7 год.
Нема фотографија

Пуштени во продажба картите за концертот на Лени Кравиц

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, Лени Кравиц ќе го посети и Скопје на 3 мај во ВИП Арената.Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк, продажните места на Авалон, и во Југотон.Линк за online продажба - https://goo.gl/BkGBxv

Скопје | пред 7 години

7 год.
milenium-682x351

Битолската група “Милениум” се подготвуваат за престојната австралиска турнеја

Битолската група “Милениум” веќе е при крај со своите подготовки за престојната прва австралиска турнеја. При гостувањето на Влатко и Стевче , членови од групата во Ин продукција, истакнаа дека речиси е се спремно за нивно заминување и настап пред македонците во оваа земја.-Подготовките забрзано течат. Веќе се припрема репертоарот за таму. Во постојана комуникација сме со Ефто, затоа што ова е заедничка турнеја со Евто Пупиноски. Упатувам покана до нашинците во Австралија, да присуствуваат на нашите концерти затоа што ветуваме дека ќе бидат навистина добри, истакнува Влатко.Како што истакнуваат двајцата пред се на нивниот репертоар ќе се најде исклучиво македонската песна, но и она што ќе биде побарано од нив.-Репертоарот ќе биди македонска музика, од тие изворни македонски песни и ора, па се до она што сега е моментално ново, што се слуша.Разновиден ќе биде репертоарот , додава Стевче.Според планираното на почетокот ќе следува концертен дел каде ќе настапа со свои песни, а потоа ќе следат песни од богатата музичка ризница. Турнејата започнува од 2 октомври па ќе трае цел месец.

Магазин | пред 7 години

7 год.
spasovski

Спасовски - Институциите гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот

Правото на глас е неприкосновено и никој не смее да го загрози. Тајноста на гласот е гарантирана, а институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември, порача денескаминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Секој граѓанин, како што истакна во видео-обраќање Спасовски, треба да гласа по сопствено убедување и сопствена волја.„Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Македонија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните“, рече Спасовски.Тој најави дека ќе биде санкциониран секој обид за попречување на остварувањето право на глас.„Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на остварувањето на правото на глас ќе биде санкциониран“, наведе Спасовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
silegov-1

Мораме кучињата да ги враќаме на улица, вели Шилегов

Стационарот не е фарма за животни скитници каде што Градот може  да ги чува, откако ќе добијат третман, во рок од 30 дена  мора да ги вратиме од местото каде што се земени -вака градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се правдаше за долгогодишниот проблем со кучињата скитници. Како главни виновници ги посочи сопствениците кои поради негрижа ги оставаат своите миленици на улица, пишува 24 Вести.„Стационарот не е фарма за животни скитници каде што Градот може  да ги чува. Ние според комуналната програма, што во моментот ја имаме,  можеме кучињата-скитници да ги земеме, третираме и должни сме истите по рок од 30 дена да ги вратиме на местото каде што се заловени“, вели Петре Шилегов-градоначалник на Град СкопјеПовеќе од 11 илјади  чипови за домашните миленици веќе се доставени кај сопствениците, со цел полесно да се детектираа и да се спречи приливот на животните на улица-вели Шилегов. Сепак, се поголем е бројот на уличните кучиња кои шетаат низ скопските улици.„Околу 6 до 8 илјади кучиња – скитници има во Скопје. До триесети јуни се регистрирани нови 700 кучиња“, вели Петре Шилегов-градоначалник на Град СкопјеГраѓаните пак кои се жалат дека не се безбедни , со поделени мислења околу тоа како да се реши овој проблем. Сепак и едните и другите ги обвинуваат сопствениците, но и властите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Слабата точка на стратегијата на НАТО во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп дал дозвола за изградба на американска воена база во Полска.Полска дала големо значење на тој настан. Полскиот претседател Андреј Дуда дури и предложил именување на новата воена база во чест на Доналд Трамп. Меѓутоа, изградбата на воената база "Тврдина Трамп" ќе биде од големо значење, не само за Полска, туку за целиот свет.Полска е транзитна територија на војските на многу народи веќе со векови. Денес Полска повторно е на расед. Варшава е окружена со моќната и "агресивна" Руска Федерација, секогаш незадоволните Балтички држави, нестабилната и забрзано деградираната Украина, и Европа погодена од бегалци. Со американска воена база на својата територија, Полска ќе се чувствува помирно.Русија веќе со години го унапредува својот воен потенција кај Калининградскиот регион. Тој регион, кој е всушност енклава, е многу важен за Русија, а тоа НАТО не може да го сфати. Изгледа дека американската администрација одлучила да изгради воена база во Полска за да ја задржи Русија и да го зголеми своето воено присуство во Европа.

Свет | пред 7 години

7 год.
maz

Вооружен маж уапсен кај Бакингемската палата во Лондон

На влезот од Бакингемската палата наменет за посетители, денеска бил уапсен маж кој носел оружје, соопшти лондонската полиција.Човекот на возраст од 38 години, чиј идентитет не е откриен, бил уапсен под сомнение дека носел пиштол за електрошокови, објави агенцијата АП.Уапсениот се наоѓа на распит во полициска станица во Лондон, а засега не е обвинет.Осомничениот го уапсило обезбедувањето на палатата, по што и бил предаден на полицијатa.

Свет | пред 7 години

7 год.
mickoski1

Мицкоски: Никогаш нема да го прифатам преспанскиот договор

Договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли. Тој е против македонските национални интереси, против македонската држава. Тој е „диво месо“ вметнато во здрав организам што не гуши и допрва ќе не влече надолу ако не се спротиставиме, истакна лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето пред учесниците на протестниот марш што опозициската партија го организираше денеска во Охрид.Партискиот лидер пред симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ потсети на некои историски моменти, во кои меѓународната заедница ветувала подобра иднина за земјата преку прифаќање отстапки како привремената референца, менувањето на знамето, Уставот, Рамковниот договор, територијалната реорганизација.- Прифативме се што бараа од нас, и во 90-те, и во 2001 и во 2004. Сега да се одважиме, да го промениме пристапот и ова што денеска ни се нуди да не го прифаќаме, затоа што е против нашите интереси, против она што ни го оставија нашите предци. Затоа што тоа е договор за промена на нас самите, рече, меѓу другото, Мицкоски.Тој уште испрати предупредување до граѓаните на земјата дека доколку помине ова што сега се нуди, како што рече, „со прифатениот договор се губи националниот идентитет и воедно се дава сопирачка во рацете на Грција да го блокира европскиот пат на Македонија кога сака и како сака“.- И доколку ова помине, години потоа ќе дојде момент кога Грција повторно ќе поставува нови услови, а ние тогаш ќе бидеме со сменет идентитет, историја и образование. Ако со референдумот се даде зелено светло на договорот со Грција, практично се вклучува црвено светло за референдумот од 1991 година, рече Мицкоски притоа укажувајќи на нивната содржинска спротивност, дека првиот бил за создавање самостојна, независна, суверена Македонија, а овој за спротивното – промена на името, идентитетот и губење на Македонија каква што е изгласана во 1991 година.Опозицискиот лидер ги посочи законските одредби според кои за успешност на престојниот референдум е потребна излезност од повеќе од 900 илјади гласачи од кои половината да го поддржат договорот, а упати и сериозни критики кон актуелната власт предводена од премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

На пеколните температури им доаѓа крај

На убавото септемвриско време му доаѓа крај, а веќе од почетокот на неделата Европа ќе ја зафати бран од ладен воздух од Арктикот, кога температурите драстично ќе опаднат.Според метео порталите, од север над Европа ќе дојде до силен продор на воздушна маса од Арктикот, која ќе се прошири над поголемиот дел од континентот, а брзо ќе стигне и до Балканот.Големо заладување ги чека и граѓаните на Македонија. Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од утре најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Утре во првата половина од денот ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кој крајот на денот, поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови, соопшти УХМР.Оттаму најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Bujar_Osmani_VP

За Османи, шефот на државата Иванов е господин, но не и претседател

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи коментирајќи ја изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе на референдумот на 30 септември, рече дека шефот на државата „претставува се она од што Македонија сака да излезе на 30 септември“.„Можеби на некој начин ова е добро што вака се случи бидејќи господинот Иванов претставува се тоа што сакаме на 30 да го прекинеме. Се тоа од што Македонија сака да излезе на 30 септември го претставува господинот Иванов со неговото дејствување во наредниот период. Добро е што знаеме што очекуваат граѓаните и јасно го правиме контрастот меѓу тоа што треба да одлучиме“, рече Османи, кој додаде „Одлуката е меѓу нешто што претставува господинот Иванов и нешто што претставува целиот западен цивилизиран свет кој дојде овој месец во Скопје, но што го претставуваат и огромното мнозинство граѓани на Република Македонија, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата и нагласувајќи дека ова е негов личен став“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од утре поладно време и силен ветер

Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од утре најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утре во првата половина од денот ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западенветер. Попладне, а особено кој крајот на денот, поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава. Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови, соопшти УХМР. Оттаму најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ivanov-3

Иванов ќе бојкотира: Не се откажувам од мојата заклетва

За прв пат отворено и децидно претседателот на Македонија Ѓорге Иванов изјави дека ќе го бојкотира референдумот на 30 септември. Тој ги повика граѓаните да не дозволат некој да им ја контролира совеста, туку самите да одлучат дали ќе излезат да гласаат или ќе бојкотираат. Иванов ова го соопшти за време на говорот пред Обединетата македонска дијаспора во Детроит.Што се однесува до мене, јас сега веќе сум гласал. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година. Јас бев еден од тие што го дадоа својот глас за Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со име и достоинство. Не се откажувам од мојата одлука. Затоа на 30 септември нема да излезам да гласам. Кога ја преземав функцијата Претседател на Република Македонија, се заколнав дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Не се откажувам од мојата заклетва. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам“- рече Ѓорге Иванов , претседател на Република Македонија.Оваа одлука на Иванов е добар пример зошто граѓаните не треба да постапат исто како него, му реплицираше во Скопје вицепремиерот Бујар Османи.За бојкот на референдумот досега официјално се декларирале само неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, потоа Јанко Бачев од партијата Единствена Македонија и претседателот Иванов. Сите останати парламентарни партии и меѓународниот фактор се единствени во поддршка на референдумот за членство на земјата во НАТО и ЕУ, повикувајќи се на договорот за промена на името.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-382848

Контролата од ЕУ почнува, Османи со засилено темпо ќе усогласува закони

Од 27 септември Македонија го започнува скрининг процесот за пристапување во ЕУ. Во Европската Комисија во Брисел во четврток заминува 40 члена делегација составена од претставници на повеќе министерства и институции, предводена од вицепремиерот Бујар Османи. Почетокот на т.н објаснувачки скрининг е пресвртната точка со која Макеоднија и формално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ, рече Османи.„Од страна на ЕК ќе биде презентирано првото поглавје од преговорите за правосудството и фундаменталните права, т.е поглавјето 23 со што и формално почнува скринингот, како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ“, рече Османи.Отворањето на првото од 33 поглавја од првата фаза значи дека ќе има 33 посети на Брисел или над 1.000 луѓе кои ќе земат учество во овој објаснувачки скрининг.„Во наредниот период ќе има засилено темпо и обврски но и можност да покажеме колку сме подготвени, како земја да се справиме со предизвикот за усогласување на стандардите на ЕУ“, вели Османи.Преговорите помагаат државата кандидат да се подготви за исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во ЕУ но и унијата да се подготви за проширување. Преговорите за секое од поглавјата се засноваат на скрининг на националното законодавство и степенот на негова усогласеност со евроспкото право а ЕК спроведува детално испитување на секоја област, за да се одреди колку добро е подготвена државата и ги презентира пред државите членки во форма на Извештај за скрининг.Заклучокот од таквиот извештај е препорака од ЕК, или директно отворање на преговорите или барање за исполнување на одредени услови пред да се отворат преговорите за соодветнбо поглавје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Родителите на убиениот Американец на Закинтос нервозни, клучниот сведок не сака да сведочи.

Тие изразиле загриженост дека обвинетите ќе бидат пуштени на слобода откако ќе истечат 18 месеци притвор.Судењето за убиството на 22-годишниот Бакари Хендерсон од Америка, кој бил претепан до смрт минатата година на Закинтос, почнало во петокот на 21. септември. Родителите на починатиот турист отпатувале во Грција на судењето на деветмината мажи, во главно српски државјани.Туристот Бакари Хендерсон бил претепан до смрт на 7. јули 2017. година, во бар во местото Лаганас на популарниот грчки остров. Неговите родители Фил и Џил се надеваат дека клучните сведоци на оваа трагедија ќе сведочат што порано."Правда за мене и моето семејство ќе биде ако тие луѓе добијат максимални казни", рекол Фил Хендерсон.Меѓутоа, медиумите пренесуваат дека еден од тројцата сведоци на инцидентот, еден од пријателите на Хендерсон кој бил со него на островот, веројатно нема да сведочи на суд."Разговаравме со неговото семејство и знаеме дека му било тешко", рекол таткото на детето.Џил верува дека тој се плаши."Веројатно стравува поради тоа што го видел што се случило со Бакари, и што знае мора да сведочи против истите лица ", додала таа.Другите двајца дошле во Грција на судењето, но наскоро ќе мора да се вратат во својата земја.Родителите на настраданото момче рекле дека "неговото лице било потечено и модро"."Беше толку потечен и во модринки што моравме да му ставиме очила за сонце кога го погребавме", се потсетила Џил.Таа го прокоментирала и извештајот на судот, во кој сведок тврдел дека "Бакари вербално ги провоцирал напаѓачите"."Во мојата глава зборовите не убиваат луѓе, така што тоа не е оправдување да убиете некого", додала таа.Фил и Џил заклучиле дека ќе биде многу тешко да седат во судница со луѓето кои го убиле нивниот син."Тоа ќе биде многу тешко", рекол Фил.Двајца од деветмината обвинети за убиство се вратиле во Србија и нема да учествуваат во постапката, пренесуваат медиумите. Останатите осомничени се наоѓаат во притвор во Грција.Родителите на Бакари во Грција се состанале со својот адвокат Андреас Патсис, кој ги предупредил да бидат подготвени на се.Патсис им рекол дека одбраната веројатно ќе се обиде да го претстави нивниот син како агресивен и како личноста што го започнала инцидентот."Загрижени сме како се ќе се одвива, но веруваме во грчкото правосудство. Не можете да го вратите времето, но за нас е важно правдата да биде постигната", рекле Џил и Фил.Од деветмината обвинети, шестмина може да бидат осудени на доживотна казна затвор.Постои снимка од безбедносните камери на која се гледа бруталниот инцидент, а родителите на жртвата и нивниот адвокат веруваат дека имаат силен случај

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нова израелска шлаканица за Русија: Ќе ја зајакнеме комуникацијата со вас, но нема да прекинеме да ја бомбардираме Сирија

Од официјален Тел Авив порачаа дека израелските авиони ќе продолжат да извршуваат борбени операции во Сирија, но исто така и дека ќе ја зајакнат комуникацијата со руските сили, откако пред неколку дена беше соборен руски воен авион во инцидент во близина на Латакија.Откако започна граѓанската војна во Сирија, Израелците во многу наврати досега ги бомбардираа позициите на сириската армија, но и на милитантите кои што се финансирани од Иран. Израелските борбени авиони често го надлетуваат регионот, а неретко ги бомбардираат и конвоите со оружје на либански Хезболах.Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, во вчерашното интервју за военото радио, јасно нагласи дека Израел нема да престане со воздушните напади во Сирија, иако неодамна како последица на тоа, сириската против-воздушна одбрана, напаѓајќи ги израелските авиони, по грешка собори руски авион.„Ние ќе сториме се за да ја заштитиме безбедноста на израелските граѓани“, порача израелскиот министер.Нафтали Бенет кој што е член на безбедносниот кабинет кај израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, порача дека израелската армија после инцидентот, ќе ја зголеми комуникацијата со руските сили кои што се распоредени во Сирија.„Ќе направиме се за да не им наштетиме на тие на кои што не сакаме да им наштетиме“, порача тој.Да потсетиме, неодамна израелското воено воздухопловство нападна позиции на сириската армија, по што беше активирана сириската против-воздушна одбрана. Додека четири израелски „Ф-16“ ловци оперирале на сириското небо, истовремено летал и руски воен авион. Израелските ловци наводно летале над рускиот авион и го искористиле како заштита од ПВО системите на сириската армија кои што по грешка го погодија и срушија рускиот авион. Поради грешката на Сиријците загинаа 15 припадници на руската армија.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

10 одвратни работи кои ги прават рестораните со цел да заштедат

Кога јадат во ресторани, поголемиот дел од луѓето очекуваат внимателно припремен оброк од квалитетни состојки, но вистината е често поинаква. Рестораните неретко користат трикови со цел да заштедат пари, а некои од нив се прилично одвратни.Подгревање на хранаНикој не сака предолго да ја чека својата храна, па затоа брзината за нејзината припрема влијае на успешноста на ресторанот. Без оглед дали ресторанот е преполн со гости или не, оброкот мора да стигне до вашата маса во најкраток можен рок, па затоа често се спремаат одредени јадења однапред и пред послужувањето само се подгреваат и се декорираат.Послужување храна со истечен рокФрлањето храна е голема загуба за ресторанот, па затоа често се случува тие да послужуваат храна со истечен рок на траење, надевајќи дека дека ќе избегнат било какви последици.Храната не се чува во соодветни условиМесото и морските плодови честопати не се чуваат на соодветна температура. Исто така, може да се случи ресторанот да остане без електрична енергија и фрижидерите да бидат исклучени подолго време или пак храната да е предолго време замрзната.Валкани чаршафи и салфетиЛуѓето често истураат храна по чаршафите, а за ресторанот не е исплатливо секојдневно да ги пере истите по секој гостин. Затоа персоналот најчесто само ги чисти видливите дамки и повторно ги враќа на масата.Валкани садовиПерењето садови во машина е долг и прилично скап процес, па затоа некои ресторани се одлучуваат само да ги исплакнат садовите, да ги избришат и повторно да послужуваат во нив.Вработените не носат ракавициЧестопати се случува вработените во рестораните да ја допираат храната со раце кои не ги измиле по претходните работи. Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од персоналот во рестораните само ги брише рацете со крпа и продолжува со подготовка на друго јадење.Болни вработениНедостигот од слободни денови за вработените во рестораните понекогаш значи дека тие нема да ги искористат деновите за закрепнување, туку ќе дојдат на работното место дури и кога се болни иако постои опасност да ја прошират заразата.Послужување грицки кои некој веќе ги консумиралНа некои места додека ја чекате храната ќе ви послужат грицки како на пример переци. Во поголемиот дел од рестораните, тие се чуваат во еден сад, а доколку некој не ги изеде своите переци, остатокот едноставно се враќа во садот од кој повторно се зема за следните гости.Преточување на кечапКога во шишето ќе остане малку кечап, персоналот најчесто ги префрла остатоците во ново шише. Можеби тоа наизлед не делува како голем грев, но таквото преточување од повеќе шишиња може да значи и поголема циркулација на бактерии.Послужување храна која им паднала на подотТоа можеби ќе го направите и дома, но мора ли да нагласиме колку повеќе бактерии има на подот од ресторанската кујна во споредба со вашиот под?

Свет | пред 7 години

7 год.
makron

ВИДЕО: Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при што вели дека спогодбата од Преспа од 17 јуни 2018 година, овозможува напредок и подготовка за иднината.„Запознаен сум со сите полемики кои се водат и кои се дел од демократската дебата во земјата. Но, јас од овде бидејќи верувам во нашиот континент, во силата на Европа, во моќта на колективната удрост и во заемната соработка, би сакал да се обврзам и да Ви кажам во што верувам. Знам дека ниеден договор не е совршен. Знам дека за едните истот не е доволно долгорочен, а за другите дека поинаку би го испреговарале. Ги слушам сите критики кои се кажани“, истакнува Макрон во обраќањето.Но, како што додава тој понатаму, до пред неколку месеци никој не се надевал на овој договор.„На овој договор се чека веќе 27 години. Овој договор се постигна поради храброста на Вашите и на грчките лидери. Затоа јас го поддржувам. Потполно! Силно! Сметам дека истиот има централно место во плановите за иднината на земјата. Тој е и суштината на амбициите за Вашата младина и на тоа што може да го направиме заедно во годините што следат“, вели францускиот претседател, кој додава дека граѓаните на крајот сами треба да одлучат дали се за промена на Уставот или не, со цел спогодбата да стане важечка и името на државата да биде Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
milica-todorovic-123974

ВИДЕО: Секси кума: Милица Тодоровиќ со висок шлиц на свадба дојде во друштво на Калиопи

Пејачката Милица Тодоровиќ му беше кума на Стеван Анѓелковиќ и неговата сопруга Наташа, а на денот на свадбата се појави во ултра секси издание.Таа на црковниот чин се појави во необична дневна комбинација, а на неа се беше покриено.Сепак, кумата Милица воодушеви со изгледот на прославата.Имено, таа блесна во сребрена тоалета со гол грб и висок шлиц, а пристигна во друштво на Калиопи. Во тој момент ги уловија камерите пред кои брзо поминаа, а нашата Опи им прати насмевка. Иако Милица во последно време се жали на вишокот килограми таа сеуште е во топ форма.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада во Ахваз. Нападот се случи во југозападниот дел на Иран, а државната новинска агенција „Ирна“ објави нов биланс на жртви.https://twitter.com/PressTV/status/1043396182578536449Претходно, иранските медиуми објавија дека во нападот се убиени најмалку осуммина членови на иранската револуционерна гарда, а ранети 20. Парадата беше организирана по повод Националниот ден на вооружените сили.„Бројот на лица загинати во терористичкиот напад се зголеми на 24, вклучувајќи и жени и деца кои биле меѓу гледачите, а бројот на мртви може да се зголеми во зависност од состојбата на ранетите“, наведува „Ирна“.Локални медиуми објавија дека меѓу загинатите има и еден новинар. Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот на Ахваз.

Свет | пред 7 години

7 год.
grubi

Потребниот цензус за референдумот ќе биде постигнат, рече Груби на средбата со француската пратеничка Танги

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, денеска оствари средба со Лилијана Танги, пратеник во француското собрание и заменик-претседател на Комисијата за европски прашања.Како што информираат од прес-службата, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, со посебен осврт на претстојниот референдум на 30 месецов.Груби информирал дека кампањата за успешен референдум е во тек и дека состојбата на теренот досега е задоволителна, односно постои позитивно расположение кај гласачите во земјата да се изјаснат за поддршка на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.Во тој контекст, претседателот истакнал дека референдумот ќе успее и дека владејачкото мнозинство засилено работи на постигнување на потребниот цензус на излезност на гласачите.Пратеничката Танги ја потврдила континуираната поддршка на Франција за евро-атланското зачленување на Македонија, при што ја истакнала француската поддршка за успешен референдум, потенцирајќи го значењето на референдумот за иднината на земјата

Македонија | пред 7 години

7 год.
05-plastika-1

Секој вторник ќе се собира селектираната пластика од домовите во Лисиче

Од завчера почна да се собира селектираната пластика од околу 300 семејства во населбата Лисиче кои се вклучија во проектот „Ја собираме пластиката од дома“.Неформални собирачи ќе ја подигнуваат пластиката директно од домовите на жителите од оваа населба, кои во  август преку потпишување договор се согласија да селектираат тврда пластика и ПЕТ-амбалажа.Оваа акција има двојна цел – од една страна да се подобри управувањето со отпад во општина Аеродром и на тој начин да се заштити животната средина, а од друга страна да се развијат здрави навики кај жителите и во исто време да се овозможи економска инклузија на онаа ранлива категорија граѓани, кои неорганизирано собираат пластика. Проектот го имплементира еколошкото здружение „Гоу грин“ и ромскиот „Бизнис информативен центар“ со активна поддршка на Општина Аеродром и финансиска помош од Градот Скопје.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања