Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

16 сообраќајки во изминатото деноноќие, две лица со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиoт ден (11.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и девет со материјална штета.При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет со лесни телесни повреди. 17 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 12 возачи бидејќи шест го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица биле возачи почетници и двајца го управувале возилото под дејство на алкохол. Пет возила се исклучени од сообраќај бидејќи осум биле нерегистрирани.Санкционирани се тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно престигнувале, тројца не поседувале зимска опрема во возилата, 22 не користеле сигурносен појас и 32 користеле мобилен телефон додека го управувале возилото. Во текот на изминатиот ден издадени се 73 мандатни платни налози,  додека исто така 66 возила се подигнати со "Пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанка нападната од куче во Аеродром

На 11.12.2018 година во 12,00 часот во Полициската станица Аеродром Д.К.(43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10,45 часот на булевар “Видое Смилески-Бато“ неговата 17 годишна ќерка била нападната од куче,  кое ја каснало во пределот на левата рака.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Удрил во пешак и побегнал

На 11.12.2018 година во 12.00 часот во Скопје на улица „Козара“ непознато патничко моторно возило управувано од непознат возач (кое го напуштило местото на настанот), удрило во пешакот Л.Т.(83) од Скопје.Л.Т. се здобила со тешки телесни повреди и укажана и е лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kratovo-sneg-1

(ФОТО) Снег во Кратово

Интензивни врнежи од снег го зафатија Кратово и повисоките планински места низ земјава.  Вистинска зимска идила е утрово во овој Град. Засега нејава за интензивни врнежи од снег низ земјава нема, но според метеоролозите  повремени врнежи од снег ќе има утре попладне и в петок , а наместа ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места и повремен снег на планините. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Командир на полициска станица го оштетил буџетот на МВР за 416.557 денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против З.С. вработен во Регионален центар Север на работно место Командир на Пoлициска станица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Пријавениот постапувајќи спротивно на подзаконски акт на Министерството за внатрешни работи во текот на 2016 и 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување при што издал и потпишал 32 наредби за работа подолга од полното работно време со што овозможил на полициски службеници без основа да им се исплатат 416.557 денари за прекувремена работа со што директно го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија..

Македонија | пред 7 години

7 год.
Real-Madrid-kamp

(ВИДЕО) Охрид по втор пат ќе биде домаќин на фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“

Охрид ќе биде домаќин на вториот фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“. На кампот кој ќе се одржува од 14 до 18 јануари 2019 година во хотелот „Аквалина“ се очекува да учествуваат стотина деца на возраст од 7 до 17 години.Во рамки на кампот децата ќе тренираат фудбалски техники и вештини, но ќе научат и многу повеќе за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух, толеранцијата и здравиот начин на живот.https://www.facebook.com/prof.dr.jovan.stojanoski/videos/2161580690725870/

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Закана за бомба во седиштето на Фејсбук – за среќа лажна

Објект на Фејсбук во градот Менло Парк, во државата Калифорнија синоќа е евакуиран поради закана за бомба.Во зградата, каде имало вработени во Фејсбук и Инстаграм, веднаш биле испратени спацијални единици, но не се пронајдени никакви експлозивни направи. Според локалните медиуми, заканата за бомба била упатена преку полициска станица во Њујорк, па потоа биле известени и влaстите на Менло Парк.Загриженоста за безбедноста во технолошките кампуси во Сан Франциско се зголеми минатата година, особено по пукањето во кампусот на ЈуТјуб во Сан Бруно во април. 

Свет | пред 7 години

7 год.
48045725_269069140634812_6969565322391060480_n

"Го фатив жив" - откриено кој го фотографирал Груевски во Будимпешта

Унгарски „Индекс“ го најде изворот на оригиналната фотографија од вчерашната прошетка на поранешниот македонски премиер Никола Груевски низ улиците на Будимпешта која се рашири со брзина на светлината по социјалните мрежи и медиумите.Британски новинар Даниел Нолан го фотографирал Груевски во близина на култна пивница во унгарската престолнина. - Го фатив жив! Пребеганиот екс-македонски премиер забележан во Будимпешта - напиша британскиот новинар заедно со објавената фотографија на Твитер, пренесе Фактор. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebe-stomak

Честичките од загадениот воздух пронајден во плацентата кај бремени жени

Научниците го пронашле првиот доказ дека честичките од загадениот воздух патуваат низ белите дробови на бремените жени и се сместуваат во плацентата. Токсичниот воздух веќе е силно поврзан со штетата кај фетусите, но како е направена штетата, не се знае. Ново истражување што ги вклучило мајките во Лондон открило ситни честички во плацентата на секое бебе. Истражувачите велат дека е можно честичките да влезат во фетусите, објави факултети.мк.- Ова е загрижувачки проблем - постои масовна поврзаност меѓу загадувањето на воздухот што мајката го вдишува и фетусите. Затоа, идните мајки се советуваат да патуваат низ помалку загадени места - вели д-р Лиса Мијашита.Серија претходни истражувања покажаа дека загадувањето на воздухот значително го зголемува ризикот од предвремено раѓање и ниска родилна тежина, што доведува до доживотно оштетување на здравјето. Големо истражување што опфатило повеќе од 500.000 породувања во Лондон ја потврди врската и ги наведе докторите да кажат дека импликациите за многу милиони жени во загадените градови низ светот се нешто што се приближува до јавна здравствена катастрофа.Научниците сè повеќе откриваат дека загадувањето на воздухот резултира со здравствени проблеми кои не се поврзани само со белите дробови. Во август истражувањата откриле дека загадувањето на воздухот предизвикува огромно намалување на интелигенцијата, додека во 2016 година биле откриени токсични наночестички од загаденоста на воздухот кај мозокот на човекот.Новото истражување ги испитало плацентите на пет бремени жени кои не пушеле и кои родиле здрави бебиња. Истражувачите изолирале макрофажни клетки, дел од имунолошкиот систем на телето, кои ги зафаќаат штетните честички, како бактериите и загадувањето на воздухот.Користејќи оптички микроскоп, тие откриле 72 темни честички меѓу 3.500 клетки, а потоа користеле моќен електронски микроскоп за да ја испитаат формата на некои од честичките. Изгледале многу слично како честичките пронајдени во микрофагите во белите дробови.- Многу е јасно дека станува збор за црни честички-саѓи  - вели д-р Мијашита. Претходните истражувања покажаа дека честичките што ги вдишуваат бремените жени минуваат низ крвотокот и влегуваат во плацентата.- Не знаеме дали честичките што ги пронајдовме може да се пренесат и во фетусот, но нашите докази сугерираат дека е можно. Исто така, знаеме дека на честичките не им е потребно да навлезат во телото на бебето за да имаат негативен ефект бидејќи ако имаат ефект врз плацентата, ќе имаат директно влијание врз фетусот - додаде д-р Мијашита.- Овие истражувања покажуваат дека децата имаат полоши животни шанси кога станува збор за нивното образование и нивните работни места - вели д-р Кристијан Шилерт од Универзитетска болница „Каролинска“ во Шведска.Извор: факултети.мк

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Што ќе се случува со Македонија идната година и зошто само зло ја прати државата, откриваат астролозите

Македонија астролошки е во знакот на девица, а подзнак бик. Астролозите како година, ден и час на раѓање на земјата за да изготват натална карта ги земаат 8 септември 1991 год, денот на референдумот и 21:00 часот кога се обзнанија резултатите од референдумот.Астролозите велат дека кога се анализира наталната карта на Македонија, навистина се е точно и резултатите се фрапантни како такви што излегуваат. Познатиот филозоф и астролог Зоран Крстевски долги години со крајно точна прецизност, читајќи го влијанието на ѕвездите „најавуваше“ што не очекува. Но, како што вели „Последните скоро 7 - 8 год. се откажав од давање прогнози бидејќи се надевам на секој му е јасно и секој може да предвиди што се може да следи“.Крстевски за Скопје1.мк , објаснува зошто немаме среќа со претседателите, поточно, зошто еден преживеа атентат, друг загина, трет кој не се занимава со политика повеќе после мандатот како што вели не можеше да „вирее“ ...Крстевски објаснува што се случува во моментов и зошто, како и кога завршува лошото влијание на сатурн врз земјава. „Свесно или несвесно, проблем сме направиле од самото создавање. Македонија е создадена за време на млада месечина. Сонцето е затемнето од месечината. Наместо да не огрее сонце, не затемнала месечина“, вели Крстевски за Скопје 1.Во продолжение ви ја пренесувме видео изјавата од Про. д-р Зорна Крстевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
555

(ВИДЕО) Кавги и навреди меѓу адвокатот Тортевски и демонстрантите

Кавги и навреди меѓу адвокатот Тортевски и демонстрантите на вчерашните протести организирани од движењето „Македонија Блокира.Дознаваме дека Тотевски добил дозвола од полицијата да ги премине блокади кај Градска болница и се упатил кај демонстрантите. „Македонија блокира“ го осуди овој инцидент. Повикуваат  да им биде дозволено мирно да протестираат.Тие објавија и видео на кое се гледа инцидентот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
48168584_2412562755484349_4709771582430511104_n

Исчезнат тинејџер од Скопје, се допишувал со девојка од Тетово

Исчезнат е тинејџер од Скопје кој последен пат е виден во Ѓорче Петров со бела Шкода со регистарски теблички СК1566АП. Според информациите тој се допишувал со девојка од Тетово, а од вчера е исчезнат и на телефоните е недостапен.„Barame haker koj ke go probie pasvordot na facebukot! Detevo se dopisuvalo so “devojka od Tetovo” i od vcera e isceznat! Nedostapen e na telefonite! Deckovo so radost gi ocekuva roditelite da mu pristignat od stranstvo posle dolgo vreme, trebalo da gi preceka, no mu se gubi sekoja traga! Pred da pocnete so predpostavki, nitu e kockar, nitu narkoman, nisto of poroci! Normalen decko od prekrasni roditeli! Taka i gi zapoznavme, majka mu e najgolem humanist i donator vo nasata organizacija! Ve molam da i pomogneme da si go najde deteto!Dokolku imame haker as pc koj saka da pomogne za da se najde bilo kakov trag, neka i zvoni, lugjevo ne spijat!Ova se broevite od deckoto tel:078244808 i tel:070252836. Koj moze da hakira kompjuter ili da najde telefon, ve molam pisete na majkata! Ne zvonete bezpotrebno ve molam! Majkata e Maja ‭078246917‬, ova e nejzin broj! Barame bela shkoda fabia so tablici Sk1566ap, na levata strana na vratata ima zname od evropa i Makedonia i pisuva Demirkapija Smokvica!“, стои во објавата на Фејсбук,https://www.facebook.com/jovana.kostovska.71/posts/10158178467589517

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот.„Од 17:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на  Влада. Од  тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот“, стои во соопштението на полицијата.Од МВР преку соопштението испратија апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со мала облачност, температура до 12 степени

Денес времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринските температури ќе се дижат од -4 до 6 степени, а дневните од 4 до 12 степени.Во Скопје слично време со температура од 2 до 7 степени.Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи претежно од снег и на места ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-331954

Соопштение на Единствена Русија, партијата на Путин: Можен е квалитетен скок во односите меѓу Русија и Македонија

Развојот на политичката, економската и културната соработка, како и важноста на зачувувањето и јакнењето на духовните врски меѓу Русија и Македонија беа теми на разговорите на заменик-секретарот на Генералниот совет на партијата Единствена Русија, Сергеј Жељезнак со делегација на македонски парламентарни политички партии, ГРОМ и Демократската партија на Србите во Македонија.„Русија и Македонија ги обединуваат заедничките духовни вредности, заедничката православна и словенската традиција. Нашите народи со векови се тесно поврзани со историски и културни корени", рече Жељезнак.„Со длабока загриженост ги гледаме сите обиди за директен притисок од надвор и обидите за мешање во внатрешните работи на суверена Македонија, промени на националниот идентитет, името на државата, Уставот, системот на државата и националните симболи. Сето ова е направено со цел да се трансформира Македонија во протекторат на НАТО против волјата на поголемиот дел од своите граѓани. Таквите активности не само што ја дестабилизираат политичката ситуација во Македонија, туку имаат негативно влијание врз безбедноста и стабилноста во целиот балкански регион", рече Жељезнак за време на средбата.„Ние ја почитуваме борбата на патриотските сили на Македонија против секој обид за промена на власта, на името и на националните симболи на земјата против интересот на македонскиот народ", рече Жељезнак.Стевчо Јакимовски ја истакна потребата за развој на дијалогот меѓу партиите за клучните прашања во политиката, економијата, хуманитарните прашања и за младинска соработка и интеракција на општинско ниво, пишува на интернет страницата на Единствена Русија.„Има огромен потенцијал во трговските односи меѓу двете земји утврдени со проширување на извозот на македонските земјоделски производи", рече тој.„За развој на нашите трговски односи, постои добра економска платформа, бидејќи Македонија не ги прифати санкциите против Русија. Во мај, македонската страна го покрена прашањето за можноста за склучување на договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија. Во исто време, развојот на односите со ЕЗАЕ не поставува никакви услови во однос на интеракцијата на Македонија со ЕУ“, вели Жељезнак.Двете страни ја разгледаа и иницијативата за создавање балканска царинска унија и продолжувањето на слободната трговија со Русија.Учесниците разговараа и ја поддржаа идејата за формирање на постојан форум на Македонија и Русија (Форум МиР), како отворена платформа за дискусија со учество на политички партии, невладини организации, експерти, бизнисмени...„Мислам дека Форумот ќе предизвика голем интерес во нашите земји и ќе биде добра основа за долгорочни проекти во насока на развој на добрососедските руско-македонски односи", рече Жељезнак.

Македонија | пред 7 години

7 год.
esma-redzepova-1439387826-65364

Две години без Есма Реџепова

На денешен ден 11 декември 2016 година на 73 годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска.Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали  и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа.Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.

Магазин | пред 7 години

7 год.
zagaduvanje

Скопје е уништено: Две години за намалување на загадувањето не е решение, туку понижување

Скопје е уништето од алчноста и криминалната спрега на урбаната мафија и властите. Скопје е град каде возат автомобили со еко стандарди кои во ЕУ одамна се забранети. Се гради не според потребите, туку според интересите на поединци. Јавниот превоз е катастрофален и уште еден извор на загадување. Затоа, она што недостасува за да се спаси градот, вака како што е руиниран, е нов "Кензо Танге" план и нова ВИЗИЈА. Наместо да си вадат делови од планот на Кензо Танге според потребите и личните интереси како од рафт на продавница, да направат план каков град сакаме сите да видиме сите за 10, 20 години. Нов план, за кој ќе се постигне консензус меѓу политичките партии, градските власти, експертската јавност и граѓаните. Визија за градот имајќи ги предвид неговите слабости (сообраќај, загадување) и потребите на граѓаните, а не на интересните групи на луѓе со пари и моќ.Притоа, експертската јавност да биде многу поширока од архитекти и урбани планери, туку и еколози, стручњаци за инфраструктура (јавен превоз), хортикултура и сл. Ако за намалување на загадувањето е потребно да се демотивираат граѓаните да возат во центар, потребен е квалитетен јавен превоз. Таков проект е долгорочен и бара инвестиции за кои се потребни и странски кредити и домашно финансирање, проект за кој е потребен консензус бидејќи надминува еден градоначалнички мандат.Ако за намалување на загадувањето е потребно зеленило, да се направи план како да се направат нови паркови. Идејата за некакви зелени кровови над згради и трговски центри е тотално мачкање очи затоа што дрвја не може да се садат и да фатат корен на кров на зграда и тоа би се свело на трева и грмушки. Идеите што се нафрлаат за зелени кровови е само ефтин маркетиншки трик на потенцијалниот инвеститор на парцелата. Наместо парцијални решенија, потребен е компрехензив план што ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните, кој пред се ќе се насочи кон намалување на загадувањето. Двегодишен план за справување со загадувањето со инстант донации не само што не е решение туку е понижување на умот.Значи власта да не се крие зад законите, туку да ја врати парцелата на граѓаните, а таа да се осмисли според потребите на градот, а не на "Обновители", Антиќ и Сугарески. Се друго ќе биде континуитет на груевизмот и граѓаните кога тогаш ќе го казнат.п.с. Го следев процесот на денационализација од почетоците и знам конкретно случаи дека не се враќало земјиште, туку обврзници, дури и кога на парцелата за која некое семејство има имот, зафаќа тревник покрај тротоар. За ваков случај пак, каде зафаќа и траса од трамвај предвидена со ГУП да се врати земјиште?!? Тоа можело само во криминалните зделки на владата на Груевски. Пардон и сега, кога министер е Сугарески, а премиер Заев.Ida Protuger - објава на социјални мрежи

Коментари | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сетете се дека нѐ сакавте

Драги пријатели и идни сојузници, не ви се чини дека малку премногу и малку предолго ја оставате оваа држава на ветрометина? На милост и немилост на нејзините отворени негатори? Колумна на Гордан Георгиев.Опасно нѐ мамевте кога ни велевте дека кризата заврши, таму некаде во далечната 2017-та година. Нѐ мамевте, а ние ве преколнувавме да не ширите лажни надежи. Здружено пееше тогаш хорот од европски славејчиња, жедни за победа на екипата на која сепак ѝ помагаа само од трибините, без претерано да си ги извалкаат салонките со кал. И тогаш, како и сега, уживавте со туѓи (не ваши!) перја да го китите крзното на Венера, која соблазнето се грчеше во невидени болки. И тогаш, кога нѐ мамевте, и сега кога молчите, ние ви верувавме. Ајде сега малку приберете се и помогнете. Шампањот и јагодите може да почекаат, иако веќе ни вам ни нам не ни е до нив. Во Македонија има сѐ уште незавршена работа. И веќе не ни е гајле дека ви е тешко и мачно да слушате дека и самите сте дел од кризата (преку нечинење), како што сте и морате до крај да бидете дел од решението (преку чинење).Која сила ќе ги скроти канцерогените пецкања?Судејќи според реториката, регионот во декември 2018-та година наликува на предвечерјето на Втората балканска војна, онаа чијшто raison de guerre беше највкусното парче од колачот, имено територијата и душата на денешна, а уште малку вчерашна, Република Македонија. Се разбира, таа војна овојпат е вербална, но последиците од ваквиот вербализам и волунтаризам во изјавите и поведенијата повторно се прекршуваат врз нашиот грб. Просто е неверојатно да се слушаат изјавите на високи претставници на нашите соседи во врска со ситуацијата во Македонија и трнливиот пат кој таа го изодува. И повторно имаме сѐ во манџата: Грци, Бугари, Срби, Албанци, остатоци од австро-унгарската империја, турска империја која грчевито се бори никогаш да не зајде нејзиното сонце, руски токсични влијанија и сајбер-интервенции. И повторно Европа- блудницата и Америка самодоволна. Можно ли е, се прашува здраворазумниот човек негуван и нишан во лулката на европските вредности, упорно и бесрамно да ни се повторува истата реторика?Начинот на кој Европската унија и САД ја „хендлаат“ новата криза во Македонија (кризата која нели пред една година заврши) е скандалозен. Фотографиите од неизустениот успешен референдум сосема избледеа. Еве гледаме дека сега во Германија дошла некоја друга жена, која не ја познаваме, а онаа која ја познававме и која така здушно ја гушкавме ни се чини дека изгубила интерес за нас или го сменила телефонскиот број. И да, заборавив дека во тек е смена на скопската американска администрација, па обично се навикнавме да им даваме грејс период од една година. Ние одовде, од нашава мрачна дупка, не гледаме сила која ќе ги скроти сите канцерогени „пецкања“ кои доаѓаат од нашите идни партнери. Бидејќи се чини дека некои од нив се подготвени сѐ да направат за да се оствари она што е речиси незамисливо во меѓународните правила на игра: Pacta non sunt semper servanda.Драма во неколку чинаЧин први. Топлите прегратки помеѓу Борисов и Заев не ги стоплија душите на двата народа. Министерот за НАТО (одбрана) на Бугарија секојдневно фрла отровни стрели кон братскиот народ отаде Ѓуешево, а братот Бојко молчи. Благонадежни нови пријатели на Македонија од истата страна на границата енигматично ни сугерираат дека Бугарија и Македонија треба да бидат како Грција и Кипар. Само не ни кажуваат дали Македонците треба да бидат Грците во Кипар или Турците во Кипар. Ако историскиот договор помеѓу Бугарија и Македонија зависи од простодушноста на Заев и славјанската присност на Борисов, тогаш да знаете дека немаме договор. Pacta non sunt semper servanda.Чин втори. Министерот за НАТО (одбрана) на Грција со жестока реторика упорно и од почетокот го поткопува Договорот од Преспа. Можеби и тој мисли дека Кипар е најдобро решение за Македонија, иако сигурен сум дека во „деталите“ и имплементацијата на „кипарското прашање во Македонија“ се разликува од неговиот бугарски партнер во НАТО. И на сето тоа Алексис Ципрас упорно молчи, патем жртвувајќи го можеби единствениот искрен поддржувач и брокер на договорот отаде Евзони, бившиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Ако Договорот од Преспа зависи само од бившиот министер Коцијас и непроспиените ноќи во преговори со Димитров, тогаш знајте дека договорот е неодржлив. Pacta non sunt semper servanda.Чин трети. Министерот за надворешни работи на Унгарија, клучен НАТО партнер, се изживува врз телото наречено Европски парламент и душата му ја вади на и онака бескрвниот комесар за проширување. Јоханес Хан, потопен во безначајноста на сопствената функција и проблематичната морална постура полека станува (срам ми е да го напишам ова, но така е) вреќа за боксирање на кој-ќе-стигне. Преигрувањето во играта на мали голчиња секогаш доаѓа со задоцнета фактура. Подобро нека не нѐ брани повеќе.Во сличен ѕид на молк удривме со намонтираната индолентност на норвешкиот генерален секретар на НАТО. Па спакувајте го назад тој Груевски во истиот гепек во кој го пропуштивте низ пет НАТО-граници и вратете го во Скопје. И лизнете го од лизгалката на неговата гаража од којашто избега. Па правете се наудрени како што сега Сијарто ви се смее во лице. Еден пријател еднаш во огледало ми рече: Ќе видиш, овој Груевски ќе ја распадне Европа со својот пребег во ЕУ. Не ни ја мачкајте свеста и не ни го фарбајте достоинството дека декларацијата на Европскиот парламент има каква билосмисла освен да ве покрие вас и вашата неспособност. Таа декларација е срам за нас и за вас, особено откако Сијарто ја пушти низ тоалетната школка.Чин четврти. Заглушувачкиот молк на „странците“ околу лажното помирување помеѓу тенкото владеачко мнозинство и осумтемина пратеници. Кажете им на нашите власти в лице, а потоа и нам во јавност дека ова со амнестијата не е и не смее да биде едночинка, туку само пролог во крупниот и долготраен и мачен процес на помирување, простување и признавање на вината. Спонзориран директно од вас. Инаку ние, големото мнозинство граѓани на оваа држава ќе прогласиме дека pacta non sunt semper servanda.***Да не претеравте малку со вашето нечинење драги пријатели? Во мугрите на претседателските избори, чинам дека на Македонија ѝ треба еден нов Борис Трајковски, некаква политички маргинализирана фигура на која ѝ пукнал филмот, некаков нов „заменик министер за надворешни работи“ кој ќе ѝ за'ржи на меѓународната заедница и повторно пред нос ќе ѝ го стави огледалото во кое таа наутро сѐ помалку милува да се гледа. Да им каже јасно и гласно: Драги пријатели и идни сојузници, не ви се чини дека малку премногу и малку предолго ја оставате оваа држава на ветрометина? На милост и немилост на нејзините отворени негатори и на милост и немилост на вашата внатрешна петта колона? Па ова е истата онаа држава која пред една година ја прогласивте за безкризна и која помина тешки, ама баш тешки, премрежја за да го оправда епитетот на партнер. Ако вака продолжите, ќе ги оставите без работа Лавров, Вучиќ и компанија. Ќе им остане само сеирот. А ние секако нема да преживееме. Бидејќи некои, навидум однапред договорени договори нема да можеме да ги исполниме. Pacta non sunt semper servanda.А вие, домашни пријателчиња, го оставивте повторно Заев сам да брани, нели? Браво Византијо, браво солидарни собраќа и сосестри.DW.COM

Коментари | пред 7 години

7 год.
vadim-repin

Во Македонската филхармонија: “Магична виолина“ – со виртуозот Вадим Репин

Македонската филхармонија, утревечер (12 декември) во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под наслов “Магична виолина“, на кој како солист ќе се претстави еден од најголемите виолинисти на денешницата, Вадим Репин од Русија.Виолинистот со огнена страст, со беспрекорна техника, уметникот од чии раце извира поезија и сентименталност, како што го опишува критиката, Вадим Репин, за македонските љубители на музиката ќе го изведе виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 2 од Сергеј Прокофјев. Диригент на концертот е маестро Владимир Вербицки од Русија, кој првпат настапува на македонската сцена, а кој се смета за еден од најактивните руски диригенти и кој гостува на сите светски континенти.Под неговата диригентска палка оваа вечер ќе бидат изведени и едно од најпопуларните дела на рускиот композитор Модест Петрович Мусоргски – “Ноќ на пустата планина“, како и македонската премиера на Симфонија бр. 1 од рускиот автор Василиј Калиников.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Определен притвор за 20-годишното момче што ја уби својата баба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје попладнево достави Предлог за определување мерка притвор за 20-годишното момче од Драчево, за кое постои основано сомнение дека вчера ја лиши од живот неговата 66-годишна баба.Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и опасност осомничениот да го повтори делото.Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истрага против осомничениот за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик.Имено, осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка, нанесувајќи и повеќе убодни рани со нож, од кои една засецна рана во пределот на вратот била смртоносна.За потсетување, извршителот вчера сам се пријавил во полициска станица и признал дека ја лишил од живот неговата баба. Мотивите за кривично-правниот настан се уште се утврдуваат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, а се вештачат и трагите и материјалните докази пронајдени на лице место при извршениот увид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48365789_277901859576151_3868021961657417728_n

Официјално - формирно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води

Владата на Република Македонија , на денешната 107-ма редовна седница донесе одлука за формирање на Јавно претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води.Новото јавно претпријатие, ги презема сите обврски и во иднина ќе управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.Со одлуката на Владата, всушност се прави поделба на досегашното Меѓуопштинско јавно претпријатие „Проаква“ , кое беше голем финансиски проблем за општините Охрид и Струга, бидејќи претпријатието беше нефункционално и работеше со загуби. На одлуката на Владата на Република Македонија и претходеа постапки за делбен биланс и одлуки на Советите на општините Охрид и Струга. По формирањето на јавното претпријатие за управување со колекторскиот систем, општините Охрид и Струга ќе формираат нови јавни претпријатија за стопанисување со водоводните системи.Одлуката на Владата на Република Македонија со олеснување е примена кај локалните власти, но и кај граѓаните и стручната јавност, бидејќи со формирањето на новото јавно претпријатие се решава еден витален и повеќедецениски проблем со заштитата на Охридското Езеро, кое како светско природно наследство е на листата на УНЕСКО.Иницијативата писмено до премиерот Зоран Заев во 2017 година ја испрати тогашниот охридски Градоначалник Никола Бакрачекси по што Премиерот Заев во Скопје се сретна со Бакрачески и ги разгледа и прифати плановите за превземањето на Колекторот, а сега и ги реализира во пракса.https://www.dailymotion.com/video/x5tmvgi

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

АХВ ги демантира наводите во соопштението на „Коалиција против ГМО“

„Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира наводите од денешното соопштение на неформалната група граѓани и организации „Коалиција против ГМО“ во врска со изјавите на директорот на АХВ Зоран Атанасов дадени во емисијата Отворено студио на ТВ 1, во врска со ГМО храната. Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја информираме јавноста дека сите наводи изнесени во соопштението се невистинити и голем дел се однесуваат на надлежности на други институции, а не на Агенцијата за храна и ветеринарство.АХВ е надлежна за уредување на легислативата и контролата на ГМО храната и ГМО храната за животни, но, не и за одобрување и пуштање во промет на ГМО семињата, ниту за култивацијата и одгледувањето на култури кои се генетски модифицирани. АХВ не е надлежна институција ниту за контрола на влијанието на овие генетски модифицирани култури врз животната средина и врз диверзитетот во природата.Сите посочени линкови во соопштението се однесуваат на штетни ефекти врз здравјето на луѓето, но, од употреба на одредени пестициди, за кои се знае дека нивната прекумерна или несоодветна употреба има штетни последици. Одобрувањето на пестицидите не е надлежност на Агенцијата.Дел од посочените линкови упатуваат на научни трудови кои се поврзани со употребата на пестицидите, а не со употребата на ГМО храната и ГМО храната за животни. Некои од линковите се само информации од написи непоткрепени со научни сознанија, но, и тие зборуваат за штетни ефекти врз здравјето на луѓето од употребата на одредени пестициди, не за ГМО.Европската агенција за безбедност на храната ЕФСА учествува во проценка на ризикот која е дел од процедурата за одобрување на генетски модифицираниот производ во рамки на Европската комисија, а се однесува на растение кое може да се култивира и чија намена е стриктно определена во самата авторизација/одобрение, односно определено е дали културата која е генетски модифицирана ќе се користи за храна или како храна за исхрана на животни.За употребата на ГМО храната која е авторизирана/одобрена, а се користи во исхраната на луѓето нема научни докази дека влијае негативно врз здравјето“, се вели во соопштението од АХВ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Го удриле со тврд предмет, па извршиле разбојништво

Вчера во 17,30 часот во Скопје, пријавено е дека на улица „Христо Татарчев“, две непознати лица, со употреба на физичка сила и тврд предмет извршиле разбојништво над М.Н.(29) од  Кратово и му одзеле мобилен телефон и 600 денари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
debrcatopografija

Јавна презентација на проектот „Дебрца-Археолошка топографија на старите градови и тврдини 2018“

Во четврток 13.12.2018 година, со почеток во 11.00 часот, во салата за седници на советот на општина Дебрца, во село Белчишта ќе се презентираат резултатите од Проектот “Археолошка топографија на старите градови и тврдини во општина Дебрца 2018 “. Во рамките на проектот се изврши археолошки мониторинг на 10 најзначајни археолошки локалитети со цивилизациски карактер на територијата на општина Дебрца, изработка на археолошка, техничка, наративна и илустративна фото/видео документација.Средствата за реализација на проектот, во износ од 100.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Дебрца, конкретно од Програмата за развој на културата во 2018 година, а истражувањето го спроведе истражувачкиот тим на Филозофскиот факултет Скопје.Презентацијата ќе ја изврши Раководителот на истражувачкиот тим, Проф. Д-р Виктор Лилчиќ Адамс. Поканети се сите заинтересирани лица кои сакаат да ја проследат јавната презентација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Јавна расправа за буџетот на Општина Охрид за 2019 год

Во рамки на отчетното и транспарентно работење, градоначалникот Јован Стојаноски и секретарот Игор Бежоски заедно со раководителите на општинските сектори денеска во просториите на општина Охрид одржаа јавна расправа за фискалната стратегија и нацрт програмите за буџетот за 2019 година.На настанот учествуваа претставници од Урбаните и Месни заедници кои преку предлагање на приоритетни и значајни проекти за нив директно учествуваат во креирање на предлог програмите и буџетот кои во наредна фаза ќе бидат ставени на гласање пред советниците во Советот на општина Охрид.На средбата охриѓани побараа за наредната 2019 година општината да издвои повеќе средства за лицата со посебни потреби како и да се решат повеќе проблеми од областа на инфраструктурата меѓу кои изградба на пристапни патишта, детски и спортски игралишта.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања