Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Навремено откриен и третиран рак кај претседателот на Изарел, Нетанјаху

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека бил лекуван од рак на простата, при што резултатите од неговиот годишен медицински преглед покажале дека станува збор за рано откриена и мала малигна промена. Ова е првпат најдолговечниот премиер во историјата на Израел јавно да потврди дека му е дијагностициран рак.

— реклама —

Според објавените информации, во декември 2024 година Нетанјаху бил подложен на хируршки зафат поради зголемена простата, при што тогаш биле направени и дополнителни анализи. Подоцна било утврдено присуство на мал тумор со големина помала од еден сантиметар, без знаци на ширење на болеста.

— реклама —
— реклама —

Лекарите кои го следеле неговиот здравствен статус наведуваат дека сите дополнителни испитувања потврдиле отсуство на метастази. По дијагнозата, Нетанјаху започнал насочена терапија со зрачење, која, како што е наведено, неодамна била завршена.

— реклама —

Нетанјаху изјави дека здравствената состојба е стабилизирана и дека третманот бил успешен, при што нагласи дека целосно закрепнал по медицинската интервенција. Тој додаде дека одлучил информацијата за болеста да биде објавена со задоцнување, за да не биде злоупотребена во политички контекст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху не се откажува од власта: „Влада на национално единство е можна“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
netanjahu

Нетанјаху се сомнева дека Турција и Катар финансирале мобилизирање арапски гласачи во Израел

Свет | пред 2 седмици

netanjahu

Нетанјаху тајно отпатувал во Абу Даби и се сретнал со претседателот на ОАЕ

Свет | пред 1 месец

netanjahu

Уапсени двајца мажи во Њујорк откако излегле од шахта во близина на хотелот каде што требало да престојува Нетанјаху

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања