Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Наместо да плаќате за мигранти, намалете ја брзината на 26 км/ч, казнувајте и ќе имате вишок во буџетот, напиша Макрадули

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Коментари
makraduli

Поранешниот пратеник и ексзаменик-министер за животна средина, Јани Макрадули, остро ја критикуваше Владата за економските политики и актуелните дискусии околу можниот договор со Велика Британија за вдомување мигранти.

„Денешната Влада, како да пишува римејк на Печалбари од Антон Панов, потврдувајќи ја тезата: ‘сѐ за тие пусти пари’“, напиша Макрадули, алудирајќи дека економската состојба е драматична, иако, како што вели, на прес-конференциите се прикажува поинаква слика.

— реклама —

Тој посочи дека за унгарската милијарда „сѐ уште нема отчет“, а веќе се бара нова еврообврзница. Според него, домашното задолжување се префрлува на ЕСМ, а како „решение“ се појавил и проектот „мигрант за пари“.

— реклама —

„За 20.000 фунти може да вдомите мигрант. Не успеав да видам која бројка од Програмата 1198 е ова“, иронично напиша Макрадули.

Во продолжение додаде дека 20.000 фунти би биле еквивалент на околу 2.000 прекршоци за возење со 51 километар на час.

— реклама —

„Нека размисли власта – наместо да наплаќа за мигранти, нека ја намали брзината за казна на 25/26 километри на час, па ќе има и вишок у буџетот ненаситен“, заклучи саркастично Макрадули.

Премиерот беше дециден дека државата нема проблем со финансии, а ниту дека ќе се примаат мигранти за пари.

media-libraryhn2ccit1u7on0JkQO92

(Видео) Мицкоски: Не планираме да правиме капови за мигранти, и да се разговара би одбиле прифаќање на мигранти

Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека со Велика Британија не е разговарано да се прифаќаат мигранти за пари. Тој посочи дека дури. да се разговара за прифаќње на мигранти - Владата ќе одбие.„Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти, ниту ќе примиме илегален мигрант. Туку ќе ја зајакнеме нашата борба против илегалната миграција. Таква тема не е разговарана, доколку се разговара - ќе биде одбиена од наша страна“, рече Мицкоски.

Настани | пред 10 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

n-missingisland-a-20181104-870x572

Шест мигранти, меѓу кои и едно бебе, загинаа во судир на глисер и грчката крајбрежна стража

Свет | пред 1 ден

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Страшна трагедија кај африканскиот брег: Најмалку 109 мигранти загинаа, 116 се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Анкета во Шпанија: Речиси девет од десет граѓани го обвинуваат Мароко за мигрантската криза

Свет | пред 1 месец

media-library7hof5jgrm8nfflz3PTH

(Видео) Мигрантите во Сеута снимени со мртво бебе делфин

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања