир“.Ленче Ристоска за „Скопје 1“ потврди дека и во СЈО имаат сознанија дека се води постапка против пратениците, но нагласи дека во овој момент не може ништо да коментира за да не наштети на процесот.„ Имаме сознанија дека се води постапка против споменатите, но не можам во овој момент ништо да коментирам. Постои и тајност на постапката, и случајот во јавност може да го коментираат само од Обвинителството “ изјави  Ристоска за „Скопје 1“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Најсексипилната Албанка „на кафе“ без градник

Британската пеачка Рита Ора, по потекло од Косово, често не изненадува со провокативен стајлинг.Ова и е најразголено издание...

Магазин | пред 7 години

7 год.
05-plastika-1

8 тони отпад исчистен од населба во Кисела Вода

Општина Кисела Вода спроведе акција за чистење на отпадот во населбата 11 Октомври. Со оваа акција беа исчистени околу 8 тони на отпад. Се чистеше отпадот од тротоарите, улиците, се кастреа исушените грмушки и гранки, а исто така се собираше и кабаст отпад.Вакви акции во изминатиот период беа спроведени во Пржино, Црниче, населба и село Драчево, а ќе продолжат да се одвиваат во четврток и петок во населбите Бирарија и Цветан Димов.Општината апелира да се почитува законот за јавна чистота, а отпадоците да се фрлаат во поставените корпи и контејнери за отпадоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Објавена фотографија од површината на астероидот

Јапонската агенција за аерокосмички истражувања ја објави првата фотографија од површината на астероидот, наречен Руг.Фотографијата е добиена откако два ровери, лансирани од сондата „Хајабус 2“, го извршиле првото успешно слетување на површината на астероидот во историјата, од каде успеале да испратат фотографија.Роверите се одвоиле од сондата на 21 септември. Како што се наведува на сајтот на агенцијата, апаратите се наоѓаат во исправна состојба. Притоа, еден од роверите продолжи да се движи по површината на астероидот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Жителите на швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија против бурката

  Речиси две третини од граѓаните кои вчера излегоа на референдум во швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија за забрана на носење на бурка на јавно место.Тоа е втор швајцарски кантон кој се изјаснува за забрана на бурката. Пред три години граѓаните се изјаснија за забрана на бурката во соседниот кантон Тицин.За прашањето за носење на бурка следната година граѓаните на Швајцарија ќе се изјаснат на национално ниво.Носењето бурка на јавни места веќе е забрането во Франција и во Данска.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пекинг воведе дополнителни царини за американски стоки

Од денеска стапуваат во сила новите царини во вредност од 60 милијарди долари кои Кина ги воведе за увозни стоки од САД.Царините од пет до 10 отсто опфаќаат вкупно 5.207 американски производи.Мерката е одговор на новите увозни давачки од 10 отсто за кинеска стока, вкупно 200 милијарди долари, кои американската администрација ги објави минатата недела. Овие царини постепено ќе достигнат 25 проценти до крајот на годината. Американските царини исто така денеска стапуваат во сила.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија во четврток го почнува скрининг процесот за преговорите со ЕУ

Македонија в четврток го започнува скрининг процесот за пристапување во Европската унија.Во Европската комисија во Брисел в четврток заминува 40 члена делегација составена од претставници на повеќе министерства и институции, предводена од вицепремиерот Бујар Османи, која ќе го започне скринингот за поглавјето 23 - правосудство и фундаментални права. Во делегацијата ќе биде и министерката за правда Рената Дескоска.Вицепремиерот Османи вчера на прес-конференција рече дека почетокот на т.н. објаснувачки скрининг е пресвртната точка со која Македонија и формално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ. Отворањето на првото од 33 поглавја од првата фаза значи дека ќе има 33 посети на Брисел или над 1.000 луѓе кои ќе земат учество во овој објаснувачки скрининг. Потоа ќе се подготвува втората фаза или т.н билатерален скрининг што ќе биде уште покомплексен и пообемен.Процесот се очекува да заврши до јуни 2019 година по што треба да започнат и преговорите за членство во ЕУ.Со цел да можат да се вклучат сите кои сакаат и можат да помогнат во скринингот и преговарачкиот процес, Владата распиша оглас за создавање Регистар на надворешни експерти. До 10 октомври заинтересираните треба да достават работна биографија и мотивациско писмо со наведено поглавје или подтема за која има експертиза.Администрацијата и институциите ќе бидат носители на овој процес, но неопходно е активно учество и вклучување на сите чинители на општеството и мобилизација на сите човечки ресурси со кои располага државата.Советникот за евроинтеграциите Бојан Маричиќ кој е и главен технички преговарач вели дека целта е создавање база на експерти од едно или повеќе поглавја во правото на ЕУ за ангажирање на краток или долг рок, во текот на целиот процес. Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство со земјата-кандидат. Како процес, тој има за цел, од една страна - да ги запознае земјите кандидати со правото на ЕУ и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјата- кандидат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Заев не работи 24/7 како Груевски

Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи се пофали дека слободното време го минува со семејството, но не дома, туку со четирицикл на Беласица. Освен Заев, ваков мотор има и неговиот син Душко.Минтата недела, Заев во изјава рече дека дневно одговара на 2000-3000 пораки дневно, што значи дека во просек премиерот времето го минува само за пишување по социјалните мрежи.Неговиот претходник, Никола Груевски, за време на неговото владеење постојано велеше дека работи 24/7, со што се отвора прашањето, кои се приоритетите на новиот премиер и дали ги следи стапките на неговиот ексколега.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Untitled-Copy-1316

ВИДЕО: Снимки од атентатот на Глигоров и несреќата на Трајковски во реклами за референдумот

Видео-спотовите платени од Собранието за референдумот на 30-септември имаат инсерти од авионската несреќа на експретседател на државата Борис Трајковски и атентатот на експретседателот Киро Глигоров. Спотовите кои се дел од кампањата на Собранието и Владата, всушност имаат за цел да ги убедат граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат.Најголем дел од коментарите на видеото се полни со прашања за поврзаноста на проблемот со името и настаните прикажани на видеото.Идејата е да се прикаже како Македонија созревала од независноста до сега.[embed]https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/568885503524249/?t=0[/embed]

Македонија | пред 7 години

7 год.
Liderska-sredba-za-imeto

(ФОТО) Доверливи транскрипти од преговорите за името и референдумот

На социјалните мрежи веќе неколку часа кружат документи означени како строго доверливи поврзани со преговорите за името и референдумот. За истите се тврди дека се оригинал, а се транскрипти од лидерските средби на четирите најголеми порлитички партии.Според истите, Христијан Мицкоски прифаќа референдум за името „Република Илинденска Македонија“, а пак Али Ахмети е скептик дека договорот ќе помине ако има референдум во Грција.Лидерот на опозицијата Мицкоски според транскриптите вели „Доколку референдум се одржи на есен, тогаш нема да дозволат да станеме членка во НАТО“, на што министерот за надворешни работи Никола Димитров реплицира „Веднаш по ратификацијата упатуваат писмо до НАТО и бараат да се прати покана.На социјалните мрежи се објавени страна бр. 1, 12 и 16, од вкупно 28.Досега, за објавените документи нема реакција од ниту една владина институција. За истите, сеуште не се знае дали се оригинал или станува збор за лажни транскрипти.

Македонија | пред 7 години

7 год.
wWT4c-shekerinska-kampanja-karposh

Шекеринска: Ако ја пропуштиме оваа шанса, во следниот договор нема да има Македонци и македонски јазик

Владата се обврза дека ќе одработи покана за членство во НАТО, датум за почеток на преговори со ЕУ и дека граѓаните ќе можат да се изјаснат на референдум за својата иднина – сето тоа го обезбедивме, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во рамките на нејзината средба со граѓаните од скопската општина Карпош. Таа рече дека Договорот со Грција го потврдува македонскиот јазик и идентитет, а, како што наведе, доказ за тоа е аплаузот кој премиерот го добил во Европскиот парламент бидејќи покажал дека може на својот македонски јазик да зборува европски.„Три децении плаќавме висока цена за едно нерешено прашање. Не сакавме да го префрлиме на нашите деца да го решаваат. Ако ја пропуштиме оваа шанса, во договорот кој ќе се постигне за 20 години нема да има Македонци и македонски јазик. Државнички и патриотски е да го зачуваме овој Договор во кој се погриживме македонскиот јазик и идентитет да бидат загарантирани“, рече Шекеринска.Таа зборуваше за придобивките од зачленувањето во ЕУ и НАТО.„Македонија има 2 милиони луѓе, но ако сме во сојуз со 500 милиони, појаки сме. Светот секојдневно ни дава поддршка, но одлуката на референдумот за својата земја ќе ја донесат оние кои ќе излезат да гласаат. Затоа ни треба масовност, затоа секој глас е важен. Да не се разбудиме на 1 октомври со чувство дека не сме успеале. Како што го добивме кандидатскиот статус во 2005, јас гарантирам дека по успешниот референдум ќе станеме членка на НАТО, а НАТО членството е клучниот чекор кој го забрзува патот кон членството во ЕУ“, рече министерката при посетата на Карпош.

Македонија | пред 7 години

7 год.
silegov

(ВИДЕО) Шилегов: Армијата во Аеродром реагираше по мое лично барање, тоа беше најбрзо решение

Луѓето кои живеат во зградата во Аеродром вчера неколку часови стоеја пред својот влез и беше потребна брза интервенција, при што Армијата на Република Македонија реагираше на мое лично барање и замолница, рече скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, на новинарско прашање зошто припадници на АРМ биле ангажирани во текот на вчерашната операција поради остар мирис во првиот влез од зградата на булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“.Скопскиот градоначалник појасни дека градот нема многу законски надлежности во такви процедури и рече дека во земјава има два система за утврдување на токсини во воздухот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Иран: Девет мажи обесени поради силување

Иранскиот весник „ Arman dejli" информирал дека мажите влегле во вила на една жена во јужната провинција Фарс и ја силувале.Мажите се обесени откако Врховниот суд на Иран повторно ја изнел пресудата донесена на почетокот на месецот, пренесе АП.Весникот цитира судски претставник од провинцијата кои истакнал дека жената го повлекла обвинението , но властите без разлика на тоа одлучиле да ја спроведат казната.Групите за правата на човекот тврдат дека Иран е една од водечките држави на светот кога станува збор спроведување на егзекуција , наведува АП.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Берлин: Татко го фрли својот 9 месечен син од седми кат, па скокна самиот

Полицијата во Берлин соопшти дека еден 23 годишен маж го убил деветмесечниот син фрлајќи го од седми кат пред и самиот да скокне.Според она што го велат надлежните „мажот имал психолошки проблеми“.Полицијата ја известиле минувачи кои го нашле телото на мажот и деветмесечното бебе касно синоќа во берлинскиот кварт Фридрихсфелде.Во моментите на трагедијата мајката не била присутна, а како што наведува АП сега на неа и укажуваат психолошка помош.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поставена новата гордост на „Борис Трајковски“: Амбициозниот семафор со желба да дојде на центар

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ го доби својот прв семафор составен од четири ЛЕД екрани поставени над теренот. Мултифункционалниот семафор треба да ја „покрие“ секоја трибина и да го збогати и модернизира ликот на најголемата спортска арена во Македонија.Најавен за почеток на сезоната новиот систем на ЛЕД екрани пристигна на почеток на септември, но проблемите околу неговата монтажа го одложија поставувањето за речиси еден месец. Главен проблем претставува статиката на салата, па затоа се уште семафорот не е монтиран на средина на ракометно игралиште.Преку соопштение до медиумите, од спортскиот центар на почетокот на викендов информираа дека сите формалности околу поставување на првиот семафор од ваков тип се завршени. Но проблемите се уште не се решени, бидејќи сегашното решение го смести семафорот над првата четвртина од игралиштето за ракомет, а најгорните редови од бочните трибини имаат проблем со прегледноста на екранот поради висината на која е поставен. Службите работат на проблемот и во скоро време треба да се најде трајно решение за положбата на семафорот.Само за потсетување ваков систем од ЛЕД екрани веќе има поставено во најмодерната спортска сала во Македонија, која е во склоп на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Семафорот поставен на центарот на теренот е поставен уште од самото отворање на новиот ракометен дом на Вардар пред четири години. 

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

И Бешикташ е пресилен за Металург, македонскиот тим реди порази

Металург нанижа уште еден пораз, овој пат во Лигата на шампионите во „Борис Трајковски“ загуби убедливо од Бешикташ со 30:22.Ништо ново од Металург, македонскиот тим забележа уште еден пораз, втор во Лигата на шампионите. И овој пат ракометарите на Брестовац играа само во првото полувреме, а во вториот дел се случи голем пад во кој го загубија мечот.Металург беше рамноправен противник во првиот дел иако Бешикташ најчесто водеше. Нашиот им имаше и предност од 12:11, но на полувремето се замина со предност на Турците од 14:13.Во второто полувреме се случи тотален распад, Металург правеше грешки, а Бешикташ ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со високи 30:22.Најефикасен во тимот на Металург беше Јагањац со седум голови, четири постигна Токиќ. Во тимот на Бешикташ три пати реализираше Прибак.Следниот меч на Ливерпул во Лигата на шампионите е против Татран Прешов во недела, повторно во Скопје.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Порше“ се откажува од дизел мотори

Како прв германски производител на автомобили, „Порше“ го напушта производството на возила со дизел мотор, беше соопштено денеска во Штутгарт.„За ‘Порше’, кој е познат како производител на спортски автомобили, дизел моторите отсекогаш играле споредна улога и затоа ние одлучивме дека во иднина повеќе нема да произведуваме автомобили со таков погон“, се наведува во соопштението од Управниот одбор на германскиот производител.Компанијата, која е дел од групацијата „Фолксваген“, објави дека во иднина ќе се фокусира на сегментот што е специјалност на „Порше“.„Ќе се работи на моќни бензински мотори, хибриди, а од следната година и на електрични автомобили“, изјави за весникот „Билд ам Сонтаг“ претседателот на Управниот одбор, Оливер Блуме.Тој појасни дека „Порше“ никогаш не развивал дизел мотори, но и покрај тоа производителот претрпел штети по скандалот предизвикан поради манипулирање со вредностите на издувните гасови.„Дизелската криза предизвика многу проблеми“, рече Блуме. Сите возачи на порше модели со дизел мотори можат да бидат мирни и не треба да се грижат бидејќи и натаму ќе се спроведува сервис за ваквите мотори, додаде тој.„Порше“ ја објави одлуката дека се откажува од дизел погонот истиот ден кога беше најавен и т.н. дизел самит во канцеларијата на Ангела Меркел, на кој политичарите и автомобилските компании треба да одлучат како да ја спречат забраната за дизел мотори во германските градови

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања