Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Најнови вести

7 год.
lence

ВИДЕО: Советникот на Заев Ленче Николовска избркана од Могила

Ленче Николовска која е посебен советник во Владата на СДСМ и го советува Зоран Заев за прашања поврзани со земјоделството, шумарството и водостопанството вчера беше буквално избркана од Могила, објави курир.мк.Земјоделците ја запрашаа Ленче кога ќе дојде да разговараат за откупот и цената за млекото, а таа им одговори дека земјоделците имаат министер да им го реши проблемот.Таа одби да им одговори на земјоделците дали зема народни пари, погледнете:извор: курир.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
sobranie_1

Тевдовски: Рамниот данок им оди во прилог само на богатите

Рамниот данок не даде ниту еден од очекуваните ефекти. Тој им оди во прилог само на најбогатите. Ова беше истакнато на јавната дебата за даночната реформа во Собранието на Република Македонија, на која учествуваа министерот за финансии Драган Тевдовски, пратеници, поранешни министри, експертска јавност и претставници на бизнис секторот.Министерот за финансии Тевдовски на дебатата ја истакна потребата од воведување на праведен систем на оданочување.- Најдоховните 1% граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите. Затоа, прагот за прогресивното оданочување е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани. Рамниот данок им оди во прилог на богатите. Со воведување на рамниот данок само се зголемуваше учеството на богатите во вкупниот доход - рече Тевдовски.Поддршка за даночната реформа дадоа и поранешните министри Никола Поповски, Петар Гошев и Абдулменаф Беџети.-ЕУ вели дека даночниот товар е 40%, а во еврозоната 42%. Србија и Хрватска имаат 46%, 47% даночен товар. Ние имаме помал даночен товар. Ваквата поставеност креира дефицит. Преку тоа се креира јавен долг - рече Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии.-Рамниот данок не го забрза развојот. Во минатото стапката на раст беше 4,2%, а по воведувањето на рамниот данок е 2,6%. Рамниот данок не ни донесе раст, туку ни донесе огромен јавен долг - рече Петар Гошев, поранешен министер за финансии.-Инвестициите не се зголемија благодарение на рамниот данок, немаше раст на БДП како што беше очекувано. Не беа постигнати очекуваните ефекти во ниту еден сегмент. Ние имаме регресивен даночен систем. Најмногу буџетот се полни од сиромашните и од средната класа - рече Абдулменаф Беџети, академик и поранешен министер за развој.Даночната реформа предвидува воведување на дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. Со ова, за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста, 10%

Македонија | пред 7 години

7 год.
emiter_izlozba-SAD_00_12-18

Изложба на астрофотографии по повод 20 години Скопско астрономско друштво

За да го одбележи јубилејот – 20 години постоење, Скопското астрономско друштво најави изложба на астрофотографии насловена “20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“. Изложбата, поддржана од Министерството за култура и Министерството за одбрана, ќе биде отворена на 7 декември во 20 часот во Домот на АРМ.Скопското астрономско друштво на изложбата ќе ги презентира најновите астрофотографии, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти. Покрај астрофотографијата, Скопското астрономско друштво (САД) е познато како важен двигател на неформалното образование во државата, како и важен глас за популаризација на науката, посебно астрономијата и астро-физиката. Во изминатите две декади, одржани се бројни курсеви по астрономија, стотици предавања и теренски набљудувања за сите љубители на астрономијата.САД активно соработува и со Македонското астрономско друштво, Битолското астрономско друштво, Младинскиот Културен Центар, астрономско друштво од Охрид, како и со многу поединци кои го делат заедничкиот интерес. Успешна соработка имаат и со  повеќе организации и здруженија од странство, како IMO (International Meteor Organisation – Меѓународна метеорска организација), Астрономски Магазин (интернет списание од Србија), АД Инфинитум од Загреб (ХР), АД Руџер Бошковиќ од Белград (Србија), АД Алфа од Ниш (Србија) и други.Изложбата ќе биде отворена во Домот на АРМ до 16 декември. Влезот на изложбата, вклучително и на отворањето, е слободен.

Магазин | пред 7 години

7 год.
nindza

Обвинетиот Нинџа откри многу детали за настаните од 27 ми април

Вработен во УБК ги уништи хард дисковите од камерите, а Бошкоски ги фрли во Вардар, откри Нинџа на денешното рочиште. Тој појасна дека ноќта на 27 април се упатил во база на Петтата управа на МВР. 45 минути по 22 часот, според исказот на Нинџа, Бошкоски му кажал дека ќе го земе некој инспектор. Локацијата на базата обвинетиот не ја кажа, но откри дека кога стасал таму, зад капијата го чекале Никола Бошкоски, тогашен началник на УБК и Сашо Марковски, исто така вработен во УБК. Пред судот обвинетиот откри дека причината зошто биле таму било уништувањето на хард дисковите од безбедносните камери во Собранието.„Разбрав дека се одземени хард дисковите од безбедносните камери во Собранието. Имаше работилница која беше за потребите на службата. Бошкоски му се јави на Владимир Атанасовски, кој, пак, му даде наредба да се уништат хард дисковите. Беа црни, отприлика 20х20. Сашо Марковски ги стави на преса и почна да ги уништува. Иако веќе беа скршени тој со ножици за метал продолжи да ги сече“, рече во својот исказ обвинетиот Нинџа.Тој додде дека цела кеса со уништените хард дискови биле фрлени во Вардар кај Ќерамидница.Нинџа уште додаде дека тука Бошкоски му појаснил дека Марковски уништувањето на хард дисковите го направил со хируршки ракавици и дека откако ги уништиле нема да има докази за нивните движења во Собранието. Својот исказ за 27 април обвинетиот Нинџа го заврши со тоа дека 45 минути по полноќ заминал дома.Обвинетиот откри дека ден по настаните во Собранието, по наредба на Бошкоски требало да бидат избришани сите камери од „сејф сити“ (проектот за побезбеден град во кој МВР постави камери низ Скопје). Периодот во кој бил во бегство Нинџа го оправда со тоа што рече дека имал притисоци од Горан Грујевски. Собрал храброст да се предаде на полицијата во консултација со неговите адвокати.Покрај за настаните на 27 ми април , Нинџа како што кажа добил прекар „Самурај“ но и да следи одредени личности.Василевски рече дека ги следел Зоран Заев, Оливер Спасовски кој во време на техничката влада беше министер за внатрешни работи, Зоран Верушевски и Алберт Муслиу во чиј дом биле поставени и камери од тајната полиција. Камерите биле поставени кога немало никој дома. Нинџа му реферирал лично на Грујевски, а по смената на Грујевски, соработувал со новиот шеф на Петтата управа, Никола Бошковски.Сега на барање на барање на Нинџа, пред судот ќе сведочи екс директорот Владимир Атанасовски кој е спроведен од притвор.

Скопје | пред 7 години

7 год.
fond-inovacii

(ВИДЕО) Фондот за иновации додели грантови од 2,4 милиони евра

Вкупно 2,4 милиони евра ќе чини реализацијата на трите проекти, добитници на кофинансирани грантови за технолошка екстензија од првиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 1 милион евра се средства кои се доделуваат од ФИТР, а другите средства се обезбедени од апликантите. Проектите ќе ги реализираат Стопанската комора на Македонија, Про План студио и ГСИ консалтинг, кои во транспарентен и селективен процес се избрани во конкуренција од вкупно 8 номинирани проекти.Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев рече дека првиот јавен повик за инструментот за технолошка екстензија на Фондот за иновации и технолошки развој е реализиран со поддршка на Светска Банка, а преку овој инструмент ќе се овозможи повисока продуктивност на македонското стопанство.„Најпрвин ќе се изврши детектирање на проблемите во одделните области за кои што се добиени грантовите, а потоа и санирање на состојбите и преземање на мерки за повисока продуктивност на компаниите кои работат во областите, преку набавка на нова опрема. За повисока продуктивност потребен е пристап до нови технологии, да се поседува техничко-технолошко знаење и добра организација на компаниите, а преку овој инструмент се надеваме дека ќе успееме тоа да го постигнеме во четирите области за кои се однесуваат проектите“, потенцираше Анѓушев.Вицепремиерот дополни дека Владата ќе продолжи со силна поддршка на македонските компании, за да се стимулира индустрискиот развој во земјата, со оглед на тоа дека индустријализацијата е единствениот начин да се фати приклучокот со развиените земји.„Процесот на индустријализација дава резултати, извозот во првите 10 месеци бележи раст од 16,2%, а влијание на порастот има и од домашните и странските компании кои работат во земјата. Во третиот квартал на 2018 бележиме раст на БДП од 3% и тоа е реален раст, не е резултат на виртуелна економија и на виртуелни проекти, не е резултат на претерани и нефункционални задолжувања, растот е обезбеден од реалната економија. Растот на БДП ги надмина предвидувањата од одредени институции, а се надевам дека таквиот тренд на раст ќе продолжи во следниот квартал и во наредната година. Растот на финалната потрошувачка од 4,1%, растот на индустриското производство и на јавна потрошувачка даваат за право дека може да очекуваме раст на БДП на реални основи и на долг рок“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.Директорот на канцеларијата на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели, им честиташе на компаниите кои добија грантови и изјави дека Светската банка е задоволна што може да придонесе кон агендата која му помага на локалниот приватен сектор да ја зацврсти својата продуктивност.„Техничките надоградувања се клучни за оваа област. Тие нудат помош за истражување, дијагностика, советување, да им помогнат на фирмите да усвојат нови технологии со кои ќе се комерцијализираат иновациите. Веруваме дека успехот на иновациите е важен за развивање на динамична и конкурентна економија во Македонија“, нагласи Мантованели.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски рече дека овој инструмент ги надополнува мерките од Планот за економски раст, кога станува збор за технолошки развој кај микро, малите и средни компании, при што се додава елементот на дијагностика, односно поддршка на проценка на потребите на компаниите, процес по кој треба да се реализираат инвестиции за повисока продуктивност.„Преку овој инструмент се опфаќаат четири сектори: метало-преработувачка индустрија, електро-машинскиот сектор, делот на земјоделието во производство на храна, како и производство на мебел, сите препознаени како сектори со значителен извозен потенцијал. Предвидениот број на компании кои би добиле поддршка во набавка на опрема за технолошки развој е околу 10. Минатата година зборувавме за степен на искористеност на средства од Светската банка на ниво на 10%, со потпишување на денешните договори тој степен на искористеност се искачува на околу 50%. Со завршување на еден голем повик за финансирање на стартап компании и со вклучувањето на Светска Банка во реализација на мерките од Планот за економски раст, во првата поливина на 2019 година очекуваме средствата кои биле наменети за поддршка на иновациите и технолошкиот развој од Светска Банка, да се искористат во целост“, изјави Деспотовски.Билјана Пеева Ѓуриќ, извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, која со проектот „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извозно ориентирани мали и средни претпријатија“, е еден од добитниците на грантовите, кажа дека истражувањата спроведени од Комората покажуваат дека индустриската и извозната структура на метало-преработувачкиот, електро и машинскиот сектор имаат силен потенцијал за развој, но дека приложуваат мал број извозни производи, додека нивото на продуктивност и извозна софистицираност е ниско. Една од главните цели на првата фаза од проектот е решавање на проблемите поврзани со информациските и координациските активности преку идентификување на листа на нови производи со повисок степен на финализација и поголемо ниво на комплексност во однос на просечната софистицираност на постоечката индустриска структура. За таа цел детално ќе бидат проучени репродукциските процеси и индустриски поврзаности на ниво на поединечен производ, а процесот ќе опфати анализа на 1200 производи што се предмет на меѓународна трговија. Втората цел на нивниот проект е идентификација на технолошките, производните и организациските слабости со цел дизајнирање план за решавање на проблемот со технолошкото заостанување, како една од најкрупните бариери со кои се соочуваат МСП во нивните напори да ја зголемат извозната конкурентност.

Скопје | пред 7 години

7 год.
slika-GS

ГШ: АРМ на никаков начин не е инволвирана во случувањата од 27 април

Армијата на Република Македонија најенергично демантира инволвираност во организирана форма во случувањата на 27 април 2017 година, при тоа напомнувајќи дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста.– Преку пласирање на вакви неточни информации се влијае на нарушувањето на угледот на АРМ и на чувствата на припадниците на АРМ, кои со својот ангажман постојано ги потврдуваат своите определби и грижа за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, а со тоа да се влијае и на севкупната подготвеност на Армијата на Република Македонија – се вели во соопштението од АРМ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мажите повеќе од жените користат „Фејсбук“

Македонците најчесто користат интернет за приклучување на социјалните мрежи, а многу помалку за телефонирање и праќање или примање електронска пошта, покажува последното истражување, чиј автор е Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.Според истражувањето, интернет во првото тримесечие од годинава имале 79,3 отсто од домаќинствата, што е зголемување од речиси 6 проценти во однос на истиот период лани.Што се однесува до интернет корисниците во земјава, вкупно 1,3 милиони жители користеле интернет, а тоа е 79,2 % од населението на возраст од 15-74 години. Притоа, повеќе се мажи отколку жени, односни од мажите интернет користеле 80,9%, а од жените 77,4%. Од младите на возраст 15-24 години интернет користеле 97,5 отсто, а најмалку корисници во изминатите 12 месеци имало во старосната група 55-74 години-46,7%. Речиси секој ден интернетот го користат 68,7% од населението од 15-74 години и тоа пак повеќе мажите од жените. За пристап до интернет најмногу од граѓаните користеле мобилен или смарт телефон, дури 68,8% од интернет корисниците, од лаптоп пристапувале 41,1%, од десктоп 36,5%, а 14% од таблет.Во однос на прашањето за што најмногу користеле интернет, резултатите од истражувањето покажуваат дека најмногу, односно 64,8 отсто го користеле за Фејсбук, но помалку од лани кога тој процент бил 83,8. На социјалните мрежи повеќе пристапувале мажите (68,6%) отколку жените (60,9%). 

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-obse-1

Премиерот Заев се сретна со амбасадорот на ОБСЕ, Која

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, со кого разговараа за актуелната политичка ситуација, истакнувајќи ја важноста на улогата на Мисијата на ОБСЕ во поддршка на функционирањето на правната држава и посветеноста на реформскиот процес.На средбата, на која присуствуваше и заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн, премиерот Заев се заблагодари за поддршката која меѓународната организација ја дава во делот на реализирањето на реформите во правосудството, тајните служби, полицијата, медиумската сфера.Премиерот Заев ја потврди цврстата определба на Владата за заштита на човековите права и посветеноста на реформскиот процес, почитувајќи ги принципите на транспарентност и владеење на правото. Тој, истакна дека стратешките определби на државата за членство во НАТО и ЕУ е единствениот начин за обединување на сите граѓани и за иднината на Република Македонија.Премиерот Заев го запозна амбасадорот Која, со очекувањата за нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија, согласно Договорот од Преспа, потенцирајќи дека во расправата и изготвувањето на амандманите се вклучи опозицијата, како и широката експертска јавност деновиве, преку организирање на јавни дебати од Владата на Република Македонија.На средбата беше констатирано дека Собранието и политичките лидери се наоѓаат пред предизвикот на донесување одлука поврзана со натамошните перспективи на земјата и граѓаните.Затоа, беше акцентирана исклучителната важност на постигнувањето на успех и реализирањето на Договорот со Грција, со што се надминува повеќедеценискиот спор со Грција и по чија имплементација за Република Македонија се отвора патот за членство во НАТО и Европската унија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
22-years-have-been-marked-since-the-forming-of-the-Special-Forces-in-the-ARM-Google-Chrome

АРМ нема поврзаност со 27 април, тврдат оттаму

Генерал штабот на АРМ испрати соопштение во кое се тврди дека информациите и толкувањата од страна на одредени лица дека армијата имала било каква поврзаност со настаните од 27 април се груби невистини.Во соопштението се вели: Во врска со зачестените објави во одредени електронски медиуми, како и разни произволни толкувања од страна на лица кои гостуваат во дебатни емисии на националните телевизии, во кои се наведуваат инсинуации со кои упорно сака да се прикаже инволвираност во организирана форма, на Армијата на Република Македонија во случувањата на 27 април 2017 година, најенергично ги демантираме ваквите тврдења со напомена дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста, се вели меѓудругото во соопштението.На последните неколку рочишта за случувањата за 27 април, дел од обвинетите тврдеа дека претседателот Иванов планирал да прогласи воена состојба. Вакви тврдења и денеска изнесе Александар Василевски-Нинџа, кој вели дека екс началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој веќе неколку месеци е во бегство, му рекол дека според информациите на военото разузнавање Иванов требал да прогласи воена состојба, но се откажал по притисокот од меѓународната зедница.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев: Со заокружување на процесот ќе имаме земја признаена од цел свет

Имаме фер и праведно решение, а најсуштествена промена во Уставот предвидена во амандмамнот 32 е секаде каде што стои Република Македонија, се менува со Република Северна Македонија, а Македонија со Северна Македонија, освен во членот 36 кој има историси контекст, рече премиерот Зоран Заев на втората јавната дебата за нацрт амандманите на Уставот, според што се одржа на ФОН Универзитетот.-Тоа е она што вгнездува непријатно чувство кај граѓаните на Македонија, но факт е дека во тој историски регион ние сме северниот дел, факт е дека немаме аспирации да ја анектираме Грција, Албанија, Бугарија или кон било кој од соседите. Единствената аспирација е да ги отвориме границите, да подадеме рака, а тоа ќе донесе и екононска благосостојба еден куп нови можности, и за сегашните, а пред се за идните генерации. При тоа ни беше важно да се одблокира нашиот процес за ЕУ и НАТО и проблемот со Грција да биде трајно решен. Затоа дојдовме до уставните промени, рече меѓу другото премиерот Заев.Тој посочи дека Договорот со Грција оозможува почитување на правото на самоопредеување давајќи ни шанса да зоруваме македонски јазик кој иако е признаен во 1977 година, ЕУ ни се обраќаше со вашиот народ, вашиот јазик, наместо македонски народ или македонски јазик, најверојатно вели, заради грчкото лобирање.-Сетоа тоа беше понижување за нашата земја, а откако ќе го заокружиме процесот, ќе имаме земја, грутка наша која ќе биде признаена од цел свет, а Македонија ќе може да почне да се занимаа со животните прашања, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mpc

Реакција на МПЦ: Со нашиот имот не се нарушени Божјите заповеди

Македонската православна црква е институција со најдолговековна традиција на постоење на овие простори. Тоа придонело Црквата да поседува свој имот со чие управување не се нарушени ниту црковните каноните, ниту, пак, Божјите заповеди, а е во согласност со државните закони. МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура, па од таа причина таа е повикана, имотот кој го поседува, домаќински да го стопанисува, а преку тоа да може да ја извршува својата мисија и исконска примарна задача за доброто на својот верен македонски народ.Ова се наведува во соопштението од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архипиекопија во врска со, како што се наведува, интересот кај медиумите во однос на МПЦ, а поконкретно со правото на сопственост и поседување на црковен имот.– Уште од најрани времиња, од апостолско време па до денес, луѓето кои ја сочинувале и управувале со Црквата, располагале со имоти кои биле користени за добробит на заедницата. Црквата е возглавена од Богочовекот Христос, но неа ја сочинуваат луѓе – верен народ, свештенство, монаштво и епископство. Како и секој човек што има потреба, а и долг кон Божјото создание (Бит. 1, 26-27), да се грижи за својата душа и тело, кое е храм на душата, така и ние како Богочовечки организам сме повикани да се грижиме за одржување на довереното од Бога, онака како што постапил верниот слуга кон својот господар и ги умножил талантите (Мат. 25, 14-28), стои во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Македонија | пред 7 години

7 год.
luksemburg

Луксембург прва земја која ќе воведе целосно бесплатен јавен превоз

Луксембург ќе биде првата држава во светот која на своите жители ќе им овозможи целосно бесплатен јавен превоз. Плановите за оваа мерка ги претстави владата на премиерот Ксавиер Бетел, а тие предвизуваат од идното лето возењето со воз, трамвај и автобус да биде бесплатно.Вториот мандат на Бетел почна пред некој ден, а суштински дел од неговата предизборна кампања беше заштитата на животната средина, па ова е еден од првите конкретни чекори во тој правец.Градот Луксембург има околу 107.000 жители, но поради работа секојдневно до градот патуваат околу 400.000 луѓе од соседните земји. Тоа во Луксембург создава навистина голем сообраќаен метеж, еден од најлошите во Европа. Парите потребни за воведување бесплатен јавен превоз делумно ќе се обезбедат со укинување на даночните олеснувања за луѓето што работат во Луксембург, а живеат надвор од него.

Свет | пред 7 години

7 год.
sugareski

Сугарески очекува автопатот Кичево-Охрид да биде готов до јуни 2021 година

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува автопатот Кичево-Охрид да биде готов во предвидениот рок до јуни 2021 година.Тој при денешната посета на Кичево изјави дека на терен веќе се одвиваат засилени активности и потсети дека се надминати сите наследени проблеми на овој автопат. Сугарески потенцираше дека изгласан е и третиот анекс на договорот за дополнителни 190 милиони евра.Во однос на изградбата на пругата од Кичево до Лин, министерот Сугарески истакна дека во моментот се работи на обезбедување финансиски средства.

Македонија | пред 7 години

7 год.
paleti-1

ОУ „Гоце Делчев“ почна да се грее на пелети

Подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче од оваа грејна сезона почна да користи пелети за греење, заменувајќи го досегашниот систем на нафта. Котелот на пелети го набавија Општина Аеродром и Бирото за регионален развој со заеднички средства.По тој повод градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска го посетија училиштето и извршија увид на новиот котел што работи на пелети.„Ова е прво училиште во Општина Аеродром што премина на ваков систем на загревање и се надевам дека во наредниот период и другите училишта во нашата општина што се загреваат на нафта ќе го следат овој пример“, изјави Марин.Тој додаде дека се очекува трошоците за греење на овој објект да бидат препопловени, а што е уште поважно, со ваквиот начин на загревање ќе се даде голем придонес за намалување на загадувањето на животната средина и на амбиенталниот воздух, што претставува голем проблем во зимскиот период.Заменик-министерот Макрадули го поздрави преминот на еколошки начин на затоплување во училиштето и изрази уверување дека денеска се помирни родителите чии дечиња учат тука.„Ова е добар пример како Општина Аеродром го следи владиниот план за чист воздух, кој пред два дена доби голема меѓународна поддршка на министерскиот состанок на Југоисточна Европа“, изјави Макрадули и додаде дека новиот еколошки извор на затоплување во ОУ „Гоце Делчев“ го оправдува мотото „штедиме средства и ја чуваме животната средина“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
deponija

Затворена дивата депонија кај мостот „Газела“

Општина Карпош ја затвора дивата депонија (сметлиште) долж Кејот на реката Вардар, кај мостот „Газела“.Станува збор за дива депонија која со години беше место на кое се собираше габаритен отпад и шут, но, често пати, се палеа и огнови на отворено кои придонесуваат за дополнително загадување на амбиенталниот воздух.При денешната теренска посета, градоначалникот Стефан Богоев посочи дека најстрого ќе биде санкционирано фрлањето и палењето на отпад и Општината заедно со Државниот инспекторат за животна средина и полициските службеници, ќе продолжат со засилени контроли.„Во претстојниот период ќе ги затвориме и дивите депонии кај хотелот Александар Палас и спортскиот центар Борис Трајковски. Уште еднаш апелирам, да не се фрла отпади и да не се палат огнови на отворено, во спротивно, сите несовесни граѓани ќе бидат санкционирани,“ посочи Богоев.Што се однесува до просторот кај мостот „Газела“, истиот, на пролет ќе биде оплеменет со ново зеленило, садници и урбана опрема.Овој простор ќе биде дел и од новиот парк кој ќе започне да се изведува во 2019 година.„Локалната самоуправа, во изминатиот период работи на зголемување на зеленилото. Оваа недела се обнови и дрворедот на улицата „Рузвелтова“, а паралелно се садат нови, висококвалитетни дрвја долж сервисните улици во Карпош. Примарната цел на општина Карпош е да се заштити животната средина и да се надомести изгубеното зеленило“, велат од општината.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zamenik-gradonacalnik-bor-

Заменик градоначалникот на Бор си поднесе оставка откако испливаа слики како бакнува малолетничка

Скандал го стресе заменик градоначалникот на Бор, Бранко Периќ, кога на Фејсбук се појавија фотографии на кои во уста бакнува 15-годишничка, пренесува „Курир.рс“.Шеесетгодишникот веднаш поднел оставка по скандалозните фотографии на социјалните мрежи, а сликите се тргнати иако ги виделе голем број луѓе, па ги споделуваат на интернет.Тој рекол дека само „сакал да и честита на доброто работење, а се поздравил и со останатите девојки на ист начин“.Во целиот случај се вмешала и полицијата.– Девојката негираше дека имала било каков однос со него. Меѓутоа, изгледаше како да е припремена и однапред знаеше што да каже – рекол извор.ФОТО: Принтскрин / Фејсбук / Курир.рс

Свет | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Пронајдени 305 грама марихуана во возило

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Д.П.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.На 10.09.2018 година околу 23,30 часот, на автопатот Скопје - Тетово, на наплатната рампа во село Желино, од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко моторно возило ,,Форд“ , управувано од пријавениот, пронајдени и одземени се 305 грама марихуана.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Изминатиот месец во Тетово санкционирани повеќе од 2000 возачи

На 05.12.2018 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово констатирани се над 60 сообраќајни прекршоци (Тетово -30 и Гостивар — 31). 19 прекршоци се однесуваат на непрописно паркирање, 12 се пречекорувања на максимално дозволената брзина, пет возачи почетници не се придржувале на законските ограничувања, двајца управувале без возачка дозвола и тн. Откриените сообраќајни прекршоци санкционирани се со 16 прекршочни  и 45 мандатни платни налози.На поширокото тетовско подрачје, во текот на ноември годинава контролирани биле 5.384 возила. Во спроведените контроли од полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово  санкционирани се 2.201 сообраќајни прекршоци. Поради констатирани прекршоци во овој период од сообраќај се исклучени 135 возила (21 технички неисправни, 110 со истечена регистрација, а преостанатите поради различни видови други недостатоци).Исклучени, исто така, се и 240 возачи (130 без положен возачки испит, 78 почетници, 28 кои управувале под дејство на алкохол и тн). Откриените прекршоци заокружени се со 581 прекршочен и 1.178 мандатни платни налози, со 87 времено одземени возачки и 52 сообраќајни дозволи, додека 418 возачи впишале негативни бодови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sudenje-27

Нинџа ги разоткри функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои давале наредби за упадот во Собранието, меѓу нив: Јанакиески, Ристовски, Бришковска, Божиновски и Чавков

Во својот исказ денеска пред судот обвинетиот Александар Василевски Нинџа ги разоткри поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои давале насоки за упадот и настаните во Собранието на 27 април, од седиштето на партијата, односно од белата палата, пишува Фокус.Како што рече тој, во просторија на осмиот спрат од белата палата се давале наредбите. Таму се наоѓале Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Митко Чавков.-Влегов внатре и седнав на една маса, како се движеше толпата така се даваа наредбите. Бришковска комуницираше со Трајко Вељановски, истиот и даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески мислам и тврдам за Спиро Ристовски комуницираа со Бетмен Велит. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје со директива од партијата. Сакам да нагласам дека од тука се координираше сето тоа што се случи на 27 април – рече Нинџа.Тој понатаму продолжи: -Билјана Бришковска кажуваше дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не си ја завршиле својата работа, не предизвикале инциденти и немало тепачки меѓу пратениците, од неа дојде насока му се јави на Вељановски и му рече да се отворат вратите на Собранието – посочи тој.Како што рече Нинџа, потоа тогашниот шеф на тајната полиција Владимир Атанасовски, му дал наредба да оди на терен, односно пред Собранието и од таму да известува што се случува. Василевски потоа раскажа како пред Собранието го сретнал Горан Грујевски и како се очекувало претседателот да прогласи воена состојба, но до тоа не дошло.

Македонија | пред 7 години

7 год.
goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Студентите бараат зградата на универзитетот во Кент да го носи името на Горан Стефановски

Студенти од Универзитетот во Кент, Велика Британија, каде предаваше македонски драматург Горан Стефановски, со онлајн петиција побараа една од зградите на универзитетот да го носи името на нивниот професор.„Горан беше неверојатен човек и неверојатен предавач, па дали има подобар начин да му оддадеме чест, од тоа што ќе ја именуваме новата зграда по него“, стои во онлајн петицијата насловена „Именувајте ја новата зграда на Универзитетот во Кент по Горан Стефановски“ (Name the new CCCU building after Goran Stefanovski).Како што објави македонската новинарка што живее во Лондон, Маја Петрушевска, на нејзиниот Фејсбук профил,  неговите пријатели, колеги, студенти и семјеството, вчера се простија од великанот.„Во преполната сала исполнета да последното ќоше, седечки и простум, немаше игла каде да се фрли. Со грутки во стомакот, срцето, солзи во очите и со љубов и почит за Горан. Сите, до еден. Неговите студенти започнаа петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. Горан не дочека со Зајди, зајди. Не испрати со Strawberries field forever. Се простивме со Горан. Со национално богатство не може никој да се збогува! А Горан е повеќе од тоа!“, напиша Петрушевска.Горан Стефановски ненадејно почина во Лондон минатата недела, на 66 годишна возраст.

Магазин | пред 7 години

7 год.
IMG_4157

Децата од ЈДГ „Весели Цветови“ со приредба ја испратија есента

Во ЈДГ „Весели Цветови“, во објектот „Мимоза“ дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во истиот пред нивните родители, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ ги покажаа своите актерски способности, изведувајќи приредба насловена „Црвенкапа во есен“.„Децата кои одлично ја изведоа приредбата која се одржа по повод испраќањето на есента од градоначалникот Филип Темелковски добија полна корпа со разни видови овошје.Есенската приказна ќе продолжи да се одвива и во другите објекти на ЈДГ „Весели Цветови“, во кои ќе се одржат приредби, работилници и изложби.Овој месец во објектите на истата градинка ќе се организира новогодишен базар. За таа цел, децата заедно со родителите и воспитувачките ќе изработуваат новогодишни украси и подароци. Средствата од продажбата на истите ќе бидат наменети за хуманитарни цели и за потребите на градинката“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ljubisha

ВМРО-ДПМНЕ упати телеграма со сочувство до семејството на Љубиша Георгиевски

„Со голема тага и болка ја примивме веста за смртта на еден од најголемите македонски интелектуалци Љубиша Георгиевски, поранешен Претседател на Собранието на Република Македонија, пратеник и кандидат за Претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се голем хуманист, културен деец, врвен режисер и голем Македонец.Дозволете од името на целата партија и од името на сите граѓани да изразиме длабоко сочувство до семејството Георгиевски за големата загуба. Загубата на Георгиевски е загуба за целата македонска држава, интелектуална елита и културната сцена.Љубиша Георгиевски е човек кој ја задолжи Македонија со својата неуморна работа и силна посветеност во развојот на културата и остави силен печат во светската културна ризница. Неговото име ќе остане запаметено како еден од најголемите амбасадори и промотори на нашата култура, идентитет и традиција. Неговата политичка мисла и огромна љубов кон Македонија несебично ја споделуваше со светот и со тоа го заслужи местото на еден од најголемите великани на самостојна и независна Македонија за која мечтаеше, за која живееше и која несебично ја градеше.Љубиша Георгиевски несомнено остави неизбришлива трага во своето политичко и општествено делување. Со својот лик и дело, со својата ведрина, посветеност и оптимизам, кои заслужуваат должна почит и вечна слава, ќе остане запишан со светли букви како величина и пример за сите идни генерации на нашата Татковина“, се вели во телеграмата од ВМРО-ДПМНЕ упатена до семејството на Љубиша Георгиевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ermis-1

„Туја“ на Ермис Лафазановски национален претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“

Книгата „Туја" од реномираниот македонски писател Ермис Лафазановски ќе биде националниот претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика 2018".На конкурсот, до организаторот, издавачката куќа „Магор“, пристигнаа уште шест книги:  „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, „Океан од слики (раскази и каприча)“ на Томислав Османли, „Земја на бегалците“ од Кица Барџиева Колбе,  „Диссомнии“ од Игор Станојоски, „Божја честичка“ од Глигор Стојковски и „Последното име на иднината“ од Живко Гроздановски, од кои три влегоа во потесен избор.Како што велат од „Магор“, „Туја“ на Лафазановски е потврда за виталноста и слоевитоста на хуморот, не само како допадливо четиво за разонода и уживање, туку, уште повеќе, како критичко орудие за искажување на моќен, бунтовен став против изобличувањето на човечките односи и бесрамно изместените социо-културни вредности.-Најновата збирка раскази на Ермис Лафазановски едновремено означува континуитет на неговата, веќе препознатлива, наративна постапка, но и чекор понатаму кон самосвојната, автентична иновација и бескомпромисен експеримент во рамките на раскажувачката постапка и оригиналните реторичко-стилски решенија. Расказите се напишани во духот на една шармантно разиграна поетика (во исто време, злокобно проникната и поентирана со неизбежната „кафкијанска“ нелагода); осведочена во редица апсурдни, бесмислени, парадоксални или гротескни ситуации (поточно, стапици), во кои јунаците бидуваат постепено вовлечени, со сериозни последици и несовладлива тегобност по однос на финалниот, егзистенцијален исход. Со други зборови, Лафазановски креира ликови кои се своевидни „жртви“ на запчаникот на системот, на баналната навика, на своите инстант животи, кои ги „одработуваат“ само фрагментарно и рутински, наведуваат од „Магор“.Манифестацијата „Балканика“ годинава ќе се одржи во Букурешт, Романија, од 14 до 16 декември. Наградата ќе биде доделена од меѓународна стручна комисија од седум члена, со по еден претставник од секоја од државите членки, а претесдател на жирито е професорот Ендрју Вахтел од САД.Досегашни добитници на наградата од Македонија се Венко Андоновски со „Папокот на светот“ и Александар Прокопиев со „Човечулец“.Фондацијата Балканика е основана во 1996 година, од релевантни издавачки куќи од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија. Седиштето на Балканика е во Софија, а претседател е писателот и издавач Николај Стојанов.

Магазин | пред 7 години

7 год.
solza-770x444

Солза Грчева повикува на бојкот на јавните дискусии за уставните измени

Денеска, во организација на владата започна караван наречен Јавни дискусии во врска со нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.Прво, јавното соочување на стручњаците и политичарите со народот, како носител на суверенитетот на државата, требаше да се одржи пред уставните измени да започнат или воопшто да влезат во Собранието!Организиран пост фестум, циклусот, поточно циркусот од пет јавни дискусии е уште еден удар по демократијата и правната држава.Второ, навредливо за здравиот разум е што јавните дискусии ќе ги водат :- експерти од општа пракса (меѓу нив само еден-двајца професори по уставно право);- политички функционери во владата и гласноговорници на меѓународната заедница, кои уште пред да стигне тн. Преспански договор на маса, беа негови (добро платени) огнени поддржувачи и промотори на грчките интереси-нема ниту еден говорник кој не го поддржува договорот, а тој би бил најлегитимен според резултатите од пропаднатиот референдумВо недостаток на основните елементи на јавна дебата – стручност, објективност, непристрасност, ова е непотребно исполнување на “демократска процедура“, кое станува лакрдија! Можеби и затоа дискусиите се закажани во државни институции, кадешто може да се обезбеди присуство по службена должност и “коректно“ однесување на присутните, доколку ги има.Глас за Македонија ги повикува своето членство, симпатизери и јавноста, да ги игнорира/бојкотира ваквитекозметички јавни дискусии и во согласност со својот категоричен, негативен  став за промената на името како услов за влез во НАТО и ЕУ, гласно повторува:Народот го кажа своето НЕ за промената на Името на државата на 30 септенври на Референдум и само со истиот правен механизам тоа може да се смени!Оттаму, Глас за Македонија најавува политичка кампања која ќе води кон поништување на сите одлуки на Собранието на РМ спротивни на Уставот, со кои се менува Името на државата, а со тоа, се посега по националниот Идентитет и меѓународната позиција на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заменикот министер за локална самоуправа Павлески на регионален форум во Брисел

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески синоќа во Брисел учествуваше на регионалната панел дискусија на тема „Локалната демократија и оддржливиот локален развој во Западен Балкан”.Како што соопшти Министерството за локална самоуправа во дискусијта Павлески се осврнал на главните придобивки од процесот на децентрализација во Република Македонија кои, како што  посочил, започна амбициозно во 2005 година и е наша успешна приказна која ги постигна главните придобивки.Притоа Павлески ја истакнал континуираната поддршка од УНДП и од швајцарската влада преку имплементација на значајни проекти во општините додавајќи дека сега е време да се преиспита системот на локалната самоуправа за да се одговори на актуелните предизвици.– За да се реши проблемот прво треба да се препознае, да се соочите со него. И проблемите и предизвиците не се ниту  мали  ниту  едноставни. Во претходниот период општините создадоа големи долгови, потребно е да се обезбеди систем на оддржливо финансирање, администрацијата беше политизирана, а треба да се зголемат и  инклузивноста и транспарентноста, нагласил Павлески.Актуелната Влада, како што појаснил Павлески, ја ревидираше Програмата за децентрализација и оддржлив локален развој 2015-2020 и поради малиот степен на реализација во првиот тригодишен период. Подготвоен е нов Акциски план за периодот 2018-2020 година на инклузивен начин, со вклучување на сите засегнати страни. Значително се зголемени средствата за рамномерен регионален развој и се инсистира на распределба на средствата на целата територија на државата, во сите осум плански региони, за разлика од порано кога најмногу се инвестираше во Скопје. Се работи на оценување на системот на финансирање на пренесените функции на општините во областите на образование, предучилишни установи и култура за до крајот на годината да се излезе со неколку сценарија за решавање на проблемите и воспоставување на оддржливо финансирање.   Преземена е иницијатива за воспоставување на нов функционален систем за противпожарна заштита. Владата со Закон ги покри половина од долговите на општините, сметките на општините се деблокирани, со што е создадена можност за поактиво и поефикасно работење на градоначалниците.– Во наредниот период, со подршката што ја имаме од УНДП и СДЦ ќе бидеме повеќе фокусирани на создавање на поефикасен систем на локална самоуправа. Како? Со поголемо учество на граѓаните, можност за самофинансирање и делегирање на некои основни функции од општината на месните заедници, воспоставување на локални сервисни центри, поедноставување на административните услуги за граѓаните, имплементирање на систем на мобилни услуги за полесен пристап на лицата со попреченост, возрасните и луѓето во оддалечените места на живеење. Градење на систем за интегриран локален и регионален развој. Нашата цел е подобар квалитет на живеење за сите граѓани на целата територија на државата, рече Павлески.Форумот се одржа во организација на мисијата на Швајцарија во Европската Унија и на УНДП, на кој присуствуваа и претставници од Босна и Херцеговина, од Албанија како и директорите на секторите на Европската Комисија за граѓанско општество и социјална инклузија и за регионална соработка.                Претпладнето заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески имаше состанок со Лена Андерсон Пенч, директор за европска територијална соработка, макро-региони, ИНТЕРЕГ и спроведување на Програмата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања