Промени тема
Контакт

НАТО изненаден од повлекувањето на американски војници: „Трамп ја измислил бројката“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Високи претставници на НАТО не биле претходно информирани за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да повлече околу 5.000 американски војници од Германија во наредните шест до дванаесет месеци.

— реклама —

Според извештаи на „Еуроњуз“, одлуката била објавена од Пентагон без претходни консултации со сојузниците, што предизвикало изненадување и бројни отворени прашања во рамките на алијансата. Засега не е познато од кои единици ќе се повлечат војниците, ниту како тоа ќе влијае врз безбедносната структура на НАТО во Европа.

— реклама —

Трамп дополнително најавил дека намалувањето на американското воено присуство во Германија би можело да биде и поголемо од првично најавеното, но без конкретни детали за бројките или роковите.

Од НАТО посочуваат дека се во комуникација со САД за да ги разјаснат деталите, нагласувајќи дека ваквите потези ја зголемуваат потребата Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана.

— реклама —

Американски извори за „Еуроњуз“ оценуваат дека одлуката нема јасна стратегија и дека бројката од 5.000 војници е произволна, додека дел од воените аналитичари сметаат дека влијанието врз безбедноста во Европа би било ограничено поради променетиот карактер на современото војување.

— реклама —

Американските сили се присутни во Германија уште од периодот на Студената војна и моментално бројат над 36.000 војници, што се смета за важен дел од американското воено присуство во Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп пред изборите дели по 90 долари на повеќе од 20 милиони Американци

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп даде интервју од 75 минути, Slate: Тој не е добро

Свет | пред 8 часа

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп за неуспешната егзекуција во Тенеси: „Како може ова да се случи?“

Свет | пред 19 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: На сите мажи им забранивме да се натпреваруваат во женски спортови, освен на Родман и Кантер

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања