Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Не дозволуваме културата да биде обезвреднета, а работничките права избришани“: Културните работници утре излегуваат на протест пред Уставниот суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Македонија
media-libraryog0ne250nqmr0s1DMOt
Фото: ФБ / СКРМ

Синдикатот на културата на Македонија (СКРМ) за утре најави протест пред Уставниот суд поради постапката за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура. Од Синдикатот предупредуваат дека од неговото опстојување зависат стекнатите права на илјадници вработени во културниот сектор.

— реклама —

„Ова е борба за правна и социјална сигурност, за достоинство, еднаквост и почитување на трудот на сите културни работници. Не дозволуваме културата да биде обезвреднета, а работничките права избришани“, порачуваат од СКРМ, повикувајќи ги вработените да се приклучат на протестот.

— реклама —
— реклама —

Од Синдикатот бараат Уставниот суд да го одложи одлучувањето за уставноста и законитоста на Колективниот договор и членот 78-и од Законот за култура, сè додека не се одржи јавна расправа на која и синдикалните претставници ќе можат да ги изложат своите аргументи.

— реклама —

„Судот не смее да биде маша во рацете на која било власт ниту инструмент за устоличување на неправдата“, порачаа вчера од Синдикатот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryahtiaca8lsb84s0PtEJ

(Видео) Синдикатот на културата бара јавна расправа пред Уставниот суд да одлучува за колективниот договор

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
plta-333

СКРМ: Само 2,6 отсто зголемување на платите во културата предвидува буџетот за 2027 година

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryt7bspk0k56ep8C1htVT

„Од институции направи бојно поле, а од вработените статистика“: Синдикатот со остри критики за Љутков

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydpgm1l948e9ccRhCP24

СКРМ: По две години игнорантски однос и синдикална борба, конечно отворен дијалог за Колективниот договор за култура и Законот за култура

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања