„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
gruevski

Груевски до СДСМ: Ќе ви дојде крајот

“Јасно е дека во недостаток на проекти и паметни работи, портпаролот на СДСМ има добиено насока да ме спомнува во секоја прес конференција и за се и сешто.Очигледно мислат дека така им се поинтересни прес конференциите.Јас најчесто ги игнорирам овие секојдневни нивни прес конференции, соопштенија, изјави и секојдневни лаги, но вчера и денес решив малку за промена да им одговорам, колку да потсетам за какви измамници се работи.Вчера ги демантирав за предметот за патиштата каде лажеа дека сум одел на суд за наводни земени провизии.Кажав дека одам на суд заради обвинение (член 359 од ЗКП), дека сум влијаел да се изградат патиштата со цел да остварам корист со тоа што ќе сум добиел политички поени пред гласачите на изборите заради завршената градба на патиштата.Знам дека на многумина не им се верува дека тоа е можно, ама така е.И многумина мислеа дека за набавеното блиндирано возило Мерцедес сум осуден заради некаква измама, провизија, злоупотреба на буџетски пари и сл., но и таму сум теретен за истиот член-сум влијаел да се купи возилото бидејки сум сакал покрај другите ВИП гости и јас понекогаш да бидам превезуван во него.И за тоа ,,независните,, судии оцениле дека требало да одам 2 години во затвор.Денес истиот портпарол објави дека моите адвокати побарале поништување од Уставниот суд на член 353 став 5 и ја извести јавноста дека со тоа сакале да издејствуваат амнестија за мене, ама СДСМ немало тоа да го дозволи.Ја известувам јавноста дека јас немам обвинение по член 353 став 5 кое се однесува на злоупотреба на сл.должност поврзани со јавни набавки или штета на буџетот.Всушност јас немам обвинение кое ме терети за било што поврзано со корупција, провизии, имотна корист, јавни набавки и слично.Мене освен по член 359 што го опишав погоре, ме теретат за рушењето на дивоградбата на Фијат, каде ме теретат за имотна штета за една класична дивоградба за која Фијат своевремени тужеше и загуби на сите судски истанци. Ме теретат и за потикнување насилство, за шамари кои не постојат и во Титаник за работи поврзани за изборите.Сепак, СДСМ се труди со сите сили да создаде перцепција дека на суд одам заради финасики злоупотреби и проневери, и во секое нивно соопштение или прес конференција се трудат да создадат таква слика во јавноста.Еден ден ќе дојде крај на луѓето кои сега прават политички прогон, а со тоа и на нивните пиуни кои секојдневни ја лажат јавноста.Што ќе прават потоа?”, напиша експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи.

Коментари | пред 7 години

7 год.
keln

Заложничка драма во Келн, се слушаат истрели

Заложничка драма е во тек на главната железничка станица во Келн, а според некои информации се слушаат и истрели.Околу 12:45 часот полицијата добила дојава дека напаѓач зел заложници и се забаракадирал во амбулантата или во ресторан на станицата.Според полициски информации, напаѓачот има еден заложник.Полицијата го опколи целото подрачје.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев понуди помирување, мнозинството се уште неизвесно

Премиерот Зоран Заев на првиот ден од пленарната расправа за уставните измени рече дека е потребно помирување за настаните кои се случија на 27 април минатата година. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги задржаа своите критики на резултатите од референдумот и на како што тврдат лошиот договор со Грција.Пленарната седница за уставните измени почна со истата неизвесност како и претходните денови за тоа дали има двотретинско мнозинство за пристапување кон измена на Уставот. Бројот на пријавени говорници, повеќе од 60, ако во меѓувреме не се откажат од зборување, навестува дека таа би траела неколку дена. Според деловникот, дебатата за потребата од менување на Уставот може да трае најмногу десет дена.Премиерот Зоран Заев во својство на предлагач на уставните измени понуди “помирување” за настаните во Собранието на 27 април лани. Зборувајќи за поделбите во општеството, тој рече дека крајно време е да им се кажело стоп на нив.Кулминацијата на поделбите стигна на 27 април, ќе се испоубиевме пред очите на сите, рече Заев, додавајќи дека ова било можност да си простат и да кажат доста е. Крвавите случувања во домот на пратениците тој ги нарече дело на “изманипулирани поединци” додаде премиерот.“Ајде десната страна овде во парламентот, колеги, да подадеме рака на левата страна. Ајде колеги, вие од левата страна, да подадеме рака на десната страна. Одличен момент е да си простиме и да се помириме. Испраќам порака на помирување и простување за 27 април и настаните што се случија. Да седнеме и да го направиме тоа, јас сум подготвен и ве повикувам сите и мнозинството и опозицијата. Да знам, дека тоа има цена, но подготвен сум да ја платам цената. Политичка е цената “, кажа Заев.Тој додаде Владата е подготвена да биде максимално отворена за предлози од опозицијата за амандманите и за нивно прифаќање со кои, како што рече, комплетно ќе се намалат грижите на пратениците, но во исто време да не бидат во спротивност со духот на Договорот од Преспа.Во салата присутни беа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски,но и оние кои се обвинети за инцидентите во Собранието, како на пример Јохан Тарчуловски. Веднаш по премиерот зборуваше пратеникот од опозициската партија Илија Димовски, кој зборуваше за начинот на прегаварање на Договорот и уставните измени.“Ова е клучен момент, тоа се согласувам. Ова е момент во кој секој од нас присутен во оваа сала веројатно ќе го смета за најкрупна политичка одлука во која имал можност да учествува, и тоа се согласувам. Но не смееме да се удираме од ѕид и да велиме дека нема друга алтернатива или друг пат надвор од ова. Нема друг правец, а алтернативи може да има. Правецот е НАТО и Европска унија и мислам дека сите 120 пратеници се со истото убедување, но се разликуваме како да го постигнеме тоа” рече Димовски.Дебатата продолжи со реплики и контрареплики. Ја ценам вашата подадена рака за национално помирување, но како пратеник кој дал заклетва дека ќе го штити Уставот немам можност ни волја да гласам за уставни измени, нагласи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.Пратеникот од ДУИ Артан Груби пак ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат уставните измени, споредувајќи го овој момент со моменти и личности кои биле запишани во историјата, како наши така и во светот.Во текот на седницата спроти Собранието малкумина насобрани граѓани протестираа поради уставните измени преку траснпарент порачувајќи "не ве гласавме за да менувате Устав".

Македонија | пред 7 години

7 год.
oruzje

ЕУ усвои нов режим на санкции против употребата на хемиско оружје

Советот на министри за надворешни на ЕУ во Луксембург денеска усвои нов режим на санкции за спречување на употребата на хемиско оружје, јави дописничката на МИА од Брисел.Отсега ЕУ ќе биде во можност да воведе санкции врз лица и ентитети инволвирани во развивањето и употребата на хемиско оружје, без разлика на нивната националност или локација.Санкциите ќе можат да се однесуваат и на оние кои даваат финансиска, техничка и материјална помош или пак оние кои охрабруваат, асистираат или се поврзани со развој на ваквото оружје, соопшти денеска Советот.Санкциите ќе се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување на имот за лица и ентитети.Со ова ЕУ одговара на сѐ почестата појава на употреба на хемиско оружје во ЕУ и надвор од неа, како во Солсбери или Сирија.

Свет | пред 7 години

7 год.
poplavi

Страшни поплави на југот на Франција, шестмина мртви

По обилните дождови, југот на Франција го погодија поплави, јавуваат агенциите.Како што јави страницата Севир ведер Јуроп, најлошо е во покраината Од, каде што нивото на реката Орбиел драматично пораснало.Во поплавите смртно настрадале шест лица, јавуваат француските медиуми, кои додаваат дека синоќа во тој регион паднало количество дожд што вообичаено паѓа за неколку месеци.

Свет | пред 7 години

7 год.
zemjotres

Земјотрес на Халкидики, почувствуван и во Солун

На грчкиот полуостров Халкидики во северна Грција околу пладне е забележан земјотрес со јачина од четири степени според Рихтер.Како што пренесува грчката агенција АНА, според податоците на сеизмолошката станица на Аристотелскиот универзитет во Солун, епицентарот на потресот бил на 10 километри западно и северозападно од градот Арна.Се наведува дека земјотресот бил на мала длабочина и дека се почувствувал во близината на Солун.

Свет | пред 7 години

7 год.
lorenco

Лоренцо Сера: Македонија не е проститутка, па ЕУ да сака да ја купи

Tенденцијата е јасна – Македонија има многу добра можност да стане членка на ЕУ, но има домашна задача што треба да се направи, а тоа е имплементација на реформите, изјави денеска шпанскиот амбасадор во Македонија Емилио Лоренцо Сера.Тој тврди оти голема лага е дека никој не ја сака Македонија во ЕУ, алудирајќи на дел од кампањата што се водеше пред референдумот.– Многу од реформите што Европската унија ги бара од Македонија да ги имплементира, се за доброто на македонските граѓани. Целта е да се направи систем базиран на владеење на правото, што ќе го заштитат обичниот граѓанин од злоупотребите од претходните влади- рече Сера.Тој вели дека од почитувањето на законот големо мнозинство граѓани ќе имаат бенефит, и тоа е она што го бараат ЕУ и НАТО од Македонија – да имплементира демократски систем базиран на владеење на правото.– Овој памфлет што го видов во деновите пред референдумот, претставувајќи ја Европската унија како сака да ја купи Македонија како проститутка, е нешто најодвратно и нечесно што сум го видел во моите 66 години живот. Ова е ѓубре од таква категорија и како што кажав е одвратно- рече Сера.Тој посочи дека ЕУ е најважен донатор во Македонија, и оти да се презентира тоа на начин како некој кој сака да купи проститутка, е комплетно апсурдно.– Тоа е намерата на некој што сака да манипулира со луѓето кои не се разбираат во политика, и тоа на крајно неприфатлив начин. И овие луѓе кои стојат зад ова треба да се засрамат себеси и да не можат да се погледнат во огледало- рече Сера.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ademi

Адеми: Во говорот на Заев апсолутно немаше повик за амнестија на обвинетите за 27 април

Премиерот збореше за помирување, подавање рака, помирување на поделбите, апсолутно немаше повик за амнестија. Едно е судските процеси, друго е интересите на државата. Факт е дека сме поделени, партиски, етнички и по сите основи, народот исто како и политичарите, сите сме сити од поделби. Помирувањето и пружањето рака има човечка димензија, амнестијата е нешто друго, вели за Макфакс министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, по што додаде дека медиумите погрешно ја протолкувале изјавата на премиерот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бензините и дизелот поскапуваат

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1, 1,5 и за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Цената на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1, односно за 1,5 денари за литар. Новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 76,5 денари за литар.Дизелот ќе поскапи за 2 денари на 69 денари за литар.Екстра лесното масло за домаќинство, пак, ќе поскапи 2,5 денари на 58 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,659 денари на 38,409 денари за килограм.

Македонија | пред 7 години

7 год.
fb_img_1539157220668

Да и помогнеме на оваа мајка од Скопје да и се радува на Дарија

Да подадеме рака, и да помогнеме. Да дариме живот на еден човек! Со нашето малку да помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. На овој млад брачен пар во овие тешки моменти им е потребна нашата помош. Како што стои во објавата на мајката, поради предвремено породување и критична состојба на нивното бебе, тоа е задржано во единствената приватна клиника која нуди стручна нега за неговото опоравување. Цената на третманот е вртоглава, па затоа тука мора да стапи на сила подобрата страна на македонскиот народ, а тоа е хуманоста!Освен трансакциската сметка на НЛБ Банка, во текот на денот добивме и броеви на Телеком и ВИП/ОНЕ каде што можете да донирате, па затоа ве замолуваме ако сте во можност да донирате и таму:НЛБ Банка210501648152948Александра МладеновскаТелеком број за донирање:143 193*Вртете на бројот без префиксот 070! (внесете го само бројот 143193)ВИП/ОНЕ број за донирање:143-489*Вртете на бројот без префиксот 075 (внесете го само бројот 143193)ВИ БЛАГОДАРИМЕ!

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev

Заев нуди амнестија за 27 април ако опозицијата поддржи уставни измени

Премиерот Зоран Заев, на денешната собраниска седница за отворање на Уставот согласно Договорот од Преспа, на која е неизвесно дали ќе се постигне неопходното двотретинско мнозинство, побара политичките актери од двете спротивставени страни да си простат за крвавите настани во парламентот на 27 април.-Ајде да си простиме, прв чекор нека биде 27 април. Тогаш, сите бевме можна мета од изманипулирани поединци, па сега е одлична прилика, застанувајќи заедно за иднината на Македонија и нашите деца, да ги простиме и да се помириме. Ајде десната страна во парламентот да и подаде рака на левата страна, ајде колеги од десната страна да подадеме рака на левата страна – рече Заев.Тој побара пратениците, како што рече, да отворат демократски и креативен процес во парламентот за усвојување на уставни измени, при што изрази подготвеност да биде отворен за предлози и амандмани од опозицијата, доколку не се прoтиват на духот на Преспанскиот договор.-Испраќам порака на помирување и простување за настаните на 27 април, да седнеме и да го направиме тоа. Знам дека тоа има цена и подготвен да ја платам политичката цена. Политичари доаѓаат и заминуваат, народот останува. Нема иднина за нашата земја ако прво овде во парламентот ние не ги простиме – порача Заев.Воедно, тој ги повика сите пратеници да одлучат според сопствено убедување, но ги потсети дека изборот се однесува меѓу просперитетна и напредна државата или изолирана земја со неизвесна иднина објавува fokus.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
5766496

Бугарија до македонските пратеници со бугарски пасош: Ќе ви ги одземеме пасошите на тие што ќе гласате против уставни промени

Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот Културен Клуб – Скопје (БККС) во врска со утрешното гласање во македонскиот парламент за уставните промени со што ќе се промени уставното име на Република Македонија, со што и се дава можност на Македонија да ја започне процедурата за присоединување со ЕУ и НАТО, на својот профил на фејсбук го напиша следниов статус.Подземните игри на некои политички кругови во Софија никако да престанат. Истурањето вода под Македонската рогозина може и ним да им го натопи задникот, но тие не покажуваат грижа за тоа. Коктериањето со про-руските протежеа на Македонскиот претседател, не е само чекор против Македонија, тоа е и чин на предавство спрема Бугарија и нејзините национални интереси. Играњето во полза на каузата, Македонија да остане во моменталната состојба, го следиме со големо внимание. Немојте да мислите дека немаме информации. И немојте кон нас да се однесувате како макеа, преземете си ја улогата на мајка, ама сосема сериозно. Овој момент нема повеќе да има репризи. Одговорноста е и ваша. Поразот ќе биде и ваш, ако се случи, порачува тој.Затоа, преземете си ја улогата која ви доликува и удрете ги по рамо вашите скопски пријатели од македонскиот парламент, специјално од ДПМНЕ, утре да си ја завршат работата во полза и ЗА Македонија, специјално тие со бугарско државјанство. Во случај да бидат ПРОТИВ, бараме од вас да подигнете процедура за одземање на истот. Не може некој да ги користи благодетите на Европа преку бугарско државјанство, а да работи против интересите на Македонија да дојде до тие бенефити.И сосема на крајот, колку и да мисли некој дека е некултурно , ние си кажуваме, доаѓаат и вашите избори и тогаш можеби нашиот глас нема да тежи многу, но нашата дума секако!“

Македонија | пред 7 години

7 год.
znaminja-777x437

Министрите на ЕУ во Луксембург ќе разговараат за референдумот во Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска ќе се состанат во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ.На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во регионот, меѓународните односи, вклучувајќи ги и резултатите од 73-тото Генерално собрание на Обединетите нации, неведува агенцијата „АНА“.Министрите, исто така, ќе разговараат и за ситуацијата во Македонија по референдумот што неодамна се одржа, како и за изборите во Босна и Херцеговина што се одржаа на 7-ми октомври.На дневен ред ќе се најде и миграцијата и ситуацијата во Либија.Агенцијата „ТАСС“ претходно објави, повикувајќи се на шефот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, дека министрите официјално ќе ги санкционираат новите санкции за Русија за наводно користење на хемиско оружје.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дали СДСМ свесно ја втурнува државата во вештачка економска криза поради договорот од Преспа?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Власта е неспособна да го реализира ветеното. Неработата и неспособноста се главна одлика на оваа влада и затоа прави ребаланс. Недозволиво е држава во развој како Република Македонија да има економски раст од 1, 2 или 3% и ниво на капитални инвестиции за осум месеци од само 23.3%. Класичен дебакл и одраз на елементарно незнаење е за осум месеци нивото на реализирани капитални инвестиции да биде очајни 23.3%. Економијата тоне во секој аспект, а секој следен чекор на власт го забрзува процесот на тонење, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, Заев и Тевдовски мора да одговорат дали СДСМ свесно ја втурнува државата во вештачка економска криза заради насилно туркање на договорот од Преспа, кој според ставот на граѓаните од референдумот е правно - политички мртов. Дали со лошото работење со економијата се доведени во прашање редовните исплати на пензии и социјални трансфери? И дали економијата на Република Македонија е пред крах и пред банкрот? Неизвесноста кај економските субјекти од ваквите политики е доведена на високо ниво.,,Заев ветуваше раст на економијата од над 5%, во сите години од мандатот. Првата година ја заврши со 0%, а оваа се движи на линија на преживување. Ова го потврди и ММФ, кои ја намалија проектираната стапка на раст за оваа година на ниски 1.6%, во услови кога регионот и Европа галопираат.За катастрофата во економијата директно е виновен Зоран Заев. Ниту една влада во Република Македонија до сега не покажала толкаво ниво на неспособност. Ветуваа 600 километри нови автопати, 550 километри нови магистрални патишта и над 1.000 километри локални патишта до крајот на мандатот во декември 2020 година. Половина од времето им помина, а ништо од ова не е ниту на повидок.Влада што не е способна да реализира проекти, подобро е да им ги остави парите на располагање на фирмите и на граѓаните одошто да им ги одзема а потоа да не знае што да прави со нив. Влада која економијата ја уназадува не треба да биде на чело на државата. Оваа влада мора да си оди", се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protesti-sobranie

Протести и блокади пред Собранието против промена на Уставот

Здружението на граѓани „Преродба“ за денес најави протести и блокади пред Собранието со почеток од 10 часот, непосредно пред почеток на парламентарната седница на која пратениците ќе дискутираат и одлучуваат за отворање на Уставот.Впрочем, организаторите најавуваат протести секој ден од 10 до 14 часот, со цел, како што истакнуваат тие, продолжување на македонскиот отпор и се додека не се исполни барањето за поднесување оставкана актуелната власт.„Од говорницата пред Собранието ќе се обратиме со Општ јавен повик за продолжување на континуираниот македонски отпор, народна/граѓанска непослушност, против штетните нелегитимни недемократски и антидржавни политики на нелегитимната власт“, се наведува во нивното соопштение.Воедно, од здружението најавија и организирање мораториумски народен собир и демонстрации пред Јавното обвинителство.„Мораториумските акции на отпорот ќе ги шириме низ Република Македонија и насекаде во светот, во земјите, каде живеат и чии државјани се македонски граѓани, со нивно масовно учество“, велат организаторите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sobranie-pratenici

Пратениците ќе се обидат да го менуваат Уставот

За денеска во 11 часот е закажана парламентарната седница за потребата од уставни измени, кои ги предложи владата согласно Договорот од Преспа.Пред седницата СДСМ ги повика сите пратеници да ги поддржат уставните измени, со цел деблокирање на евроатланските интеграции.Од ВМРО-ДПМНЕ, се изјаснија дека на денешната координација ќе решат како ќе настапат на парламентарната седница, меѓутоа јасно порачаа дека пратениците нема да поддржат уставни измени за промена на уставното име на државата.Здружението граѓани „Преродба“ најави протести и блокади со почеток од 10 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Загина мотоциклист, три лица тешко повредени, викендов 29 сообраќајки во Скопје

Еден возач на мотоцикл загина, три лица се здобиле со потешки, а 14 со полесни повреди во вкупно 29 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 12 од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 253 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 112 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои 50 поради управување под дејство на алкохол, 52 без стекнато право на управување со моторно возило и 10 возачи почетници.Од сообраќај полицијата исклучила 57 возила и тоа едно што било технички неисправно, а 56 зашто не биле регистрирани.Непрописно паркирани биле 156 возила, а пајак службата подигнала 104 возила.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ubistvo

Tетовец си ја убил 52-годишната сопруга

Педесет и тригодишен тетовец синоќа околу 22 часот и 30 минути смртно ја застрелал со пиштол својата една година помлада сопруга по што избегал, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.Според неговите првични информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но никого не погодил по што избегал.Полицијата презема интезивни активности за негово пронаоѓање и приведување. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а повеќе информации за настанот се најавени во текот на денот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
miljarderka

Таа е најмладата американска милијардерка: Има 36 години, се мажела 4 пати, а еве од каде има толку пари

Иако "Forbes 400" на почетокот на овој месец ја прогласил за најмлада жена на листата на најбогати Американци, животот не бил секогаш добар за богатата наследничка Линси Снајдер.Оваа 36-годишна жена тешка повеќе од 3 милијарди долари се разведувала 3 пати, го изгубила својот татко кој се предозирал со лекови во 1999. година, но и самата се соочила со зависност.Претседателката на управата и единствена наследничка на ланецот за брза храна "In-N-Out" ја краси насловната страна на посебното издание на списанието "Forbes 400", во кое се отворила за мрачното минато но и открила како не планира да го шири својот бизнис на источниот брег на САД.Моментално мажена за четвртиот сопруг, Шон Елингсон, Линси вели дека подолгата листа на грешки со мажи ја принудила да биде "силна жена" за каква што се смета денес.Нејзиниот прв брак траел три години, а се омажила со момчето од средно училиште. Потоа во 2004. година се омажила за Ричард Мартнез, со кој има две деца, но нивниот брак завршил во 2011. година.До 2004. година веќе била зависна од алкохол и марихуана."Тоа беше црна фаза во мојот живот. До 22 години веќе беше готово", рекла таа за "Forbes".

Магазин | пред 7 години

7 год.
kanada

Последни подготовки за историската легализација на канабисот во Канада

Во Канада се спроведуваат последни подготовки по повод усвојување закон за легализација на канабис, а на провинциите им е оставено до среда да утврдат правни детали за неговото спроведување.– Со тоа, Канада ќе стане втора држава во светот што ќе легализира канабис, а нејзиното искуство одблизу ќе го следи Западот, најави либералниот премиер Џастин Трудо.Локални медиуми јавуваат дека во одделни покраини легализацијата  логистички можеби ќе создаде многу проблеми.Канаѓаните во иднина ќе може да одгледуваат, поседуваат и конзумираат марихуана во рекреативни цели.Пред пет години Уругвај стана прва држава во светот што легализира канабис.Деривати како производи за конзумирање, козметика и електронски цигари што содржат канабис нема да бидат легални до 2019 година.Се очекува тој потег на економијата да и генерира од 816 милиони до 1,1 милијарда долари во четвртиот квартал.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања