Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
sliki-Berlin-minister-1

Адеми оствари средби со раководствата на „Еуримаж“ и на „Европскиот филмски маркет“

Министерот за култура Асаф Адеми, за време на својот престој во Берлин, во рамките на интернационалниот Берлински филмски фестивал оствари неколку работни средби со значајни претставници на врвни институции од областа на филмската индустрија.Имено, во текот на денов (10 февруари) министерот Адеми се сретна со Кетрин Траутман, претседателка на „Еуримаж“, и со Роберто Ола, извршен директор на „Еуримаж“. На средбата, на која присуствуваше и Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм на РМ, министерот за култура го потенцираше огромното значење за Република Македонија и за македонската кинематографија што македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се наоѓа во официјална конкуренција на фестивал од А-категорија, особено што овој филм беше поддржан токму на Генералното собрание на Бордот на директорите на „Еуримаж“, што се одржа во Скопје во 2017 година.Министерот Адеми на средбата го изрази своето задоволство од досегашната високопрофесионална соработка со Република Македонија како земја членка на Еуримаж и искажа уверување дека и во иднина македонската кинематографија ќе продолжи да ги следи европските стратегии во филмската дејност и да создава квалитетни европски копродукции.Република Македонија од 2003 година е членка на „Еуроимаж“ – фонд при Советот на Европа чија цел е промовирање на европската филмска индустрија преку поттикнување на производство и дистрибуција на филмови и поттикнување копродукции меѓу филмските професионалци.За време на посетата на Берлинскиот филмски фестивал, министерот за култура Адеми денеска се сретна и со Матис Воутер Нол, директор на Европскиот филмски маркет, кој е еден од трите најголеми филмски маркети во светот. На средбата стана збор за досегашната соработка на Агенцијата за филм на Република Македонија со Европскиот филмски маркет. Беше нагласено дека Агенцијата за филм секоја година е присутна на Маркетот со различни активности за промоција на македонската кинематографија, како и со проекции на македонски филмови. Министерот за култура Адеми го запозна својот соговорник дека Република Македонија и оваа година има проекции на Маркетот и изрази уверување дека најновите македонски филмови ќе имаат голема посетеност. На средбата беше истакната заинтересираноста за продлабочување на соработката преку заложбите и Република Македонија да има свој штанд на Маркетот каде што  Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави тековната македонска филмска продукција, како и можностите за снимање филмови во Република Македонија. Министерот Адеми истакна дека присуството на нашата кинематографија на Европскиот филмски маркет е од големо значење бидејќи потврдува дека се вложува во авторите и во филмската индустрија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Boki-13-Bojan-Jovanovski

Мајката на Боки 13 вработена во Влада?!

 Јасмина Јованоска, дипломиран правник се вработила во Комисија за слободен пристап до информации од јавен карактер при Владата.Во јавноста се пласираа информации дека се работи за мајката на Бојан Јованоски, директор на 1 ТВ. Таа претходно подолго време работела во Министерството за труд и социјала.

Македонија | пред 7 години

7 год.
evrovizija

Бугарија нема да учествува на Евровизија, поради финансиски причини

Бугарија нема да учествува оваа година на Евровизија поради финансиски причини. Ова го соопштил бугарскиот национален сервис БНТ, може да се види на официјалниот сајт на Евровизија.Со тага ви соопштуваме дека Бугарија нема да учествува на Евровизија. Оваа одлука се базира на финансиски причини, бидејќи, според менаџментот на сервисот, трошоците на проектот далеку ги надминуваат финансиските капацитети на БНТ – се вели во соопштението.

Магазин | пред 7 години

7 год.
marihuana

Рација во дискотеки во Урошевац - пронајдени и запленети над 220 килограми марихуана

Пет лица се уапсени, во рации во неколку барови во Урошевац, соопштија косовската полиција и Обвинителството во градот.При рацијата биле пронајдени и запленети 220 килограми опојни супстанции, за која се сомнева дека потекнува од Албанија.Акцијата се спровела по неколкумесечна истрага.Уапсените лица, три од Албанија и две од Косово, кои се сомничат дека припаѓаат на добро организирана група и се обвинети за кривично дело неовластено купување, поседување, дистрибуција и продажба на опојни дроги и психотропни супстанции.Се претпоставува дека запленетата количина марихуана била наменета за дистрибуција надвор од Косово.

Свет | пред 7 години

7 год.
gruevski-2

Груевски: Ниту еден министер од СДСМ немаше да остане слободен ако сакавме да апсиме

Во врска со четворица поранешни министри и заменици за земјоделие кои беа приведени Груевски изјави дека тие не може да знаат се бидејќи министерството има договор со илјадници земјоделци.„Слушнав дека се уапсени заради тоа што некои земјоделци не ја плаќале кирија за земјиштето. Не знам зошто не им ја наплатат. Зошто ги става министрите во затвор? Министерството има договор со илјадници земјоделци, и не може министерот да знае се.Кога дојдвме во владата, ако сакавме да апсиме немаше ниту еден министер СДСМ да остане слободен. Зошто да апсите некој кој не знае за нешто, тоа се огронми министерства не можат тие да знаат за се“, изјави Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-12

Груевски: Димитров сам се понуди да биде партиски човек, а јас да го поставам за министер

Во интервју за Инфомакс, поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека Никола Димитров сам се понудил да биде поставен за министер.„Не би рекол дека Димитров има десничарска идеологија. Тој никогаш не бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Се понуди за функција во периодот кога Милошоски поднесе оставка. Тој дојде во мојата канцеларија и кажа дека е подготвен да облече партиски дрес доколку ја добие позицијата министер за надворешни работи. Сериозно размислив и ја донесов одлуката на таа позиција да го поставам Никола Поповски. Тој никогаш немаше партиска книшка. Димитров е извонредна личност за влегување под кожа, за правење лице, вистински мајстор за ткава работа“, изјави Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Христијан Мицкоски направи драма

Партискиот лидер Христијан Мицкоски во видео на својот Фејсбук повика на избори поради, како што вели, економската катастрофа во која тоне земјава.Економијата тоне.Владата ништо не работи и само повторува лаги.Македонија оди во погрешна насока.Покрај национална ни претстои и економска катастрофа, затоа потребни се избори.Народот да одлучи. Избори, напиша Мицковски.Нека изгрее зората на слободата. Видео-спотот во траење од неколку минути објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/2035733386502438/

Македонија | пред 7 години

7 год.
struja

Поранешен вработен во ЕВН си ја отвори душата: Откривме над 100 кражби на струја, - ни наредија да не ги пријавиме

“2013 кога работев у ЕВН бев 60 дена во реон Арачиново, пластичарска и Бит пазар у Скопје. Шо да ви кажам анархија како на ниедно место, струја никаде не се плаќа, кражби на струја а загубите 65%, напиша на својот фејсбук профил бивш вработен во ЕВН.Во продолжение, тој објаснува:Требаше да дислоцираме броила надвор од куките. Им беше обеќано на албанците дека ако дозволат дислокација 2 години нема да им исклучуваат струја за застарени сметки.При Работата открив преку 100 кражби на струја, но не смеевме да ги пријавиме зошто така ни беше наредено, само дислокација другото да не не интересирало. Они како шо знам пак си терале по исто до 2015. Пробаат да им исклучат албанците струја во тие реони, а тие им кршат сите надворешни ормари.ЕВН бара од државата помош за да им обезбеди да стопанисуваат бидејки државата е должна тоа да го обезбеди. И од немоќ државата и дава на ЕВН 14% признаени загуби низ водови, кои у нормалниот свет се 8%. Таа разлика од 6% ЕВН си ја користи а у исто време пак се насобираат за наплата сметки и таа си ги фактурира и лежат како ненаплатени долгови. 6% плаќаат Елем и Мепсо, односно ние граѓаните, па сега вие донесете заклучоци.”Нешто што го знаеме сите, освен Владините коалиции … т.е. знаат ама...https://www.facebook.com/boris.kaeski/posts/10156704559780196

Македонија | пред 7 години

7 год.
zemjotres

Земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди Иран

Земјотрес со јачина од 4,8 степени денеска ја погоди југозападната иранска покраина Кузестан, јави иранската агенција Мер.Медиумите во регионот јавуваат дека земјотресот бил појак и е почувствуван и во околните земји.Сеизмолошкиот центар на Геофизичкиот институт во Техеран соопшти дека земјотресот е почувствуван во градот Изех во Кузестан околу еден часот по полноќ по локално време, а епицентарот бил на длабочина од 15 километри.Иранската агенција наведува дека засега нема податоци за евентуални жртви или штета.Весникот „Калиџ тајмс“ од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), повикувајќи се на Националниот центар за метеорологија, објави дека земјотрес со јачина од пет степени, во попладневните часови, го погоди  јужен Иран и дека се почувствувал и во северните делови на ОАЕ.

Свет | пред 7 години

7 год.
51733870_383795752178621_507196879872720896_n

(ФОТО) Првата табла со ново име ќе се постави на ГП Богородица

Таблата на која е испишано Северна Македонија е на граничниот премин Богородица. Се очекува истата да биде поставена во текот на утрешниот ден.Официјална Атина очекува уште утре Скопје да почне со исполнување на обврските да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име.Фото: 24 инфо 

Македонија | пред 7 години

7 год.
n7Zk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpNN01EQV8vNDdiYWVmN2NjMWFmOGUxZTljNmM3YmMyYTIzN2E1ZmEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Во Босна серискиот убиец на слобода, предупредување до граѓаните да не излегуваат од дома

Обвинителството во Сараево отвори истрага против Един Гачиќ поради сомнение дека извршил тешко убиство, потврди портпаролот Азра Бавчиќ.Един и понатаму е најбараното лице во Босна и Херцеговина, а потрагата по него е проширена на територијата на целата држава.Тој е осомничен за убиството на Сауд Султаниќ во местото Подорашац кај Коњиц кое било извршено во понеделникот. Исто така тој во полицаецот Махир Бегиќ, кој обезбедувал објект на Федералната управа на полицијата (FUP) во местото Сиходол во Тарчин, истрелал повеќе куршуми од засега непознато оружје, пренесуваат српските медиумиГачиќ кон крајот на војната во БиХ убил соборец од единициата ел-Муџахид на Армијата на БиХ, позната по бруталните егзекуции и отсекувањата на глави по што е осуден на осумгодишната затворска казна. Би помилуван во 2000 година од тогашниот претседател на Федерацијата БиХ, Ејуп Ганиќ од Партијата на демократска акција (SDA) и му ја намалил казната затвор за една година.Откако излегол од затвор во 2002 година ја убил мајка си во Зеница, и во 2003 година е осуден на 20 години затвор. По издржувањето на две третини од казната е пуштен од затворот во Бихаќ. Управата на тамошниот затвор предупредила дека Гачиќ, за кого се тврди дека боледува од шизофренично нарушување, би можел да изврши убиства, но властите го игнорирале ова предупредување. 

Свет | пред 7 години

7 год.
zlatko_origjanski_croatia_top_50_98

Ориѓански: Рита Ора, Бебе Реџа, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас

Некогашниот член на групата „Анастасија“, гитаристот Златко Ориѓански се произнесе со свој став околу целосната ситуација со распределбата на финансии од Министерството за култура за проекти.„Рита Ора, Бебе Реџа, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас, дали ќе тераме пајдушко или шота. Тоа е тој провинцијализам од кој никако да се ослободиме. Грешни мерки, тесна слика за светот, локално делување, разединеите и поделени, совршена подлога за создавање селски наместо светски производи. Вложувајте пари во нешто кое ќе роди светска вредност, направете некоја светска серија, филм, музика. Не туку фрлајте пари во некој Тале или Ајет оти многу сака да глуми пред мајка му. Аман од тој ваш локал патриотизам, сељачизам, 21 век е денес, отворен пазар и натпревар“, напиша Ориѓански на својот профил на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Filip-Petrovski-TV-Nova

Филип Петровски кандидат за претседател од Единствена Македонија

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, денес, недела, 10 февруари одржа седница во врска со утврдувањето на кандидат и настап на партијата на претстојните избори за претседател на Република Македонија.Централниот комитет на Единствена Македонија како членка на „Македонија-Блокира„ донесе едногласна одлука да го подржи Филип Петровски на претстојните избори како кандидат за претседател на „Македонија-Блокира“.Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка на широка основа како од членството на ВМРО-ДПМНЕ така и од големата коалиција „Македонија-Блокира„ во која членуваат 84 организации - партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.Централниот комитет на Единствена Македонија изразува целосна подготвеност за учество на партијата и на предвремени парламентарни избори во секое време кога и да се одржат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
noz-ubistvo-napad

Ја убил својата девојка бидејќи не сакала да премине во ислам

Илегален имигрант (30) осуден е на доживотен затвор поради убиство на неговата 17-годишна девојка бидејќи како што вели одбила да премине во ислам.Идентификуван како Ахмед С. од Авганистан, прогласен е за виновен во судот во Флензбург во Германија.Неговата поранешна девојка била избодена четиринаесет пати бидејќи ја раскинала врската.Ахмед и неговата девојка биле во врска две години, но тој постојано се обдувал да ја контролира. Во февруари минатата година таа го оставила кога одбила да премине во ислам и да носи фереџе, велат од обвинителстово.“Тој пристигнал во Германија во 2015 година. 

Свет | пред 7 години

7 год.
protest-pazar

Пазарџиите ќе стават клуч на зелените пазари, најавуваат генерален штрајк?

Пазарџиите најавуваат генерален штрајк, објави ТВ Сител. Иако примената на новиот Закон се одложи за една година, тие не отстапуваат од своето барање за негово целосно укинување и ја искажаа можноста да ја блокираат работата на зелените пазари низ целата држава.Од Владата информираат дека ги слушнале аргументите и барањата на пазарџиите на заедничката средба што ја остварија пред неколку дена.И од Министерството за економија потврдија дека последната средба завршила со позитивен резултат. Одлуката да се одложи примената на законот за една година е донесена токму со таа цел, преку заеднички преговори во меѓувреме да се изготви подобрено решение на задоволство на сите засегнати страни.Новите законски измени предизвикаа револт кај пазарџиите бидејќи им се наметнува дополнителна давачка во висина од 60 евра на годишно ниво, а пензионерите и вработените немаат право да поседуваат тезга.Текстот вo целост на ТВ Сител

Македонија | пред 7 години

7 год.
1549803159229-tan2019-2-9201401450-830x0-620x350

Трамп ја исмеа кандидатката за претседател на САД: Покахонтас влезе во трка за Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Твитер во врска со веста дека демократската сенаторка Елизабет Ворен во саботата се кандидираше за претседателка, користејќи го за неа надимакот Покахонтас.Таа во октомври минатата година на интернет објави видео снимка со која ги откри резултатите од ДНК тестот со цел потврдување на нејзиното потекло од племето Чироки.„Денес Елизабет Ворен, која понекогаш ја нарекувам Покахонтас, влезе во трка за претседател. Дали таа ќе учествува како прв претседателски кандидат, или одлучила на тоа по 32 години, сепак тоа веќе не се исплати? Се гледаме на кампањата, Лиз“, напиша Трамп.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1094368870415110145?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094368870415110145&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3031810-tramp-ismejao-kandidatkinju-za-predsednicu-sad-pokahontas-je-usla-u-trku-za-belu-kucu 

Свет | пред 7 години

7 год.
S1jk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT0RJN01EQV8vYTNmMTJiYzVmM2VmMDExOTI1NTRmNTMyZDI0ZGI2OTAuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Елизабет Ворен се кандидираше за претседателка на САД

Демократската сенаторка Елизабет Ворен официјално се кандидираше за претседателка на САД во градот на работничката класа – Лоренс во државата Масачусетс.Својата кампања за 2020 година ја заснова на популистичкиот повик на борба против економската нееднаквост и изградба на Америка „која е добра за сите“,Најавувајќи ја кампањата, Ворен одлучно повика на промени и го осуди „теснецот“ во кој се наоѓа средната класа, во ситуација во која, според неа, „богатите не мора да преземаат одговорност а сите други добиваат премалку шанси за успех“, пренесе Гласот на Америка. 

Свет | пред 7 години

7 год.
KIR_0837

ВМРО-ДПМНЕ: Избори мора да се случат, за да се стави крај на хаосот во здравстово

Наместо да испраќа штури соопштенија, СДСМ и Зоран Заев треба да се одважат, да излезат со свој став и да одговорат дали ќе прифатат предвремени парламентарни избори. Аболицираниот Заев веќе неколку недели бега од соочување со гневот на граѓаните, бега од предвремени парламентарни избори бидејќи е свесен дека тие ќе значат крај неговата политичка кариера, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Предвремените парламентарни избори ќе стават крај на општиот грабеж на парите на граѓаните, кои преку криминални тендери, грантови, субвенции кои завршуваат во џебот на партиски и државни функционери на СДСМ.Парламентарните избори ќе стават крај на агонијата на граѓаните, нивното осиромашување преку зголемени давачки кон државата, ќе ја спречат економската катастрофа која паралелно се случува со националната катастрофа, олицетворена во промената на името, идентитетот, јазикот и историјата спротивно во волјата на граѓаните.Избори мора да се случат, за да се стави крај на хаосот во здравстово, крај на епдиемиите во Македонија на болести за кои со децении постои вакцина.Време е за избори, народот да одлучи, да изгрее зората на слободата, зора која ќе ги порази црнилата. Ајде Зоран одважи се и донеси ја единствената правилна одлука во својата политичка кариера, соочи се со волјата на народот, народот кој ќе каже доста е на следните парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grip

Во Ниш уште една жртва на грипот

Синоќа од грип на Инфективната клиника во Клиничкиот центар во Ниш почина уште едно лице. Станува збор за припадник на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Србија во Ниш, кој бил роден 1976 година.Тој пред десет дена бил примен во болница во многу тешка здравствена состојба. Во сабота попладне настанале компликации кои резултирале со смрт.Ова е шеста жртва на грипот во Ниш. На Инфективната клиника моментално се лекуваат 38 пациенти, 11 од нив се во тешка и критична здравствена состојба и сите се приклучени на апарати за дишење.Меѓу заболените се и шест деца, но сите се во стабилна сотојба. 

Свет | пред 7 години

7 год.
uploads_thumbs_resize_800x420_365773

Жестоки борби меѓу Курдите и ИСИС во Сирија

Жестоки борби водат арапско-курдската коалицја која е поддржана од Вашингтон и екстремистите на исламската држава.Сириските демократски сили (SDF) синоќа ја започнаа конечната офанзива за елиминирање на последните упоришта под контрола на екстремистите во источната сириска провинција Деир ез Зур. Станува збор за сектор од околу четири квадратни километри во близина на ирачката граница.Сириската опсерваторија за човекови права јавува дека од изутрината се водат силни борби, со воздушни и артилериски удари од меѓународната коалиција предводена од САД.„Борбата е во тек. Имаше жестоки судири изутринава, со експлозии на мини“ – изјави директорот на Оперваторијата Рами Абдел Рахман.Меѓу 500 и 600 терористи се наоѓаат во последните џебови под контрола на Исламска држава, изјавил портпаролот на демократските сили, Мустафа Бали.Тој синоќа изјавил дека пред започнувањето на офанзивата повеќе од 20.000 цивили биле евакуирани од таа област. 

Свет | пред 7 години

7 год.
grip

99 лица починаа во Романија од грип

99 лица во Романија го загубија животот како последица од грипот, соопшти денес Националниот институт за јавно здравје.Последната жртва е 73-годишна жена која починала вчера.Таа имала вирус тип A H1pdm09 и не била вакцинирана против грип.

Свет | пред 7 години

7 год.
prestrelka

Прилепчанка физички нападната додека била на работа

На 09.02.2019 година во 20,20 часот во Полициската станица Прилеп Т.П.(38) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 17 часот додека била на нејзиното работно место во продавницата за авто гуми и железарија лоцирана на улицата „Орде Чопела“ била физички нападната од Б.Х.(34) од Прилеп.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51777769_2193092227403644_5977729783151198208_n

Град Скопје апелира граѓаните совесно да постапуваат со својот градежен отпад

„Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ отстранија десет вреќи со градежен отпад исфрлени во контејнерите на улицата Лондонска, во скопската општина Карпош.Oтпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето нa живеалишта или деловните објекти, не смее да се одлага во контејнерите поставени на јавни површини.Апелираме до граѓаните совесно да постапуваат со својот градежен отпад, истиот да не го исфрлаат ниту на јавните површини, затоа што на тој начин се создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдена почината 78-годишна скопјанка

На 09.02.2019 година околу 08,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовска бригада-4“ била пронајдена почината В.Н. (78).По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетничка нападната од родителите, и нанеле тешки телесни повреди

На 09.02.2019 година во 10 часот во СВР-Скопје, 15 годишна девојка од Скопје пријавила дека на 08.02.2019 година околу 23 часот во нејзиниот дом била нападната од нејзината 47-годишна мајка и физички нападната од 47-годишниот татко, кој и нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци.Малолетничката е згрижена во Центарот за социјални работи, каде е обезбедена целата поддршка.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања