Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
48365789_277901859576151_3868021961657417728_n

ЕКСКЛУЗИВНО: Владата го превзема колекторкиот систем околу Охридско Езеро

Владата на Зоран Заев го исполни ветувањето кое премиерот го даде во 2017 год. Денеска е формирано новото државно јавно претпријатие кое треба да врши одвод и прочистување на отпадни води околу Охридско Езеро, кое неофицијално ќе се вика „Колектор“, дознава Скопје1 од извори во Владата на РМакедонија.Од кабинетот на градоначалникот Јован Стојаноски за Скопје 1 и официјално ја потврдија  информцијата и кажаа дека дека денеска биле известени за формирањето на новото претпријатие.Првите разговори за формирањето на ова јавно претпијатие се водеа во јули 2017 кога оваа иницијатива писмено до премиерот ја достави тогашниот Градоначалник Никола Бакрачески, по што премиерот Зоран Заев оствари средба со Бакрачески и отпочна разговори за реализирање на оваа иницијатива, а процесот го продолжи актуелниот градоначалник Јован Стојаноски.Инаку, колекторот е еден од најголемите финансиски товари на општина Охрид, а со овој чекор Владата дава значаен придонес во процесот на раздолжување на општината кој е во тек.

Македонија | пред 7 години

7 год.
MNR-Dimitrov-Pariz-03

Димитров: Свесни сме дека да се биде Европеец не значи само зачленување во ЕУ

Денес во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров, учествуваше на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан, на покана од францускиот Министер за надворешни работи до Министрите за надворешни и внатрешни работи на 6-те земји од З.Балкан. Состанокот беше воден од страна на МНР на Франција, Жан-Ив Ле Дриан и МНР на Германија, Хајко Мас, а на истиот покрај Министри од Регионот учествуваа и Министри од земји членки на ЕУ и други високи претставници на земји донатори и на меѓународни организации.Во своето обраќање, МНР Димитров најнапред ја потенцираше важноста од соработка и интеграција на Регионот во ЕУ, експлицитно демонстрирано во екот на мигрантската криза во 2015 година. Заблагодарувајќи се за поддршката од партнерите на патот на европската интеграција, тој нагласи: „Свесни сме дека да се биде Европеец не значи само зачленување во ЕУ, туку и сет на вредности и практики на добро управување, владеење на право, борба против корупција, незаивисни и силни институции.”Притоа во контекст на исполнување на стандардите за членство во ЕУ, Министерот изрази подготвеност за уште потесна соработка во однос на безбедносните прашања од различен вид, вклучително и контролата на илегална трговија со мало и лесно оружје, во интерес на креирање побезбедни општества за нашите граѓани и борба против организираниот криминал.МНР Димитров истакна и дека „Патоказот за изнаоѓање одржливо решение за незаконско поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција во Западен Балкан до 2024 година, усвоен на Самитот за Западен Балкан во Лондон на 10 јули 2018 година, претставува одлична рамка, комплементарна на веќе постојните национални и регионални иницијативи, за засилување на контрола и непролиферација на мало и лесно оружје”.Покрај учеството на денешниот состанок, кој претставуваше одлична можност и за размена на мислења и разговори на МНР Димитров со повеќе колеги, во рамки на работната посета на Париз, ќе се обрати и во Фондацијата Роберт Шуман на тема „Европската перспектива на Македонија по Договорот со Грција”.Исто така, утре, во Собранието на Француската Република, министерот Димитров ќе се сретне со претседателката на Комисијата за надворешни работи и со група пратеници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Уапсени двајца Албанци поради нелегален влез во Македонија

На 10.12.2018 година околу 19,20 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Полициска станица Гостивар, ги лишиле од слобода албанските држaвјани Д.Л.(19) и К.Р.(19), кои нелегално влегле и непријавено престојувале и поради сомнение дека се инволвирани во кражби во неколку гостиварски села.Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Малолетник од Скопје преживеа хорор за 150 денари

На 10.12.2018 година околу 19,20 часот било пријавено дека неколку лица на булевар „Гоце Делчев“, извршиле разбојништво со употреба на сила над малолетник и му одзеле 150 денари.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Ограбена аптека во Скопје

На 10.12.2018 година во 18,50 часот пријавено е дека во Скопје во аптека лоцирана кај „Зелен пазар“, непознато лице со закана извршило разбојништво при што од касата одзело околу 8.000 денари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Ограбена бензинска во Скопје

На 10.12.2018 година во времето од 02,00 до 04,00 часот во Скопје, во бензинската пумпа на булевар „3-та Македонска Бригада“ непознат сторител извршил тешка кражба, така што со употреба на погоден предмет делувал на прозорецот од канцеларија, влегол внатре и одзел пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кичевец добил изгореници во обид да изгасне пожар

На 11.12.2018 година во 07,50 часот во објект во „Жито Караораман - Кичево“, лоциран во близина на населбата „Горица“, настанал пожар. При обид за гасење, со изгореници се здобил Г.Ц.(40) од Кичево вработен во компанијата.Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево каде по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување.Со интервенција на противпожарната единица од Кичево, пожарот бил локализиран и изгаснат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Македонија Блокира“: Полицијата брутално реагираше, има повредени демонстранти

„Македонија блокира“ обвинува за полициска бруталност на протестите во Скопје.„„Македонија-Блокира„ ја осудува синоќешната брутална полициска интервенција врз македонскиот народ кој мирно протестираше пред Собранието во рамките на активностите за спречување на уставните измени со кои се брише се што е македонско.Во неоснованата, незаконска и нелогична акција на полицијата има неколку повредени а кај еден од протестантите има кршење на прстите на раката за штои има и видео запис.Шокирани сме од сознанието дека пред Собранието во најголем дел биле распоредени полицајци - Албанци кои во еден момент тргнаа на народот со тепање и провоцирање дека во скоро време протестантите ќе носат ќечиња.Го повикуваме министерот Спасовски да се вразуми и да не провоцира оти работите лесно може да излезат до контрола, дотолку повеќе, блокадите продолжуваат до финалната одлука -или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи“, се вели во соопштението 

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_2423

Владата ќе формира Агенција за квалитетот во високото образование

На редовната 107-ма седница, Владата ја усвои информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование. Најдоцна до 20 февруари 2019-та година, од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во Република Македонија, Комисијата за именување на Владата треба да именува по 6 членови во одборот за акредитација и во одборот за евалуација на високото образование. По исто толку членови во двата одбори, до 20-ти овој месец, треба да именува и интеруниверзитетската конференција. Понатаму, Владата и укажува на Интеруниверзитетската конференција да избере по еден член од редот на студентите во Одборот за акредитација и во Одборот за евалуација на високото образование. По еден член во одборите имаат право да именуваат МАНУ и Организацијата на работодавачи на Македонија.Министрите денеска донесоа одлука за основање на „Јавно претпријатие колекторски систем“. Примарната дејност на јавното претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел - заштита на Охридското Езеро. Јавното претпријатие исто така, ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем. Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина од 5 милиони се обезбедени од сметката на Владата на Република Македонија.На денешната седница беше прифатена информацијата за потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење на дворните површини на ОХИС, во Скопје. Успешната имплементација на Проектот има за цел создавањето на Фонд, како систематски механизам за расчистување на индустрискиот токсичен отпад во поранешната фабрика ОХИС во согласност со Европските стандарди, хармонизација во полето на заштита на животната средина и промоцијата на Град Скопје како безбеден, отпорен и одржлив град.Владата, на 107-мата седница го усвои и до Собранието на Република Македонија ќе го достави предлог – законот за практиканство. Законот ќе овозможи целосно да се искористи потенцијалот на практичната работа, како и голем број на млади невработени лица без практично искуство,  одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови, со што истите ќе станат поконкурентни и полесно потоа ќе се вклучат на пазарот на трудот. Предлог законот предвидува практикантот за време на практичната работа кај работодавачот да добива месечен надоместок и тоа: од 42% до 74% од минималната нето плата, за практикантска работа до три месеци и во висина на минималната нето плата, за практикантска работа над три месеци.На денешната владина седница беше усвоена информацијата за Акциски план на Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022-та година. Целта на овој акциски план е да ги дефинира чекорите за успешна имплементација на првата Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија 2018-2022. Оттука, Владата го задолжи министерството за информатичко општество и администрација до крајот на годинава да достави измена и дополна на Одлуката за формирање на Националниот совет за информатичко – компјутерска технологија за проширување на надлежноста, а со цел да ги опфати и надлежностите на Национален совет за сајбер безбедност, како и да донесе Решение за  формирање на работна група во која ќе членуваат претставниците од Работната група која ги подготвуваше стратешките документи од областа на сајбер безбедноста.На предлог, исто така, на Министерството за информатичко општество и администрација, министрите ја прифатија информацијата за единствен веб портал за отворени податоци. На него ќе бидат објавувани каталози на отворени податоци на сите министерства и истите ќе бидат достапни секому. Со ова, Владата на Република Македонија дополнително ја зголемува транспарентноста и отчетноста кон граѓаните.Со усвојување на предлог – законите за изменување на законите за банки и за Управата за јавни приходи, се овозможува пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките. Тоа на Управата ќе и овозможи да ги добива потребните податоци за изработка на претпополнетите пријави за данок на личен доход. Со предлог – законите за изменување на законите за банки и за УЈП, исто така, се гарантира и повисока безбедност на податоците со користење на најнова технологија, односно енкрипција на податоците

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-9

Заев за смртта на Џорџ Х.В. Буш: САД загуби голем лидер и пример за американскиот народ

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска напиша порака со изрази на длабоко сочувство за смртта на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Џорџ Х.В. Буш, во книгата на жалоста што денеска беше отворена во амбасадата на САД во нашата земја.Премиерот Заев во книгата на жалоста напиша:„Со смртта на поранешниот претседател на САД, Н.Е. г. Џорџ Херберт Вокер Буш, Соединетите Американски Држави загубија човек кој ќе остане запаметен како еден од најголемите претседатели, вистински лидер и пример за тоа како еден политичар треба да им служи на интересите на нацијата.Неговото богато државничко, политичко и хумано наследство, коешто тој го остави зад себе, и понатаму ќе продолжи да живее длабоко во срцата на американскиот народ, како и во сеќавањата на идните генерации.Упатувам изрази на најискрено сочувство до сите членови на неговото семејство, како и до американскиот народ.Господ нека го благослови“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20181206_111642

Демант на Фазлиу во врска со кривичните пријави од Финансиската полиција

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу демантира дека бил инволвиран во случајот на  незаконска исплата на пари од проект на ИПА фондовите. Финансиската полиција вчера информира дека Фазлиу и поранешниот министер за локална самоуправа Лирим Шабани, како и две вработени во министерството добија кривични пријави.„Синоќешните јавни обвинувања од страна на медиумите, а во име на финансиската полиција припаѓаат на времето и мандатот кога со ова Министерство управувал некој друг. Во мое време, пред една година овој случај е затворен. Им наложив на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата- и средствата беа вратени.Објавувањето на овој случај, конкретно во ова време, и тенденцијата по секоја цена во име на финанасиската полиција да се стави дамка на моето име и мојата личност е пратено на погрешна адреса. Апелирам до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.  Крајно време е раководителот на Управата за финансиска полиција сериозно да се зафати со реалните злоупотреби кои се вкоренети во Македонија во последните 20- 30 години, и да не дозволи да стане дел од политичките игри барајќи криминал таму кадешто не му е место, а затворајќи очи таму кадешто и слепиот гледа реален и организиран криминал“, се вели во демантот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
MOV_4678.00_00_01_19.Still001

(ВИДЕО) Мицкоски од Струмица: Доаѓаат претседателски избори, очекуваме голема победа

Денес сме во Општина Струмица, каде што ќе го почнам материјалот „Ветено, неисполнето“ на Зоран Заев и СДСМ. Овдека се наоѓаме пред зоната Сачево, која што беше ветена од страна на Зоран Заев пред многу години дека ќе бидат изградени 16 фабрики и дека ќе вработат до 2.500 граѓани, жители во Општина Струмица, но и од околните општини кои што гравитираат околу општината Струмица, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Како што можете да видете години потоа оваа зона е празна, нити една фабрика немаме, ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример за граѓаните на Република Македонија како не треба да се даде довербата на политичари кои што само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Политичари кои што многу зборуваат и додека зборуваат лажат.Така што ние денеска ќе ја продолжиме нашата посета во Струмица, ќе имаме можност да поразговараме со жителите од Општина Струмица но и со околните општини кои што гравитираат на Општина Струмица“, изјави Мицкоски.Според него можеме да видиме дека во Република Македонија денеска и во секојдневие граѓаните живеат лошо. Граѓаните се жалат на лошата економска ситуација.„Луѓето можат да ги посочат сите нереализирани ветувања, сите неисполнети очекувања од страна на т.н. понуда „Живот за Македонија“ која што беше презентирана пред граѓаните на Република Македонија пред нецели две години. А, наместо живот за возврат добија пекол.Но она што денеска гледаме било и да не се повтори во Република Македонија. Доаѓаат претседателски избори во кои што ВМРО-ДПМНЕ очекува една голема победа“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Официјално отворена „Недела на археологијата“

Манифестацијата "Недела на археологијата" која се реализира петта година по ред и постепено прераснува во традиционален настан на Археолошкиот музеј, официјално се отвори со денешното отворање на изложбата "40 години од првите археолошки истражувања на локалитетот  Тумба Маџари". Изложбата ќе биде отворена за посетителите два месеци.На 12 декември, (среда)  во организација и соработка со "Центарот за истражување на предисторијата" ќе се одржи меѓународна конференција, со учесници од Балканските земји и Европа, насловена "Неолитот во Македонија".На 13 декември, (четврток) со почеток од 10 часот ќе се одржи предавање за развојот на земјоделието во неолитот во Европа, а со посебен осврт на неолитот во Грција ќе биде предавањето на еминентниот грчки археолог и проф.д-р Костас Котцсакис.Манифестацијата завршува во петок, со бесплатен влез за посета на музејот под отворено небо - Неолитското село во населбата Маџари (Ченто).“Недела на археологијата” е финансирана преку годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
DSC_3

(ВИДЕО) Манчевски и Поповски: Поддржуваме стекнување на подобро разбирање на медиумските информации на граѓаните за поголема отчетност на институциите

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, учествуваа на 14. Меѓународната конференција „е-Општество“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.На Конференцијата, со тема „Медиумски писмени граѓани за одговорни институции“, во пет одделни сесии се опфатени приоритетите во областите на слободата на изразување, медиумска писменост, транспарентноста и отчетноста. Беше констатирано дека е потребна координација и соработка со граѓанскиот сектор, бизнисите и академската заедница, со цел подобрување во работата на институциите и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.Министерот Манчевски во своето обраќање се осврна на посветеноста на Владата преку транспарентноста и отчетноста на институциите да се  доближи нивната работа до граѓаните, истакнувајќи ја посебно улогата на дигитализацијата на услугите, која како што најави, ќе резултира со конкретни проекти во 2019 година.„Со пуштање на употреба на националниот портал за е-услуги на почетокот на следната година и со можноста секој граѓанин да го активира својот електронски идентитет, долгите, сложени и нетранспарентни процеси за добивање на документи и услуги ќе бидат минато. Секој ќе може од својот електронски уред да ја добие потребната услуга. Дигитализацијата на овие процеси, ќе го намали влијанието на човечкиот фактор, а со тоа ќе се намалат и можностите за корупција“, рече министерот Манчевски и додаде дека дигитализирањето на услугите ќе се врши со водење грижа за приоритетите, согласно потребите на граѓаните и бизнис секторот.Министерот Манчевски најави и дека Владата, покрај практиката на објавување на најчесто бараните документи, идната година ќе се посвети и на надградба на системот ЕНЕР, со цел да се овозможат онлајн дискусии, а не само коментари како што беше досега, во однос на предложените законски решенија од страна на институциите.„Пред крајот на овој месец во употреба ќе биде пуштен новиот портал за отворени податоци, кој денеска го презентираме пред колегите министри на седница на Владата“, најави министерот Манчевски, потенцирајќи дека покрај транспарентноста во работењето, се покажува дека и отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој, во насока на подобрување на управувањето и јавното учество во централната и локалната власт.Говорејќи за медиумската писменост на граѓаните, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски истакна дека таа е силно и двонасочно поврзана со отчетноста на институциите констатирајќи дека со зголемувањето на бројот на медиумски писмени граѓани  се зголемува и бројот на одговорни, отчетни институции.„Како силни застапници на концептот „Отворена влада“, кој во себе, меѓу другото, ги обединува комуникациите, транспарентноста и отчетноста, постојано имаме предвид да создаваме услови за да бидат исполнети функционално трите идеални улоги на медиумите кои можат да имаат огромно влијание врз доброто владеење, транспарентноста и одговорноста“, подвлече министерот Поповски.Во оваа насока, министерот Поповски ја оцени улогата на медиумите како набљудувачи и укажувачи, кои го штитат јавниот интерес преку следење на моќните сектори на општеството за откривање на случаи на злоупотреба на власта, криминалот и корупцијата, како и ширењето на лагите и дезинформациите.Министерот Поповски се задржа и на последните извештаи на меѓународните институции и организации кои констатираат дека Република  Македонија има демократско подобрување и станува држава со најветувачка шанса за демократски прогрес во Европа, како и дека е направен добар прогрес во слободата на изразување и подобрување на климата за работа со медиумите и намалување на притисокот врз нив. Министерот Поповски укажа и на истражувањето на „ACTION SEE“ дека Владата на Македонија е најотворена меѓу владите од регионот.„Овие признанија за нас се само мотив да продолжиме во таа насока и уште повеќе да ги правиме достапни и транспарентни политиките и практиките на Владата. И тука ја докажуваме поврзаноста помеѓу отчетноста и медиумската писменост – колку властите ги прават информациите повеќе достапни и повеќе разбирливи за граѓаните, толку сме поблиску до објективно информирање и до точно разбирање на вестите кои гравитираат во медиумите, а кои граѓаните ќе ги препознаат како точни и објективни“, подвлече министерот Поповски.Во првата сесија се обратија и извршниот директор на „Метаморфозис“, Бардил Јашари и извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество - Македонија“ Фани Каранфилова Пановска и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.Тие се осврнаа на важноста на медиумската писменост, укажувајќи дека постојат многу предизвици во насока на подобрување на знаењата и вештините на граѓаните, за полесно оценување на информациите кои доаѓаат до нив од различни страни. Говорниците се согласија дека е потребно поддржување на проекти и заедничка платформа во насока на полесно справување со манипулациите и лажните вести од страна на граѓаните и следствено зголемување на нивната доверба во институциите кои ги почитуваат принципите на транспарентност и отчетност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48359648_263370434337828_7744702963930628096_n

Делегација од МВР на 18. конференција на Советот при Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа

Денес, делегација предводена од државниот секретар на МВР , Магдалена Несторовска присуствуваше на редовната 18-та конференција на Советот при Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа, во Букурешт.„На конференцијата беше усвоен Извештај за претходните активности и статусот на проектите кои ги раководи SELEK. Исто така беше извршен избор на две директорски позиции на Секретаријатот на SELEK, директор на операции и директор на правни и внатрешни работи .За позицијата Директор за правни и интерни работи во SELEK, со мнозинство гласови, со тајно гласање беше избрана Тања Левајковиќ, актуелна пом.министерка за финансиски прашања во МВР на РМ“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Grujoski-seta-niz-Budimpesta

(ФОТО) Груевски се шета низ Будимпешта

Додека МВР бара екстрадиција за Груевски, Унгарските институции се уште молчат за барањето на македонската Влада за екстрадиција на поранешниот македонски премиер  кој пред еден месец избега од Македонија  Груевски се шета низ Будимпешта.Ова е правта фотографија на екс премиерот Груевски откако ја напушти земјава.Инаку на сликата која се надеваме дека е автентична е и Александар Трајковски , предводник на Иницијативата слобода за Никола Груевски. Трајковски  го предводеше „протестот за правда“ за Никола Груевски, и беше главен говорник?Трајковски сега е обвинет во предметот „Насилство во Центар“ кој го застапува СЈО. Тој беше вработен во општина Гази Баба.  

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Украден автомобил во Скопје

Во 02,40 часот утрово 36-годишниот М.А.од Скопје пријавил дека во периодот од 08.12. до 11.12.2018 година на булевар „Илинден" од страна на непознат сторител му било одземеновозило „Тојота јарис".Полицијата работи на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
d

Таравари на средба со претставници на Британската амбасада

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари прими двајца високи претставници на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, потсекретарите Симон Адамс и Јан Краман, со кои разговараше за актуелни прашања во општината и во државата."Со двајцата високи претставници на Британската амбасада разговаравме за политичката ситуација во општина Гостивар, проблемите со кои се соочуваме, односите меѓу градоначалникот и Советот на општината, односите меѓу политичките партии во Гостивар но и на национално ниво. Разговаравме и за проектот кофинансиран од амбасадите на Велика Британија и Австрија против екстремизмот и радикализмот кај младите. Исто така, разговаравме за подготовките што ги вршиме ние како општина во врска со имплементацијата на овој проект и начинот како младите од нашата општина ги оддалечиме од екстремните дејствија ", изјави градоначалникот Таравари по средбата.Тој, исто така, информираше дека на конструктивната и пријатна средба со гостите од Велика Британија, се разговарало и за домнесувањето на буџетот на општината за следната година, што се очекува да се случи во наредната седница на крајот од оваа година, проблемите околу изгласувањето на минатогодишниот буџет, како и последните случувања на политичката сцена во земјата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
janusev

(ВИДЕО) Јанушев: Младите се иселуваат, иако ветуваа дека ќе ги вратат младите во државата

Денес се наоѓаме во посета на општината Ѓорче Петров и колку и да тоа можеби изгледа дека реалноста не е таква, се наоѓаме во една дива депонија којашто се наоѓа за жал само на еден километар всушност од населените места во општината Ѓорче Петров.Ова е уште еден доказ за неспособната влада и неспособноста на министрите во владата предводена од Заев и СДСМ којшто за жал на сите граѓани во оваа држава донесуваат само црнила, изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.„Покрај игнорирањето и одењето спротивно на волјата на македонскиот народ, со игнорирањето на резултатот од последниот референдум, со насилничкиот и противправен обид за промена на Уставот, со разобличувањето на македонската држава во сите пори се продолжува со разобличувањето и уништувањето коишто ги тиштат македонските граѓани. И денеска имаме пример да видиме како секојдневните проблеми и теми коишто ги тиштат сите граѓани на Република Македонија всушност како е тоа сето во реалноста.Овде во дивата депонија во Ѓорче Петров, иако имавме предизборно ветување дека ќе се уреди кејот покрај реката Лепенец и овде дека ќе никнат разни содржини од рекреативен и спортски карактер, сепак и после повеќе од година дена немаме апсолутно никаква реализација на еден од тие проекти.Исто така би сакале да ги потсетиме граѓаните на општина Ѓорче Петров дека се ветуваа и градинки и кружен тек во Волково, нова амбуланта во Дексион, спортска сала во Хром, пазар во Даме Груев, нов трговски центар, нов музеј на современа уметност, нов театар, нов мултимедијален центар.Но, сепак како и за сите останати работи согледуваме дека единствено што знаат да прават СДСМ, Зоран Заев и неговите пајташи е да ја лажат македонската јавност и македонските граѓани бидејќи се неспособни и единствено што носат во животите на македонските граѓани се црнилата.Меѓутоа исто така би сакал да потсетиме и за 7 милјарди евра од буџетот којшто го потрошија во изминатите две години, без притоа да вложат ниту еден денар во борба против аерозагадувањето. Единствено што видовме е како Макрадули спие во Собрание, а Шилегов игра игрици на својот мобилен телефон и всушност тоа е еден доказ, една добра слика како власта функционира и кој е нивниот однос кон граѓаните на Република Македонија.Од друга страна граѓаните се се посиромашни, додека трошоците за живот се се поголеми. Младите се иселуваат, иако ветуваа дека ќе ги вратат младите во државата, меѓутоа не само што не вратија никој, туку дополнително иселувањето се зголемува и тоа буквално од сите краишта во државата.Ветуваа економски бум и инфраструктурна експанзија. Ветуваа шесто километри автопат, петстотини и педесет километри магистрални патишта и илјада и сто километри локални патишта. Меѓутоа единствено што видовме се илјада, меѓутоа но, не километри туку метри направен пат“, изјави Јанушев.Според него не постои ни П од правната држава. Владее политичко судство и обвинителство. Заев и СДСМ наредуваа кој, колку и кога ќе биде осуден. Полицијата служи исклучиво за прогон и терор и пресметка со политичките противници. Да потсетиме дека откако Спасовски е министер имаме девет неразјаснети убиства.„Исто така уште еден факт којшто говори односно ги поткрепува последните тези е дека годинава за 41% е зголемен бројот на граѓани кои се жалат на правосудниот систем во споредба со минатата година. Лани на ова се пожалиле 576 граѓани, а годинава таа бројка е порасната на рекордни 811. Според народниот правобранител за 60% повеќе поплаки има за правата од областа од работните односи, за имотните односи за 37%, за насилството и негрижата на децата за 25 %.ВМРО-ДПМНЕ во оваа прилика сака да ги повтори своите шест барања коишто веќе ги наведовме, тоа е:1.Итна и неотповиклива оставка на министерот којшто својата нација ја нарече за искомплексирана нација. Искомплексираниот министер Димитров кој благодарение на оваа нација која од буџетот зема плата ужива во привилегиите да се школува неговото семејство надвор од Македонија со стипендии кои токму овој народ ги обезбеди.2.Итна и неотповиклива оставка на министерот за терор и прогон, односно за полиција, Оливер Спасовски, затоа што откако е министер само имаме шпиунски акции, претреси и омаловажувања на нашите браќа и сестри, граѓани на Република Македонија.3.Веднаш да запре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија.4.Не само декларативно за почист воздух. Ги лажевте граѓаните дека велејќи дека кога ќе дојдете на власт дека веднаш потоа ќе имаме алпски воздух во Република Македонија. Затоа бараме итно да се продолжи проектот за гасификација на Република Македонија за да може вистински граѓаните да уживаат во почист воздух.5.Да се формира независно тело кое ќе го предводи човек на предлог на опозицијата кои ќе ги преслуша, анализира и систематизира сите материјали коишто се собрани во изминативе две години, како резултат на црниот вотергејт на Заев, односно прислушкувањето на судиите и обвинителите.6.Но, секако не најмалку важно е уште еднаш да повториме дека очекуваме како опозиција јавно и недвосмислено да се почитува волјата на народот искажана на последниот референдум од 30 септември.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20181206_111642

Фазлиу - Кривичната не е за мене, туку за мој претходник

Актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу преку соопштение реагира дека се невистините обвинувањата од дел медиуми дека има кривична пријава против него од финансиската полиција. Министерот наведува дека злоупотребите се случиле кога со Министерството управувал некој друг, а, како што пишува, случајот бил затворен пред една година. Тој наведува дека им наложил на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата - и парите биле вратени.Во соопштението министерот апелира до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.Финансиската полиција вчера поднесе кривични пријави за незаконско исплаќање пари во Министерството за локална сампоуправа. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
vlada-za-ustav

Влада на Р Македонија: Јавните дискусии за нацрт амандманите на Владата на РМ ја потврдија инклузивноста

Јавните дискусии по нацрт амандманите за уставни измени со цел решавање на долгогодишниот спор со Грција, со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, завршија во предвидениот рок од пет дена и опфатија широк спектар на засегнати страни.Во рок од два дена после јавната расправа, Владата на РМ, како овластен предлагач за уставни измени, до Собранието на Република Македонија ќе достави сублимиран извештај од главните сугестии и предлози за усовршување на нацрт амандманите, или како амандмани на амандманите.Процесот на уставните измени треба да заврши со усвојување на предложените амандмани после јавната расправа и со Одлука за измена на Уставот што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, на седница која е предвидено да се одржи на 15 јануари 2019 година.„Уверен сум дека процесот ќе го затвориме во рамките на договореното и онака како што ќе пишува во одлуката за донесување на уставните измени во Законот за Уставни измени, односно дека амандманите се составен дел на Уставот на Република Македонија и ќе влезат во сила со денот на влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од страна на Република Грција“, рече премиерот Заев на една од јавните расправи, и потенцираше дека измените на Уставот ќе важат откако Грција ќе ги спроведе своите обврски, односно кога, во ист ден, ќе ги ратификува Конечната спогодба за решавање на спорот со името и Протоколот за нашето членство во НАТО.Јавната дискусија започна со дебата во Владата на Република Македонија, и потоа продолжи со отворени настани за предложените уставни измени во МАНУ, на Универзитетот ФОН, во Општина Штип, и во Тетово на Универзитетот на Југоисточна Европа, со учество на претставници на академската и експертската јавност, претставници од граѓанскиот сектор, како и на граѓани кои покажаа голем интерес на отворената покана на Владата на РМ.Освен премиерот Заев, како претставници на Владата на РМ, учество на овие дебати зедоа и заменик претседателката во Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и повеќемина професори, академици и експерти за политички систем и уставни прашања кои беа поканети да го дадат своето стручно мислење за прашањата поврзани со уставните измени.Во своите настапи за време на јавните дебати, премиерот Заев потенцираше дека и овој процес, од посебен интерес за иднината за нашата земја, се спроведува и организира со максимална инклузивност и подготвеност за прифаќање на секое разумно и рационално дополнување и усовршување во духот на Договорот од Преспа.Низ дискусиите беа презентирани текстовите на усвоените четири нацрт амандмани низ собранискиот процес, а посебно внимание се посвети на конструктивните предлози што дојдоа од пратениците во Собранието на Република Македонија, како и на предлозите од експертите и граѓаните кои дојдоа низ отворената дебата.За време на расправата беа разгледани предлози и сугестии како што се прашањето дали како уставно решение да се набројат сите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, како правни решенија на кои се темели нашата државност, или пак да бидат собрани во еден уставно-правен израз како конститутивни документи на нашата државност.Како сугестија која се зеде предвид, беше расправана и опцијата во Уставот да се наведе дека Република Македонија освен за грижата за македонскиот народ во дијаспората, се грижи и за дијаспората на другите етнички заедници.За време на дебатите беше разговарано дека предложените уставни измени и амандмани се прифатливи и од аспект на идентитетските одредници утврдени во Уставот, и дека сите предложени решенија се во рамките на уставно-правниот јазик.Во однос на преамбулата на Уставот како исходиште за државноста и нејзините специфики, и како историско политичка традиција врз основа на кои се гради духот на овој највисок државен конститутивен правен и политички акт, се нагласи дека преамбулата на Уставот треба да ги прецизира новите измени и да го одразува духот на новата реалност произлезена со Договорот од Преспа.За време на расправата преовлада мислењето дека нашата земја не може да ја смени својата географска положба, ниту својата историја која е важна и темел на нејзиното постоење, но, дека може да влијае на иднината, со преземање на одговорноста и со донесување одлуки за имплементацијата на Договорот од Преспа.Учесниците на сите пет дебати, се обединија околу ставот дека со Договорот од Преспа и решавањето на повеќедецениското прашање се затвора и поглавјето на идентитетските прашања, кое заедно со членството во НАТО и ЕУ, се трите цели кои Владата сака да ги постигне со овој Договор, со оглед на фактот што тој е заснован на европски начела, вредности, почитување на трајното пријателство и човековите права и дека уставните измени треба да се гледаат во контекст на придобивките.Некои од експертите во јавната расправа оценија дека нацрт-амандманите се клучен основ за понатамошно опстојување на Македонија и нејзино вклучување во меѓународните организации, и осврнувајќи се на важноста Договорот од Преспа дадоа предлог и тој да биде дел од Преамбулата.„Убеден сум дека преку инклузивниот процес, со внесување на сите одржливи сугестии, Република Македонија може да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот, бидејќи одговорноста е наша и тоа им го должиме на нашите деца, да го заокружиме процесот и да се посветиме на економскиот, образовниот, правниот развој на нашиот систем“, истакна премиерот Заев на една од дебатите, и истакна дека се наоѓаме пред историска шанса да го заокружиме политичкиот процес кој трае веќе 27 години, бидејќи нашата држава после сите резултати и храбри чекори што ги презеде го заслужува членството во НАТО и започнувањето на процесот на преговори со ЕУ. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
poposki

(ВИДЕО) Манчевски и Поповски на конференцијата е-Општество - Медиумски писмени граѓани за одговорни институции

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, учествуваа на 14. Меѓународната конференција „е-Општество“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.На Конференцијата, со тема „Медиумски писмени граѓани за одговорни институции“, во пет одделни сесии се опфатени приоритетите во областите на слободата на изразување, медиумска писменост, транспарентноста и отчетноста. Беше констатирано дека е потребна координација и соработка со граѓанскиот сектор, бизнисите и академската заедница, со цел подобрување во работата на институциите и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.Министерот Манчевски во своето обраќање се осврна на посветеноста на Владата преку транспарентноста и отчетноста на институциите да се  доближи нивната работа до граѓаните, истакнувајќи ја посебно улогата на дигитализацијата на услугите, која како што најави, ќе резултира со конкретни проекти во 2019 година.„Со пуштање на употреба на националниот портал за е-услуги на почетокот на следната година и со можноста секој граѓанин да го активира својот електронски идентитет, долгите, сложени и нетранспарентни процеси за добивање на документи и услуги ќе бидат минато. Секој ќе може од својот електронски уред да ја добие потребната услуга. Дигитализацијата на овие процеси, ќе го намали влијанието на човечкиот фактор, а со тоа ќе се намалат и можностите за корупција“, рече министерот Манчевски и додаде дека дигитализирањето на услугите ќе се врши со водење грижа за приоритетите, согласно потребите на граѓаните и бизнис секторот.Министерот Манчевски најави и дека Владата, покрај практиката на објавување на најчесто бараните документи, идната година ќе се посвети и на надградба на системот ЕНЕР, со цел да се овозможат онлајн дискусии, а не само коментари како што беше досега, во однос на предложените законски решенија од страна на институциите.„Пред крајот на овој месец во употреба ќе биде пуштен новиот портал за отворени податоци, кој денеска го презентираме пред колегите министри на седница на Владата“, најави министерот Манчевски, потенцирајќи дека покрај транспарентноста во работењето, се покажува дека и отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој, во насока на подобрување на управувањето и јавното учество во централната и локалната власт.Говорејќи за медиумската писменост на граѓаните, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски истакна дека таа е силно и двонасочно поврзана со отчетноста на институциите констатирајќи дека со зголемувањето на бројот на медиумски писмени граѓани  се зголемува и бројот на одговорни, отчетни институции.„Како силни застапници на концептот „Отворена влада“, кој во себе, меѓу другото, ги обединува комуникациите, транспарентноста и отчетноста, постојано имаме предвид да создаваме услови за да бидат исполнети функционално трите идеални улоги на медиумите кои можат да имаат огромно влијание врз доброто владеење, транспарентноста и одговорноста“, подвлече министерот Поповски.Во оваа насока, министерот Поповски ја оцени улогата на медиумите како набљудувачи и укажувачи, кои го штитат јавниот интерес преку следење на моќните сектори на општеството за откривање на случаи на злоупотреба на власта, криминалот и корупцијата, како и ширењето на лагите и дезинформациите.Министерот Поповски се задржа и на последните извештаи на меѓународните институции и организации кои констатираат дека Република  Македонија има демократско подобрување и станува држава со најветувачка шанса за демократски прогрес во Европа, како и дека е направен добар прогрес во слободата на изразување и подобрување на климата за работа со медиумите и намалување на притисокот врз нив. Министерот Поповски укажа и на истражувањето на „ACTION SEE“ дека Владата на Македонија е најотворена меѓу владите од регионот.„Овие признанија за нас се само мотив да продолжиме во таа насока и уште повеќе да ги правиме достапни и транспарентни политиките и практиките на Владата. И тука ја докажуваме поврзаноста помеѓу отчетноста и медиумската писменост - колку властите ги прават информациите повеќе достапни и повеќе разбирливи за граѓаните, толку сме поблиску до објективно информирање и до точно разбирање на вестите кои гравитираат во медиумите, а кои граѓаните ќе ги препознаат како точни и објективни“, подвлече министерот Поповски.Во првата сесија се обратија и извршниот директор на „Метаморфозис“, Бардил Јашари и извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество - Македонија“ Фани Каранфилова Пановска и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.Тие се осврнаа на важноста на медиумската писменост, укажувајќи дека постојат многу предизвици во насока на подобрување на знаењата и вештините на граѓаните, за полесно оценување на информациите кои доаѓаат до нив од различни страни. Говорниците се согласија дека е потребно поддржување на проекти и заедничка платформа во насока на полесно справување со манипулациите и лажните вести од страна на граѓаните и следствено зголемување на нивната доверба во институциите кои ги почитуваат принципите на транспарентност и отчетност.  

Скопје | пред 7 години

7 год.
Capture-4

(ВИДЕО) Јаулески: Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме

СДСМ ја распродава државата по сите основи. Република Македонија две години оди надолу. Неколку нерасветлени убиства откако СДСМ е на власт, а министерот за политички прогон Спасовски не презема ништо за да ги заштити граѓаните и да го гарантира јавниот ред и мир, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.„Црниот Заев донесе црна безпарица. Трошоците за живот се се поголеми, а платите остануваат исти. Безперспективноста кај младите расте. Ветуваа дека ќе ги вратат иселените, а сега си заминуваат и тие што останаа.Економијата е зацрнета. Младинската невработеност е највисока во Европа. Од така наречената младинска гаранција нема ни М. Младите го завршуваат своето образование и разочарани ја напуштаат Република Македонија.Оние кои ќе решат да останат и да се надеваат на подобро утре се гушат во црниот воздух, чија загаденост е неколкукратно поголема од нормалното, а владата за тоа не нуди мерки и решенија, бара донации од бизнисмените за работа која треба да се финансира од буџетот“, вели Јаулески.Тој додаде и дека, загадувањето ќе го спречуваат со донации, а не кажуваат каде ќе одат парите од даноци.„Државата стана рекордер во корупција. Граѓаните се помалку им веруваат на институциите. Давачките рапидно се зголемуваат, а со тоа се удира врз секој млад и висококвалификуван кадар кој решил да твори, работи и создава во Република Македонија. Се удира врз ИТ инженерите, младите лекари, стоматолозите итн.Образованието е девастирано и оставено на заборавот на времето. Две години нема ниту една инвестиција. Нема нови студентски домови, нема студентски градови, нема подобар стандард за студентите, нема ништо. Има само црно црнило.Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме. Граѓаните ја чекаат зората. Ајде сите заедно да го поразиме црнилото. Во среда, во 17 часот приклучете ни се на протестниот марш против сите штетни и антидржавни политики на оваа црна влада. Зората ќе изгрее. Македонија ќе оди напред“ изјави Јаулески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pripor

5 000 жители од Припор, на само 3 километри од центарот на Скопје се отсечени од светот

5 000 жители на само 3 километри од центарот на Скопје  се  отсечени од светот. Причината е потпорен ѕид кој се урна пред две недели кога загина работник , а неговиот колега се здоби со повреди по одрон на земјиште. По трагедијата работата беше стопирана, а општина Кисела Вода даде забрана за сообраќај и движење на пашаци поради опасност од повторен одрон на земјиштето.Жителите од оваа општина револтирани што ништо не се превзема да се се самира проблемот. Тие реагираат преку социјалните мрежи.Пешаци – забрането ,возила – забрането,возила, пожарна и брза помош – забранетодистрибутери на леб и млако – забранетодеца во школо  - забранетоОпштина Кисела Вода ни забрани да живееме. Како е ова можно во 21 век?, Пишуваат револтираните жители .Тие денеска повикуваат на протест од 17 до 19 часот поради изградба на потпорен ѕид на улицата „Христо Татарчев-  крак 14“ . 

Скопје | пред 7 години

7 год.
enser-jusufoski

Јусуфоски: Капитулација на здравството пред приватно-јавно партнерство, или нова невозможна мисија со веќе познат крај?

Во последниве денови сме сведоци на можеби уште една катастрофа кога се во прашање реформите во здравството, бидејќи министерот преценил дека оваа реформа му е потребна на нашето здравство а тоа е јавно- приватно партнерство. Министерот без јавни дебати помеѓу сите засегнати страни и стручни лица решава една многу осетлива хируршка гранка- детска кардиологија да ја префрли во приватен здравствен објект со државен и приватен здравствен кадар, без многу јаснотии околу тоа кој, колку, кому и зошто ќе плаќа“, вели потпретседателот на Граѓанско Демократска Унија, Енсер Јусуфоски.„Фондот за здравство како добродушна страна во овој случај излегува во пресрет да ги плаќа услугите на приватната болница, без да наведе суштински причини околу ваквото партнерство.Додека се подготвува стартот на оваа авантура, чудни ветришта дуваат кон реформите за идната година. Ни трага ни глас од ветеното бесплатно здравство и подобра снабденост со лекови и други медицински помагала.Почитувани колеги, исправете се и кажете го вашето мислење, не ја виткајте кичмата постојано! Вие доволно сте истрошени од постојаните реформи и неизвесноста која не следи веќе 28 години!После секое потклекнување се потешко можеме да се исправиме.Да бидеме ислушани од нашите колеги и со факти и докази да направиме добар почеток и исчекор со стабилни реформи во новата година.Да направиме нешто подобро за сегашноста и иднината“, вели Јусуфоски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања