Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Mickoski-SREDBA-1112-Glavna-Slika-3-1

Мицкоски на средба со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски оствари средба со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.Мицкоски и Ручи ја констатираа добрата соработка помеѓу двете држави и двата народи.На средбата беше констатирано дека иднината на регионот е во ЕУ и НАТО, но и со целосна посветеност во борбата против корупцијата и организираниот криминал.Мицкоски посочи дека во Република Македонија моментално не се почитуваат демократските принципи и вредности, власта која ја зави во црнило државата го користи правосудството како алатка за пресметка со политичките неистомисленици, наместо по закон институциите работат по диктат.Беше констатирана и потребата од поголем економски развој на регионот и поголема соработка на економски план.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG-20181211-WA0002

Тевдовски: Нема веќе земање поголеми кредити за да се исплатат помали

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити со кој се ограничуваат високите трошоци за брзите кредити денес е на комисиска расправа во Собранието на РМ.Со законските измени, кои ги изготви Министерството за финансии, вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на пет пати од затезната камата или 55% од кредитот во моментот. Претходно,  годишните трошоци не беа ограничени и можеа да достигнат и до 500% од кредитот. Со измените се опфаќаат вклучително и мали кредити под 200 евра, кои претходно не беа законски опфатени.- Согласно постојните законски прописи, трошоците кои кредиторите ги пресметуваат и наплатуваат за одобрените потрошувачки кредити како провизии, надместоци и сл., кои се вклучуваат во определувањето на годишната стапка на вкупни трошоци, не се ограничени. Тоа им дава можност на кредиторите да пресметуваат високи надоместоци и провизии при одобрувањето на потрошувачки кредити. Ваквата состојба е особено изразена кај договорите за кредит на мали износи и со кратки рокови на враќање. На тој начин, голем број од граѓаните како кредитокорисници имаат потешкотии при отплата на кредитот, при што најчесто се принудени да земат нов кредит за покривање на претходниот - рече министерот за финансии Драган Тевдовски на Комисијата за финансирање и буџет.Како што посочи, од таа причина се предлагаат измени и дополнувања на Законот за да се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити.- Со оваа измена ќе се ограничат вкупните трошоци, односно провизии, надоместоци и сл., кои ги плаќаат граѓаните и ќе се минимизира ризикот од понатамошно влошување на финансиската состојба на граѓаните кои имаат проблеми со отплата на кредитот - рече Тевдовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cnjreagerhgetehg-197258

ДОМ: Разочарувачки буџет за животната средина

ДОМ изрази големо разочарување што Министерството за финансии не ги прифати амандманите поднесени од пратеничките од ДОМ, за дополнителни 34 милиони евра за почист воздух, колекторот за Охридско Езеро и пречистителната станица за Дојранско Езеро.„Министерството за финансии пропушти да го „нормализира“ скромниот буџет за животната средина токму во деновите на енормна загаденост на македонските градови Скопје, Тетово и Битола, кои се „прославија“ со првите позиции по загаденост во светот!Упатуваме апел до Владата, да ги уважи аргументите на екологистите и да излезе во пресрет на барањата на граѓаните, за пристоен буџет за ефикасна борба со загадувањето. Бараме да ја искористи можноста за последна интервенција во Буџетот пред неговото носење на пленарна сесија и од други ставки, да префрли средства на ставката „Програма за намалување на аерозагадувањето“, за која во моментов се одвоени само 1,6 милиони евра!Така ќе покажеме дека заштитата на животната средина е наш стратешки приоритет и ќе овозможиме дополнителни средства од донаторите“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nevenka

(ВИДЕО) Ѓошева: Во Велес е укинат бесплатниот превоз за учениците

Црното владеење на нашиот градоначалник Аце Коцевски, заедно со неговото советничко мнозинство, не запира. Од ден на ден, од седница на седница, се соочуваме со одлуки кои не му доликуваат на нашиот град, одлуки кои не им доликуваат и не се во корист на нашите сограѓани. Црното владеење и црните одлуки на г-нот Аце Коцевски и владеачкото мнозинство советници, донесоа уште една катастрофална одлука на последната седница на Советот на Општина Велес, изјави Невенка Ѓошева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„Овде, како опозиција и најголем коректор на власта, мораме да напоменеме, повторно и повторно, дека одлуките се носат во тотален медиумски мрак, далеку од очите на јавноста, и истото ќе го повторуваме се додека не се обезбеди потребното присуство на медиумите и нивните претставници на овие јавни седници, кои треба и мораат да бидат јавни и транспарентни.Овој пат, почитувани велешани, одлуката ќе влијае на нашите најмали, на нашата иднина, а тоа се учениците. Овој пат, како никогаш досега е направена бескомпромисна штета на најмладите, на учениците основците и средношколците,како и на родителите на овие ученици.Имено, спротивно од ветувањата на г. Аце Коцевски, дека ќе обезбеди бесплатен превоз за наставниците, истиот тој, го укина и бесплатниот превоз за учениците, и ги приклучи кон општинскиот превоз на патници.Иако градоначалникот ветуваше отворена и модерна општина за сите, истиот тој, без никакви претходни консултации со родителите на учениците, без да размисли за нивната безбедност,донесе одлука, учениците да се возат во јавен превоз,со изговор дека на тој начин ќе се заштедело.Господине Коцевски, не понудивте детална анализа за сите постоечки линии. Како ќе се превезуваат оние ученици од руралните средини каде нема линиски превоз“, изјави Ѓошева.Според неа со оваа одлука, не само што се отежнува и усложнува превозот на учениците до нивните училишта, згора над се, се става под знак прашалник и нивната безбедност. Тие слегуваат на најблиските, неадекватни постојки до нивните училишта, од каде треба да преминат по две или три улици за да стигнат до нивните училишта. Освен оддалеченоста, во прашање е времето на чекање.„Почетокот и завршетокот на часовите на учениците не соодветствува со временските линии на општинскиот превоз.Тоа е уште една, дополнителна грижа за родителите на овие деца.Овде јавно, Ве прашуваме, како ќе се превезуваат ученицитеод населбите и населените места, каде нема општински линиски превоз? Зарем едни ученици ќе добиваат превоз каков што доликува и е самостоен, а други ќе добиваат општински линиски превоз. Зарем ова не е класична дискриминација како за учениците, така и за нивните родители?!Ве прашуваме, господине Аце Коцевски, дали заборавивте на вашите предизборни ветувања каде зборувавте за квалитетен и безбеден превоз на учениците?Одговорите на овие прашања им ги должите учениците, на основците, на средношколците, на родителите и на граѓаните на нашата Општина!Доколку пак сметате дека: „Прашањето за доброто и безбедноста на учениците од нашата општина не заслужува одговор“, тогаш продолжете со вашето црно владеење и носење на црни одлуки за нашиот град, тоа граѓаните го препознаваат и го паметат“, вели Ѓошева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
D-wave-_-180x160cm-1.jpeg

Изложба на Симонида Китановска, песни што молчат и слики што ги зборуваат

На 17 декември во Галеријата на МКЦ во 20 часот ќе се отвори изложба на Симонида Филипова-Китановска.Симонида Филипова-Китановска дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1988 година во класата на професорот Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член е на ДЛУМ од 1988. Од 1991 до 1997 година живее и работи во Бостон, САД.„Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија за неа, односно приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.Постојат милиони причини за ова, а основната веројатно е тоа што секоја уметност, ако е валидна, поседува метафизички елементи. Или е втемелена во нешто безвременско, нешто што доаѓа од другата страна и оттаму е неоценливо. Често и неизговорливо: најдобриот дел од некои значајни достигнувања често се необјасниви, и без оглед на развојот на теоријата и на алатките за создавање, ние сѐ уште се потпираме на инстинкт, импулсот што нè води кон нешто што не можеме целосно да го сфатиме, но нè приближува до она што е наша внатрешност.Откривањето на надворешниот свет помага во откривањето на себеси, и се чини дека не постојат поблиски човечки активности од желбата за знаење, сеедно дали се работи за детска љубопитност или сериозно структурирана научна или уметничка дисциплина, и -интроспекцијата. Веројатно би било препотентно ако сега го цитираме Чехов, или Достоевски, кои во некои свои размислувања велат дека сѐ што знаат за светот научиле од самите себеси. Но, секое сознание за светот, сепак, почива на еден единствен пример.Како што не е доволно само да се има разум за да се делува рационално, во овој конкретен случај се чини „попаметно“ да се тргне по „несигурна“ патека.Поетот од островот Keoс, кој живеел од 556 п.н.е., имал долг живот и умрел на Сицилијана возраст од 88 години, според културната историја, ги напишал најубавите лирски песни, затоа што корската поезијата ја лишил од приврзаноста кон култот и ги вовел„профаните“ книжевни родови. Плиниј му ја припишува заслугата за збогатување на грчкото писмо со четири нови букви. Но, она по што се чини ќе остане засекогаш запаметен е неговата мисла дека „сликарството е поезија што молчи, и дека поезијата е слика што зборува“.Токму тоа беше првата асоцијација на големите платна на Симонида Филипова Китановска, насликани со туш, акрилна боја и мешавина на пигменти. Значи, длабочината, латентноста на порака и чувството за светот сублимирани во насловот – „While you were gone“. Најслободниот превод на ова ќе биде „Додека не беше тука“, но ова толкување не може да најде безбедно „упориште“. Тоа не треба ни да се бара од него, бидејќи се чини дека заминувањето е една од најзнаменитите константи на човековото постоење, па дури и на уметничката дејност: долгогодишен престој на концепт или идеја во уметничкиот корпус на авторот (во овој случај на авторката), никогаш не се реализира целосно според првобитната замисла.Можеби токму во ова се крие ембрионот на непоимливото, но јасно е дека некои мотиви непречено егзистираат: континуитетот на работата на добро познат и препознатлив акварелист со овој циклус наведува на несовпаѓање со она што сме навикнати да го видиме, но некои работи изгледаат познати. Веројатно, затоа што тие се вечни: диптихот создаден од големо синило, кој може да се нарече „D Wave“, може да нè доведе до портата на перцепцијата, која пак ненадејно нè води кон условно кажано - изворите на културата на Западниот, Новиот свет. Но, во него чувствуваме и потполно предавање кон сликата, исчезнување во неа, толку карактеристично за источното поимање на светот.Така е и со сликите, кои јас, следејќи го поривот и заради полесно помнење, ги нареков „Happy Black“, „Little Big Band“ или „When Dragon Comes to Rest“. Зборовите, сепак, се само имиња за нештата, и невозможно е да ги изразат сите нивоа што ги поседува сликата. Би бил банален секој обид да се „затвори“ некоја слика само во просторот во кој зборовите се обидуваат ја оградат. Но, во тоа, веројатно, е и предизвикот. Колку повеќе ги гледате и замислувате овие слики, тие сѐ повеќе се во вас и ви отвораат некои нови видици: ова треба да е оригиналната „задача“ на уметноста, иако, како што знаеме, таа нема задача.Нејзината единствена мисија е слободата, односно ослободување. Во она што го ослободила Симонида Филипова Китановска, од себе и за нас, постојат знаци што можеме да ги читаме на безброј различни начини, но можеме и едноставно да им се препуштиме на сликите, или на целата изложба не обидувајќи се да го разбереме она што на самиот почеток рековме дека е невозможно.„Додека не беше тука“ може да биде длабоко интимно, трагично чуство за светот и за нешто што некогаш се случило. Може да биде заминување на некоја епоха. Или почеток на нова. Ако се навратиме кон она дека убавината е во окото на оној што гледа, повторно ќе се вратиме на почеток, во точката од која сѐ започна - секое заминување е нешто во коешто е запишано враќањето. Тоа исто така може да биде враќање кон апстракцијата, но секако е синтеза во која разбирањето на самиот себеси е апсолутен предуслов за нешто воопшто да може да се изрази и прикаже. Оваа приказна ви остана должна една работа: името на поетот, кој на светот му ја оставикорелацијата помеѓу песната што молчи и сликата што зборува. Неговото име беше Симонид, и тоа што е имењак на уметничката може да нѐ потсети дека името е знак.Секако и на фактот дека работите што ги препознаваме не мора да имаат име. Доволно е што во нас тие раѓаат копнеж кон универзалното.Што секако е случај и со овие големи формати во овој фрагментиран и иситнет свет.Овој текст не е пофалница. Не е напишан само за да се напише. Исто е и со сликањето: ова се слики што уметничката ги насликала затоа што морала. Пишуваме или сликаме затоа што сакаме нешто да кажеме. Останатото е тишина. Или љубов“, напиша Ахмед Буриќ.Делата на Симонида Филипова-Китановска се изложувани на повеќе од стотина групни изложби во Македонија, Хрватска, Србија, Франција, САД, Германија, Бугарија, Австрија, Швајцарија, Холандија, Австралија, Романија, Ерменија, Грција, Португалија, Босна, Тајланд, Канада, Коста Рика, Перу, Малезија, Индија, Италија и Албанија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
satana-dracevo

Старицата од Драчево жртва на крволочен сатанистички ритуал?

66-годишната баба од Драчево, сепак не е заклана, туку и бил прегризан гркланот, ги откриваат морбидните детали за Нетпрес извори од истрагата. Најпрвин иако истражителите верувале дека бабата е заклана, неофицијално, по извршените анализи било утврдено дека сепак момчето и го прегризал гркланот, пишува „Нетпрес“.Според информациите, се работи на тезата дека убиецот, нејзиниот 20-годишен внук А.Р., вршел секташки обред.Неофицијално, тој веднаш по настанот, сам се пријавил во полиција, каде го признал делото, ги раскажал деталите, потврдил дека е припадник на секта и дека убиството го сторил како дел од сатанистички ритуал.Наводно, ова не е првиот случај младото момче да ја потресе јавноста, бидејќи се верува, иако непотврдено, дека станува збор за истото лице кое неодамна ја осквернави црквата „Свети Спас“ во Драчево, испишувајќи сатанистички симболи и пентаграми на храмот. Неофицијално, тој се поврзува со немилиот настан со преполовеното маче, оставено во локва крв, покрај написите: „слава му на сатаната“ (аd majorem sathanae gloriam ) и „врати на пеколот, отворете се“ (zazas, zazas, nasatanada zazas). Сепак, се уште е непознато за која секта станува збор и како точно е инволвирана во случаите, предизвикани од сатански мотиви, кои последниов период се забележуваат во Скопје. Официјално, сторителот на сквернавењата не беше откриен од страна на полицијата.Отецот Оливер од црквата „Свети Спас“, во изјава за Нетпрес, вели дека го познава момчето и за него знаел дека е психички нестабилен, но додаде и дека нема информации дека момчето е поврзано со сквернавењето или пак со било која секта.Инаку, убиецот во своето окружување важел за мирно и повлечено момче.Од Основното јавно обвинителство информираа дека се уште ги прибираат материјалните и вербалните докази и дека е рано да се зборува за деталите околу мотивите за настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
aleksandar-naumovski

Градоначалникот на Ѓорче Петров ќе плати 13 илјади евра за набавка на верски календари и роковници со вештачка кожа

За роковници со тврда корица, вештачка кожа и ластик, ѕидни календари со логото на општината, но и со верски обележја, општината Ѓорче Петров ќе потроши 800.000 денари или 13 илјади евра. Градоначалникот Александар Наумовски го распишал овој тендер, евидентиран како стоки за новогодишна репрезентација. Освен овие продукти, фирмата која ќе го добие овој тендер ќе треба да изработи и печатење на папки и пенкала.Критериумот за избирање на фирма која ќе ги изработи овие „неопходни“ материјали ќе биде по принципот најниска цена. Времето за изработка е два месеци, а пак аукцијата е два месеци. Пред една недела, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Ѓорче Петров обвини дека градоначалникот Наумовски ќе потроши над 2 милиони денари за 20 нови партиски вработувања. Тој посочи дека со оваа анти-реформа администрацијата во општина Ѓорче Петров ќе се искачи до 84 вработени.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tajm

Според “Тајм” Кашоги е личност на годината

Убиениот американски новинар со саудиско потекло Џамал Кашоги е прогласен за личност на годината во изборот на престижниот магазин Тајм.Како што се наведува, медиумските работници добиле предност во однос на Роберт Милер, шефот на истражувачкиот тим кој се занимава со наводно руско мешање во изборите во САД. Тој на гласањето зазел трето место, а американскиот претседател Доналд Трамп остана на второто место. 

Свет | пред 7 години

7 год.
dimitrov

(ВИДЕО) Димитров:“Фатете го крадецот”

„Наместо да се борите за македонскиот идентитет користејќи ги вредностите од овој век - правото на самоопределување - вие битката ја вративте пред 2000 години, на теренот на антиката“, напиша на својот Фб профил министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во продолжение тој додаде:„Немате одговор на прашањето како е можно најголемите “патриоти” да инвестираа години и пари во процеси кои директно го проблематизираат македонскиот идентитет? Не само надвор, ослабувајќи ни ја позицијата; туку тука кај нас, дома, внесувајќи конфузија и поделеност. На вашата планета, каде за првпат македонскиот идентитет го “градите” во 2010, без да го прашате народот дали се согласува, таму се комплексите. Немојте да вртите тези. Немојте да глумите дека не сте ме разбрале. Немојте како по обичај да се криете зад истиот народ што вие го пониживте. Зад тој истиот со кого се плашевте да се соочите на референдумот, па решивте да избегате/бојкотирате. Вие должите одговори за овие опасни процеси. И тие одговори ќе мора да ги дадете пред јавноста колку и да се обидувате да ги избегнете преку дефокусирање, замена на тези, манипулации, интерпелации“, напиша Димитров.https://www.facebook.com/NDimitrovMK/videos/495351990985825/?v=495351990985825 

Скопје | пред 7 години

7 год.
skopje-blokirano-2

Скопје и утре под целосна блокада

Поради закажан протест во централното градско подрачје во Скопје, утре од 17 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.Како што информираат од МВР, демонстраните кои се организирани од страна на политичка партија ќе се движат од плоштадот ВМРО, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на  Влада на Р. Македонија.МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 години

7 год.
igor-jug

Ченто и Игор Југ до Вељаноски: Политичарите се најголеми виновници за 27 април, да не се отвореа вратите народот немаше да влезе во Собранието

Во вкрстеното испрашување по сведочењето на поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, дел од обвинетите кои се се уште во притвор му поставија прашања посочувајќи ја одговорноста на политичките елити за насилниот упад во Собранието, објави Фокус.-Дали ќе се согласите со мене дека најголеми виновници за она што се случи се политичките елити бидејќи не дозволија да преовлада разумот за мирна транзиција на власта и затоа што некој калкулираше за да си ја зачува удобната фотелја и функција? – го праша Вељаноски обвинетиот Јане Ченто.Вељаноски на тоа рече дека е правник, но дека во судот е како сведок и го праша Ченто од која позиција да му одговори. На тоа интервенираше судијката Кацарска која рече дека треба да одговори како сведок. Ченто го праша Вељаноски и дали народот ќе влезеше во Собранието да не беа отворени вратите, на што Вељаноски рече:-Собранието е од прв степен на заштита, за него се грижи МВР и сите вработени од обезбедувањето се вработени во МВР – рече тој накусо. Потоа прашања му поставуваше обвинетиот Игор Југ, кој го праша Вељаноски дали се согласува со него дека оние, како што рече, кои скапуваат сега во затвор се кукли со кои си играат политичарите.-Политичарите си ја играат политиката, водат политика. Јавноста и народот на избори кажуваат што направиле политичарите и дали ја заслужуваат нивната доверба – одговори тој. Југ потоа го праша: Дали може да заклучиме дека секој си ги извади своите, а во притвор останавме само ние жртвените јагниња? Но судот го усвои приговорот на одбраната за ова прашање, по што Вељаноски не одговори на прашањето. Прашање му постави и обвинетиот Горан Ангеловски Ќосето, кој го праша дали ќе се согласи со него дека Талат Џафери бил нелегитимно избран за претседател, на што Вељаноски се сложи.-На 27 април во 18.00 часот ја прекинав седницата и во договор со претставниците на политичките партии се согласивме седницата да продолжи следниот ден во 11.00 часот. Се што се случувало понатаму е надвор од деловникот – рече тој.Извор:Фокус.мк 

пред 7 години

7 год.
trajko

Вељаноски: Ниту сум помислил ниту сум кажал на некој да ги отвори вратите

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој денеска во Кривичниот суд сведочи за настаните од 27 април рече дека нема СМС комуникација со кои давал наредби за случувањата од тој ден.– Ниту сум помислил,  ниту сум кажал некому да ги отвори вратите во Собранието, истакна Вељаноски, во одговор на прашање поставено од обвинениот Никола Митревски-Кољо.Тој рече дека бил „фрапиран од немилите настани“.  Додаде дека не дал налог пратениците да ја отворат вратата и дека не знае дали некој друг дал таква наредба.– Како претседавач ми беше важно согласно Деловникот да започне и да заврши седницата и да биде избран претседател, рече Вељаноски.Според него, сегашниот претседател Талат Џафери е избран спротивно на собранискиот Деловник бидејќи ја прекинал седницата и нејзиното продолжение било закажано за утредента во 11 часот.По завршувањето на седницата на 27 април тој рече дека заминал во својот Кабинет каде што бил со сите вработени во Кабинетот, а имало и пратеници. Вељаноски од своето лично обезбедување, сега обвинет Горан Ѓошевски Леви побарал да ги заштити вработените од Кабинетот.Вељаноски кажа дека во холот пред Кабинетот на секои две до три минути одекнувале шок бомби, а демонстрантите се обиделе да влезат во Кабинетот. Во еден момент на Ѓошевски му се слошило, и дел од демонстрантите упаднале внатре. Вељаноски рече и дека останал во Собранието се додека не биле евакуирани сите пратеници.

пред 7 години

7 год.
IMG-5e4015fd8417788dfe1f8c62347e6bbd-V-01

Спасовски: Работиме во интерес на националната и глобалната безбедност

“Проблемот со неконтролираното ширење на малото и лесното оружје во последниве години се здоби со важност во меѓународните, регионалните и националните агенди, бидејќи дополнителните глобални околности, особено во доменот на масовните миграции и видоизменувањето на терористичките концепти, ги мултиплицираа можните опасни последици од неконтролираната пролиферација на малото и лесно оружје. Неретко сме сведоци дека овој вид незаконски и криминални активности може да претставува и еден од катализаторите кој што дополнително ги трансформира локалните инциденти во многу пошироки регионални  и глобални настани“.Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно обраќање на меѓународната министерска конференција посветена на борбата против недозволената трговија со мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, што во рамки на француско-германската иницијатива за ефикасно справување со овој проблем се одржува во Париз, Република Франција.Спасовски нагласи дека примарно е заедничкото градење на стандарди за развој на ефективни системи за размена на информации и транспарентност, споделување на најдобри пракси како и подигање на јавната свест преку спроведување на соодветни програми.Министерот Спасовски говореше за постигнатото во оваа сфера од страна на македонската влада, и пред се од страна на МВР како клучна институција во справување со овој вид криминал, а прецизно ги нотираше и сите натамошни чекори што се неопходни за реализација, особено од аспект на целосната имплементација на “Патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје (МЛО) и муниција во Западен Балкан до 2024 година“, донесен на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Лондон во јули годинава, со цел поефикасна и поквалитетна борба против нелегалната трговија со мало и лесно оружје.“Ние сме одлучни во намерата овие насоки во целост практично да бидат имплементирани во нашето делување, како во интерес на националната, така и во интерес на глобалната безбедност. Имено, соработката и координацијата се најзначајниот сегмент и предизвик со кој се соочуваат државите во борбата со криминалот, вклучително и со борбата против пролиферацијата на малото и лесно оружје“, нагласи министерот Спасовски.Спасовски рече дека приоритет на македонското Министерство за внатрешни работи  е да отпочне со изградба на информатички информационен систем кој понатаму ќе биде подготвен да се приклучи кон системите на ЕУ (SIENA, IARMS и сл.).

Македонија | пред 7 години

7 год.
Plakat-za-promocija-na-CD-12.12.2018-01-Preview-1

По 17ти пат Мандолинскиот оркестар Скопје повикува на музичко концертно уживање

На 12 декември (среда), со почеток во 20.00 часот во Фоајето на Македонската опера и Балет, мандолинскиот оркестар Скопје ќе го одржи својот традиционален предновогодишен концерт. Ова ќе биде 17ти по ред годишен концерт на искусните музичари – мандолинисти и ветуваат богата и исполнета програма со дела од светските класици.На репертоарот се оригинални дела, композиции создадени за мандолински оркестар и тоа од К. Мандонико, Д. Крајдлер, Д. Хакнет, С. Рахмањинов, А. Карас, И. Ордуљ и Љ. Бранѓолица. Оркестарот ќе биде предводен од искусните и реномирани диригенти Рамадан и Ерхан Шукри.„Мандолинскиот оркестар Скопје е единствен по својот состав, репертоар и начинот на музицирање. Негува една специфична музика и звук што нашата, домашна публика нема можност често да ја слушне и доживее, а посебно од музичари како што се во овој оркестар. Делата создадени за мандолински оркестар се реткост да се слушнат и изобилуваат со една уникатна лиричност и емоција, па затоа овој годишен концерт е своевиден сублимат на сите посебности и причини зошто треба да се проследи“, изјави Ерхан Шукри, диригент.Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во своите 17 години постоење бил добитник на многу први, специјални награди на престижни фестивали и натпревари надвор од Македонија, како и на Гран При награди освоени во Имотски и Москва. Како носител и амбасадор на македонската музичка традиција и култура, инструменталистите од овој оркестар исполнуваат и популарна забавна музика, стилизиран и обработен фолклор, дела посебно напишани за мандолински оркестри, композиции од македонски автори, како и композиции за деца. На годишните концерти секогаш се претставувал со неспорна виртуозност и музикалност, а репертоарот бил исполнет со најрепрезентативните дела од оперската, балетската и симфониската музика од светското музичко наследство.На 12 декември (среда), со почеток во 20.00 часот во Фоајето на Македонската опера и Балет, мандолинскиот оркестар Скопје ќе го одржи својот традиционален предновогодишен концерт. Ова ќе биде 17ти по ред годишен концерт на искусните музичари – мандолинисти и ветуваат богата и исполнета програма со дела од светските класици.На репертоарот се оригинални дела, композиции создадени за мандолински оркестар и тоа од К. Мандонико, Д. Крајдлер, Д. Хакнет, С. Рахмањинов, А. Карас, И. Ордуљ и Љ. Бранѓолица. Оркестарот ќе биде предводен од искусните и реномирани диригенти Рамадан и Ерхан Шукри.„Мандолинскиот оркестар Скопје е единствен по својот состав, репертоар и начинот на музицирање. Негува една специфична музика и звук што нашата, домашна публика нема можност често да ја слушне и доживее, а посебно од музичари како што се во овој оркестар. Делата создадени за мандолински оркестар се реткост да се слушнат и изобилуваат со една уникатна лиричност и емоција, па затоа овој годишен концерт е своевиден сублимат на сите посебности и причини зошто треба да се проследи“, изјави Ерхан Шукри, диригент.Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во своите 17 години постоење бил добитник на многу први, специјални награди на престижни фестивали и натпревари надвор од Македонија, како и на Гран При награди освоени во Имотски и Москва. Како носител и амбасадор на македонската музичка традиција и култура, инструменталистите од овој оркестар исполнуваат и популарна забавна музика, стилизиран и обработен фолклор, дела посебно напишани за мандолински оркестри, композиции од македонски автори, како и композиции за деца. На годишните концерти секогаш се претставувал со неспорна виртуозност и музикалност, а репертоарот бил исполнет со најрепрезентативните дела од оперската, балетската и симфониската музика од светското музичко наследство.

Магазин | пред 7 години

7 год.
KING2398

Царовска: Преку практична работа создаваме вистински квалитетен кадар

Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ во Скопје. Меморандумот со кој ќе се унапредува практичната работа на студентите го потпишаа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и деканот на Филозофски факултет, Ратко Дуев.„Практичната работа е неопходен дел од секој квалитетен образовен процес. Образовниот систем, во соработка со сите државни институции, приватниот и граѓанскиот сектор, треба целосно да ги подготви студентите за тоа што ги чека во реалноста. Ова е периодот кога треба да им помогнеме да созреат, да работат на својот личен и професионален развој. Само на овој начин можеме да очекуваме вистински квалитетен кадар, подготвен за сите предизвици надвор од академската клупа“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.Двете институции ќе соработуваат во повеќе области на социјалната политика, детската и семејна заштита, работните односи, образовна вклученост, специјална едукација и родова еднаквост, како и во однос на активности против дискриминација, овозможување еднакви можности и помагање на процесот на европска интеграција. Ќе се спроведат повеќе активности, меѓу кои заеднички научни истражувања, организирање и спроведување на обуки, тркалезни маси, дебати, конференции и слично.Во рамки на оваа соработка Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди практична работа на студентите од Филозофскиот факултет, стручно менторство за време на практичната работа и пристап до податоците потребни за научно-истражувачката дејност на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Метoдиј“ Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48368909_2187023634682441_7319217643590778880_n

Санирани искршените столпчиња на булеварот „Партизански одреди“

Искршените заштитни столпчиња на булеварот „Партизански одреди“ пред Универзална сала веднаш беа санирани од страна на екипи на Град Скопје.„Град Скопје и понатаму нема да толерира узурпација од возила на јавни површини и апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема“, се вели во соопштението

Скопје | пред 7 години

7 год.
27-mi-april-sudenje

Сведок: Оперативниот штаб на МВР не ја заврши задачата на 27 април

На прашањето на судијката Кацарска, сведокот кажа дека во моментот кога раководителот на опертивниот штаб е известен дека има настани како оние на 27 април, треба веднаш да дава наредби. Кацарска праша и дали во оперативниот штаб има телевизор, на што сведокот одговори потврдно, по што таа дополни дали воопшто некој требало да ги извести членивите на оперативниот штаб кога веќе  се гледало дека лица ги прескокнуваат оградите и влегуваат во Собранието, пишува НОВА ТВ.„Дали сте требале да чекате на златната команда за да реагирате кога веќе сте гледале што се случува, вие сте сепак полиција“, констатираше судијката.Сведокот одговори дека прво, силите кои биле на терен требало да се справат, а ако побарале дополнителни сили наредбата ја дава раководителот на опертивниот штаб.„Тие што се членови на оперативниот штаб не можат да дадат наредби и да повикаат дополнителни сили од дома, затоа што тоа можеби веќе го сторил раководителот“, одговори сведокот.„Дали е спротивно на вашите акти ако некој се обиде да помогне на малкумината полицајци кои требаше да се справат со толпа на народ и дали тие можеа да ги заштитат животите на пратениците, затоа што и тие не беа многу ангажирани“, праша Кацарска.„Најбрзо можат да дојдат полицајците од СВР Скопје, па од одделите за специјални полициски операции“, одговори сведокот, а нив да ги повика може началникот на СВР Скопје, додека силите за обезбедување на објекти и лица може да ги повика раководителот на оперативниот штаб.На директно прашаење на Кацарска дали оперативниот штаб бил на висина на задачата, сведокот рече,  „задачата не беше извршена“. НОВА ТВ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ljubav

Постои причина зошто Бог ни носи одредени луѓе во животот

Често велиме дека не можеме да објасниме зошто се чувствуваме на одреден начин за некоја личност. Зошто со некои луѓе полесно се поврзуваме, а со други поврзувањето е тешко или незначајно.Понекогаш изгледа како Бог да нѐ спојува со некои луѓе, како тие да ни се потребни во тој момент во нашиот живот. Тоа се луѓе кои нѐ учат на важна лекција за животот и за себеси.Постои причина зошто Бог го придвижува нашето срце кон некоја конкретна личност и зошто со неа се поврзуваме со таа личност повеќе од другите. Кога ќе погледнеме назад, не постои ниту една личност кон која сме биле приврзани, а која не нѐ научила на нешто или не играла голема улога во нашиот развој и созревање. Иронијата е голема, бидејќи таквите луѓе само привремено биле дел од нашиот живот, а оставиле огромна тага на него.Многу често, фазата во која сме во животот одредува какви луѓе привлекуваме кон себе. Изгледа како Бог да ни ги праќа вистинските луѓе во вистинско време. Тој ни дава одговори за животот преку овие луѓе. Нѐ просветлува доближувајќи нѐ до луѓето кои го вадат најдоброто од нас. Ни помага со тоа што не доближува до луѓе кои на некаков начин ја вадат силата од нас.Понекогаш посакуваме тие луѓе да останат засекогаш во нашиот живот, но многу многу често тоа е невозможно. Не ни е судено тие да бидат во нашиот живот засекогаш. Бог ги носи само за одреден период, за да не направи подобри личности за оние кои ќе останат со нас засекогаш.Често многу патиме и се нервираме бидејќи овие луѓе си заминуваат брзо од нашиот живот и си мислиме дека немаме среќа. Не сфаќаме и не можеме да прифатиме дека тие си заминуваат и дека Бог ни ги одзема од животот, по убавите времиња кои сме ги поминале со нив. Многу често, наместо да се инспирираме од приказната помината со нив, патиме долго по нив. Сепак, вистината е дека сите тие искуства ја носат вистинската живот во нашиот живот и нѐ учат како да се однесуваме со неа и како да ја цениме и почитуваме.Мораме да имаме верба. Мораме да веруваме дека подобри времиња доаѓаат пред нас, а дека сите тие искуства се важни лекции во нашиот живот. Можеби тие луѓе биле како некакви ангели пратени да нѐ научат на некаква лекција и да не направат подобра личност, а потоа да одлетаат од нас.Можеби и тие нѐ учат како да не се држиме до нешто или некого по секоја цена, како да бидеме радосни во убавите моменти, а да ја прифатиме вистината кога нив ќе ги снема и луѓето ќе си отидат. И, највеќе од сѐ: да веруваме во тоа дека Бог чува нешто подобро за нас.

Магазин | пред 7 години

7 год.
kavadarci-1

Се исчисти ли Кавадарци од аерозагадувањето?

По бомбастичните вести од Кавадарци дека градот е е исчистен од загадувањето, со новата метода Аеросолизација, се огласи здружението Еко Аларм Кавадарци. Тие тврдат дека за да се покаже помала загаденост во градот се прска исклучиво олоку мерната станица .„Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018). Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица“, велат од Еко Аларм Кавадарци, по што објавија и видео.https://www.facebook.com/337698960143050/videos/1182425828598339/?v=1182425828598339

Македонија | пред 7 години

7 год.
Iscelitel_Still_1-1078x516

Благој Веселинов е меѓу најдобрите европски актери во подем

Македонскиот актер Благој Веселинов е еден од десетте добитници на наградата „Shooting Stars“, која ја доделува Берлинскиот филмски фестивал. Наградата се доделува на најдобрите европски актери во подем.Признанието се доделува веќе 22 години и секоја година се претставени десет млади актери од Европа. Веселинов ќе го добие своето признание за време на фестивалот, кој годинава ќе трае од 8 до 11 февруари.Во одлуката на жирито пишува дека Веселинов ги освоил со неговата „длабока и неочекувана чувствителност“ во наградуваниот филм „Иселител“ („Secret Ingredient“).Меѓу останатите добитници има актери и од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија.***Благој Веселинов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Тој учествувал во повеќе од 50 театарски претстави и 15 филмски улоги, почнувајќи со „Како да ме нема“. Но, тој е најдобро познат по улогата во наградуваниот филм на Ѓорче Ставрески „Исцелител“ (2017). Веселинов е исто така дел од Македонскиот народен театар.

Магазин | пред 7 години

7 год.
MEP

Шеесетина македонски средношколци ги решаваа проблемите на ЕУ во улога на членови на Европскиот парламент

Како криптовалутите влијаат на европскиот пазар, функционирањето на фармацевтскиот пазар, како да се реструктуира европската помош за земји во развој, инклузивност и нови модели на образование, се прашањата и темите на кои шеесетина средношколци од Македонија дебатираа и понудија конкретни решенија во улога на членови на Европскиот парламент.Станува збор за симулација на работата на Европскиот парламент како дел од 12. национална сесија на „Модел европски парламент (МЕП) – Македонија“ која од 31 ноември до 2 декември се одржуваше во меѓународното училиште „Нова“. На оваа национална сесија учествуваа околу 60 средношколци од 11 средни училишта во земјава кои работеа во четири комитети со цел да напишат резолуција и да дадат свои мислења и решенија на некои од најактуелните теми во Европа во моментов.Резолуциите на кои работеа средношколците беа разгледувани на Генералното собрание на МЕП што се одржа на 2 декември во Советот на Град Скопје. На овој настан присуствуваа и германскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Томас Герберих и директорот на меѓународното училиште „Нова“, Виктор Новаковски кои пред средношколците ја потенцираа важноста од организацијата на вакви настани во време кога дополнителната едукација за и нејзиното функционирање е неопходна.МЕП претставува платформа за неформална едукација на ученици од средните училишта. Главната цел е преку симулација на работата на Европскиот парламент, учениците да се запознаат со легислативниот процес на Европската Унија, европската интеграција, функционирањето на институциите, законите што се носат и нивното влијание.Програмата „Модел европски парламент“ постои од 2009 година, а во Македонија се спроведува под покровителство на меѓународното училиште „Нова“. Дополнително, секое училиште има интерен МЕП клуб, кој функционира во текот на целата учебна година, со цел да се промовира програмата и нејзиното влијание на училишно и општинско ниво.- Програмата МЕП ќе продолжи да функционира во склоп на меѓународното училиште „Нова“, со цел да организираме што е можно повеќе вакви настани во кои младите ќе научат повеќе за начинот на кој Европската унија функционира.. Веруваме дека методот преку кој учесниците се здобиваат со знаење во текот на симулацијата е уникатен и претставува можност учениците да ги научат, вежбаат или подобрат своите ораторски способности, да го зајакнат критичкото размислување и да се запознаат со концептот на аргументирање и дебата – велат од „Нова“ .

Македонија | пред 7 години

7 год.
nic-gaster-for-Makedonia

Монтажерот на „Пред дождот“, Ник Гастер, добитник на наградата за животно дело на фестивалот „Синематик“

Фестивалот на филмската монтажа „Синематик“ од Скопје ви го најавува третото издание, што ќе се реализира на 12 и 13 декември во Кинотеката на Македонија. Фестивалот, кој го организира Асоцијацијата на филмските професионалци на Македонија, и годинава ќе го стави својот фокус на професионалците кои публиката не ги гледа на филмското платно, но без нивната работа, не е возможно да се случи филмската магија. Отворањето на „Синематик“ ќе биде на 12 декември во 20 часот, со проекцијата на наградуваниот шпански филм „Убивајќи го Бога“ во режија на Каје Касас и Алберто Пинто. Фестивалот ќе го отвори Љупчо Тодоровски, претседател на Асоцијацијата на филмските професионалци на Македонија.На првиот фестивалски ден ќе бидат прикажани: комедијата „Хотел Гагарин“ (16 часот), „Голијат“, швајцарска драма во режија на Доминик Лохер (18 часот)Швајцарскиот детски филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ ќе биде прикажан на 13 декември во 16 часот. Од 18 часот ќе следува германскиот „Четири раце“. Фестивалот ќе биде затворен во 20 часот, со проекција на германската комедија „Стрикер (Гол натрапник)“ на Петер Луиси.Наградата „Златен рез“ за најдобар монтажер ќе ја додели жирито во состав: Гоце Кралевски, Мартин Иванов и Сандра Ѓоргиева.Добитник на наградата за животно дело годинава е британскиот монтажер Ник Гастер, човекот со богата монтажерска биографија, кој има дадено огромен белег и во македонската кинематографија.Гастер е монтажерот на два филма на Милчо Манчевски - неприкосновениот „Пред дождот“ и „Прашина“, амалгам на националниот револт и традиционалниот вестерн (како што Гастер го опишува). Тој е потпишан и на монтажата на филмовите на Теона Митевска („Како убив светец“ и „Жената што си ги избриша солзите“. Ник Гастер го монтираше и „Ослободување на Скопје“ на Раде Шербеџија.Ник Гастер, за жал, нема да може да биде гостин во Скопје, поради ангажман на филм. Затоа испрати порака за македонската јавност:- Многу ми значи времето што го поминав во Македонија, работејќи и создавајќи пријатели со сите талентирани техничари и уметници од македонската филмска индустрија. Јас сум многу благодарен за топлината и гостопримливоста што ме пречека кога работев всушност во сите републики на поранешна Југославија. Филмските луѓе сме посебна раса: го зборуваме истиот специјален јазик на соработувачка уметничка креативност што го прави животот вистински возбудлив! Драго здружение на филмски професионалци на Македонија, ми причинувате огромна чест што ме наградувате со награда за животно остварување за монтажа. Ви благодарам многу. Многу ми е жал што не можам да бидам со вас лично. Сѐ уште сум активен во процесот на монтажа на филм за Катерина Велика и затоа не можам да дојдам во Скопје. (Но, ќе можам да монтирам филмови подоцна!)Како што можете да видите од мојата фотографија, облечен сум за церемонија на награди. Ја вклучив и мојата сопруга Сузан во оваа фотографија, исто така. Таа, исто така ви се заблагодарува. Таа вели дека конечно, таа не мора да ме слуша како се жалам дека ми недостига признание, за што таа ви е длабоко благодарна. Јас сум многу благодарен што ја имав прекрасната привилегија да ја посетам Македонија толку многу пати. Тоа место е многу блиску до моето срце.Ник Гастер е роден во Хампстед, Лондон во 1946 година. Учел во Уметничко училиште, отсек сликарство. Со тек на време неговиот интерес се менувал и почнал да се опседнува со филмот. Две години учел во Лондонското училиште за филмска техника, каде ги научил сите аспекти на филмската вештина, вклучувајќи режија, светло и камера, монтажа на звук и слика.Работел и како фриленсер на ТВ-филмови и документарци. Во 1974 година соработувал со Feature Films, како музички монтажер на „Монти Пајтон и Светиот Грал“.Работел на многу успешни филмови, меѓу кои е и номинираниот за „Оскар“ „Whales of August“ на Линдзи Андерсон со Бет Дејвис во главната улога, како и „A World Apart' на Крис Менгес, кој освои специјална награда од жирито и награда за најдобра актерка во Кан.Гастер работел на индискиот митолошки класик „Махабхарата“ во режија на Питер Брук. Овој шестчасовен филм беше прикажан во цел свет, а освои и „Златен глобус“ за најдобар ТВ-филм. Во 2001 со Брук го снимиле радикалното дело „Хамлет“. Британскиот монтажер работел и на филмот „Розенгранц и Гилденстерн се мртви“, филм на Том Стопард, што освои „Златен лав“ на Венеција. Гастер монтирал и два филма на Ралф Фајнс („Кориолан“ и „Невидлива жена“).„Среќниот принц“ е последниот филм на кој работел Гастер. Станува збор за режисерското деби на Руперт Еверет, кое зборува за последните денови на Оскар Вајлд.

Магазин | пред 7 години

7 год.
RSBSP_01-2

РСБСП: НЕ – за мобилен телефон зад воланот! Без изговори, без оправдувања

Мобилните телефони станаа секојдневна потреба, без која многумина не можат да го замислат своето постоење. Во многу нешта, користењето мобилен телефон ја олеснува комуникацијата, го олеснува секојдневното функционирање, го олеснува извршувањето на работните обврски... И навистина, никој не може да ја оспори потребата од користење мобилен телефон.Развојот на технологијата и зголемувањето на нејзината достапност и можност за употреба на  секое место и во секоја ситуација, не значи дека имате право да го правите тоа секогаш и секаде.Во некои ситуации, користење мобилен телефон не е по бон тон, а  во некои ситуации е ризично и опасно (кога возите, пешачите).Во сообраќајот, како причина за одвлеченото внимание на возачот, мобилниот телефон се јавува во 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, во наредните години, се очекува овој проблем дополнително да се влошува.Одвлеченото внимание е причина за многу пролеани солзи и многу крв на патиштата, за голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, за многу тажни животни приказни испишани на патиштата и на улиците, за тажни човечки судбини. Треба да се замислиме: вреди ли?И покрај црната статистика, на светско ниво, 45% од возачите го користат мобилниот телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП, во Република Македонија, 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат.Универзитетска студија во САД, проценува дека употребата на мобилни телефони за време на возењето, резултира со околу 2.600 смртни случаи и 330.000 сериозни повреди годишно, а пак истражувањата на СЗО, покажуваат дека употребата на мобилен телефон ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за 4 до 9 пати.Се поставуваат прашањата: Колку важен разговор не може да „почека“ да застанете на првото безбедно место на кое може да се запре возилото и да разговарате? Дали бегајќи од метежот, гужвата и опкружувањето со секакви луѓе, свесно ги оставате телефонските разговори за моментите кога ќе бидете сами зад воланот?Дали сето она за што разговарате на мобилниот телефон ви е поважно од тоа да стигнете здрави, живи и безбедни на посакуваната дестинација?Дали сте свесни за ризикот и опасноста на која се изложувате вие, вашиот живот, животот на вашите најблиски и животот на другите учесници во сообраќајот, со тоа што не можете да се воздржите да не го користите мобилниот телефон кога сте зад воланот?Дали  знаете дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри?Многу прашања, а само еден одговор. Користењето на мобилниот телефон додека возите е опасно и ризично. Секојдневно слушаме изговори од типот „Ми ѕвонеше телефонот, морав да се јавам. Ме бараа од работа, беше многу важно. Ме бараше ќерка ми од училиште. Ме бараше мајка ми, си помислив дека е нешто важно. Ме чекаа да им одговорам. Ќе беше неодговорно ако не им се јавам“.Многу изговори, многу оправдувања, ама ниеден изговор, ниедно оправдување, не е и не може да биде поважно од животот и здравјето на човекот. Ниеден разговор, ниедна работа, не е достојна за една капка крв, за една солза пролеана на улиците и патиштата.Сите изговори лажно ја помируваат совеста, сѐ додека не се случи нешто трагично. Кога ќе се случи сообраќајната незгода, тогаш ќе сфатите дека ниеден изговор, не може ни за момент, ни за малку да ја помири или промени свеста, одговорноста и последиците. Но, тогаш е веќе касно.Затоа, без изговори! Без мобилен телефон зад воланот! Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност или со регистрирање 25 негативни бода во возачката книшка. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.РСБСП апелира: Кога возите оставете го мобилниот телефон настрана. Без изговори и без оправдувања. Животот и здравјето, но и безбедноста – нека ви бидат секогаш на прво место.

Македонија | пред 7 години

7 год.
47349077_348196919302118_5519264864939278336_n

Вработените на Клинички: Паркингот е во сопственост на Република Македонија, а не на ЈП Градски паркинг

Синдикатот на Клинички центар и вработените се особено навредени од изјавата на градоначалникот Шилегов, дека вработените се одговорни за хаосот и метежот што се случува и дека тие вработени се одговорни што пациентите не можат да си ги паркираат своите возила, велат вработените кои денес протестираа на паркингот во Клиничкиот центар.„Овој протест го организираме по барање на нашите членови, ќе се спротиставиме на оваа одлука на советот, ќе продолжиме со нашиот протест во периодот од 10 до 10 и 30 часот. Паркингот на Клинички центар е во сопственост на Република Македонија, а не на ЈП Градски паркинг“, велат вработените.Тие бараат од Град Скопје да ја повлече одлуката и паркингот да се врати во владение на вработените во Клинички центар.„Ние доколку плаќаме нешто сакаме да добиеме услуга каква што заслужуваме. 350 денари кои ги плаќавме сакаме и сега да не ги плаќаме затоа што сме навредени, омаловажени и затоа што за хаосот во Клинички сме посочени директно. Пациентите кога доаѓаат се нервозни бидејќи бараат паркинг по еден час и некому таа нервоза мораат да ја исфрлат, а тоа ние го трпиме“, изјави Јулија Јовановска, член на извршен одбор на Клинички центар.На годишно ниво ЈП Градски паркинзи инкасира бројка од околу 475 илјади евра, од вработените, но и од пациентите кои доаѓаат во Клинички центар. Кога ќе ја разгледаме цената од 350 денари која е на месечно ниво, а самиот градоначалник истапи со бројка од 1600 картички, доаѓаме до бројка од околу 110 илјади евра.Треба да се обезбеди инфраструктура каде вработените да ги паркираат сопствените возила и за услугата која плаќаат треба да добијат соодветно паркинг место. Ние секојдневно се соочуваме со непристапен терен. Со ова зголемување повторно мислиме дека нема да има инвестиција, туку само ќе се полни буџетот на Град Скопје, кое што не кореспондира со потребите на вработените во Клинички центар и самите пациенти“, изјави Ивица Постолов.Вработените во Клинички најавија дека доколку Град Скопје не ја преиначи одлуката, револтот ќе го изразат пред наплатниот простор, за време на паузата од 10 до 10 и 30 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шест сообраќајки во Скопје во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатиот ден (10.12.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои  една со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и четири со материјална штета.Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник.Исто така исклучено е од сообраќај едно возило бидејќи било нерегистрирано. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување и тројца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 55 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило "пајак". 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања