Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Не платил надоместок за отпад, па отворил ликвидација на фирмата – кривична за даночно затајување од 3,8 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library32upc69icq8893Bh4zB
ФБ

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

— реклама —

Според информациите, пријавениот, во својство на сопственик и управител на компанијата, во периодот од 2024 до 2025 година не го пријавил и не го платил законскиот надоместок за отпад од увезен текстил кон Министерството за животна средина и просторно планирање.

— реклама —

Со тоа, како што наведуваат од Финансиската полиција, бил избегнат надоместок во вкупен износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на Република Македонија.

— реклама —

За да го прикрие неплаќањето на законските обврски, осомничениот на 17 април 2026 година повел постапка за ликвидација на правното лице пред Централниот регистар.

Против физичкото и правното лице е поднесена кривична пријава, а случајот ќе го процесуира Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryha29tpubltbk19n01fm

Директорката за финансии и сметководство и шефицата за финансиски работи во Државна лотарија уапсени за проневера од речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
danok

Затаен данок од 4,5 милиони денари: Кривична пријава против сопственик на фирма од Струга

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Знаел дека на фирмата ѝ претстои стечај, па присвоил 10 возила и стока, а подигнал и 53,8 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Фиктивни книжења и милионска даночна измама со нафта, буџетот оштетен за над 7,2 милиони денари

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања