Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Напнатоста расте: По заканите од Трамп, Иран со напад врз енергетска инфраструктура во Саудиска Арабија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library8r3kptuc5qqg37uDHL8

Иран рано утринава изврши напад со ракети и дронови врз Саудиска Арабија, при што избувна голем пожар во индустрискиот комплекс Ал Џубаил, еден од клучните енергетски и петрохемиски центри во земјата.

— реклама —

Според саудиското Министерство за одбрана, противвоздушната одбрана пресретнала седум балистички проектили насочени кон источниот дел на земјата, а делови од нив паднале во близина на енергетски постројки. Проценката на штетата е во тек.

Ал Џубаил е меѓу најголемите индустриски зони во регионот, со над 150 капацитети и значително учество во економијата на Саудиска Арабија. Снимките од терен покажуваат силни експлозии и обемен пожар.

— реклама —

Нападот доаѓа во услови на засилени тензии меѓу Иран и САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со напади врз иранска инфраструктура доколку Техеран не го отвори Ормутскиот теснец.

— реклама —

Иран ги осуди заканите, нарекувајќи ги „арогантна реторика“, и повика на симболични протести во земјата. Воедно, предупреди дека во случај на ескалација може да таргетира енергетска инфраструктура и во други држави.

Во изминатите денови, според извештаи, биле цел на напади и објекти во Кувајт, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, додека земјите од Заливот остануваат во состојба на зголемена подготвеност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 2 дена

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 3 дена

media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања