Промени тема
Контакт

Научниците предупредуваат: Честото користење на вештачката интелигенција може да влијае врз работата на мозокот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN
Photo by Nicolás Flor on Unsplash

Сè поголем број научни истражувања укажуваат дека честата употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција би можела негативно да влијае врз одредени човечки когнитивни способности, како што се памтењето, критичкото размислување и способноста за самостојно заклучување.

Научниците потсетуваат дека мозокот функционира според принципот „користи или изгуби“. Како што мускулите ослабуваат ако не се користат, така и одредени мозочни функции можат да ослабат доколку постојано се потпираме на надворешни алатки.

Едно од најцитираните истражувања во последниот период е студијата „Your Brain on ChatGPT“, спроведена од истражувачи од МИТ Медиа Лаб. Во неа учествувале 54 лица на возраст од 18 до 39 години, поделени во три групи. Едната група пишувала есеи со помош на ChatGPT, втората користела интернет-пребарувач, а третата не користела никакви дигитални алатки.

Истражувачите, користејќи електроенцефалографија (ЕЕГ), утврдиле дека испитаниците кои пишувале без помош на дигитални алатки имале најсилна мозочна поврзаност. Од друга страна, кај лицата кои користеле ChatGPT била забележана значително помала активност во деловите од мозокот поврзани со вниманието, планирањето, меморијата и обработката на јазикот.

— реклама —

Дополнително, учесниците кои користеле вештачка интелигенција потешко се сеќавале на сопствените текстови и покажале помало чувство дека напишаното е резултат на нивното лично размислување.

— реклама —

Слични резултати се забележани и во работната средина. Истражување објавено во медицинското списание „Лансет“ покажало дека лекарите кои редовно користеле алатки базирани на вештачка интелигенција за откривање полипи при колоноскопија, по одредено време покажале послаби резултати кога повторно работеле без помош на такви системи.

Друга студија, спроведена од „Мајкрософт рисрч“ и Универзитетот „Карнеги Мелон“, покажала дека поголемата доверба во вештачката интелигенција често е поврзана со помало користење на критичкото размислување.

— реклама —

Експертите сепак предупредуваат дека вештачката интелигенција не треба да се гледа исклучиво како закана. Според нив, делегирањето на едноставните задачи на технологијата може да биде корисно, но проблемот настанува кога луѓето престануваат самостојно да размислуваат и анализираат.

Научниците сметаат дека особено важно ќе биде внимателно да се одреди како и кога алатките на вештачката интелигенција ќе се користат во образовниот процес, со цел да не се наруши развојот на критичкото размислување кај учениците и студентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycb32faq7ode8evt2lDv

Новата Meta AI апликација за Mac го менува начинот на кој ги користиме компјутерите

Технологија | пред 4 седмици

— реклама —
media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN

Експертите предупредуваат: Преголемото потпирање на AI може да ги ослаби нашите способности

Магазин | пред 1 месец

media-libraryc2p0qnnvf5bd2I5FxAq

Трошоците за вештачка интелигенција растат, инвеститорите стануваат сè позагрижени

Свет | пред 1 месец

media-librarydndrt9on4snacpK42Iq

Anthropic откри безбедносен пропуст: AI моделите пристапиле до реални интернет-системи

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања