Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Најнови вести

7 год.
000_15K5EM

Мицкоски: Заев нека не се подготвува за предвремени избори, туку за пензија

„Тоа што не успеа овој договор е вина на Заев и Владата. Заев ја лажеше меѓународната заедница. Договорот со Грција доби стоп од народот. Народот на Македонија кои се сопственици на оваа држава покажа патриотска свест. Граѓаните кои гласаа против договорот и оние кои одбраа со молчење да кажат што мислат, ја испратија најголемата порака, ова е Македонија“, рече лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.Два месеци ширевте невистини, два месеци книжевте нарачани анкети. Колектива хипноза за народ

Македонија | пред 7 години

7 год.
ahmeti

Али Ахмети: Референдумот е консултативен, одлуката да ја донесе Собранието

„Ова е важен ден за сите граѓани, за нашите институции, за демократијата во државата. Ние денеска демонстриравме демократија, неопходен процес за влез во НАТО Алијансата и Европската унија. Станува збор за процес за затворање на прашањето со Грција“, изјави Ахмети и додаде:„Сакаме да кажеме дека Собранието треба да ја донесе важната одлука за Договорот со Грција. Ние ќе гласаме ЗА. Кога беа изборите во 2016-та година кажавме дека сме за НАТО. Затоа го добивме мандатот, ние немаме друга алтернати

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

Заев најави и итни предвремени избори доколку пратениците на ВМРО ДПМНЕ не ја поддржат волјата на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев предмалку го нарече денешниот ден како успех за демократијата и успех за европска Македонија.Сега е следна волјата на граѓаните да биде испочитувана од страна на пратениците од ВМРО ДПМНЕ.Премиерот Зоран Заев го обвини ВМРО ДПМНЕ за организиран бојкот.Заев најави и итни предвремени избори доколку пратениците на ВМРО ДПМНЕ не сакаат да ја поддржат волјата на граѓаните.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Богдан Илиевски-Бетмен по референдумот: Оган да го гори тој што ќе те прекрстува

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски, кој е во домашен притвор поради инцидентите во Собранието на 27 април се огласи на социјалните мрежи по референдумот.Тој сподели композиција од Гоце Николовски и порача „Оган да го гори тој што ќе ми збори да те оставам, да заборавам, Македонијо“Оган да гори Тој што ќе ми збори Да те оставам Оган да го гори Тој што ќе ми збори Да заборавам, Македонијо Каде да сум таков сум Не се давам никому Каде да сум таков сум Не се давам никому Да т

Македонија | пред 7 години

7 год.
42787990_1844226749026303_6748405211368259584_n

„Бојкотирам“ се собираат пред Собрание, позади нив силно обезбедување

Големо полициско обезбедување позади Собранието, во пресрет на протестот на „Бојкотирам“. Поддржувачите веќе се собираат, а ќе има и обраќања. На булеверот пред македонскиот парламент веќе е наместена бина за говорници, поради што е блокиран сообраќајот, а може да се забележи и големо полициско обезбедувбање.

Скопје | пред 7 години

7 год.
derkovski

До 18:30 часот излегле вкупно 519,435 граѓани, односно 34,09%

Од Државната изборна комисија соопштија дека до 18:30 часот гласале 519:435  гласач или 34,09 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список, а од обработените 84,83проценти од гласачките места. Дерковски рече дека сликата од референдумот е добра и апелира да не се дозволи да биде нарушена.Вкупно во МВР до 18 часот се регистрирани 26 инциденти. Во Гостивар е приведена сестра на пратеничка, која заедно со уште едно лице сликала гласачи.Најмногу од нерегуларностите отпаѓаат на навредување на и

Македонија | пред 7 години

7 год.
42787990_1844226749026303_6748405211368259584_n

“Бојкотирам” подготвени за прослава пред Собрание

Граѓанската иницијатива “Бојкотирам” веќе се подготвува за прослава пред Собрание. Според ДИК излезеноста на референдумот е нешто повеќе од 29% . За да се исполни цензусот на референдумот треба на гласање да излезат повеќе од педесет проценти од запишаните гласачи. Според нашите информации ќе се слави пред Влада во организација на владеачката СДСМ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Три нови референдумски инциденти: Девојка фотографирала со камера поставена на пенкало

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случај во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје, откако добиле пријава од Општинската изборна комисија дека во основното училиште во Скопје дека девојка гласала со пенкало, на кое имало камера, и при тоа таа како што се наведува во соопштението, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.МВР добила пријава дека во околината

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Катимерини“: Слаб одзив на референдумот во Македонија

Шест часа по отворањето на гласачките места одзивот на граѓаните е слаб, коментира „катимерини“. Весникот ја споделува информацијата од Државната изборна комисија на Македонија која покажува дека до 13 часот на гласачките места се појавиле само 16 проценти од гласачите запишани во избирачкиот список.Катимерини потсетува дека на парламентарните избори во 2016 година излезноста во првите шест часа од гласањето била безмалку 35 проценти.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Меѓународните медиуми го најавуваат пропаѓањето на референдумот

Светските медиуми пишуваат дека на референдумот за договорот меѓу Македонија и Грција, со кој се предвидува промена на уставното име и Уставот на Република Македонија, му се заканува пропаѓање, пишува Курир.мк„Fox News“ пишува дека од ДИК соопштиле дека излезеноста на референдумот за промена на името на Македонија, е 16 проценти на шест часа пред затворањето на избирачките места.Македонците гласаат за тоа дали да го прифатат договорот со соседна Грција, според кој ќе го променат името на нивната

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка на Стража

Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајка на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во моментов се одвива по една коловозна лента.МВР е на местото на настанот и прави увид во овој случај, и се очекува побрзо расчистување на сообраќајот и нормализирање на истиот на овој патен правец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетник фотографирал во избирачка просторија

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во селото Визбегово, семејство дошло на гласање со малолетниот син кој фотографирал во просторијата.Жител од селото Брвеница пријавил дека кога одел на гласање со неговата сопруга, од страна на В.С. му биле упатувани навредливи зборови. Во кординација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во СВР Тетово пријавено е дека во близина на училиштето "Гоце Делчев" во Тетово повеќе лица вршеле снимање и фотографирање на глас

Македонија | пред 7 години

7 год.
apasiev

Апасиев: Нема да има цензус, излезноста ќе биде од 32% до 35%

Професорот и член на презедиумот на партијата Левица, Димитар Апасиев, на социјланите мрежи напиша дека според нивниот аналитички центар, нема да биде исполнет цензусот на референдумот. Според него, излезноста ќе биде од 32% до 35%.Државната изборна комисија на прес конференцијата одржана во 15:30 информираше дека излезноста до 15 часот е 22,56, односно гласале околу 334 илјади граѓани.Просекот на излезност е од 90% од гласачките места.Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни о

Македонија | пред 7 години

7 год.
dik-1

До 15 часот излезени се 334,075 избирачи односно 22,56%

Државната изборна комисија на прес конференцијата одржана во 15:30 информираше дека излезноста до 15 часот е 22,56, односно гласале околу 334 илјади граѓани.Просекот на излезност е од 90% од гласачките места.Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.Акредитираните набљудувачи при вршењето на набљудувањето, к

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Жаклина Пешевска: Не е точно дека сум гласала на референдумот!

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска ги демантираше информациите дека гласала на денешниот референдум.Во одредени медиуми се појави вест дека пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска гласала денеска на референдумот. Овие информации таа ги демантира во изјава за Курир.-На одредени портали прочитав дека сум гласала на референдумот, тие информации не се точни. Ги демантирам овие информации кои беа објавени во одредени медиуми, изјави за Курир пратеничката Пешевска.Информацијата дека Пеш

Македонија | пред 7 години

7 год.
42686408_237159766953508_3423442157317390336_n

Откриени причините за двојното убиство на Рузвелтова

Нерасчистени должничко-доверителски односи и меѓусебни закани меѓу довчерашни ортаци во нелегални бизниси се можна причина за класичната ликвидација во петокот ноќта во центарот на Скопје, сметаат запознаени извори, пренесе Вечер.Првата жртва што почина во синоќешната гангсетрска бркотница со автомобили престрелка на „Рузвелтова” е Наим Ајети, кој е брат на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој беше, исто така, ликвидиран изрешетан во својата чајџилница во населбата Ченто пред пет го

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Бојкотирачите ги фотографираат граѓаните на гласачко место

На социјалната мрежа Твитер, членовите на иницијативата „Бојкотирам“ се „пофалија“ дека само од Скопје имаат фотографии од 450 граѓани, кои ги нарекуваат предавници и дека нивните фотографии ќе ги објавуваат од 17 часот.Ова е уште еден доказ дека се прекшува тајноста на гласањето, и е груб обид да се заплашат и етикетираат граѓанките и граѓаните кои излегуваат на гласање.ЦИВИЛ апелира до надлежните институции да реагираат на секој обид да се спречи демократското право, правото на глас.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-3

МВР: Пријавени три нови инциденти за време на референдумот

На избирачко место бр.2539/1 во Основното училиште „Његош“ во Колонија пријавено е дека едно лице го фотографирало своето гласачко ливче, информираа од МВР.За инцидентот бил известен Јавен обвинител, a 55-годишното лице е во полициска станица за расчистување на случајот, додаваат од МВР.Од МВР додаваат дека во СВР Тетово, пак, набљудувач од невладина организација пријавил дека наспроти ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар повеќе лица вршеле неовластено снимање и фотографирање на гласачи, и за овој наста

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro-poraki

Со лажни пораки се повикуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдумот, тврди потпаролот

Од телефонски броеви кои се регистрирани на Бихачка се праќани лажни пораки до членови на ВМРО-ДПМНЕ, за да искочат да гласаат бидејќи бил постигнат договор меѓу власта и опозицијата.Потпаролот обвини дека се врши агитација и сторен криминал од страна на СДСМ, вели потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, СДСМ врши притисок на граѓани.ПОВИКУВАЧ: „Се јавуваме од централниот штаб на СДСМ, ако сеуште не сте излегле да гласате, ве повикуваме на гласате“ГЛАСАЧ: „Без разлика дали сме гласале ние не сме

Македонија | пред 7 години

7 год.
komisija

Комисијата за следење на противправности будно ги следи настаните околу референдумот

Комисијата за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот во континуитет ги следи случувањата поврзани со референдумот.Комисијата има за задача да ги следи сите настани поврзани со процесот на спроведувањето на референдумот. Таму каде што има индиции за извршени нерегуларности, веднаш изве

Македонија | пред 7 години

7 год.
42763930_1980938121965369_2457954657595555840_o

(Видео) Премиерот Заев го оствари своето гласачко право на референдумот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утрово во Струмица го оствари своето избирачко право.„Денеска е убав ден, нов празник за Република Македонија. Денеска граѓаните излегуваат и одлучуваат за иднината на нашата земја. Денеска со одлуката граѓаните прават исто како во минатото, во сите пресудни моменти за Република Македонија носејќи сериозни, важни одлуки, со што го трасираат патот на нашата земја за иднината на наредните генерации кои што доаѓаат после нас“, рече Заев„

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Споредба на излезноста меѓу референдумот и последните локални избори

Според досегашната статистика излезноста до 13 часот на последните локални избори била 27,3%. Сега е 15,9%.Забележливо е драстичното опаѓање на излезеноста, особено во Струга како најекстремен случај. Подоле во прилог се процентуалната намаленост на излезеност во споредба со локалните избори по општини:АЕРОДРОМ -45,1%АРАЧИНОВО -38,1%БЕРОВО -49,1%БИТОЛА -43,1%БОГДАНЦИ -50,7%БОГОВИЊЕ -23,8%БОСИЛОВО -54,2%БРВЕНИЦА -41,2%БУТЕЛ -41,1%ВАЛАНДОВО -53,5%ВАСИЛЕВО -55,3%ВЕВЧАНИ -63,4%ВЕЛЕС -52,7%ВИНИЦА -59

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ гласаше на референдумот

Пратениците од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски и Жаклина Пешевска денеска го остварија своето право и гласаа на референдумот.Оваа информација ја потврди истражувачот од Центарот за европска стратегија „Евротинк“, Андреја Стојковски.Претходно, Драган Данев, Даниела Рангелова и Митко Јанчев го дадоа својот глас на референдумот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
dik-1

Табeларен приказ на излезноста низ цела Македонија до сега

Од скопските општини, најголема излезност за гласање на референдумот од скопските општини има Центар со 26,29% и Капош каде на гласање излегле 23,97% од запишаните гласачи.ДИК соопшти дека до 13 часот излезноста изнесува 16%. Од табелата може да се погледне колкава е излезноста низ цела Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dik-1

До 13 часот гласале само 16% од запишаните граѓани

Излезноста до 13 часот изнесува 16% или нешто повеќе од 260.000 граѓани, според Државната изборна комисија. Во Гевгелија излегле 19,5 проценти, во Демир Хисар излегле повеќе од 15%, во Куманово 16,15%.Просекот на излезност е од 90% од гласачките места.Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.Акредитираните

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања