Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка на патот Битола - Прилеп, еден со тешки телесни повреди

Вчера околу 9,30 часот се случила сообраќајна незгода на патот Битола – Прилеп, пред влез во Битола, помеѓу патничко моторно возило „Фиат пунто” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од село Сопотница, Демир Хисар со сопатник Е.К(21), исто така од село Сопотница и товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(44) од село Ерековци, прилепско и сопатник Н.Ц.(19) од истото село.Во незгодата Б.Р. се здобил со тешки телесни повреди ,а другите три лица се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mavrovo-sneg

Во недостиг на природен, ќе се користи вештачки снег

Од денеска на патеките во Маврово - вештачкиот снег. Опрема за производство на технички, еколошки снег веќе е поставена на патеката „Едносед".  Опремата во вредност од околу 700 илјади евра e самостојна нвестиција на ски-центарот. На патеката во должина од речиси 2 километри се поставени 19 шахти, 7 снежни топа и 4 снежни стикови („жирафи“). Целиот систем за правење снег се раководи од компјутерски центар и има 24-часовен надзор на патеката, на количеството снег и на метеоролошката состојба на самата патека.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bor

Уапсен поранешен заменик-градоначалник кој полово вознемирувал малолетничка

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи во Бор, по налог на Основното јавно обвинителство денеска го уапсија Б.П. (1959) поради постоење сомневање дека извршил кривично дело полово вознемирување.Осомничениот се терети дека со своето однесување полово вознемирил 15-годишна малолетничка со која се сретнал по нејзин повик по што таа, како што се сомнева, со мобилен телефон направила три фотографии со недолична содржина. По одобрување на надлежното обвинителство, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа по што, со кривична пријава, ќе биде изведен пред обвинител, соопшти Полициската управа Бор.  Во српските медиуми минатата недела се појавија фотографии на социјални мрежи на кои заменик-градоначалникот на Бор, Бранко Периќ се бакнува и гали со девојче од 15 години.Тој потоа поднесе оставка.Фотографиите брзо потоа биле отстранети од социјалните мрежи, но во меѓувреме ги виделе и зачувале голем број корисници на Фејсбук. Во целиот случај набргу се вмеша и полицијата. 

Свет | пред 7 години

7 год.
ljupka-arsova-dzundeva

МНТ се простува од големата македонска актерка

Комеморацијата за актерката Љупка Арсова Џундева ќе се одржи денеска во 12 часот, на големата сцена во НУ Македонски народен театар, соопштуваат од театарот.Љупка Арсова Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременска убавина, романтична појава и жесток став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направиле миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Во Македонскиот народен театар работеше во текот на целиот свој професионален живот од 1951 до 1990 година, кога замина во пензија. Нејзината последна улога на сцената на МНТ се случи во 2015 година, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска. Љупка знаеше да каже дека треба да се најде мирот и љубовта кон луѓето, и колку што е можно човек треба да му се радува на животот. „Ние сме многу малку гости на овој свет“, знаеше нашата Буба. „Човек треба да се научи прво да си ги прости своите грешки самиот на себе, а потоа да ги прости и на другите. Кога ќе простиш, ќе го најдеш својот мир и ќе се ослободиш“.Џундева беше една од највредните актерки на која се потпираше голем дел од работата во театарот, а нејзините колеги ја сметаа за одговорна, сериозна, трудољубива, посветена, исполнителна, прецизна, срдечна, кооперативна и секогаш подготвена да ја прифати секоја актерска задача. Таа ја освојуваше публиката со својата светла озраченост, со сензуалниот глас и со прекрасната појава во целина. Припаѓа на генерацијата во која што работи со Вукан Диневски, Самоил Дуковски, Милица Стојанова, Кирчо Божинов, Ацо Јовановски, Дарко Дамевски, Драги Костовски.Првиот вистински настап го има во пиесата „Нажалена фамилија“ (1951) во режија на Петре Прличко со улогата на Даница, потоа следат повеќе од 80 реализирани улоги меѓу кои: Анка во „Госпоѓа министерка“ (1953), Дивна во „Пепелашка“ (1953), Амелија во „Домот на Бернарда Алба“ (1956), Славка во „Д-р“ (1957), Стојанка во „Чорбаџи Теодос“ (1957), Маргот во „Дневникот на Ана Франк“ (1958), Силвија во „Игра на љубовта и случајот“ (1959), Коломба во „Волпоне“ (1961), Свршеничката во „Крвави свадби“ (1962), Коломба во „Коломба“ (1965), Ирина во „Матурска вечер“ (1966), Фосфорната жена во „Бања“, (1968), Розаура во „Венецијански близнаци“  (1968), Наталија Ивановна во „Три сестри“  (1970), Доилка во „Фарса за храбриот Науме“ (1971), Оливера Срезоска во „Ѕидот, водата“ (1973), Павлина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Ана Шукова во „Кенгурски скок“  (1979), Магда во „Габи“ (1982), Занаида во „Иванов“  (1984), Саветка во „Антица“ (1988), Аркадина во „Галеб“ (1990), Де Резмонд „Опасни врски“  (2002) и Марина во „Вујко Вања“ (2015).На филмското платно учествува во првиот македонски филм „Фросина“ (1952), а има остварено главни улоги во „Мирно лето“ (1961) и „Време живот“ (1999), „Златната петорка“ (2016) и споредни улоги во „Македонска крвава свадба“ (1967), „Оловна бригада“ (1980) и „Џипси меџик“ (1997). Игра и во ТВ филмовите „Пустина“ (1967), „Стотиот чекор“ (1968), „Лудиот и калуѓерицата“ (1968), „Свеќник“ (1969), „Итрата вдовица“ (1969), „Слики на дрво“ (1970), „Балада за орканата“ (1970), „Пречек“ (1971), „Делба“ (1971), „Двојка“ (1970), „Светлини и бои“ (1997), „Мулти левел“ (2000), „Мост“ (2006) и ТВ сериите „Волшебниот воз“ (1969), „Волшебното самарче“ (1975), „Трето доба“ (1987), „Погрешно време“ (2000), „Наше маало“ (1999-2004).За својот обемен актерски ангажман Љупка Џундева има добиено голем број на награди и признанија меѓу кои и наградата на Град Скопје „13 Ноември“ (1983), наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (2000), наградата „11 Октомври“ за животно дело (2000), награда за артистичко остварување доделено од Југословенската радио телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец. Џундева е првиот лауреат на јубилејното 10-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица, добитник на почесното признание на „Астерфест“ и Тивериополската филмска алијанса за посебен придонес во филмската и драмската уметност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG-fc6100610886ac284c585fb77d5c44a4-V-1

Во основните училишта во Кисела Вода почна кампања за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства

Општина Кисела Вода во соработка со Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје - Одделение за превенција и ПСОН Кисела Вода започна со реализација на кампања во основните општински училишта, која ќе има за цел да делува во насока на спречување на несакани последици по безбедноста на учениците во периодот на претстојните новогодишни и божиќни празници.„Реализацијата на кампањата започна од ООУ „Круме Кепески“ каде пред учениците од 7, 8 и 9 одделение полициски службеници одржаа едукативен час за превенција и за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства. Покрај ова, волонтери од „Црвен крст“ на учениците им покажаа како да укажат прва помош при повреда настаната од петарди. Во периодот што следува вакви едукативни предавања ќе се одржат и во останатите основни училишта.Воедно, претставници од Министерството за внатрeшни работи ќе остварат средби и со Советот на родители при основните училишта пред кои ќе ја презентираат кампањата“, велат од Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Институциите се борат против долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето

Долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето што 11 години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ денес се решава постојано и системски со целосна ангажираност на сите институции на локално и на национално ниво, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта не презема ништо против загадувањето на воздухот.„Со силен порив се обновува зеленилото што цела деценија беше загрозувано поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Општина Карпош вчера ја заврши акцијата за засадување при што беа засадени 200 високовлатитени и повеќегодини дрва на различни локации во општината. Слична акција се спроведе и во општина Аеродром кадешто беа засадени 1.800 садници. Обезбедени се средства и започнат е процесот на набавка на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје кои ќе треба да заменат дел од старите нееколошки автобуси. Автобуси на еколошки горива се набавуваат и во Прилеп и во Битола. Истовремено, засилен е инспекцискиот надзор и контрола врз загадувачите, за што се издадени мандати казни на голем број правни и физички лица загадувачи“, велат од СДСМ.Од партијата додаваат дека преку субвенционирање на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети и инвертори, позитивно се влијае врз намалувањето на загадувањето што доаѓа од домаќинствата, но и јавните установи кои се затоплуваат на стар, скап и нееколошки начин.„Проблемот со загадувањето е сложен, но сите надлежни институции низ здружена координирана акција активно се борат против сите извори на загадување. Низ сеопфатен, системски пристап се решава долгогодишниот проблем со загадениот воздух, со цел веќе за две години нивото на загадување да биде намалени за 50 отсто во Скопје и останатите поголеми градови и од 30 до 50 отсто во цела Македонија“, велат од СДСМ. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши 7 милијарди евра без да вложи денар во подобрување на квалитетот на воздухот

СДСМ потроши 7 милијарди евра  пари на граѓаните, без да вложи денар за намалување на аерозагадувањето, а сега безобразно и без срам бара донации од бизнисмените за борба против загадувањето на воздухот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ нема план како да ја извади државата од црнилото во кое ја потона. Скопје со денови е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот. Во европскиот врв на најзагадени градови се и Битола и Тетово, ништо почист не  е воздухот ниту во Струмица, Кочани и Тетово. Едноставно кажано Македонија се гуши, а власта не презема ништо, ниту денар од 7 милијарди евра буџет од две последователни години не е инвестиран во подобрување на квалитетот на воздухот, па сега наместо мерки и проекти, власта бара донации од бизнисмените, кои веќе еднаш дале пари во буџетот преку даноците, пари од кои дел требало да завршат и за подобрување на квалитетот на воздухот.Нивото на загаденост е неколкукратно над дозволеното, нивото на канцерогени ПМ10 честички е опасно по здравје. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците ширум државата поради срцеви и белодробни проблеми како последица на загадувањето.СДСМ наместо да троши пари на лубриканти, цвеќиња и кафе во износ од неколку милиони евра, треба да преземе мерки против загадувањето, кое е реален проблем за здравјето на  граѓаните и животната средина.ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки, кои СДСМ треба да ги прифати и реализира за доброто на граѓаните.Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето.Инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле.Да се чистат сите диви депонии, особено да се инспектираат секојдневно оние локации каде што се пали отпадот со намера и да се изречат казнени мерки.Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето.Црнилата не смеат да продолжат. Црнилото мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против овие црнила да се приклучат на протесниот марш во среда кој ќе започне во 17 часот од плоштад ВМРО и ќе се движи до владата на Република Македонија. За да им кажеме НЕ на црнилата. Да го испратиме СДСМ во историјата“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-slika

107 ма владина седница

На 107-та редовна седница на Владата на Република Македонија што ќе се одржи на 11 декември, ќе се најде информацијата „Среднорочна програма за измена и дополнување на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“, на предлог на Фондот за иновации и технолошки развој.На оваа седница на владата ќе биде презентирана информацијата за потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење дворните површини ОХИС, во Скопје.Министерството за правда на утрешната седница на владата ќе ги достави на расправа и одлучување Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-законот за извршување на санкциите, Предлог-законот за прекршоци, како предлози на Министерството за правда.На предлог на истото министерство, членовите на Владата на РМ ќе ја разгледаат и информацијата со анализата за примената на Законот за правда за децата, за период јануари - јуни 2018 година.На оваа 107 седница на владата ќе се презентира и информацијата за Акциски план на Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022, како и информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование, што ја предлага Министерството за образование и наука.На оваа своја седница владата ќе се произнесе и по предлог-одлуката за изменување на Одлуката за намалување на цената на становите во општествена сопственост.Членовите на Владата на РМ ќе одлучуваат и по предлог - одлуката за основање на Јавно претпријатие колекторски систем.На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, владата утре ќе расправа и за предлог-одлуката за изменување на Одлуката за формирање на Дигитален форум за информатичко комуникациски технологии, како и за предлог-решението за назначување на членови на дигиталниот форум за информатичко комуникациски технологии. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
zena-farmer

Средба на жените-фармери за подобра социо-економска положба во руралните средини

Националната федерација на фармери денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна организира средба со жените – земјоделки. На средбата ќе стане збор за препораките и барањата на НФФза подобрување на социјалната и економска положба на жените од руралните средини.Средбата е во рамки на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, подржан од шведскиот кооперативен центар „Ние влијаеме“. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
haradinaj

Косовскиот премиер Харадинај се заканува: Не завршивме со царините, можеме да преземеме и други мерки

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се закани дека Приштина, покрај царините од 100 отсто на производите од Србија и БиХ, може да преземе уште поостри чекори, пренесуваат косовските медиуми.Харадинај во интервју за албанската телевизија А2 кажа дека постојат и други мерки кои можат да се случат, а немаат врска со царините.Сепак, косовскиот премиер не даде детали за тоа какви мерки може да следуваат.„Ќе видите какви, кога тие ќе се случат“, наведе Харадинај, а пренесува Газета експрес. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја и вода повеќе улици во Скопје

Без струја утре од 8:30 до 10 часот ќе останат корисниците од дел од улиците Студеничанска и „Јустинијан Први".Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Христо Чернопеев" и од 11 до 15 часот корисниците од дел од Булевар „Кочо Рацин", улиците „Стив Наумов", „Тетовска" и „Јосиф Јосифовски". Прекинот со струја е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.Од РЦУК информираат дека паради отстранување дефект на водоводна  цевка со пречник  ф – 80 мм на улицата „Антоние Грубишиќ" б.б. утре без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од  истата улица и улицата „Пиринска".

Скопје | пред 7 години

7 год.
419139_320149608035941_395264538_n

Средба со писателката Драгица Најческа

Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија на 13 декември (четврток) со почеток во 12 часот ќе се одржи средба со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 85-ти роденден и педестгодишниот јубилеј од нејзиното зачленување во писателската асоцијација.За творечкиот опус и ликот на писателката ќе говори поетот, раскажувач и публицист Панде Манојлов. На средбата ќе се промовира и најновиот роман на Драгица Најческа „Куќа на езеро“ за кој ќе зборува писателката и критичарка Оливера Ќорвезироска.Извадок од романот и избор од поезијата на авторката ќе прочита актерката Вирџинија Ристеска.

Магазин | пред 7 години

7 год.
vreme

Облачно и студено време со температура до 6 степени

Денес времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -8 до 1 степен, а дневната од -2 до 6 степени.Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.Утре ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат под -10 степени. Во четврток ќе има локални врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и сабота по котлините ќе има услови за појава на магла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

На патниот правец Тетово - Попова Шапка остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.„На патниот правец Тетово – П.Шапка (од с.Лисец до П.Шапка) на коловозот има остатоци од кашест снег. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија Пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од денес поевтини цени на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Од денес, според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се поевтинуваат за 1.50 денари и еден литар ќе се продава за 61.50 односно 63.50 денари.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58.50 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
KIR_0837

Вработените во Клинички најавија протест против одлуката на Шилегов

Вработените во Клинички центар преку социјалните мрежи го најавија утрешниот протест против денешната одлука на Советот на Град Скопје за наплата на месечна карта за паркинг. Тие велат дека доколку не биде исполнто нивното барање, од среда ќе започнат со блокирање на наплатните места за користење паркинг.„На инцијатива на повеќе од 200 вработени во Клинички, а со поддршка на Синдикатот, УТРЕ,11.12.( вторник) за време на законски предвидената пауза од половина час, од 10 до 10 и пол на ХЕЛИОДРОМОТ се одржува протест против одлуката на Советот на град Скопје за наплата на месечна карта од 850 денари за вработените од Клинички.Освен што покачувањето се одразува дирекнто на нашиот буџет, градоначалникот директно со лична изјава длабоко ни го повреди достоинството! Освен децидно неприфаќање на одлуката,, ќе понудиме предлози и здрави решенија во интерес наш , но и на пациентите! Нареден чекор, од задутре е блокирање на наплатните места за користење паркинг. Паузата е време во кое ќе покажеме дека нема повеќе да не цедите по џеб и навредувате како професионалци“, стои во објавата на Фејсбук.Денес светот на Град Скопје на седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг“, па така вработените во Клиничкиот центар наместо 300 ќе плаќаат 800 денари месечна карта за паркирање во комплексот на Клиничкиот центар. Според Шилегов зголемувањето на цената на месечната карта за вработените ќе придонесе да се намали сообраќајниот хаос. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0721

Реализирани 12 нови проекти во Југозападниот плански регион

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во општините Охрид и Дебрца присуствуваше на промоцијата на проектите кои што се реализирани со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството, наменети за развој на Југозападниот плански регион.Со средствата од буџетот за 2018 година во општина Дебрца, н.м. Волино, е изведена целосна реконструкција и енергетска ефикасаност на јавен објект за потребите на месното население, а во Охрид е обезбедена енергетска ефикасност на детската градинака Развигорче и е ревитализирана пешачката патека во Стариот град.„Владата останува доследна на своето ветување за континуирано зголемување на буџетските средства за корисни проекти во планските региони, во селата и во подрачјата со специфични развојни потреби. Во однос на 2017 година, средствата за 2019-та се зголемени за 100 насто. Ваквата тенденција ќе продолжи и во наредните години. Покрај градење на демократски вредности, развојот е приоритет, во функција на задоволување на реалните потреби на граѓаните“, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.Фазлиу истакна дека со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа оваа година се реализирани 12 проекти во Југозападниот плански регион во вкупна вредност од околу 38 милиони денари.„Како што гледаме, станува збор за инфраструктурни проекти, многу корисни за граѓаните. Главно проектите се насочени кон подобрување на енергетската ефикасност и реконструкција на јавни објекти, како што се училишта и детски градинки, локална патна инфраструктура или техничка документација. За следната година во буџетот се планирани плус 50 насто средства, или, за проекти за рамномерен регионален развој во осумте плански региони нови 7 милиони евра“, рече министерот Фазлиу.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-3

Внукот што си ја уби баба си сам се пријавил во полиција

Дваесетгодишно момче од скопско Драчево доцна попладнево ја убил својата 66 годишна баба. Убиецот сам се пријавил во полиција.Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, дежурен јавен обвинител раководи со увидот на лице место каде што било пронајдено безживотно тело.-Според првичните информации, станува збор за насилна смрт, а извршителот сам се пријавил и е задржан во полициска станица. Станува збор за момче на возраст од 20 години, внук на починатата, се наведува во соопштението на ОЈО.По наредба на јавниот обвинител во моментов се подигаат материјални траги пронајдени на лице место, а телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.

Скопје | пред 7 години

7 год.
craina-i-NBRM-1

Царинската управа и НБРМ ќе ја интензивираат соработката и дигиталната царина

Средба на првите луѓе на Цринската управа и народната банка на Р Македонија, Ѓоко Танасоски и д-р Анита Ангеловска-Бежоска.Директорот на царинската упрва Танасоски и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска разговарале за тековната соработка меѓу двете институции, со акцент на новините што ги воведува Царинската управа со воведувањето на новиот систем за обработка на царинските декларации, во контекст на нивното користење како извор за изготвување на надворешните статистики.Поради воведените новини во работењето на двете институции, оценето е дека постои потреба од изготвување нов меморандум за соработка и нов протокол за размена на податоци.„На средбата беше изразено задоволство од придобивките од досегашната успешна соработка помеѓу двете институции“, вели Танасоски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
DUIII

ДУИ: Граѓаните на Дебар да бидат трпеливи, нов градоначалник на следните вонредни локални избори

По смртта на Ружди Лата, Дебар сè уште нема нов градоначалник. ДУИ ги повикува дебраните да бидат трпеливи до следните вонредни локални избори.„Ружди Лата беше еден од подобрите градоначалници, високопочитуван во својата средина и веројатно еден од најзаслужните за развојот на општина Дебар. Токму затоа и неговите сограѓани, во два наврата, му ја дадоа довербата да ја предводи нивната општина како градоначалник на Дебар. За жал, неговата прерана смрт го спречи да го доврши својот втор мандат и да ги реализира проектите за кои доби доверба. Граѓаните на општина Дебар ќе мора да бидаат трпеливи до наредните предвремени локални избори во оваа општина за повторно да изберат градоначалник по сопствена волја и убедување и да ја совладаат коалицијата создадена помеѓу малите опозициски парти од албанскиот блок и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ДУИ.Политиката, додаваат од партијата, понекогаш ги надминува моралните стандарди и во согласност со политичките агенди понекогаш ќе мора да ја прифатиме и оваа неморална одлука на малите опозициски парти од албанскиот блок и ВМРО-ДПМНЕ во смртта на Ружди Лата да го пронајдат сопствениот политички успех.„На граѓаните на Дебар сакаме да им порачаме да почекаат неколку месеци кога по сила на законот на избори малите опозициски партии од албанскиот блок заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја проверат довербата за оваа нивна авантура, токму со вас – граѓаните на општина Дебар“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Ministerstvo-za-lokalna-samouprava-35wp86ev68mbqowkqjwoow

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лиотца, и тоа Љ.Ш. и С.Ф., министер за локална самоуправа во период од 2015 до 2017 година, М.М.П. во својство на државен советник за европски интеграции во Министерството и Б.Р во својство на одговорно лице за спроведување на ИПА-оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија.„Пријавените Љ.Ш. и С.Ф. во својство на министер за локална самоуправа во периодот од 2015 до 2017 година заедно со третопријавената М.М.П. и четвртопријавената Б.Р. со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности на начин што во проектот на ИПА-фондовите наменети за техничка помош на Министерството за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија склучиле, потпишале и исплатиле четири договори за дело за користење интелектуално консултантски улсуги помеѓу Министерството и М.М.П. и Б.Р., кои се во редовен работен однос во Министерството, а како наводно дополнително ангажирани лица преку Младинската агенција ДОО – Скопје незаконски примиле 2.198.243 денари и го оштетиле буџетот на Министерството“, соопшти Финансиската полиција.Со цел да го прикријат делото четворицата пријавени дале налог на Младинската агенција ДОО – Скопје во фактурите, наместо да бидат наведени личните податоци, тие да бидат само нумерички изразени, и тоа третопријавената М.М.П. како експерт бр. 12, а Б.Р. како експерт бр. 13 за што М.М.П. изработила и потпишала и до Младинската агенција ДОО – Скопје доставила список со експерти за исплата на кој начин ги прикрила личните податоци и статусот како вработени во Министерството при исплата на паричните средства.„Горенаведеното се потврдува и со ревизорски извештај за незаконски исплатени парични средства на ангажирани вработени лица како експерти во вкупен износ од 2.198.243 денари, кои од страна на Министерството за локална самоуправа се вратени на ИПА-фондовите, со што му е нанесена штета на буџетот на Министерството“, велат од Финансиската полиција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
umf-f-1-jpeg-image-4724-x-3150-pixels-702x380

Филмот „Фантастична жена“ за Меѓународниот ден на човекови права во кино Милениум

По повод Меѓународниот ден на човековите права, со акцент на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат трансродовите луѓе, вечерва во градското кино Милениум во Скопје доаѓа „Фантастична жена“, овогодишниот добитник на Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје од продуцентите на филмовите „Џеки“ (Jackie), „Под лупа“ (Spotlight) и „Тони Ердман“ (Toni Erdmann) и Себастијан Лелио, режисерот на филмовите „Глорија“ (Gloria) и „Непослушност“ (Disobedience).Премиерната проекција во Република Македонија на овој чилеански филм е во организација на Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје во партнерство со дистрибутерската куќа „Fox Vision“ од Белград (Република Србија), градското кино Милениум и Младинскиот културен центар од Скопје, невладината организација „Pride Sports“ од Манчестер (Обединето Кралство), британската и германската амбасада во Скопје, и невладините организации „Субверзивен Фронт“ и „Стар-Стар“ од Скопје. Билетите се бесплатни.„Брилијантен и сурово директен“ (VARIETY), „Фасцинантен и мистериозен“ (THE PLAYLIST), „Ненадминлив“ (THE HOLLYWOOD REPORTER), „Вонсериски“ (SCREENDAILY), „Бравурозен филм“ (THE GUARDIAN) се само некои од филмските критики за ова ремек-дело.Според редовниот годишен извештај на „Transgender Europe“ од мониторингот на убиства на транс-луѓе објавен во 2018-та, помеѓу 1 октомври 2017 година и 30 септември 2018 година, пријавени се 369 убиства на транс и родово-различни луѓе на глобално ниво. Од пријавените убиства низ целиот свет, мигрантите и сексуалните работници го сочинуваат мнозинството од жртвите.Вкупно 2.982 транс и родово-различни луѓе биле пријавени за убиени во 72 земји помеѓу јануари 2008 и септември 2018 година. Мигрантите сочинуваат голем број од пријавените убиства во Европа. Од 139 пријавени убиства во Европа, една третина од жртвите биле мигранти. А, од пријавените убиства на транс и родово-различни луѓе чии професии биле познати, на ниво на целиот свет, 62 отсто биле сексуални работници.Трансродовите луѓе се луѓе чиј родов идентитет или родова експресија се разликува од родот што се претпоставувал за нив кога биле родени, базирано на биолошкиот пол (анатомијата на репродуктивниот систем на една индивидуа и секундарните полови карактеристики). Родовиот идентитет на некои луѓе, нивното внатрешно спознавање за тоа кои се е различен од оној првично претпоставен кога биле родени. Повеќето од овие луѓе се опишуваат себеси како трансродови.

Магазин | пред 7 години

7 год.
pat-magla

Магла на Попова Шапка, Стража и Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.„Слаб снег провејува на П.Шапка. Намалена видливост до 50 м поради магла има во Маврово,П.Шапка и на планинскиот превој Стража. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, информираат од Македонија ПатОттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_2143

(ВИДЕО) Заев: Убеден сум дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за уставните измени

Премиерот Зоран Заев денеска во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров” во Штип, учествуваше на четвртата јавна дискусија за нацрт-амандманите за измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа.Премиерот Зоран Заев пред многубројните присутни ги презентираше нацрт – амандманите укажувајќи на потребата за донесување на уставните измени за  конечно исполнување на повеќе децениското очекување за отворање  на реалната перспектива Македонија во НАТО и во ЕУ.Подвлекувајќи ја инклузивноста на процесот и отвореноста за нови предлози,  премиерот Заев повтори дека Договорот со Грција е пријателски, фер и правичен и на Македонија ќе обезбеди стабилност, безбедност и  подобар економски стандард.„Дека договорот е правичен докажува и критичкиот осврт на опозицијата и во Македонија и во Грција, кои до сега не смогнаа сили да го решат овој долгогодишен проблем, иако тврдат дека ги подржуваат евроатлантските интеграции на нашата земја. Но, денеска имаме поддршка од народот, кој покажа дека почитува лидерство и лидерски одлуки и затоа за мене тоа е важно“, рече премиерот Заев, додавајќи дека со нацрт-амандманите се предвидува додавката Северна, која реално е географска одредница, но истовремено ја задржува нашата идентификација како македонски народ, кој говори македонски јазик.Во своето излагање премиерот Заев  подвлече дека во нацрт – амандманите се вградени предлози на пратениците и посочи на одлуката, уставните измени да стапат на сила само доколку Грција ги ратификува Договорот од Преспа и Протоколот за наше членство во НАТО.„Убеден сум дека преку инклузивниот процес, со внесување на сите одржливи сугестии, Република Македонија може да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот, бидејќи одговорноста е наша и тоа им го должиме на нашите деца, да го заокружиме процесот и да се посветиме на економскиот, образовниот, правниот развој на нашиот систем“, истакна премиерот Заев.На јавната дискусија во Штип, премиерот Заев одговараше на прашања на граѓани подвлекувајќи дека сите дилеми околу тоа дали имплементацијата на Договорот од Преспа ќе го почитува грчката,  зависат само од нашите одлуки:„Ние одлучуваме за сè. Од нас зависи и Договорот со Грција и она што треба понатаму да го градиме за да ги оствариме посакуваните придобивки“, рече премиерот и додаде дека за него, како премиер, е најважно да го одржува пријателството со соседите да ги негува европските стандарди и изрази убедување дека тоа ќе биде остварено заедно со сите земји-членки на ЕУ. 

пред 7 години

7 год.
Stomatoloski-materijali-mobilna

Царината заплени девизи, стоматолошки материјали, фалсификати, храна

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, автоделови, ремени за прицврстување стока, електромотор, мобилни телефони, стоматолошки материјали, свежо овошје и зеленчук, употребувана скијачка облека и фалсификати.Задржана е следната стока:– 80.000 евра и 7.500 американски долари, откриени на Меѓународниот  Аеродром Скопје, при контрола на багаж и личен претрес на еден македонски и еден турски државјанин.Во првиот случај, за контрола бил селектиран  македонски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Истанбул. На прашање на царинските службеници, патникот изјавил дека носи пари но не го кажал износот. При личен претрес на патникот, во џеб од неговата јакна, во џеб од панталоните, во паричник и во долната облека, како и при преглед на куферот на патникот, во книга и  во несесер, биле пронајдени вкупно 82.000 евра во апоени од по 500 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 80.000 евра биле привремено задржани, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.Покрај тоа Царината заплени:– 19 парчиња  автоделови (предни и задни бришачи, светилки, патосници, дисплеј и ветробрани),  1 велосипед tacx blu matic, 1 ланец за велосипед и 1 пар очила uvex sport, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно комбе со македонски таблички, извршена на патниот правец Крива Паланка – Куманово. Производите, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, биле пронајдени на и под совозачкото седиште на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.– 3 килограми восок Cerewax, 50 плочки восок ARCAS LC, 364 вештачки заби од марките NT OPTIMA, Mega Plus и ERAY, 500 милилитри течност за моделирање Vision Modelling Liquid, 30 стругалки, 500 месингани колчиња и 1 сајла за мотор, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Производите, пронајдени под предните седишта на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.– 839 килограми свежи калинки и тиквички, откриени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.– 54 парчиња употребувана скијачка облека (јакни, панталони и ракавици), 167 освежувачи на воздух за возила и 374 парчиња врвци за чевли, откриени од страна мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во 2 патни торби и 4 кеси, сместени во багажникот и во кровниот багажник на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.– 1 уред за дијагностика на возила со ознака на заштитена трговска марка, откриен во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на ДХЛ пратка од испраќач од Сингапур, наменета за физичко лице од Скопје. Поради сомневање дека уредот повредува права од интелектуална сопственост, истиот е привремено задржан и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на неговата оригиналност.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања