Промени тема
Контакт

Најважно ми е мојот народ да биде задоволен, затоа сум во кабинет и во викенд, вели градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
orce-1

Жителите кои во изминатиот период изразиле желба да контактираат со него, да го информираат за некаков проблем или да споделат некоја своја идеја, денес разговараа телефонски со него, а дел дојдоа и на средба во општината.

— реклама —
— реклама —

-Од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив телефонски разговор со повеќе од 80 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле свој контакт на службите во општината. Со оние кои имаа потреба од лична средба, веќе ја остваривме или ќе ја остваривме во текот на денешниот ден. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање. Она што особено ме радува е тоа што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што досега е сработено. Некои се дури и пријатно изненадени, велат дека во минатото немале шанса да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен и тоа е уште еден показател дека сме на вистинскиот пат. Ќе останам тука цел ден, а ако треба ќе продолжиме и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите ќе им погледнеме во очи и директно ќе ги решаваме. Мојот народ мора да е задоволен-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryap2ioodl01eccM1emuH

(Видео) Хаос во Кисела Вода: викање, мавтање со прст, барање за обезбедување и исфрлање на советник, обвинување за закани

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Пожар во Кисела Вода: Се запалило комбе кај „Автомакедонија“

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryqg891ev0gmnd3r92eza

Жители од Кисела Вода повторно без вода: „Истата цевка пука веќе 14 години“

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Без струја дел од Драчево во сабота

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања