Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

НАТО алармиран, расте тензијата во Балтикот: Руски брод и неидентификувани дронови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library3bb772v82b848tVWG2Y
Фото: Илустрација

Голем десантен брод на руската морнарица се усидрил во близина на германскиот брег на Балтичкото Море, предизвикувајќи загриженост меѓу членките на НАТО кои веќе се во состојба на зголемена будност поради повторените руски повреди на воздушниот простор на Алијансата.

Станува збор за „Александар Шабалин“, брод од составот на руската Балтичка флота, кој пред шест дена се усидрил во близина на влезот во заливот Либек. Тој е позициониран на еден од најфреквентните морски правци што води кон теснецот Фемарн Белт, клучна врска меѓу Балтичкото и Северното Море, и е јасно видлив од германскиот остров Фемарн.

— реклама —

Бродот го следат германскиот патролен брод „Бамберг“ и дански поморски патроли, а германската морнарица од базата во Кил испратила и брод за поддршка – „Верра“. Германската полиција потврди дека рускиот брод се наоѓа надвор од територијалните води на Германија, со што формално не ги прекршува домашните ниту меѓународните поморски прописи.

— реклама —

Ова не е првпат „Александар Шабалин“ да биде забележан во регионот. Во септември бродот бил усидрен во близина на данскиот теснец Лангеланд, а во истиот период биле забележани и неидентификувани дронови над данска воена база, иако досега нема докази дека бродот е поврзан со тие инциденти.

Присуството на рускиот брод доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и НАТО. Од 10 септември, Москва повеќепати го нарушила воздушниот простор на неколку членки на Алијансата, меѓу кои Полска, Романија, Естонија, Данска, Франција и Германија.

— реклама —

Поради ваквите инциденти, американскиот претседател Доналд Трамп на 23 септември изјави дека земјите на НАТО треба да оборат руски летала што ќе влезат во нивниот воздушен простор. Слично реагираше и литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиене, која потсети на случајот од 2015 година кога Турција собори руски авион Су-34 кој само 17 секунди се задржа во нејзиниот воздушен простор.

— реклама —

Според „Блумберг“, НАТО преку дипломатски канали го предупредил Кремљ дека е подготвен решително да одговори на идни провокации, вклучително и со уривање на летала. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, таквите изјави ги оцени како „опасни и неодговорни“.

Во почетокот на октомври, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека дроновите забележани над европски воени и инфраструктурни локации може да се резултат на „инфилтрација од Русија“, но не ја потврди директната вмешаност на Москва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 7 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 20 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања