Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Уапсени двајца гостиварци затоа што си ја киднапирале роднината

Двајца гостиварци се приведени и задржани во полициска станица под сомнеж дека противправно лишиле од слобода нивна роднина.Според СВР Тетово, 30-годишната гостиварката Џ.С. синоќа околу 21 часот пријавила дека е противправно лишена од слобода во соба на мотел во Гостивар. По пријавата, приведени и задржани се нејзините роднини 32-годишниот А.А. и 40-годишниот Б.О. , двајцата од Гостивар. Тие со осомничени поради нивна инволвираност во противправното лишување од слобода.Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и под какви околности се одвивал настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mickoski-4-SREDBA-1012-Glavna-Slika

(ВИДЕО) Мицкоски: Владата води катастрофална економска политика

Добро за нас претставува особена чест и задоволство што ќе можеме и денес овдека во Сојузот на Стопански Комори да се практично запознаеме, да можеме и дел од проектите кои што ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ но и економската програма која што ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ да ја презентираме пред раководството на Сојузот на Стопански Комори, пред претседателката Арсовска, изјави Христијан Мицкоски.„Изминатиот период сведоци сме на една катастрофална политика од областа на економијата која што ја води СДСМ, Владата на СДСМ и таканаречениот економски тим кој што предвидуваше многу програми кои што за жал доживеаја комплетно фијаско во нивната имплементација.Мора да учиме од грешките, мора да учиме од она што не чини, да влечеме искуство од сето тоа и се разбира да го корегираме и да го подобруваме.Така што ВМРО-ДПМНЕ е подготвен. ВМРО-ДПМНЕ има изготвено економска програма која што знаеме дека ќе одговори на најголемиот дел од реалните потреби и проблеми на граѓаните.Така што добро е секогаш да се слушне мислењето од реалниот бизнис и реалната економија. За да можеме и тој дел исто така да го подобриме онаму каде што се разбира ќе добиеме критика околу или одредена сугестија, или совет околу определени економски политики кои што ги подготвуваме“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mickoski-3-SREDBA-1012-Glavna-Slika

ССК: Структурните економски реформи да бидат национален приоритет

Економијата и спроведувањето на неопходните структурни економски реформи во земјата кои се препорака од Европската Унија, да се национален приоритет и да постои утврдена стратегија која ќе се имплементира долгорочно, како би се демонстирало движење во насока на подобрување на стабилноста и зголемување на правната сигурност во земјата, беа пораките упатени на денешниот состанок од претседателството на Сојузот на стопански комори на Македонија на средбата со делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицковски.Претседателот на Сојузот, ја истакна важноста од развојот на малите и средни претпријатија како двигател на економијата во услови на предвидлив деловен амбиент и политичка стабилност, преку обезбедување на владеење на правото, како предуслов за остварување на одржлив економскиот развој. Порача дека некои прашања како економската благосостојба во земјата треба да имаат приоритет пред останатите интересни групи, за економски поразвиена Македонија со цел подобар животен стандард.„Повисок економски раст може да се постигне единствено со целисходна национална стратегија за развој на приватниот сектор, а во соработка со сите чинители во општеството, владини институции, невладиниот сектор, академската заедница, деловните организации, водени од заедничка цел, да делуваат на креирање долгорочна економска стабилност и просперитет за идните генерации. Сите политички чинители неопходно е континуирано да ги поддржуваат предложените мерки на деловната заедницата, особено за измени во легислативата кои се клучни за економскиот раст. На деловната заедницата и е потребен стабилен политички амбиент како би можеле да се релизираат предвидените инвестициски проекти со гаранција на инвестициите како одраз на зголемување на правната сигурност“, изјави Арсовска и додаде дека за стопанството најголем проблем е сивата економија, а веднаш потоа брзата промена на легислативата.Дополнително во контекст на донесување на национална стратегија за развој на приватниот сектор, беше истакната токму конзистентноста во спроведување на одредени мерки како приоритет, затоа што само со континуитет и професионален пристап може да се очекува некаков успех.На состанокот се дикустираше за активностите на Сојузот, состојбата во економијата по сектори со оглед на структурата на комората и предизвиците со кои компании се соочуваат во секојдневното работење, а беше истакната и важноста на приватниот сектор како двигател на економскиот раст кој генерира најголем број вработувања во земјата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Со камион уништил инсталација и оставил без струја 100 семејства

Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Гостивар поднесе кривична пријава против В.Х.(52) од село Вруток, гостиварско, за сторено кривично дело ,,уништување или оштетување на јавна инсталација“.На 08.11.2018 година околу 16,00 часот во село Долна Бањица, гостиварско, пријавениот управувајќи товарно моторно возило за пренос на бетон, сопственост на фирма при движење со истото оштетил кабел на јавната електрична инсталација, поради што настанал прекин на напојувањето со електрична енергија на  околу 100 домаќинства. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Разбојници нападнале тинејџерка во Скопје

На 09.12.2018 година околу 17,50 часот во Скопје, на улица „Кеј Димитар Влахов“  две непознати лица со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над 16- годишна девојка од Скопје и  одзеле мобилен телефон.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Го измамил дека ќе го вработи во Германија и му земал 4000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.К.(31) од Неготино, за сторено кривично дело „измама”.Во период од  19.09. 2018 до 26.09.2018 година, со лажно претставување дека е директор кој раководи со проекти за вработување во Република Германија и дека ќе му обезбеди работа во Р. Германија, пријавениот довел во заблуда 42 годишно лице од село Моштица, Македонска Каменица и го навел во повеќе наврати на две трансакциски сметки на негово име да уплати парични средства, со што се стекнал со противправан имотна корист од 241.590 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
134301833

Нова измама со огревни дрва во Кисела Вода

На 09.12.2018 година во 21,30 часот К.Д.(73) од Скопје, пријавил дека на 08.12.2018 година околу 12,00 часот на улица “Сава Ковачевиќ“ од страна на непознато лице извршена му била измама.Имено лицето измамата ја извршил на тој начин што на 07.12.2018 година околу 11,30 часот дошол во дворот на пријавителот и му понудил дрва за огрев по цена од 2.500 денари од кубик при што оштетениот му кажал дека сака да купи пет кубика. Откако се договориле наредниот ден да се најдат и да одат во складот, на 08.12. на булевар “Борис Трајковски“ сторителот ја земал личната карта на К.Д., а исто така му земал и 12.500 денари за дрвата и му кажал да почека на автобуската постојка.По неколку минути сторителот повторно се вратил, му ја дал личната карта по што му рекол да оди пред фирма која била во близина кај еден од складовите и да ги почека дрвата. Откако никој не ги донесол дрвата, К.Д.  го пријавил случајот во полициска станица.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжуваат акциите на гостиварската полиција – фатени две лица со марихуана

На 09.12.2018 година околу 20,40 часот на регионалниот пат Гостивар - Сушица, во близина на угостителски објект, лишени од слoбода се А.М.(26) село Балиндол, гостиварско и Б.Р.(25) од Гостивар. Кај нив пронајдена е и одземена марихуана.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_1872

(ВИДЕО) Костадинов: Заврши времето на системско прекршување на приватноста и основните човекови права и слободи

Денеска, на Меѓународниот ден на човековите права, како политичка опција, носител на промените, горди сме што дадовме придонес за заштитата на човековите права, за враќањето на слободата, демократијата и еднаквоста во општеството, изјави Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.„Од „заробена“ држава, симбол за масовна злоупотреба и газење на основните човекови права, во која се случи масовно нелегално прислушување, монтирани судски процеси, уценети и заплашени медиуми и новинари, системски погазани права и слободи, денес Македонија е слободна држава во која се почитуваат и унапредуваат човековите права и слободи.Ја вративме слободата во Република Македонија. После деценија уназадувања, денеска, на Меѓународниот ден на човековите права со право можеме да кажеме дека граѓаните на Македонија се чувствуваат слободни, заштитени, еднакви и достоинствени.Обезбедена е целосна слобода на говор и слобода на јавно мислење.Од држава на замолчени, уценети и притиснати медиуми, денес во Македонија има слобода на говор, медиумите се ослободени од било каков притисок на власта, можат да известуваат и работат слободно и независно.Реформата во безбедносните институции обезбедени преку Собранието и надлежните инстицуции, формирањето на новата Оперативно-техничка агенција, е гарант дека заврши времето на нелегално следење на комуникациите на граѓаните“, изјави Костадинов.Тој додаде дека заврши времето на едно системско прекршување на приватноста и основните човекови права и слободи.„Во тек се реформи во правосудството, за еднаков пристап до правда, се гарантираат човековите права и слободи во институциите и во судскиот систем. Се унапредува и заштитува презумпцијата на невиност, а Македонија веќе не е земја на полициска тортура.Се унапредуваат и правата на децата. До крајот на годинава во социјалните установи ќе бидат сместени за 60 отсто помалку деца отколку во август минатата година.Со ратификацијата на Инстанбулската конвенција, овде во Собранието, државата и сите нејзини институции засилено ќе се се борат против домашното насилство и насилството врз жените.Активно се работи на реализација на ветувањето Македонија да биде држава без дискриминација.Подготвен е новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација којшто обезбедува принцип на еднаквост во заштитата од дисриминација. Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација е во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија и од граѓанските организации.Остануваме посветени на градењето еднакво општество за сите граѓани. За таа цел, не само денеска, туку и останатите 365 дена во годината активно работиме на унапредување на човековите права и слободи, на еднаквоста и на владеењето на правото“, рече Костадинов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-4

Џафери-Ручи: Иднината на Западен Балкан е влез во големото европско семејство

На покана од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, Делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Грамоз Ручи, е во официјална посета на Република Македонија. Претседателот на Собранието, г. Ручи, беше дочекан со високи државни почести, а првата средба на оваа официјална посета се оствари со домаќинот, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. Посакувајќи му добредојде на својот хомолог, претседателот Џафери истакна дека за негопретставува особена чест да оствари средба со земја  пријателска Албанија, со која имаме одлични билатерални и мултилатерални односи и потенцираше дека парламентарното мнозинство се залага за добрососедска политика и евроатлантска интеграција. Притоа, ја поздрави поддршката што Република Албанија како членка на НАТО ѝ ја дава на Република Македонија и изрази надеж дека оваа поддршка ќе продолжи со зголемен интензитет особено во претстојните месеци кога се очекува финализирање на евроатлантската интеграција на Република Македонија со нејзино полноправно членство во НАТО.Во однос на евроинтеграциските процеси на двете земји, и двајцата претседатели истакнаа дека е потребна континуирана взаемна поддршка, бидејќи иднината на Западниот Балкан е влез во големото европско семејство на сите земји кандидати од овој регион. Двајцата соговорници разговараа за актуелните случувања во двата парламента, како и за предвидените парламентарни активности во наредниот период и заеднички констатираа дека двата парламента треба да ја зајакнат соработката на ниво на групи за соработка, комисии и на административно ниво.Претседателот Ручи истакна дека се посветува посебно внимание на малцинствата кои живеат во Албанија, а за тоа добар пример е македонското малцинство во Пустец. Исто така, претседателот Ручи посебен акцент стави на големите предизвици кои Република Македонија ги надмина со успех, како што е референдумот, Законот за јазици, Договорот со Грција, кои се пример и патоказ за една земја која умее да покаже дека е подготвена за полноправно членство во Европската Унија. За време на средбата се истакна дека двете соседни земји споделуваат заеднички интереси во многу области, и во таа насока од големо значење се економските, инфраструктурните и енергетските проекти, како што е изградбата на патот Ќафасан - Елбасан како дел од Коридорот 8, автопатот Елбасан – Дебар, како и железничката врска меѓу двете земји, проекти коишто се во завршна фаза.Двајцата соговорници се согласија дека оваа официјална посета е продолжение на одличната соработка на парламентарно ниво, при што ги охрабрија парламентарните групи за соработка на двата парламента да ги интензивираат односите. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
migranti

Кривична против двајца скопјани и еден Грк поради трговија и криумчарење на мигранти

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата двајца скопјани, едниот на возраст од 28-години со иницијали А.А. и вториот на возраст од 41 година со иницијали Љ.Ш., како и против НН лице од Грција поради постоење основи за сомнение дека сториле кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „криумчарење на мигранти“, согласно КЗ на Република Македонија, велат од МВР.„Пријавените, заедно со лицата А.Н. и Л.С., кои претходно беа опфатени со кривична пријава, заради стекнување на противправна имотна корист, организирале криминална група, со цел вршење на кривични дела криумчарење на групи илегални мигранти од територијата на Грција на територија на Република Македонија. По ова, илегалните мигранти биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група предводена од пријавените, ги превезувале кон Кумановско- липковскиот регион, каде времено се засолнувале, а потоа илегалните мигранти се криумчареле кон Србија“, соопштуваат од МВР.Од страна на Судија на претходна постапка на А.А. и Љ.Ш им е одредена и мерка притвор во траење од по 30 дена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svinja

АХВ: Во Македонија нема Африканска свинска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство го демантира известувањето пратено до собирачите на други шумски производи, испратено од ,,Македонски шуми,, ПСШ Демир Капија во кое неодговорно се тврди дека во Република Македонија е потврдена појавата на опасната заразна болест Африканска свинска чума кај диви свињи.„Бараме од одговорното лице во ова јавно претпријатие кое ја дезинформира јавноста и непотребно внесе страв и паника кај граѓаните официјално да ја демантира ваквата дезинформација.Како одговорна институција ја информираме јавноста дека во Република Македонија во моментов нема појава на болеста Африканска чума кај свињите, ниту во фармите, ниту кај популацијата диви свињи.Состојбата со болеста во соседството и во другите земји каде е потврдено нејзиното присуство од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство будно се следи на дневна основа и доколку има нејзина појава и кај нас, Агенцијата навремено ќе реагира и ќе ја информира јавноста“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.Оттаму апелираат до лицата кои собираат шумски производи, или други лица кои по било кој основ ќе најдат мрша од дива свиња, за тоа да го известат надлежниот официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство или најблиското ветеринарно друштво.„Во соработка со фармерите Агенцијата активно работи на зајакнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми со цел спречување на појава и ширење на оваа болест кај нас, а во тек е и реализацијата на активностите за спроведување на попис на свињарските фарми.Бидејќи болеста е потврдена во соседна Бугарија, но и во други земји од Европа и регионот, на сила се решенијата за забрана за увоз од земјите каде е потврдено присуството на болеста. Донесено е и Решение за воведување на безбедносни мерки во однос на болеста Африканска чума кај свињите со кое на сточарите кои одгледуваат свињи им се наложи преземање на безбедносни мерки на фармите.За рано откривање, спречување и контрола на Африканска свинска чума во фармите и во природата и за подигнување на свеста за оваа болест, со поддршка на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство од идната година ќе работи на реализација на проект за подигнување на свеста за болеста Африканска свинска чума кај ветеринарите, шумарските служби, свињарските фарми, фармерите и ловџиите“, велат од АХВ

Македонија | пред 7 години

7 год.
47349077_348196919302118_5519264864939278336_n

(ВИДЕО) Шилегов од 300 на 800 денари ја зголеми цената на паркинг во Клинички

Советот на Град Скопје на денешната 22-ра седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг“. Со усвоените измени на оваа одлука ќе поскапе паркирањето за вработените во Клиничкиот центар, односно вработените во Клиничкиот центар наместо 300 ќе плаќаат 800 денари месечна карта за паркирање во комплексот на Клиничкиот центар.Градоначалникот Шилегов истакна дека се укинува повластената цена од 300 денари и се врши усогласување со цените што ги плаќаат граѓаните за услугите на ЈП „Градски паркинг“ во насока на регулирање на сообраќајниот хаос во рамките на Клиничкиот центар.https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/369122350315467/- На Клиничкиот центар заради евтин популизам се издадени 1.500 месечни карти за кои вработените плаќаат повластени 300 денари во услови кога на паркингот има 670 места. За пациентите или корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг“ на Клиничкиот центар цената останува иста, изјави Шилегов.Шилегов потенцираше дека зголемувањето на цената на месечната карта за вработените ќе придонесе да се намали сообраќајниот хаос во рамките на Клиничкиот центар во ситуација кога се издадени 1.500 месечни карти за вработените, а граѓаните немаат каде да паркираат.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nikola-todorov

Кривична против Тодоров и Кралев, осомничени се дека го оштетиле Буџетот за 80.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против поранешните министри за образование Никола Тодоров и Панче Кралев и против И.Е. – поранешен советник за капитално инвестирање во Министерството и Н.Х. – овластен раководител на сектор во МОН под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетиле државниот Буџет за речиси 80.000 евра, пишува Фокус.„МОН во текот на 2009 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка склучило договор за градење со изведувачот ‘Конструктор инжинеринг’ АД Сплит за реконструкција и адаптација на Домот на АРМ во Охрид за потребите на Универзитетот за информатички технологии. Првопријавениот Н.Т. како министер за образование и наука имал обврска да ги почитува законските процедури наведени во договорот и да го заштити Буџетот на МОН. Второпријавениот И.Е. како советник за капитално инвестирање имал обврска, согласно условите и роковите наведени во договорот, да ја следи реализацијата на договорот за градење и да го известува министерот за образование и наука за текот на изведбата како и за сите настанати проблеми при изведбата. Пријавените и покрај тоа што биле свесни и запознаени за ненавременото извршување на работите од страна на изведувачот во текот на 2009 година не презеле активности за активирање и наплата како и не побарале продолжување на рокот за важност на банкарската гаранција за добро извршување на работите пред истекот на нејзината важност, спротивно на Законот за јавни набавки и договорот со изведувачот – се наведува во соопштението од Финансиската полиција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kuce

(ВИДЕО) „Анима мунди“: Скопјанец среде бел ден му го застрелал кучето на соседот

Во сабота среде бел ден скопјанец застрелал куче за кое се грижел неговиот сосед во Трубарево со цел да го убие и со образложение дека му ги бркало кокошките. Со пушка го застрлал и оставил кучето да умре, објави „Анима мунди“.https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/510625749420889/„Погледнете го кучето – мало, сосем безопасно кутре кое одвај тежи 10 килограми, застрелано во глава и оставено да се влече и го испушти последниот здив. Неговата среќа во несреќа е што луѓето кои го вдомиле од улица и се грижат за него го слушнале истрелот, повикале полиција и веднаш излегле да го бараат, по што се обидуваат да го спасат. Снимката е вознемирувачка. Снимката е вознемирувачка, но неопходно е да се види со што се соочуваат животните секојдневно и во каква држава ние живееме, затоа што насилството врз нив не е исклучок, туку норма. Бараме најстрога кривична казна за сторителот на ова дело, затворска казна за него и секој друг кој ќе посегне со насилство врз животните. Очекуваме полицијата да постапи согласно пријавата од сопствениците и доказите кои ги затекнале на лице место, пушка која се користела и која освен по кучето е закана за безбедноста на секој поединец“, велат од „Анима мунди“.Оттаму додаваат дека се згрозени што злоставувањето на животните во нашата држава е зад секој агол и на секој чекор, за насилството се молчи или како по правило се неутрализира по важност.„Бараме итно Полиција за животни во Македонија или ополномоштена Служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните во Македонија составена од членови на здруженијата, љубители и активисти кои се единствени кои ваквите деликти ги истражуваат и пријавуваат, додека институциите постапуваат само реактивно, кога мораат – во спротивно одбираат да молчат. Тоа е концепт кој со години го предлагаме да влезе во Законот за заштита и благосостојба на животните, кој се игнорира а кој сега има вистинска можност да се дефинира во законот, бидејќи законот ќе претрпи ревизија и измени.Апелираме до граѓаните кои имаат сознанија за вакви или слични инциденти да пријавуваат во полиција или да не контактираат и ни го проследат секој можен доказ кој би помогнал да поднесеме тужби – на тој начин ќе придонесат ваквото грозоморие да запре.Следете го примерот на луѓето кои пријавија чија хуманост е спасот за ова куче“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Убиство во Драчево: Внук си ја заклал бабата

Грозоморно убиство се случи попладнево во Скопје, во населбата Драчево.Според неофицијални податоци на Пресс24, внук попладнево ја заклал својата баба во Драчево.Засега не се знаат мотивите за убиството, ниту идентитетот на убиецот и жртвата.Случајот нема потврда од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија ќе дозволи ГМО храна, а истата е штетна за здравјето

Ќе се менува правилникот за генетски модифицирана храна со што ќе се дозволи да се прадава храна со минимални модификации. Агенцијата за храна и ветеринарство до Владата достави предлог Правилник за контрола на спроведување на забраната за производство, увоз и ставање во промет на ГМО храна. Со донесувањето на постојниот закон во 2013. Година, од АХВ било побарано да изготви правилник за поставување на систем за контрола,.Агенцијата за храна планира од септември да почне научна дебата за да се утврди дали има потреба од менување на постојниот Закон за продажба на ГМО храна.Во однос на случајот со генетски модифицираниот кочански ориз, в среда би требало да бидат готови резултатите од земените мостри. Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека земени се мостри од два поголеми складови во кочанско.Дали точно знаеме што е ГМО?Генетски модифицираните организми може да се дефинираат како организми во кои генетскиот материјал (ДНК) е променет на начин кој не се јавува природно. Технологијата често се нарекува "модерна биотехнологија" или "генетски инженеринг". Таа им овозможува на избраните поединечни гени да се пренесат од еден организам во друг, исто така, меѓу несовршени видови.Како се спроведува проценка на безбедноста на ГМ храна?Проценката на безбедноста на ГМ храна главно се фокусира на: (а) директни здравствени ефекти (токсичност), (б) потенцијал да предизвика алергиска реакција (алергичност); (в) специфични компоненти за кои се смета дека имаат хранливи или токсични својства; (г) стабилноста на внесениот ген; (д) нутритивни ефекти поврзани со генетска модификација; и (ѓ) какви било несакани ефекти кои би можеле да произлезат од вметнувањето на генот.Каква е ситуацијата во Европа и светот?Во ЕУ не постојат специфицирани правила кои го утврдуваат етикетирањето на производите со ознаката ГМО-free. Единственото правило е производите да се во согласност со општите барања пропишани во законодавството кое го регулира означувањето на храната според Регулативата EC 1169/2011. ГМО-free производите мораат, исто така, да се во согласност со правилата за позитивно GMO означување, односно, да не содржат повеќе од 0,9% ГМО и тоа присуство треба да биде случајно или технички неизбежно (согласно Регулативата EC 1829/2003).Пристапот на одговорните институции кои ја контролираат безбедноста на храната по однос на ова прашање во различни земји членки на ЕУ е различен. Некои земји имаат донесено национална регулатива со која е прецизно дефинирана долната граница на детектирани ГМО во производот под која тој може да се смета дека е ГМО-free. На пример, Холандија и Швајцарија се најрестриктивни во однос на ГМО-free означувањето. Во овие земји, содржината на ГМО во производот треба да е < 0,1% за тој да може да се декларира дека е ГМО-free. Во Германија, националното ГМО-free лого ‘Ohne Gentechnik’ може да се користи за прехранбени производи кои содржат помалку од 0,1% ГМО.Од друга страна, Франција, Австрија, Хрватска, Грција и Луксембург имаат пофлексибилни правила и главно се придржуваат до границата од 0,9% ГМО. Во некои земји означувањето на производите е регулирано за закон, а во други има препораки и насоки за ГМО-free означувањето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protesti-skopje

(ФОТО) Полицијата не му дозволи на демонстрант да блокира крстосница во Скопје

Попладнево објавена е фотографија на социјалните мрежи од денешните протести, која ја згрози јавноста. Имено, на фотографијата може да се забележи како човек кој е дел од демонстрантите, буквално е влечен од две унифомирани лица. Оваа фотографија предизвика лавина од коменатри на социјалните мрежи.„Се срамам, сакаме револуција, сакаме да падне Заев и оваа предавничка влада, ама од дома не излегуваме.Се срамам.....Овој човек на сликава, има поише храброст од сите ПАРТИСКИ к****** во државава.Ова е денес....Патриоти.....да си ја напикаме Патриотшината ...си знаете каде.Умрени сме, зомби, без осет, срам...најлош вид на народ..смрдлив народ.Копуци профитерски кои гледааат само личен интерес. Тоа сме...КУКАВИЦА НАРОД!!!“, стои во објавата на Фејсбук.Има коментари од типот, протститете се мирни, до оние  што толку направи овој човек за вака да биде извлечен од толпата? 

Скопје | пред 7 години

7 год.
IMG_1458

Македонија и Романија ќе потпишат меморандум за соработка во областа на дијаспората

Денес во склоп на три дневната официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро.Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.Министерката Интотеро информираше дека на 18 март 2019 година, за времето на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.Се предложи иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората.Министерот Адеми информираше за преземените активностите на Владата на Република Македонија околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија.Во рамките на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората беше договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.Меѓу другото, за време на престојот во Букурешт, министерот Адеми оствари средби и со други асоцијации на Македонците и Албанците по потекло од Република Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во Рoманија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
minister-pateka-1

Министерот Фазлиу и градоначалникот Стојаноски на разглед на патеката која води од саат кулата до Горна порта

Во рамки на работната посета на Охрид, Министерот за Локална Самоуправа Сухејл  Фазлиу и градоначалникот Јован Стојаноски беа на увид на патеката која од Саат кулата води   до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.Министерството за Локална Самоуправа за овој проект издвои четири милиони денари, а со свои средства учествуваше и општина Охрид.  Поплочените патеките се   со должина од 250  и 275  метри квадратни.Изведувач на градежните активности  беше  фирмата „Тане 2007“ од Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
minister-gradonacalnik

Градоначалникот Стојаноски и министерот Фазлиу во посета на Градинката „Развигорче“

Градоначалникот на Охрид ,Јован Стојаноски заедно со Министерот за Локална Самоуправа  на Р. Македонија, Сухејл Фазлиу , градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески и претставници од Бирото за Регионален развој и   Центарот за Развој на Југозападниот плански регион попладнево  беа  на увид во детската градинка „Развигорче“ каде е извршена целосна реконструкција   на кровот.Градоначалникот Стојаноски се заблагодари  на Министерот Фазлиу и на Министерството за Локална Самоуправа со чија помош се реконструира кровот во градинката но и се изгради патеката од Саат кулата до Горна Порта.Изразувам  голема благодарност за посетата но и за сета онаа соработка што ние како општина ја имавме  со Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу со целокупното министерство и со органите коишто се во рамките на  министерството за Локална самоуправа. Со нивна помош во текот на 2018 година ние реализиравме два  конкретни проекти. Едниот е во детската градинка „Развигорче“, а другиот е изградбата на пешачката патека од саат кулата до Горна Порта  каде што се потрошени четири милиони денари, а во рамки на детската градинка два и половина милиони денари. Секако со свои средства  колку што беше потребно учествуваше и општина Охрид. Втората димензија на среќата којашто ја имаме во моментов е што  се надевам дека во текот на 2019 година   на територијата на општина Охрид  успешно ќе бидат реализирани четири до пет проекти кои ќе бидат од големо значење за потребите  на граѓаните. Приоритетите коишто и оваа година беа дефинирани остануваат исти, а тоа се најчесто поврзани со енергетската ефикасност во рамки на училиштата и детските градинки, изработката на основните проекти за изградба на улици и локални патишта. Тоа всушност се  најголем дел оние најнеопходни,  најитни но и најбитни проблеми на нашите граѓани коишто локалната самоуправа треба да ги решава. Уште  еднаш ја изразувам својата благодарност  до министерот за поддршката, а се разбира и до Владата којашто проценува дека  е потребно зголемување на средствата за регионален развој - истакна градоначалникот Стојаноски .Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу истакна дека ресорното министерство работи на континуирано зголемување на средствата кои ќе бидат наменети за реализирање на проекти  за рамномерен развој на општините.-Министерството за Локална Самоуправа  во рамки на финансирањето на проекти за рамномерен регионален развој оваа година имаше зголемување на средствата во однос на 2017 година за 50 %. Ме радува фактот што за наредната 2019 година ќе имаме зголемување за уште 50 % што во споредба со 2017 година средствата се зголемени за 100 % -   рече Фазлиу и посочи дека за наредната 2019 година министерството за Локална самоуправа планира да направи една евалуација на Законот за рамномерен регионален развој  со цел да се утврди колку законот ги има постигнато целите за кој е и создаден . 

Македонија | пред 7 години

7 год.
makron

Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата, ќе предложи мерки во врска со намалувањето на даноците

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обрти вечерва на нацијата после повеќенеделните протести, кои беа проследени и со насилство, а американска агенција АП го поставува прашањето дали е предоцна за тоа!На консулатциите за излез од кризата се поканети 37 лица, меѓу кои и францускиот премиер Едуар Филип, 12 членови на неговата Влада, претседателите на двата дома на Парламентот, претставници на асоцијацијата на локалните власти и лидерите на главните синдикални федерации и на организациите на работодавачите.– Во овој тежок момент, што го преживува нацијата, претседателот истовремено ќе се консултира со политичките, локалните, економските и социјалните сили со цел да ги чуе нивниот глас и предлози и со задача да ги мобилизира за акција, се наведува во најавата на Елисејската палата за средбата.Протестите на „жолтите елеци“ започнаа кон средината на ноември со блокади на патиштата поради најавеното зголемување на таксите за горивата, но изминативе недели во неколку наврати прераснуваа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Свет | пред 7 години

7 год.
dijaspora-2

Ќе се интензивира соработката во полето на дијаспората помеѓу Република Македонија и Романија

Денес во склоп на три дневната официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро.Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.Министерката Интотеро информираше дека на 18 март 2019 година, за времето на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.Се предложи иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората.Министерот Адеми информираше за преземените активностите на Владата на Република Македонија околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија.Во рамките на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората беше договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.Меѓу другото, за време на престојот во Букурешт, министерот Адеми оствари средби и со други асоцијации на Македонците и Албанците по потекло од Република Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во Рoманија. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
zemjodelstvo

Во МЗШВ презентирана новата предлог Програма за следната година

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Подсекторските групи за новата предлог Програма за директни плаќања во земјоделството 2019 година.На состанокот присуствуваа 50-тина преставници од земјоделски здруженија, стопански комори, компании од агро-секторот и надлежните институции. Овој состанок се одржува со цел да слушнат предлозите на сите чинители од секторот за земјоделство и ефикасно да се направи план за распределба на субвенции за мерките од земјоделските сектори.На состанокот од страна на претставниците на МЗШВ беше презентирана новата предлог Програма за следната година, со предлозите и планираните новитети од страната на МЗШВ.Дел од новините кои се предложени од МЗШВ се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура. На овој начин се зголемува субвенцијата за ориз од сегашните 6.000 денари по хектар за безсеменски ориз на 18.000 денари, а за семенски ориз од 12.000 денари на 30.000 денари по хектар за следната 2019 година.Во секторот градинарство, се воведува критериум за пријавување на збирни култури, односно при аплицирањето земјоделеците ќе ја прикажуваат збирната површина на различните засадени земјоделски култури.МЗШВ предлага промена на критериумот за приноси кај сончогледот, од сегашните 1.800 на 1.500 килограми, се со цел поголемо производство и искористеност на субвенцијата за површини засеани со сончоглед.И следната година МЗШВ ќе ја продолжи зголемената финансиска поддршка од 20 отсто кај растителното и 10 отсто кај сточарското производство за развојните категории на земјоделци.Овие предлози беа позитивно прфатени од Подсекторската група, чии што претстваници дадоа и свои предлози и сугестии кои ќе бидат разгледани од страна на МЗШВ.Субвенциите за мерките во предлог  Програмата за директни плаќања во земјоделство за 2019 година, се креирани така да овозможат развој на земјоделството, зголемување на површините и на производството и создавање на производи со поголема додадена вредност. Во следните денови Подсекторската група ќе одржат и посебни работни состаноци на кои ќе ги финализираат своите предлози и ќе ги достават до МЗШВ. Воедно Подсекторската група ќе одржи и работен состанок за предлог Програмата за рурален развој за 2019 година. Откако ќе бидат финализирани предлог Програмите за следната година, истите ќе бидат доставени на усвојување до Владата на Република Македонија.   

Скопје | пред 7 години

7 год.
stomatolozi

Обезбеден буџет за исплата на стоматолозите специјализанти

Министерството за здравство информира дека обезбеден е Буџет за исплата на стоматолозите специјализанти и средствата се префрлени на Универзитетската клиника за стоматологија.Процедурата за согласноста за вработување со договор на дело, преку кој ќе се исплаќаат приватните специјализанти е завршена во Министерството за здравство и во законски определениот рок, Министерството за финансии ги одобри согласностите.Приватните специјализанти по стоматологија ќе бидат целосно исплатени ретроградно за нивниот вложен труд.Од министерството напоменуваат дека за приватните специјализанти предвиден е буџет и за наредната 2019 година, односно ќе бидат исплаќани и следната година. 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања