Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Напнатата реторика на Балканот – Вучиќ предупредува на „ескалација без преседан“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Балкан
vucic-41421

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека напредокот на руските сили на украинското бојно поле создава растечка нервоза во рамки на НАТО. Според него, сите „кои реално ја следат ситуацијата“ мора да признаат дека руските сили бележат успех на неколку клучни фронтовски линии – кај Покровск, Красни Лиман, Купјанск, Вовчанск, Хуљајполе, Северск и Константиновка.

„Кога ќе се погледне развојот на ситуацијата, станува јасно дека расте тензичноста. Прашање е само како долгорочно ќе изгледаат работите“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Српскиот претседател тврди дека потенцијалните планови на НАТО за таканаречени превентивни удари врз Русија претставуваат „сериозна закана“, иако од Алијансата не постојат официјални најави за такво сценарио.

„Кога ја спомнав оваа можност, ми рекоа да не преувеличувам. За жал, ова е реалност во која живееме“, рече Вучиќ.

— реклама —

Овие негови тврдења доаѓаат по изјавата на адмирал Џузепе Каво Драгонe, претседател на Воениот комитет на НАТО, кој зборуваше за потребата од поагресивен одговор на хибридните напади од Русија. Драгонe посочи дека „превентивен удар“ во теорија би можел да се смета за одбранбена акција, иако таков пристап е надвор од вообичаената доктрина на Алијансата.

— реклама —

Вучиќ предупреди дека Москва би можела жестоко да одговори доколку навистина дојде до превентивни удари од НАТО.

„Не би ме изненадило Русија да реагира многу пожестоко отколку во Украина, вклучително и со употреба на тактичко нуклеарно оружје“, изјави тој, додавајќи дека Москва досега наводно покажувала воздржаност.

— реклама —

Вучиќ нагласи дека не сака да се меша во, како што го нарече, „братоубиствениот конфликт“ меѓу Русија и Украина, но повтори дека опасноста од ескалација е реална и загрижувачка.

Со оваа реторика, српскиот претседател повторно го позиционира Белград како актер кој внимателно го следи развојот на глобалната безбедносна криза, но и како лидер што честопати испраќа алармантни пораки за можни геополитички потреси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-librarydomkoiv4lstj9yXXQxq

(Видео) Руски ракети погодија два големи моста во Киев, прекинато снабдувањето со вода и струја

Свет | пред 9 часа

media-librarye00b4sg9vormbcLok01

(Видео) Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија за руска саботажа: „Немате докази“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања