Промени тема
Контакт

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

До петок стабилно и суво време

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а максималната од 22 до 27 степени. Во Скопје претежно сончево со температура од 7 до 25 степени.До петок ќе се задржи стабилно и суво време, со дневни температури над просекот за овој период од годината. Од сабота ќе започне да дува повремено засилен северен ветер, а од недела ќе преовладува променливо облачно, ветровито и постудено време со повремени врнежи од дожд

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Состанок на француско-германската иницијатива за нелегалната трговија со оружје

Состанок на француско-германската иницијатива за координација на донатори во врска со нелегалната трговија со огнено оружје во Западен Балкан ќе се одржи денеска во Делегацијата на Европската Унија во Скопје.Во 8:45 часот пред Делегацијата на Европската Унија, министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски, ќе даде изјава пред да го отвори настанот, како и во 16:30 часот во салата на  Инфо-центарот на ЕУ, на конференција за печат на која шефовите на француската и на германската деле

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денеска почнуваат пристапните разговори за НАТО

Македонија денеска треба да ги почне пристапните разговори со НАТО. Официјалниот старт ќе биде во Брисел, каде што ќе присуствуваат членовите на работниот комитет и на комитетот за интеграција. Со тоа се влегува во втората фаза од процесот, што е и фаза пред членство во Алијансата. Во оваа фаза ќе биде утврдена и временската рамка за комплетирање на процесот, што во нашиот случај е крајот на декември. Во јануари идната година треба да се потпише протоколот за пристапување на државата во сите тел

Македонија | пред 7 години

7 год.
sobranie-1

Уште еден ден за убедување на пратениците од опозицијата, расправата за уставните измени продолжува утре

Утре во 12 часот треба да продолжи собраниската расправа за пристапување кон измени на Уставот во врска со Договорот за името со Грција. Според текот на собраниската расправа во последните три дена тешко може да се претпостави дека власта обезбедила двотретинско мнозинство во Собранието, штоцзначи дека сме сѐ поблиску до уште едни предвремени парламентарни избори.Вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа пријавени за дискусија се откажаа од дискусиите и ги повикаа и пратениците од мнозинството да

Македонија | пред 7 години

7 год.
mauc22

Градоначалникот на Охрид со крадените говори стигна на BBC

Светскиот сервис на Би Би Си објави сторија за читањето препишани говори и портпаролите кои на Градоначалникот на Охрид една година успешно му даваат препишани говори од неговиот претходник, да ги чита на официјални церемонии.Градоначалникот на Охрид во телефонски разговор со новинар на Би Би Си одбегнал да даде изјава и новинарите ги замолил да му се обратат писмено.Во прилогот свој став изнесува и сопственикот на „Охрид 1“ кој вели дека веста предизвикала различни реакции во јавноста, почнувај

Македонија | пред 7 години

7 год.
sednica-1

Седницата продолжува в петок кога е можно и да заврши расправата за уставните измени и да се гласа

Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ претходно соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.Попладнево, во текот на собраниската расправа, пратениците од СДСМ кои беа пријавени за збор, го повторија ставот дека сега е време сите што декларативно

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ципрас: Ги охрабрувам соседите да продолжат кон завршување на обврските од Договорот од Преспа

Сакам да ги охрабрам соседите да продолжат со процесите, смело и решително да го направат одлучувачкиот чекор во завршување на обврските од историскиот Договор од Преспа, затоа што нема да постои друга можност, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во изјава по прифатената оставка на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас во четириминутната изјава испрати пораки во повеќе насоки, како до нашата земја, така и до внатрешноста на Грција,

Свет | пред 7 години

7 год.
tunel-demirkapija-696x464

Во тунелот „1“ на патот Гевгелија – Скопје ќе се вози по една лента

Со ограничена брзина на 40 километри на час и по една лента ќе се одвива  вечерва од 23:00 до 00:00 часот сообраќајот во тунелот 1 – Демир Капија, на патниот правец Гевгелија – Скопје, соопшти АМСМ.Причина за промена на сообраќајниот режим е санирањето дефект на дел од опремата во тунелот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сугаревски го поништи и вториот повик за субвенции за евтини летови

Унгарската компанија Визер по вторпат извиси на јавниот повик за избор на авиопревозник чии летови Владата ќе ги субвенционира. И на вториот јавен повик Визер беше единствената пријавена компанија за субвенции од околу 5 милиони евра за наредните три години.Министерството за транспорт и врски за неуспехот на првиот јавен повик соопшти дека компанијата имала технички пропусти во тендерската документација. На последниов повик, пак, Визер понудила сите четири дестинации од охридскиот аеродром да ги

Македонија | пред 7 години

7 год.
e7qRA-

Мицкоски му одговори на Мичел: Секогаш е најтемно пред зората

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на писмото на Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, кој наведе дека САД се разочарани од челниците на ВМРО-ДПМНЕ.Во него Мицкоски, меѓу другото, наведува дека опозицијата била исклучена од преговорите со Грција за спорот со името и дека прашањето на референдумот било повеќезначно и збунувачко и дека власта не ги послушала неговите сугестии за две одвоени прашања. На крајот, Мицкоски го завршува писмото со цитатот „с

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мицкоски му одговори на Мичел: Секогаш е најтемно пред зората

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на писмото на Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, кој наведе дека САД се разочарани од челниците на ВМРО-ДПМНЕ.Во него Мицкоски, меѓу другото, наведува дека опозицијата била исклучена од преговорите со Грција за спорот со името и дека прашањето на референдумот било повеќезначно и збунувачко и дека власта не ги послушала неговите сугестии за две одвоени прашања. На крајот, Мицкоски го завршува писмото со цитатот „с

Македонија | пред 7 години

7 год.
38826110

Човечки череп и коски пронајдени во близина на Охрид

Човечки череп и коски денес биле пронајдено во близина на селото Рамне, на планината Галичица кај Охрид,  јави порталот „Охрид Пресс“Неофицијално, се работи за остатоци од лице кое претходно се водело за исчезнато.Според состојбата во која биле пронајдени остатоците, најверојатно се работи за тело кое подолго време било на тоа место.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Возач удрил во пешак и побегнал

На крстосницата меѓу скопските улици Лука Геров и Марк Твен непознат возач во текот на вчерашниот ден (16 октомври) удрил во 58-годишен пешак од Пробиштип, по што побегнал од местото.Од ударот пешакот добил тешки повреди и со друго возило бил пренесен во градската општа болница „8 Септември“ каде што му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Пукање во скопско Батинци

Триесет и шестгодишен жител на селото Батинци вчера (16 октомври) во полиција пријавил дека во близина на селските гробишта, додека се движел со неговиот автомобил „ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, кон него со огнено оружје пукал соселанецот М.Џ., по што истиот побегнал.Возачот не се здобил со повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и биле пронајдени две чаури, кои биле подигнати за натамошна постапка.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчисту

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од петок се укинуваат две сезонски автобуски линии на ЈСП

ЈСП информира дека од петок (19.10.2018 година) се укинуваат сезонските линии 58 (Транспортен центар – Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар – Дивле, Катлановско Блаце, Кожле).Посочените линии се сезонски и нивното функционирање е утврдено со одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
selo

„Македонско село“ става клуч на вратите

Комплексот Македонско село се затвора од утре, а менаџментот одлуката ја објави на Фејсбук. Причината за оваа одлука не се наведува.„Ве информираме дека менаџментот на комплексот Македонско село донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува на Фејсбук страницата на Македонско село.Поранешната Влада во изградба на селото вложи 5,2 милиони евра, дополнит

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Македонија детектиран тигрест комарец

На територијата на Република Македонија е детектиран азиски-тигрест комарец. Се врши мапирање на целата територија за да се утврди каде се е проширен овој комарец. Агенцијата спроведува дополнителни програми за евентуално утврдување дали овој комарец има пренесено болести кај животните, информираше на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, заедно со епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски.-Согласно резултатите што г

Македонија | пред 7 години

7 год.
Sonuvanja07

Несекојдневен мултимедијален концерт: Сонувања за заборавеното

Во претесната сала на киното Мис Стон во Прилеп беше изведен навистина несекојдневен мултимедијален концертен перформанс насловен „Сонувања за заборавеното“.Публиката во Прилепимашереткаможностдаприсуствуванаодличенмузички настанкојбешебазиранврзкомбинацијанаповеќемузичкистилови, вокоидоминирашеизведбанакласичнатазападноевропскамузикаод 17 и 18 век, конкојакакоконтрапунктбеавклученинејзинитеисточнипаралели.Идејатанапроектотбешедасенаправиспоредбанамузичкототворештвонанашитепросторисоонавозападно

Македонија | пред 7 години

7 год.
urgenten-678x381

Жена прегазена во кругот на Клиника

Вчера во 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на сервисната улица во кругот на Комплекс клиники “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Пежо-206“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Н.(29) од Скопје удрило во пешак А.Г.П.(69) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.П., која со истото возило била пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на це

Македонија | пред 7 години

7 год.
kirovski

Кировски распали го тие кои го критикуваат: Секој си дава за право да ти кажува како да ја вршиш работата

Главниот и одговорен уредник на ТВ Телма, се огласи на социјалните мрежи по критиките дека врши им врши цензура на вработените.„Тешко е неписменоста, глупоста и некомпетентноста во Македонија да не те изнервираат, иако за жал, тоа е нашето секојдневие. И секој си дава за право да ти кажува како да ја вршиш твојата работа, иако, се рaзбира нема поим од тоа. За една работа Србите се во право : "Мишљење је као д***! Свако га има“, напиша Кировски.[embed]https://www.facebook.com/atanas.kirovski/post

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Аеродром со 300 000 евра против загадувањето

Градоначалникот Златко Марин се уште верува дека деветкатницата кај Мајчин Дом нема да се гради. Вели дека во тек се преговори со инвеститорот, каде се разговара за обештетување, од кои тој очекува позитивен исход.„Тоа е сума, сега да не навлегуваме во бројките. Тоа е отприлика сумата што ја откупил како земјиште, сумата на земјиштето и комуналиите што се уплатени во Град Скопје и во Општина Аеродром. А обештетување од аспект на профит не паднало муабет до сега.“ – изјави Златко Марин, градонача

Скопје | пред 7 години

7 год.
kucinja-bezdomnici

Слаб интерес кај скопјани за вдомување на кучиња

Од приближно шеесет кучиња што го поминале целокупниот медицински третман во стационарот „Вардариште“, во рамки на акцијата „Вдоми – не купувај“, беа вдомени десет. Ваквиот слаб одѕив се должи на фактот дека чипирањето на домашните миленици се воведе како законска обврска за сопствениците и во моментов бесплатно се реализира преку Агенцијата за храна и ветеринарство.На тој начин, како што изјави за МИА директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, ќе се овозмож

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Канада легализира употреба на марихуана

Канада од денеска стана втората земја, по Уругвај, која легализира поседување и рекреативно користење на канабис.На Канаѓаните од денеска им е дозволено да одгледуваат, поседуваат и конзумираат канабис за рекреативни цели.Дериватите на канабисот, како што се храна, козметика или електронски цигари со марихуана, ќе бидат дозволени од 2019 година, но канадските претприемачи веќе почнаа подготовки за да заземат место на пазарот кој ветува.Откако либералниот премиер Џастин Трудо беше избран кон крај

Свет | пред 7 години

7 год.
eksplozija-bomba

Бомба експлодирала во возило на водителка од ТВ Пинк

Вчера попладен околу 13 и 30, во Белград, експлодирал ,,Голф“, управуван од таткото на познатат српска водителка Маријана Мичиќ, вработена во ТВ Пинк.Ова е второ возила кренато во воздух за неполни два месеца, на водителка во оваа телевизија.На први септември експлодираше џипот на Душица Јаковљевиќ, исто така водителка во ТВ Пинк.Таткото на Мичиќ останал жив, а водителката одбила да коментира. Само изјавила дека голфот што го возел татко ѝ седум години не се води на нејзино име.Во возилата на дв

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода делови од општина Центар

Заради отстранување дефект на водоводна цевка со пречник ¾ цол на ул. „Христо Смирненски“ бр. 32 без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица и дел од ул. „Борка Талевски“ во општина Центар.Како што соопштуваат од РЦУК, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања