Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Страшна трагедија кај африканскиот брег: Најмалку 109 мигранти загинаа, 116 се водат како исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 109 мигранти загинале, а 116 се водат како исчезнати откако брод се превртел во близина на брегот на Џибути, мала држава во источна Африка, спроти Јемен. Информацијата денеска ја објави Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Бродот пловел од Џибути кон Јемен. Меѓу загинатите се идентификувани 52 мажи, 42 жени и 15 деца.

— реклама —

„Ова е страшна загуба на човечки животи“, изјави Александре Коисак, шеф на мисијата на ИОМ во Џибути.

Тој посочи дека тимовите на организацијата се на терен заедно со локалните власти, каде што пружаат итна помош на настраданите.

„Оваа трагедија е силен потсетник на опасностите со кои се соочуваат мигрантите на оваа миграциска рута кога тргнуваат во потрага по подобри животни и економски можности“, порача Коисак.

— реклама —

Според сведочењата на преживеаните, бродот се превртел во четвртокот вечерта кај местото Гухере, северно од градот Обок во Џибути.

Несреќата ја преживеале повеќе од 80 лица, а според податоците на ИОМ, станува збор за државјани на Етиопија.

— реклама —

Џибути е една од главните појдовни точки за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Арапскиот Полуостров. Мигрантите најчесто доаѓаат од Етиопија и Сомалија, а преку Џибути го преминуваат теснецот Баб ел-Мандеб кон Јемен.

Од таму, многумина се обидуваат да го продолжат патувањето кон Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати или Оман, најчесто во потрага по работа и подобри услови за живот.

Станува збор за таканаречената источна миграциска рута, која се смета за исклучително опасна.

— реклама —

ИОМ неодамна објави дека за само три недели од Етиопија во Џибути пристигнале повеќе од 20.000 мигранти.

Според податоците од проектот „Исчезнати мигранти“ на ИОМ, во текот на 2025 година на оваа рута загинале или исчезнале повеќе од 900 луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

n-missingisland-a-20181104-870x572

Шест мигранти, меѓу кои и едно бебе, загинаа во судир на глисер и грчката крајбрежна стража

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Анкета во Шпанија: Речиси девет од десет граѓани го обвинуваат Мароко за мигрантската криза

Свет | пред 1 месец

media-library7hof5jgrm8nfflz3PTH

(Видео) Мигрантите во Сеута снимени со мртво бебе делфин

Свет | пред 1 месец

kriumcharenje-migranti

Албанец осомничен дека водел група од 10 турски мигранти за илегално преминување на границата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања