Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Не бил испочитуван протоколот: 12 вработени во болницата се во карантин поради хантавирус во Холандија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library07rlerres2af3dgUW5J
unsplash

Поради можна инфекција со хантавирус, 12 вработени во болницата „Радбауд“ во холандскиот град Најмеген се ставени во карантин, откако не биле целосно испочитувани безбедносните протоколи, пренесуваат холандските медиуми.

Според „НЛ Тајмс“, вработените биле вклучени во третманот на пациент, патник од крузерот „Хондиус“, кој бил позитивен на хантавирус.

— реклама —

Во болницата не биле целосно почитувани строгите процедури при ракување со крв и урина од заразениот пациент.

— реклама —

Иако ризикот од инфекција се оценува како низок, од болницата соопштиле дека вработените, од претпазливост, ќе останат во карантин шест недели.

Не е објавено дали станува збор за лекари, медицински сестри, болничари, студенти по медицина или друг персонал.

— реклама —

Три лица досега починале од хантавирус по неодамнешната епидемија меѓу 147 патници и членови на екипажот на патничкиот брод што пловел под холандско знаме.

— реклама —

Две од жртвите се идентификувани како брачен пар од холандскиот регион Фризија, додека третата жртва е германска државјанка.

Досега најмалку седум лица биле позитивни на хантавирус, а за уште неколкумина постои сомнеж дека се носители на инфекцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynu895defg3c45y8j8M4

Австралија го продолжи карантинот за патниците од крузер со хантавирус

Свет | пред 4 седмици

— реклама —
media-libraryc6d6vuj4gv1h6bwHhpi

Бројот на заразени со хантавирус од крузерот се искачи на 13

Свет | пред 4 седмици

media-librarynu895defg3c45y8j8M4

Потврден нов случај на хантавирус кај патник од бродот „Хондиус“

Свет | пред 1 месец

media-library6htarhp04gpsbR82zqt

Пациент со симптоми на хантавирус хоспитализиран во Лисабон

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања