Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Нападнат судија на фудбалски натпревар

На 28 октомври оваа година, во 14 часот и 25 минути, во СВР Охрид било пријавено дека на фудбаското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, З.Н.(52) и С.Б.(36), двајцата од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev

Заев доби црн појас во џудо

Премиерот Зоран Заев се стекна со почесен црн појас во спортската боречка вештина џудо.Истиот вчера му го додели Џудо федерацијата на Македонија во присуство на претставници од Амбасадата на Јапонија задолжена за Македонија.Заев немал слободен термин за да го прими почесниот црн појас па испратил претставник од својот кабинет.Признанието го доделил Зељул Реџепи, новоизбраниот претседател на Џудо Федерацијата на Македонија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
27-april

СДК: Насилниците ги ставаат фантомките пред кабинетот на Трајко Вељаноски

Единственото место каде што се без фантомки дел од обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април лани е холот Длаборез, пред кабинетот на тогашниот претседавал Трајко Вељаноски, се гледа на продолжението на снимките од собраниските камери, пишува СДК.мк.Од снимките се гледа дека по ресторанот „Дион“ во ГТЦ, следното зборно место на обвинетите насилници е вратата од кабинетот на тогашниот претседавач Трајко Вељаноски.Никој не им кажува дека собраниските камери снимаат чисто и без прекин, па фантомките 11-темина притворени ги навлекуваат на глава точно под камерите. На снимките се гледаат јасно нивните ликови.Вељаноски, кој зад вратата е со Антонијо Милошоски, според снимките, не излегува од кабинетот додека на неколку чекори од него се организира нападот. Главен тука е началникот на обезбедувањето на Вељаноски, обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви.Обвинителката ги нотираше сите обвинети на овие снимки, освен петтемина пратеници, кои според обвинението и видео-снимките од Собрание, беа долу, отвораа врати и пречекуваа и насочуваа насилници. На овие снимки ги нема Борис Дамовски и Богдан Илиевски Бетмен, а ни Владо Јовановски и Игор Дурловски, кои се долу со толпата.

пред 7 години

7 год.
zagaduvanje-sred

Мерните станици во најзагадените општини Гази Баба и Лисиче се уште не работат

Пред неколку дена Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се два, на мерното место во Гази Баба и Лисиче поради технички проблеми.По објавувањето дека овие две мерни станици не работат, се уште нема соопштение дали дефектот е поправен.Зошто токму мерните станици во две најзагадени општини не работат? Дали тоа е случајност или пак власта сака да ја сокрие загаденоста во овие две општини.Пред Владата на СДСМ да дојде на власт имаат ветувано и напишано во програмата „За живот во Македонија“, дека „Република Македонија има мониторинг-систем што го следи загадувањето само на воздухот, но тој систем е крајно нефункционален и ограничен. Ќе го надградиме постојниот систем за мониторинг на воздухот и ќе воспоставиме систем за следење на загадувањето на водите и почвата. Дополнително, ќе ги поврземе тие три системи во еден интегриран систем, чиишто податоци ќе се објавуваат јавно и ќе бидат достапни за граѓаните“. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
44950346_2725611124330135_820343014143557632_n

( ФОТО ) Вандали ја уништуваат секоја нова опрема и идеја во Градски парк

Ниту една нова опрема не може да преноќи во Градски парк. Викендов беше уништена инсталацијата на исечените дрвја. Овие минимални интервенции ги разубавија исечените стебла, но вандали се потрудија да ги уништат.Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој ги постави фотографиите на неговиот Фб профил, искажа разочараност од однесувањето на поединци.Идејата на екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, е да изработуваат  куќички од трупците  на старите исушени  дрвја низ градот.Оттаму информираат дека идејата е во иднина, наместо стеблата на сувите или болни дрва да се сечат до земјата, да прераснат во разни интересни форми, кои би го привлекле вниманието на минувачите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vladimir-pesevski

Пешевски: Зад писмото на Мијалков стои поголема група на луѓе

Мислам дека при пишувањето на писмото на Мијалков му имаат помогнато и други луѓе со свои информации, сугестии и мислења, па јас го гледам како писмо на една поголема група на луѓе кои се нашле засегнати од последните одлуки на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, вели Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер за економски прашања и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, откако поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, му се обрати на актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, преку писмо објавено во медиумите.За „Дојче Веле“, Пешевски вели дека е интересно споменувањето на предметот „Талир“ на СЈО, за финанскиски криминал во партијата. Мијалков во своето писмо вели дека името на Мицкоски фигурирало во предистражната постапка на предметот, но дека го сменува кога се отвора истрагата.-Бидејќи веќе подолго време не сум член на ниту едно партиско тело, не можам од прва рака да ги коментирам овие случувања внатре во партијата. Но, писмото има и сериозна лична димензија, бидејќи Мијалков се повикува самиот на личната комуникација што ја имале со Мицковски подолг период, и тука освен нив двајца, навистина е тешко за кој било од страна да знае што навистина се случувало меѓу нив. Делува дека определени меѓусебни ветувања и очекувања не биле исполнети. Интересно е што Мијалков во писмото отвора дилема за истрагата во предметот ‘Талир’ за кој СЈО досега нема покренато обвинение, и ќе биде интересно и важно за ВМРО-ДПМНЕ да се види како ќе се одвива овој предмет, кон кого ќе биде насочен, а кон кого нема, кој какви изјави дал во истрагата и слично – вели Пешевски.Според него, „такви дилеми постојат и за уште неколку други предмети на СЈО и за улогата на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои и покрај своето интензивно партиско ангажирање во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сега ги нема во ниту еден случај на СЈО или пак се изоставени во некои од обвиненијата и новите истраги”.-Веројатно времето ќе ги расчисти овие дилеми. Следува веројатно прилично тежок период за раководството на ВМРО-ДПМНЕ и за целата партија, и ова писмо само тоа го навестува. Според мене е најважно колку што е можно побрзо да се поправат односите на партијата со меѓународната заедница, да се фати сериозен приклучок и учество во реформските процеси, особено на правосудниот систем, а за партијата најдобро е колку што може вмровските работи да се решаваат внатре, наместо преку медиумите. Ако се погледне наназад, ВМРО-ДПМНЕ имало историја на вакви разидувања, но речиси без исклучок подоцна доаѓало и до некакво помирување. Затоа е важно секој да биде внимателен во реториката, зошто полесно заздравува нешто што е пукнато, од она што е скршено -, сугерира поранешниот вицепремиер.

Коментари | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Конфузното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ фатено во лага

„Конфузното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ е фатено во лага, јавноста дознава за спрегата меѓу Хидро Мицкоски и неговиот ментор ГруевскиПоврзаноста на антизападниот пион Христијан Мицкоски со криминалите на неговиот ментор Никола Груевски излегуваат на површина.Конзорциумот во кој удел има Христијан Хидро Мицкоски од владата на носителот на криминалот Груевски добил согласност за користење на вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали.Мицкоски и конзорциумот во кој тој има удел, токму во време кога е советник на носителот на криминалот, Никола Груевски, во 2015 година, добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.Тоа е класичен судар на интереси.Очигледна е спрегата меѓу Христијан Хидро Мицкоски и Никола Груевски и зошто погубно се следат криминалните политики од страна на антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ“, пишува во соопштението испратено од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денеска нова цена на горивата во Македонија

Со последната одлука на РКЕ пред две недели малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 3,62%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемија за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 2,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.На половина од двонеделниот период во кои Регулаторната комисија за енергетика ги носи одлуките за малопродажните цени на нафтените деривати, од светските берзи доаѓаат добри вести, кога станува збор за возачите.По рекордот на почетокот на месецот, за околу 2 недели, цената се намали за речиси 10 долари за барел и сега се движи околу 76 долари.Oстанува денеска да ја видиме новата цена на горивата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtobus-zapalen

ФОТО: Изгоре автобус на АРМ, војниците едвај се спасиле

Утрово околу 6:30 часот, на релацијата Пробиштип-касарна „Илинден“ се запалил автобус на АРМ, пишува Курир.Автобусот бил полн со војници кои се превезувале до касарната „Илинден“ кога избувнал пожарот. Војниците едвај излегле од автобусот. Поради брзината на пожарот војниците немале време ни да ја земат опремата од автобусот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maja

Лилјана Поповска замина, прв човек на ДОМ е Маја Морачанин

Прв човек на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) од вчера епратеничката Маја Морачанин, која на тоа место ја наследи својата парламентарна колешка Лилјана Поповска.Под мотото „Зелени вредности – трајна визија“, на 4-от конгрес на ДОМ се собраа околу триста делегати, кои избраа нов Централен и Надзорен одбор на ДОМ. Потоа за претседателка на ДОМ едногласно беше избрана пратеничката Маја Морачанин.На Конгресот се обрати и досегашната претседателка Лилјана Поповска, која го искажа задоволството што ДОМ е денеска, по 12 и пол години работа е стабилна партија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44671221_1712531848875331_1436318307383771136_n

DW: Писмото на Мијалков не остава простор за помирување

Допрва ќе следат потреси во ВМРО-ДПМНЕ. Вакви се првичните оценки по долгото писмото кое вчера до лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, го упати Сашо Мијалков - поранешен директор на УБК, поранешен партиски функционер и прв братучед на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во писмото тој „ги отфрли лажните обвинувања фрлени врз него од луѓето кои до вчера се потпирале на неговиот труд, резултати и авторитет“, а бидејќи поминале неколку дена без да биде презентиран барем еден доказ за тврдењата против него, го повика Мицкоски јавно да ги презентира доказите пред органите на партијата и пред јавноста, пишува DW на македонски.„Пред јас да почнам да говорам, те повикувам да одговориш, кому ти како претседател на партијата му се додворуваше, и кому му имаше ветено дека масовни и секојдневни протести за името нема да има, и дека ВМРО нема да го блокира процесот за решавање на името, туку само ќе изразува несогласување? Кој и како издејствува, ти Христијан, кој беше ставен во предистражната постапка за предметот 'Талир', поврзан со финансирање на партијата во време кога ти беше Генерален секретар, да бидеш тргнат од листата? Дали ти не се испазари за себе на грбот не само на другите, туку и на Македонија и на нејзиното уставно име?“, прашува Мијалков во писмото.Повеќе: Временската машина на МицкоскиПешевски: Вмровските работи да се решаваат во паријатаВакви јавно разменети обвинувања преку отворени писма се реткост во оваа партија, која дури и во најкритичниот период за неа (по „бомбите“ во 2015 година) успеваше да создаде впечаток за внатрешно единство. Претходно, последното отворено писмо што беше упатено до сѐ уште неизбраниот лидер на партијата, стигна од Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер за економски прашања (2009-2017) и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во пресрет на Конгресот во Вландово, Пешевски упати серија искрени и добронамерни совети до идниот лидер, сите темелно образложени. Се чинаше дека таа објективна анализа со препораки може да биде одличен патоказ за новото раководство. Нецела година потоа, друг вид на писма циркулираат до раководството. Го прашавме Пешевски, кој тогаш доби забелешка дека „доцни“ со советите во неговото писмо, како го оценува вчерашното писмо на Мијалков?, DW на македонски.„Мислам дека при пишувањето на ова писмо на Мијалков му имаат помогнато и други луѓе со свои информации, сугестии и мислења, па јас го гледам како писмо на една поголема група на луѓе кои се нашле засегнати од последните одлуки на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи веќе подолго време не сум член на ниту едно партиско тело, не можам од прва рака да ги коментирам овие случувања внатре во партијата. Но, писмото има и сериозна лична димензија, бидејќи Мијалков се повикува самиот на личната комуникација што ја имале со Мицковски подолг период, и тука освен нив двајца, навистина е тешко за кој било од страна да знае што навистина се случувало меѓу нив. Делува дека определени меѓусебни ветувања и очекувања не биле исполнети. Интересно е што Мијалков во писмото отвора дилема за истрагата во предметот 'Талир' за кој СЈО досега нема покренато обвинение, и ќе биде интересно и важно за ВМРО-ДПМНЕ да се види како ќе се одвива овој предмет, кон кого ќе биде насочен, а кон кого нема, кој какви изјави дал во истрагата и слично“, вели Пешевски.Според него, „такви дилеми постојат и за уште неколку други предмети на СЈО и за улогата на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои и покрај своето интензивно партиско ангажирање во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сега ги нема во ниту еден случај на СЈО или пак се изоставени во некои од обвиненијата и новите истраги".„Веројатно времето ќе ги расчисти овие дилеми. Следува веројатно прилично тежок период за раководството на ВМРО-ДПМНЕ и за целата партија, и ова писмо само тоа го навестува. Според мене е најважно колку што е можно побрзо да се поправат односите на партијата со меѓународната заедница, да се фати сериозен приклучок и учество во реформските процеси, особено на правосудниот систем, а за партијата најдобро е колку што може вмровските работи да се решаваат внатре, наместо преку медиумите. Ако се погледне наназад, ВМРО-ДПМНЕ имало историја на вакви разидувања, но речиси без исклучок подоцна доаѓало и до некакво помирување. Затоа е важно секој да биде внимателен во реториката, зошто полесно заздравува нешто што е пукнато, од она што е скршено“, сугерира поранешниот вицепремиер, DW на македонски.Повеќе: Што готват Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕНе е оставен простор за помирувањеНо, се чини дека односите во партијата се и повеќе од скршени, за што сведочат ставовите на Мијалков.„Додека јас, кој веќе до 2006-тата бев заработил доволно пари за мирен и безгрижен живот, додека јас 'ја ставав главата во торба' во еден куп полициски операции за неутрализирање на терористички и криминални групи кои дејствуваа против безбедноста и територијалниот интегритет на Македонија и го загрозуваа нејзиниот опстанок, и заради кои операции целиот мој живот ќе го живеам во опасност од лични одмазди, а со кои акции се креваше рејтингот на ВМРО, како тоа ти како професор со 500 евра плата успеа да дојдеш до неколку хидроцентрали токму за време на владеењето на ВМРО?“, прашува Мијалков.Според комуникологот Петар Арсовски, ова е писмо кое не остава простор за помирување.„Прво, постои она нормална борба околу брендот на партијата која се повторува секогаш при вакви расцепи. Тука има еден наратив за стандардните обвинувања околу тоа кој ги застапува вистинските вредности на партијата и нејзината идеологија, дали се тоа избрканите или останатите. Кај ВМРО-ДПМНЕ во овој случај тоа е поткрепено со еден втор лајтмотив, а тоа е кои се всушност вистинските вредности на партијата - прозападни или антизападни. Кај овие два мотиви приказната е предвидлива: секој тврди дека тој е вистинскиот 'вмровец', а останатите ги напуштиле и предали вистинските вредности, и секој се бори дека неговата интерпретација на вредностите е онаа вистинската. Тоа во оваа фаза го тврдат и Мијалков и Мицкоски, значи тука нема ништо ново“, вели Арсовски.Но, смета дека нов елемент е острината и нападноста со која писмото прави дистинкција помеѓу Мијалков и сегашното ВМРО-ДПМНЕ.„Ова не е писмо кое остава простор за помирување - напротив, тоа е индикативен наратив за отцепување, непријателство и дивергентни политички патишта. Мислам дека сепак ваквиот наратив е премногу политички корисен во моментов и за Мицкоски, но уште повеќе за Мијалков, за да не побуди сомнеж околу неговата автентичност“, смета Арсовски.Мијалков - спонзор на изборот на МицкоскиДо утрово од партискиот лидер немаше никаков одговор на писмото од Мијалков, ниту првична партиска реакција, но дознаваме дека тоа предизвикало дебата во тесни кругови и извесна вознемиреност, особено по тврдењата на Мијалков од каде дошло вистинското влијание врз пратениците.„Дали е во ред, некои свои соработници пред неколку недели да ги охрабруваш да убедат 8 пратеници да гласаат 'за' со цел да се решело прашањето, ама ти да не си бил крив, а плус да глумиш храбар лидер кој бара предвремени избори, фалејќи се со сомнителни анкети кои ги добиваш од агенција од друга држава? Дали ти интимно посакуваше да се смени името, а притоа вината да се фрли врз прогонетите пратеници, а потоа да излезеш 'чист' од целата ситуација? (...) И сега ви треба виновник? Го лажевте ЦК? Зошто не ме викнавте и мене таму, па да се соочиме пред тие 150 луѓе, и да ја чуевте вистината? Да им кажам јас ним, што ти Христијан ми говореше во ноември и декември лани околу решавањето на уставното име, но и во текот на оваа година, па нека оценат кој е предавникот и криминалецот, а кој патриот и чесен кон својот народ“, обвини Мијалков.Извор од партијата, упатен во внатрешните состојби, не се сомнева кои се мотивите за ова писмо.„Мијалков беше главниот спонзор на изборот на Мицкоски. И затоа ова што се случува е толку жестоко. Точно е дека Мицкоски сака да излезе чист од процесот. Но, лично не верувам дека Мицкоски охрабрувал пратеници да гласаат за уставните промени. За Мијалков не сум толку сигурен“, вели нашиот соговорник.ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе предлог-закон за амнестија за сите обвинети за упадот во собранието од 27-ми април.Наредиот период сѐ ќе покажеНо, авторот на писмото навестува дека и тие дилеми наскоро ќе се расчистат.„Периодов што претстои народот и членството ќе видат колку си бил засегнат за неменување на името и која е цената што ти би ја платил за одбрана на името. Народот ќе види дали ќе го бојкотираш Собранието и дали ќе повикаш на протести и граѓанска непослушност. Дали ќе организираш филибастеринг (блокирање на Собранието со амандмани) за да спречиш промена на Уставот или ќе дадеш налог да се дискутира неколку денови за да се стигне навреме со агендата, а после повторно ќе глумиш патриот и виновни повторно ќе бидат пратениците што недоволно ја бранеле каузата (...) Ти не си патриот каков што сакаш да се претставиш. Добро те запознав. Ти си лажен патриот! Времето ќе го докаже ова“, пишува Мијалков.Тој го праша Мицкоски и зошто веднаш по неговиот избор за нов претседател запреле секојдневните протести пред Министерството за правда и пред затворот „Скопје“ каде биле притворени десетици лица обвиненети за тероризам, зошто потоа со месеци не ја отворал таа тема во јавноста, и зошто играл крајно валкано и нечесно со чувствата на членството, на македонскиот народ, и со судбините на жртвите од СЈО и 27-ми април?Ваквото прашање ѝ претходи на најавата дека ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе предлог-закон за амнестија за сите обвинети за упадот во собранието од 27-ми април, DW на македонски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44940855_2190211724601810_6028307167705038848_o

Срушено засолништето на жената која живееше спроти Железничка

Спроти ВЕРО ЏАМБО во Маџар Маало, на отворениот простор долги години престојуваше Елизабета во колиба која самата ја имала направено.Општина Центар реши да го среди просторот и да ја дислоцира Елизабета. Во соработка со МТСП и локалниот Центар за социјална работа на Елизабета и биле понудени решенија, вклучително и преместување во шелтер за бездомници во Чичино село, но таа ништо не прифатила.Пред неколку дена инспекторите од Општина Центар со механизација и асистенција на полицијата го урна живеалиштето на Елизабета и го расчисти просторот.„Иако наредбата беше да целосно засолништето се сруши и исфрли во истиот ден, успеавме да се договориме со инспекторите да креветот, постелнината, шпоретот на дрва и некои основни работи останат на располагање на Елизабета и таа да ги префрли во една куќа во Маџар Маало. Исто така и сопственикот на механизацијата се понуди да бесплатно и ги пренесе работите на жената.На оваа жена и беа понудени солуции, сепак таа решава да не ги прифати, но како и да е во целата комплицирана ситуација, сепак се покажа мала човечност од сите кои беа на терен што не е пример секогаш (за жал)“, се вели во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sara

Семејството на Сара се обрати до јавноста со благодарност за хуманитарните акции

Почитувани,Изминативе месеци нам, како на семејство, ни се случи она од што се плаши секој човек, посебно секој родител. Болеста дојде тивко и не остави без зборови, но со верба и надеж во системот, уште повеќе во луѓето, во нивната хуманост и добрина, во Бога и во себе.Денес, вербата е и во граѓаните на Охрид, Република Македонија, но и целиот свет, кои се со нас и кои јасно покажаа колку големо срце имаат и дека се тука кога е најпотребно.Нема зборови со кои би ја искажале нашата благодарност до СИТЕ, без оглед на тоа што, колку, како и од кого е донирано. За нас Секоја Донација е доказ дека сме првенствено луѓе и дека знаеме да си  подадеме рака во најтешките моменти.Од најмалата хуманитарка која служеше чај за да и се помогне на Сара,  Охридските Херои кои продаваа своја облека и ситници, девојчето својата омилена играчка, образовните институции со чии активности се гордееме, приватните и државните институции, медиумите, спортисти, музичари, уметници, верски заедници, роднини и пријатели, нашето пошироко семејство, познати и непознати кај нас и во странство, најмалите и најголемите компани, сите хумани луѓе до оние кои ненамерно ги испуштивме, а сепак заслужуваат да се спомнат  - ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ НА СИТЕ.Здравјето и доброто на Сара се наш врвен приоритет. Во оваа прилика сакаме уште еднаш да испратиме благодарност до државните здравствени институции, но ние сепак се одлучивме за лекување во Германија, пред се` поради успехот кој е постигнат во лекување на многу деца. Токму тоа е причината поради која веруваме во нив.Се направија многу акции, се собраа средства и чувствуваме потреба да Ве информираме дека изодивме повеќе од половина пат до целта. Ако продолжиме со ова темпо, за 15-тина дена се надеваме дека ќе ја собереме потребната сума, која на Сара ќе и овозможи лекување со најголеми шанси за успех на третманите.Ви благодариме ОД СРЦЕсемејство Настески

Македонија | пред 7 години

7 год.
sega

Меркел го коментираше капутот на Путин, тој не ја сфати шегата

Лидерите на Русија, Германија, Франција и Турција се сретнаа во Истанбул за да разговараат за Сирија.Камерите забележаа една интересна ситуација, додека челниците излегуваа надвор од зградата во која се одржа состанокот.Рускиот претседател Владимир Путин го закопчувал капутот, а германската канцеларка Ангела Меркел го прашала: „Дали е сибирски капут?“. Со оглед на тоа што во Истанбул било релативно топло со 17 степени, на Меркел ѝ паднало невообичаено што Путин носи капут.Путин на оваа шега на Меркел одговорил само кусо: „Не“.

Свет | пред 7 години

7 год.
bolsonaro

Десничарот Болсонаро победи на претседателските избори во Бразил

Екстремно десничарскиот конгресмен Жаир Болсонаро победи во вториот круг од претседателските избори во Бразил, соопшти Централната изборна комисија на таа земја. Со скоро сите пребројани гласови Болсонаро доби над 55 насто од гласовите, победувајќи го левичарот Фернандо Хадад од Работничката партија кој доби нешто над 44 проценти од над 147 милиони луѓе со право на глас. Американскиот претседател Доналд Трамп веднаш му ја честита победата. „Ќе ја смениме судбината на Бразил заедно. Не можеме да продолжиме да флертуваме со социјализм, комунизам, популизам и левичарски екстремизам“, изјави 63 годишниот Болсонаро пред приврзаниците.

Свет | пред 7 години

7 год.
kosovo-1

Блиц: 11 ноември можно е да биде пресуден датум за преговорите Белград-Приштина

Преговорите меѓу Белград и Приштина можно е конечно да се приближат до решение на 11 ноември во Париз, каде Александар Вучиќ и Хашим Тачи можно е да разговараат со четирите најмоќни лидери во светот, објави Блиц.Весникот наведува дека претседателот на Србија ќе има средба во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, а можно е и со претседтаелот на САД Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин, како и со Тачи.Според весникот, на свеченоста по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна „почеток на патот кон трајно помирување можно е да најдат Србите и Албанците, чија историја на судири е подолга од еден век“. Весникот пренесува и изјави на аналитичари кои тврдат дека вклучувањето на Трамп и на Путин ќе донесе целосно нов формат на дијалогот што би бил поместен од Брисел и би бил извесна мировна конференција.

Свет | пред 7 години

7 год.
idioti-4

180 амандмани за ребалансот на Буџетот на ВМРО-ДПМНЕ

За предлогот на Владата за ребаланс на Буџетот за 2018 година денеска треба да расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе подготвиле 180 амандмани за ребалансот, а партиите на Албанците во Македонија најавија десетина амандмани.Министерот за финансии предлага вкупните приходи во Буџетот да бидат 192,5 милијарди денари, на место првично планираните 193,5 милијарди денари, а вкупните расходи да бидат 210,5 милијарди денари место првично планираните 211,7 милијарди денари.Со ребалансот Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување треба да добијат повеќе пари за да може непречено да се исплаќаат пензиите и за да можат граѓаните непречено да ги остваруваат правата на здравствена заштита и боледување, како и правото на надомест по основ на невработеност.Процедурата за донесување на ребалансот на Буџетот треба да заврши за околу 20 дена.„Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, Владата ја иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието до 15 ноември“, изјавија од Владата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struja-4

Без струја делови на Карпош, Сарај, Илинден, Гази Баба и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 90, 92, 94 и 96, дел од ул.Осло, дел од ул. Војвода Васил Чакаларов. (Општина Карпош)Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од село Рашче ( опш. Сарај), Индустриска зона Илинден, с. Стајковци, с. Марино, населба Белви и околина, с. Кадино, Населба Илинден, с. Јурумлери, с. Брњарци, Индустриска зона Марино, с. Арачиново, с. Белимбегово (Општина Илинден и Гази Баба)Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од с. Морани (Општина Студеничани)Во периодот од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев, подуличка 11. (Општина Кисела Вода)

Скопје | пред 7 години

7 год.
dom

Како ќе го спаси Уставен суд зеленилото кај „Мајчин дом“?

Безизлезен и се позамрсен станува случајот околу изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“, во Аеродром. Додека градоначалникот Златко Марин вели „општината нема солуции“, а инвеститорот Фатми Етеми – сосема легитимно, со документи и дозвола за градба – потенцира оти ништо не го спречува да продолжи, на граѓаните им се сервира одлуката на Уставниот суд како единствен спас. А таа се очекува во среда, кога оваа точка е ставена на дневен ред на седница.Префрлањето на топката кај уставните судии нагласено го прави токму Марин, кој во своето последно интервју, се правда дека општината ќе крахира ако се доведе во ситуација да треба да му плати оштета на Етеми.-Инвеститорот би можел да побара сума и двојно поголема од првичните 5,5 милиони евра. За илустрација, Општина Аеродром во моментов има на располагање околу четири милиони и 800.000 евра, а нашиот основен буџет за цела 2018 година изнесува околу девет милиони евра. Ова би значело комплетен крах на буџетот на Општина Аеродром и огромни штети за граѓаните, вели Марин во интервју за локалната телевизија МТМ.Марин се ослободи себе си и од товарот на вина, па одговорноста што работите стигнале до тука, ја префрли и врз јавноста: требала да биде позаинтересирана кога тој апелирал да не се носи ДУП-от, за време на борбата за градоначалничка фотеља.-Сакам да потенцирам, вопшто не е точно дека не се бара решение, напротив, направивме многу да најдеме решение. Го бараме сега, но и апелиравме да не се носи ДУП за да не се донесеме во оваа позиција. Тогаш, за жал, јавноста не покажа интерес за оваа тема како сега, нагласува Марин.Инаку од досегашната пракса на Уставниот суд не може да се каже дека многу може да се направи во насока на спас на зеленилото кај „Мајчин дом“. Особено ако се знае дека инвеститорот настапува целосно правно регуларно, односно законски.Марин тврдеше дека барале алтернативно земјиште во општината каде Етеми би можел да гради, откако пред неколку недели граѓаните остро, на протести, се спротивставија на стартот на никнувањето на деветкатницата. Друга парцела не беше најдена. Етеми имаше и средба со граѓаните во обид да ги убеди, но бесцелно. Аеродромци не отстапуваат. Но ниту инвеститорот.А Марин сета одговорност ја префрли кај минатото раководство од ВМРО ДПМНЕ, и в среда кај Уставните судии.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vreme

Ветровито и облачно со температури до 23 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 24 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, со температура до 23 степени.Под влијание на јужно воздушно струење следува период на топло време со умерен, а повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, особено во средината на неделата.Брзината на ветерот од јужен правец ќе се засилува и се очекува да достигнува до околу 60 километри на час. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од сабота пак се очекува воздушното струење да биде од северен правец и температурата ќе опаѓа.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања