Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Најпаметните родители ги учат своите деца на овие 8 „старомодни“ лекции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Магазин
media-library34tm5r8982b29rSssfM
Photo by Bethany Beck on Unsplash

Иако денес сè почесто се зборува за современи методи на воспитување, одредени лекции што се пренесуваат од генерација на генерација и понатаму имаат големо значење во развојот на децата.

— реклама —

Експертите и воспитувачите посочуваат дека, иако совршен родител не постои, најголемо влијание имаат оние што ги учат децата на емпатија, доверба, почит и искреност. Таквите вредности создаваат силна основа за живот и во зрелата доба влијаат на начинот на кој се градат меѓучовечките односи.

— реклама —

Меѓу најважните животни лекции се издвојува благодарноста кон малите нешта, која им помага на децата да развијат емпатија и да градат поквалитетни односи со другите. Исто така, значајно е учењето на одговорност, преку кое децата разбираат дека признавањето на грешките е дел од личниот развој.

Се нагласува и важноста на самопочитта и самоувереноста, кои се развиваат кога децата се охрабрени да ги изразуваат своите ставови и да се залагаат за она во што веруваат. Во тој контекст, искреноста се истакнува како темел на довербата, додека љубезноста и почитта кон другите се сметаат за основа на секој здрав однос.

— реклама —

Стручњаците посочуваат и дека трпението е особено важна вештина во современото општество, бидејќи им помага на децата подобро да се справуваат со стресот и да носат промислени одлуки.

— реклама —

Сите овие едноставни, но суштински вредности, според нив, имаат долгорочно влијание врз формирањето на емоционално стабилни и самоуверени личности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn4nej2mpr2na8NG4X4n

(Видео) Почнаа подготовките за Нова година: децата го претворија каминот во машина за пуканки

Вирално | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5nf6f5tq8o927cLxc60

Македонија со сè помалку деца: Источниот регион со најниска стапка на фертилитет, Скопје на врвот

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo9nl9d4n8arq8H4vwrU

Околу 12.000 деца во Македонија биле изложени на сексуална злоупотреба преку интернет

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryb0c212mcrd2i0WbJ7eD

(Видео) Наместо сила, употребил бонбони: Чувар ги надмудрил децата во натпревар по влечење јаже

Вирално | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања