Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најстудено во Берово -11 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

Утрото во земјава беше исклучително студено, со минимални температури што на повеќе места се спуштија длабоко под нулата. Најстудено беше во Берово со измерени минус 11 степени, по што следуваат Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка со минус 10, додека на Скопје-Петровец се измерени минус 9 степени Целзиусови. Во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево минималната температура изнесуваше минус 8, а во Скопје на Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип минус 7 степени.

— реклама —

Снежна покривка до 7 часот наутро е измерена на Попова Шапка и изнесува 24 сантиметри, во Маврови Анови 7 сантиметри, а во Крушево 3 сантиметри.

— реклама —

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне облачноста постепено ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од минус 2 до 8 степени.

— реклама —

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне и кон крајот на денот умерено облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 4 степени Целзиусови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5aitttq4841te3OOflm

(Фото) Австрија парализирана, паднаа 20 санетиметри снег: Лавина затрупа автобус со патници

Свет | пред 1 месец

popova-shapka

На Попова Шапка речиси метар снег, најниска температура измерена утрово

Македонија | пред 1 месец

49896239_1977012449012818_2128562530354724864_n_1977012442346152

Минимални температури до -2°C и 63 см снег на Попова Шапка

Македонија | пред 1 месец

2-2

Попова Шапка со 64 сантиметри снег и најмногу врнежи во изминатото деноноќие

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања